понеделник, 31 август 2009

Вејн Руни: Сакам да за завршам кариерата во Манчестер Јунајтед!

EPL: Wayne Rooney, Manchester United v Arsenal (PA)

Вејн Руни ја изрази својата желба да остане во Манчестер Јунајтед до крајот на неговата кариера.

Со трансферот на Кристијано Роналдо во Реал Мадрид вреден 80 милиони фунти, многу се очекува од Руни оваа сезона и на тоа одговара со прекрасни голови и асистенции во дресот на Ѓаволите.

Руни вели дека ужива додека игра за Манчестер Јунајтед и има освоено многу трофеи за пет години кога направи транфер од Евертон во Јунајтед вклучувајќи три премиерлигашки титули една титула во Лига на Шампиони, една Клубска Светска Титула и една титула во Карлинг Купот.Руни изјави дека не може да се замисли да игра негде на друго место освен во Манчестер Јунајтед.

"Јас секогаш велам дека го сакам овој клуб и додека сум посакуван во овој клуб ќе играм за него.Толку е едноставно." - изјави Вејн за The Daily Telegraph.

"Не гледам причина поради која би заминал во друг клуб.Јас добивам се што ми треба тука."

"Мојата фамилија е на 30 минути далеку, јас сум сместен тука(Манчестер) и искрено не се гледам себеси дека одам некаде додека тоа не ми го каже само тренерот(Сер Алекс Фергусон) ."

Руни го постигна израмнувачкиот гол од пенал против Манчестер Јунајтед и го најави пресвртот на неговиот клуб во победата од 2 - 1 над Арсенал.

"Никој не знаеше кој ќе ги изведува пеналите откако си замина Роналдо." - додаде Руни."Ние имавме еден промашен пенал против Барнли кој не чинеше изгубен меч нажалост тогаш Мајкл(Керик) го промаши пеналот и после тој промашен пенал му реков на тренерот дека јас сакам да ги изведувам пеналите и го направив тоа добро против Арсенал."

23 годишниот играч знаеше колку важна е оваа победа за неговиот клуб за да започне одбраната на титулата на Црвените Ѓаволи.

Тој објасни, "Ние загубивме веќе еднаш, па затоа ни беше потребна оваа победа.Супер е за нас што го добивме мечот." - заврши Руни.

Извор!


Прочитај повеќе...

недела, 30 август 2009

Харгривс по две години повторно во Манчестер:

28-годишниот Овен Харгривс, скоро заборавениот играч за врска на Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација, за недела дена од Соединетите Американски Држави се враќа во Манчестер.

Image

Таму на два пати беше принуден да направи хируршки зафати на колената. Десното го оперираше во ноември минатата година, а левото во јануари годинава. Откако што ја започна рехабилитацијата во Северна Америка, истата ќе ја продолжи во Англија.

Важно е да му се пружи потребното време за враќање. Бевме во постојан контакт. Харгривс заедно со нашите физиотерапевти се враќа за недела дена во Манчестер.“ - изјави менаџерот на Јунајтед Сер Алекс Фергусон не прогнозирајќи кога англичанецот ќе добие шанса за враќање на теренот.

Последниот натпревар за Манчестер Јунајтед го одигра на 21-ти септември минатата година кога, неговиот тим ремизираше со 1:1 против Челзи.


Прочитај повеќе...

Manchester United vs. Wolves

Ben Foster clutches the Carling Cup


Манчестер Јунајтед ќе игра со Вулверхемптон во третото коло од Карлинг купот.

Бен Фостер беше херојот на Вембли оваа година во финалето од Карлинг Купот кога Ѓаволите го освоија овој трофеј по трет пат во нивната историја.Англискиот голман беше клучен за победата после игра од 120 исцрпни минути кое на крај го доби Јунајтед на пенали.

