вторник, 22 јуни 2010

Манчестер Јунајтед се поблиску до Алексис Санчез:

http://d1je31a50ombtf.cloudfront.net/Upload/Images/2953373_206x261.jpg



Манчестер Јунајед сакаат да го донесат во своите редови крилото на Удинезе, Алексис Санчез кој блесна на СП со репрезентацијата на Чиле.

Јунајтед е блиску до потпишување со Санчез, според италијанските медиуми.

За 21-годишниот играч Алексис Санчез, Удинезе ставија цена од 20 милиони евра.

Тој засега покажа дел од својот талент на СП и неговиот стил на игра се споредува со стилот на ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо.

Манчестер Јунајтед се заинтересирани за Санчез бидејќи бараат млад играч кој може да игра на повеќе позиции.






Прочитај повеќе...

петок, 18 јуни 2010

Хавиер Хернандез го постигна клучниот погодок за Мексико во дуелот со Франција предводена од Патрис Евра:


Мексико ја победи Франција! Тежок удар за Галските Петли, фаворитот пред елиминација од Светското првенство! Вива Мексико! Одлична партија на Мексиканците, повеќе од заслужена победа над Франција!

Нова бламажа на Галските Петли на чело со Рајмонд Доменек, Франција одигра уште еден очаен натпревар и е речиси елиминирана од Светското првенство.

Мексико и Уругвај можат да одиграат мирољубиво реми во последното коло од групната фаза и заедно да се пласираат во 1/8 финалето.

Франција има страшен играчки фонд, но катастрофално лош селектор, Рајмонд Доменек иако уште одамна ги потроши сите кредити, остана предовник на репрезентацијата, тоа се покажа како смртоносен потег за Триколорите.

Мексико ги заслужува сите пофалби, покажаа како со срце и желба се бранат боите на својата земја.

Франција немаше ниту една чиста шанса на натпреварот, нешто слично како и на дуелот против Уругвај.

Мексико беше многу поконкретен во текот на целиот натпревар, но потфрли во реализацијата во првото полувреме.

Сепак замените кои ги направи Хавиер Агуире го решија натпреварот, Барера, Хернандез и Бланко се покажаа како вистнски потег.

Во 64та минута неуспешна офсајд замка на Франција, Хернандез излезе сам пред Хуго Лорис, новото засилување на Јунајтед лесно го помина противничкиот голман и постигна гол за водство од 1-0 и голема радост за Мексико.

15 минути подоцна Барера беше соборен во шеснаесетникот на Франција од страна на Абидал, судијата оправдано досуди пенал за Мексико.

Искусниот Бланко беше реализатор на ударот од белата точка за водство на Мексико од 2-0 и крај на сите надежи за Франција.

Се чини полека завшрува уште една хорор епизода за францускиот фудбал, Мексико слави!

Франција: Лорис, Сања, Гала, Абидал, Евра, Тулалан, Диаби, Гову (Валбуена), Рибери, Малуда, Анелка (Жињак)

Мексико: Перез, Салсидо, Родригез, Морено, Осорио, Хуарез (Хернандез), Маркез, Торадо, Вела (Барера), Дос Сантос, Франко (Бланко)



Прочитај повеќе...

среда, 16 јуни 2010

Тошиќ потпиша за ЦСКА Москва:

https://blogger.googleusercontent.com/img/b/R29vZ2xl/AVvXsEhN6D4xnhPx_GG52Ngu_WmeJiZMNgX0Bu2Sa65-hJRQpSe18Wm7Pn4JHCFYU6Y1QvcxZTtqwDGb7dzNr-A-qMsMeTLOxX2i0j7cSEA8YCnULit5-6XGGClvWLGgppgQtz6TvjU1C4xOZQ0/s320/zt10.jpg
Крилото на Манчестер Јунајтед, Зоран Тошиќ, официјално се приклучи на екипата ЦСКА Москва, потпишувајќи 5 годишен договор. 23 годишниот играч не се вклопи во екипата на Сер Алекс Фергусон, откако дојде во Манчестер Јунајтед од Партизан во јануари 2009.

Бидејќи немаше ниту еден настап на почетокот на минатата сезона во Премиер лигата, во јануари 2010. беше позајмен на екипата Келн од Бундес лигата.

Германците правеа напори да го направат трансферот перманентен, но ЦСКА е финансиски посилна екипа и го доведе Србинот во своите редови за сума од 8 милиони фунти.



Прочитај повеќе...

петок, 11 јуни 2010

Манчестер Јунајтед против Челзи на 8 - ми Август:

http://avoidingthedrop.files.wordpress.com/2009/08/fashield.jpg
Шампионот на Англија а воедно и носител на купот на Фудбалската федерација, Челзи ќе се сретне против Манчестер Јунајтед на 8. Август.

Шампионот и вицешампионот ќе го одиграат првиот овосезонски натпревар на островот во кои ќе се борат за трофејот Комјунити Шилд, натпреварот ќе се одржи на стадионот Вембли.

Ова ќе биде втора сезона во низа во која двата тима ќе се сретнат на почетокот од сезоната во Англија. Во 2009. година сините победија со 4-1 по изведување на пенали, резултатот во регуларниот тек беше 2-2.

Во последната сезона, тимот на Челзи за прв пат во својата историја стигна до дабл (титула во Премиер лигата и купот на фудбалската асоцијација).


Прочитај повеќе...