Оваа година одбраната на трофејот ќе почне на домашен терен против Премиерлигашки тим.Сите натпревари до третото коло ќе бидат одиграни после 21 септември.Еве ги останатите дуели:


Arsenal v West Brom
Chelsea v QPR
Bolton v West Ham
Barnsley v Burnley
Hull v Everton
Leeds Utd v Liverpool
United v Wolves
Manchester City v Fulham
Sunderland v Birmingham
Peterborough v Newcastle
Carlisle v Portsmouth
Nottingham Forest v Blackburn
Stoke v Blackpool
Scunthorpe v Port Vale
Preston v Tottenham
Aston Villa v Cardiff

Извор!


Прочитај повеќе...

Манчестер Јунајтед со пресврт до победа против Арсенал!


Интересен натпревар полн со возбудувања одиграа Манчестер Јунајтед и Арсенал кој го добија Црвените Ѓаволи со 2-1.

Топџиите имаа одличен резултат по првиот дел, играа добро, но поразени се враќаат во Лондон.

Арсенал поведе во 40та минута со прекрасен погодок на Андреи Аршавин.

Во 58та минута судијата досуди сомнителен пенал над Вејн Руни по еден старт на Мануел Алминуија

Реализатор на најстрогата казна беше Руни за голема радост на Олд Трафорд и израмнување на 1-1.

Три минути подоцна Робин ван Перси изведе прекрасен слободен удар кој заврши во пречката од голот на Фостер.

Веќе во следната акција Манчестер Јунајтед дојде до пресврт, несреќниот Диаби си постигна автогол кој значеше победа за домаќините.

Во последните моменти од натпреварот Ван Перси постигна гол за Арсенал, но тој беше поништен поради офсајд од Галас.

По четирите победи, две во Премиер лигата, две во Лигата на Шампионите, ова беше првиот пораз на Арсенал во новата сезона.

По неубедливите натпревари во првите натпревари, Манчестер Јунајтед со победа против големиот ривал се враќа во вистинскиот колосек.


Прочитај повеќе...

сабота, 29 август 2009

Фабрегас дефинитивно го пропушта Манчестер Јунајтед:

Поради недоволно излечената повреда на задната ложа капитенот на Арсенал Цеск Фабрегас ќе го пропушти саботниот првенствен дуел на својот тим против Манчестер Јунајтед.

Image

Фабрегас повредата ја заработи на натпреварот против Портсмут (победа од 4:1 за Арсенал) минатата сабота, по што беше заменет на полувремето, а поради истата причина го пропушти и возвратниот дуел од Лигата на Шампионите против Селтик.

Фабрегас нема да патува со нас на натпреварот, бидејќи едноставно не е потполно подготвен за тој дуел. Сите останати кои играа во средата се во листата на играчи за ова дерби со Манчестер Јунајтед.“ - потврди менаџерот на Арсенал Арсен Венгер.

Натпреварот од 4-то коло од Премиер лигата меѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал се игра денеска на Олд Трафорд со почеток во 18:15 часот.


Прочитај повеќе...

петок, 28 август 2009

Харгривс поблиску до враќање на теренот!

Owen Hargreaves juggles a ball in Rome

Како што се очекува Рио Фердинанд и Едвин Ван Дер Сар да го пропуштат натпреварот со Арсенал на Олд Трафорд во Сабота, се очекува да се врати Овен Харгривс на 23 Септември .

Играчот од средниот ред нема играно веќе една година, за кое време имаше операции на двете колена за да ги среди проблемите со тетивите со тоа што не се очкеува да заигра на враќањето .Тој имаше долг рехалибитационен процес во Европа и Америка ова лето но прво треба прво Медицинскиот Тим на Јунајтед да види во каква состојва е Харгривс пред да заигра повторно.

"Ние сме постојано во дијалог цело време со Овен кој физички се опороравуваше во Америка" - изјави Фергусон во Петокот

"Сега е најтешкиот период за него.Велам најтешкиот затоа што го немаме видено долго време на терените.Добиваме секогаш добри вести од САД за Овен.Се надеваме дека неговата физичка состојба ќе биде добра.Треба само на право време да се врати на тренинг.Не значи дека ако го немам играчот година дена треба да го отфрлам од игра и оваа сезона. "

"Важна работа е дека треба да се врати на своето ниво на играње и ќе биде супер за нас."

За краток период само Ван Дер Сар и Рио Фердинанд ќе отсуствуваат на мечот со Арсенал."Сите други се добри."

Извор!


Прочитај повеќе...

Сер Алекс Фергусон: Во тешка група сме!

http://11reds.com/wp-content/uploads/2009/08/SirAlexFergusonGettyCliveMason2.jpg
Сер Алекс Фергусон потврди дека неговите момци се во тешка група во ЛШ.

Ѓаволите беа извлечени заедно со руската ЦСКА Москва, турскиот Бешикташ и германското изненадување Волфзбург во групата B.

"Ова ќе бидат тешки натпревари посебно патувањето во Русија и Турција" - изјави Фергусон за Manutd.com " ЦСКА има јак тим и добро се засили во претходните години и доби на искуство на натпреаврите во УЕФА Куп и ЛШ."

"Исто така го знаеме квалитетот на Волфзбург, со тоа што постигнаа минатата сезона."

Ферги мисли дека Манчестер Јунајтед ја има најтешката група од сите Англиски тимови."Мислам дека ја добивме најтешката група за разлика од дргуите Англиски тимови."

"Гледајќи ги тимовите во ждрепката како беше претходно, ќе речеме дека не сакаме да одиме на авантура во Русија и Турција од четири часа и триесет минути."

"Но ждрепката избра и бевме избрани со нив.Тешко е после аванурите во Русија и Турција да се вратиме во Премиер Лига на тешките натпреварите со Манчестер Сити и Ливерпул."

"Руските тимови во последните години напредуваат многу на квалитет и искуство со големи инвестиции.Има многу бразилци во лигата и очекуваме тешко гостување таму."

"Ние го имаме искусено играњето во Турција и никогаш не е лесно.Атмосферата е неверојатна."

"Потоа последната утакмица со Вофзбург кој ја освои Бундес Лига и тешко е да се игра на нивен терен."

Распоред на натпреавари во ЛШ:
Tues 15 Sept - Besiktas (A)
Wed 30 Sept - Wolfsburg (H)
Wed 21 Oct - CSKA Moscow (A)
Tues 3 Nov - CSKA Moscow (H)
Wed 25 Nov - Besiktas (H)
Tues 8 Dec - Wolfsburg (A)

Извор!


Прочитај повеќе...

Тошиќ: Останувам во Манчестер:

Иако англиските медиуми секојдневно пишуваат за неговото заминување во грчки Олимпијакос, фудбалерот на Манчестер Јунајтед Зоран Тошиќ тврди дека ништо не знае за таа евентуална преселба во Атина.

Image

За таа вест слушнав од мојот брат, а тој прочитал во некој весник. Во истиот момент го повикав својот менаџер Љубомир Воркапиќ, кој, исто така не знаеше ништо за позајмицата во Олимпијакос. Значи, не си одам никаде.“ - изјави Тошиќ за весник „Данас“.

Српскиот репрезентативец додаде дека ќе се „наоружа“ со трпение и ќе се потруди да се наметне во тактиката на менаџерот на „Црвените Ѓаволи“ Сер Алекс Фергусон.

Решен сум да ги дочекам своите пет минути во првиот тим. Има многу натпреварувања и натпревари, и верувам дека порано или подоцна ќе добијам добра прилика, за на тренерот и на останатите да им докажам дека моето место е овде.“ - додаде Тошиќ, по што сепак со одбрани зборови говореше за најголемиот клуб во Грција.

Олимпијакос е голема фудбалска средина, клуб со најмногу национални титули во последната деценија и редовен учесник во Лигата на Шампионите. Исто така, на млади години, тренирајќи во АЕК, се запознав и со животот во Атина, но тоа не значи дека ќе се преселам таму.“ - напомена поранешниот играч на Партизан.


Прочитај повеќе...

Ферги верува во доминација на англиските тимови:

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон верува дека англиските тимови ќе доминираат во Лигата на Шампионите оваа година.Image
Во изминатите три години по три англиски тимови се наоѓале во 1/2 финалињата од ова натпреварување.

Алекс Фергусон верува дека претставниците од Премиерлигата - Јунајтед, Челзи, Ливерпул и Арсенал повторно ќе стигнат до самиот врв и оваа година.

"Во изминатите неколку години тимовите од Премиерлигата се наоѓаат во составот на топ 4 тимовите во Европа." - вели Фергусон.

"Тоа е фантастично ниво на перформанс."

"Луѓето го познаваат тоа во Англија, иако некој мислат дека Реал Мадрид и Барселона ќе доминираат, јас имам свој став."

"Мислам дека англиските тимови ќе се во 1/2 финалињата повторно."
- заврши Ферги.


Прочитај повеќе...

Излвечени групите од Лигата на Шампионите:

Со ждрепка во Монако беше одреден составот на групите за овосезонското натпреварување во Лигата на Шампионите.

Уште од самиот старт на Лигата на Шампионите се среќаваат големите гиганти. Шампионот Барселона се падна со Интер во групата Ф. Тоа ќе биде интересен дуел каде Ибра и Ето ќе играат против своите екс тимови. Но исти случај ќе се случи и во групата Ц, каде Кака се враќа во Милано за да игра против својот поранешен тим Милан, но во дресот на Реал Мадрид. Исто така вицепрвакто Манчестер Јунајтед доби наизглед лесна група, но со доста незгодни тимови како ЦСКА Москва, Бешикташ и Волфсбург. Челзи и Ливерпул добија доста незгодни противници во своите групи. Порто и Атлетико можат да му зададат многу проблеми на тимот на Анчелоти, додека Бенитез ги доби Лион и Фиорентина како најнезгодни противници во своите групи. Групата Г доби најнезвучни имиња и ќе бидат доста неизвесни патниците за во 1/8 фналето, додека најлесната група ја доби Арсенал кој ќе игра против АЗ Алкмар, Олимпијакос и Стандард.

Еве го составот на групите:

Група А
Баерн (Германија)
Јувентус (Италија)
Бордо(Франција)
Макаби Хаифа (Израел)

Група Б
Манчестер Јунајтед (Англија)
ЦСКА Москва (Русија)
Бешикташ (Турција)
Волфсбург (Германија)

Група Ц
Милан (Италија)
Реал (Шпанија)
Марсеј (Франција)
Цирих (Свајцарија)

Група Д
Челзи (Англија)
Порто (Португалија)
Атлетико Мадрид (Шпанија)
Апоел (Кипар)

Група Е
Ливерпул (Англија)
Олимпик Лион (Франција)
Фиорентина (Италија)
Дебрецин (Унгарија)

Група Ф
Барселона (Шпанија)
Интер (Италија)
Динамо Киев (Украина)
Рубин (Русија)

Група Г
Севиља (Шпанија)
Ренџерс (Шкотска)
Штутгарт (Германија)
Униреа (Романија)

Група Х
Арсенал (Англија)
АЗ Алкмар (Холандија)
Олимпијакос (Грција)
Стандард (Белгија).


Прочитај повеќе...

четврток, 27 август 2009

Фердинанд не е далеку од враќање на теренот:



Додека Црвените бидат на Интернационална должност после натпреарот со Арсенал Рио Фердинанд ќе работи во Карингтон центарот на враќање на својот фитнес.

Дефанзивецот нема играно за Јунајтед уште од натпреварот од Комјунити Шилд со Челзи кога потоа се повреди на тренинг.

Фердинанд изјави дека неговото опоровавуање напредува супер и дека ќе биде спремен за натпреаврот со Тотенхем на 12 Септември.

"Се надевам дека ќе бидам подготвен за неколку недели" - изјави за MUTV во емисијата "Wednesday Night at the Red Café."

"Се надевам дека ќе бидам подготвен и спремен после интернационалните натпревари"

Извор!


Прочитај повеќе...

среда, 26 август 2009

Андерсон: Не сакам да си заминам од Јунајтед:


Андерсон има само еден старт во новата сезона, на натпреварот против Барнли и тоа на левата крилна позиција.

Англиските медиуми синоќа објавија дека Андерсон разочаран од својот статус имал расправија со Сер Алекс Фергусон по што се верува дека ќе замине од Манчестер Јунајтед.

Една од причините за нервозата на Андерсон е што не настапи во Комјунити Шилд натпреварот против Челзи на почетокот од сезоната.

"Верував дека ќе играм на Комјунити Шилд, но да го заборавиме тоа сега".

"Мислев дека без Кристијано Роналдо во тимот ќе играм повеќе и тоа беше мој предизвик во подготовките".

"Но тренерот одлучива кои ќе играат и смешно е да се дискутира со него за тоа бидејќи тој е шефот. Јас не сакам да го напуштам Јунајтед.

"Сер Алекс Фергусон бараше големо залагање од мене и јас го прифатив тоа. Бидејќи за да се влезе во првиот тим на Јунајтед е многу комплицирано и тешко за било кој фудбалер" - заврши Андерсон.


Прочитај повеќе...

Фергусон е задоволен од прогресот на Валенсија:


Менаџерот на Јунајтед е задоволен како се вклопува Антониот Валенсија во тимот.

"Гледаме потенцијал во Антонио, особено на тренинзите" - вели Фергусон.

"Одлично работи. Брз е и има баланс. Силен е и добар додавач".

"Има сегменти во кои треба да напредува и ние имаме идеа како да го направиме тоа. Момчето има шанса".

"Некои фудбалери доаѓаат во клубот и брзо се прилагодуваат, на некои им е потребно време. Тој ќе биде добар".

Ферги признава дека можеби направил грешка што не го ставил Валенсија во првиот тим за натпреварот против Барнли.

"Можеби требаше да го ставиме Антонио на натпреварот на Турф Мур".

"Тој ми беше планиран за натпреварот против Виган. Не знаете како се справуваат со натпреварите сабота-среда-сабота-среда во овој клуб. Секој е поинаков".

"Бидејќи тој беше нов фудбалер, решив да го одморам на натпреварот против Барнли" - заврши Фергусон.


Прочитај повеќе...

Бербатов: Сакам да ја освојам Лигата на Шампионите:


Бербатов не крие дека бил многу разочаран по поразот од Барселона во ланското финале од Лигата на Шампионите.

Кога Јунајтед го совлада Челзи во Москва, Бугаринот беше фудбалер на Тотенхем па тој го нема освоено големото натпреварување.

"После она што се случи во финалето минатата година, мислам дека сме уште поодлучни во Европа оваа сезона" - изјави Бербатов за официјалната страна на Јунајтед.

"За мене поразот во Рим беше голема фрустрација бидејќи јас не бев во клубот кој тој победи во Москва, јас никогаш не сум ја освоил Лигата на Шампионите, па поразот од Барса беше многу вознемирувачки".

"Оваа година наша цел е да го изодиме целиот пат до Мадрид. Бернабе е еден од најдобрите стадиони во светот и знам дека сме доволно добри за повторно да стигнеме до финалето и овој пат да победиме".


Прочитај повеќе...

вторник, 25 август 2009

Андерсон пред заминување од Јунајтед по расправија со Сер Алекс?!


21 годишниот Андерсон има само еден старт во Премиер Лигата оваа сезона – слаби 60 минути во поразот од Барнли минатата недела – и се шпекулира дека поранешниот играч на Порто влегол во расправија со Сер Алекс Фергусон.

Медиумите од Островото велат дека Бразилецот му се пожалил на Ферги поради изоставувањето од составот за Комјунити Шилд дуелот со Челзи на Вембли, натпревар кој се одигра на почетокот од овој месец.

Исто така се верува дека добар дел од персоналот на Ферги под знак прашалник го ставаат развојот на младиот фудбалер, кој прикажа разочарувачка игра во финалето од Лигата на Шампионите против Барселона.

Менаџерот на Јунајтед ова лето зборуваше дека Андерсон и Нани ќе треба оваа сезона да ги покажат своите прави квалитети по продажбата на Кристијано Роналдо и Карлос Тевез.

Фергусон исто така е желен да ги види двајцата фудбалери како долгорочна замена за ветераните Пол Сколс и Рајн Гигс.

И покрај најавите дека Андерсон добил дозвола да замине можно е Фергусон да му укаже нова шанса за докажување на Бразилецот на дуелот со Арсенал бидејќи поранешниот играч на Порто секогаш покажувал солидни перформанси на дуелите со Топџиите.


Прочитај повеќе...

Лука Модриќ не е запознаен со интересот на Јунајтед:


Медиумите од Англија вчера објавија дека Сер Алекс Фергусон се подготвува за атак кон услугите на Хрватскиот интернационалец.

Сепак плејмејкерот на Тотенхем вели дека не е запознаен со интересот на Црвените Ѓаволи и инсистира дека е среќен да остане на Вајт Харт Лејн.

“Не знам ништо околу шпекулациите кои ме поврзуваа со Манчестер Јунајтед.” – рече Модирќ за Sportske Novosti.

“Прочитав за тоа во весниците, и еден весник дури објави цитати од мене како велам дека сум среќен поради тоа што сум на радарот на Сер Алекс.”

“Но вистинате е дека никогаш не сум кажал нешто такво. Тоа не беа мои зборови.”

“Се чуствувам добро во Тотенхем и не размислувам за преселба во друг клуб. Мојот договор истекува до 2013 и јас сум фокусиран само на останување во клубот.”

“Нема да бидам изненаден доколку Тотенхем ми понуди нов договор бидејќи тоа вообичаено се случува во Англија. Но моите чувства нема да се променат доколку тоа не се случи.”

“Среќен сум на Вајт Харт Лејн и ќе продолжам да го давам максимумот за Тотенхем како и секогаш.”

Модриќ исто така е задоволен од одличниот старт на Спарс во новата сезона.

“Се е перфектно, навистина не можам да се пожалам.”

“Мислам дека најважна работа е што истиот тим остана заедно преку летото. Сега сме многу посилни и тренерот Реднап од нас направи прав тим.”

“Големата четворка сеуште се пред нас и другите, а и Манчестер Сити исто така е голема опасност.”

“Но и ние имаме голема амбиција. Не сакаме да говориме за борба за влез во топ четворката, но нашата цел е да се биде во топ шест на крајот од сезоната. Мислам дека сме доволно добри за тоа.”


Прочитај повеќе...

Немања Видиќ: Среќен сум во Јунајтед и не планирам да заминам:


Агентот на играчот Паоло Фабри, минатат недела беше цитиран од шпанските медиуми како вели дека ’Видиќ сонува за преселба на Камп Ноу’.

Сепак самиот играч вели дека останува верен на Црвените Ѓаволи и не планира да замине од Олд Трафорд.

“Првото нешто што можам да го кажам е дека јас лично никогаш ништо не сум говорел за Барселона, Реал Мадрид или Милан или било кој друг клуб.” – рече Видиќ.

“Други луѓе говорат за тоа. Јас никогаш не сум говорел за мојата иднина.”

Откако се опорави од повредата на листот, Српскиот интернациналец на дуелот со Виган во саботата го имаше првиот настап за Јунајтед во новата сезона.

“На дуелот со Виган на теренот со начинот на кој одиграв покажав колку сум среќен во овој клуб”

“Секој кој е фан на Јунајтед или играчите треба само да видат како одиграв за да знаат колку сум верен на клубот.”

“Разговарав со мојот агент. Знам за сите шпекулации но не сакам тоа да има влијание врз клубот. Не е добро време за мојот клуб да ги слуша овие гласини.”

“Јас сум тука и сум верен на клубот. И ќе го покажам тоа со начинот на кој ќе играм. Но никогаш нема да говорам за мојата иднина и никогаш нема да говорам за преселба во други клубови.”

Видиќ исто така негираше дека неговата сопруга Ана не може да се прилагоди на Англија.

“Не е вистина дека мојата сопруга не е среќна. Не знам од каде излегоа тие гласини.”


Прочитај повеќе...

Руни ги фали Овен и Бербатов:


Руни постигна два гола против Виган и влезе во групата на фудбалери кои постигнале преку 100 гола за Јунајтед.

Против Виган и Мајкл Овен и Димитар Бербатов ги постигнаа своите први голови во новата сезона.

"Убаво е кога ќе постигнеш 100 гола за некој посебно за клуб како Јунајтед" - изјави Руни.

"Задоволен сум со тоа но најважно е што освоивме три бода".

"Убаво е, но тоа е нешто на кое ќе се навратам откако ќе престанам да играм. Имам уште многу натпревари и многу голови пред мене, па ова е нешто на кое не му обрнувам многу внимание во моментов".

"Сите се среќни што Димитар Бербатов и посебно Мајкл Овен постигнаа голови. Тоа е одлично чуство за сите што ние тројца постигнавме голови".

"Да се постигнат три гола на гостински терен секогаш е тешко во Премиер лигата, но ние го направивме тоа".

"Тоа беше одлична реализација од Мајкл. Можевте да ги видите сите на клупата и сите фанови кои беа таму дека беа пресреќни бидејќи тој постигна погодок, па се надеваме дека така ќе продолжи" - изјави Руни.


Прочитај повеќе...

понеделник, 24 август 2009

Фергусон задоволен од реакцијата на неговите фудбалери:


Манчестер Јунајтед доби големи критики по изненадувачкиот пораз од Барнли во средата.

"Ние не можеме да бидеме загрижени за тие работи. Треба да погледнеме реално, а реалноста во средата беше разочарувачка" - изјави Фергусон.

"Нема да се убиеме себе си поради тоа, но треба да извлечеме лекција и искуство од тој натпревар".

"Сите знаеме дека имаме фудбалери со големо искуство во нашиот клуб кои освојувале трофеи во изминатите години".

"Поразот не требаше да се случи, но се случи, и беше потребно да направиме нешто".

"Секогаш барате одговор по таков пораз, и ние одлично реагиравме" - смета Фергусон.

Руни вели дека тие не ги слушаат критиките кои доаѓаат надовор од клубот.

"Да бидам искрен ние не сме загрижени за критиките кои доаѓаат надвор од клубот" - вели Вејн Руни.


Прочитај повеќе...

Манчестер Јунајтед подготвува понуда за Робен?


Холандскиот фудбалер во овој преоден рок често се поврзуваше со заминување од Реал Мадрид.

Последен клуб со кој го поврзуваат медиумите е Манчестер Јунајтед.

Сер Алекс Фергусон изјави дека завршен е преодниот рок за Манчестер Јунајтед, но и покрај тоа се верува дека Црвените Ѓаволи би понудиле 25 милиони фунти за Робен.

Робен импресионираше на подготовките на Реал Мадрид, но составот на Кралевите е голем и тие ќе треба да продадат дел од своите фудбалери.

Робен бил блиску до потпис со Јунајтед и претходно, но тој одлучи да ја прифати понудата на Челзи во 2004 кога од ПСВ се пресели на Стемфорд Бриџ.

Фергусон сеуште има голем дел од средствата кои ги доби за трансферот на Кристијано Роналдо во Реал Мадрид.


Прочитај повеќе...

Јунајтед со нов договор за Руни:

Манчестер Јунајтед е спремен да му врачи нов договор на Вејн Руни.
Image Англиските медиуми пренесуваат дека Руни ќе добие нов договор и ќе зема плата колку најскапоплатените играчи во Премиерлигата.

Вејн Руни би заработувал околку сумата која што ја заработуваат Џон Тери, Френк Лампард, Емануел Адебајор, Карлос Тевез и Робињо или во цифра од околу 150.000 фунти неделно.

Напаѓачот на Јунајтед има уште три години од неговиот договор каде заработува по 105.000 фунти неделно.


Прочитај повеќе...

петок, 14 август 2009

Јунајтед го сака Агуеро:

Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Серхио Агуеро е трансфер цел на англискиот шампион Манчестер Јунајтед.
Image
Раководството на Атлетико го оценува аргентинскиот напаѓач на 30 милиони фунти. Според Сан намерата на црвените ѓаволи е сериозна а нивната цел оди до таму што од Манчестер имало испратено скаути да го следат играчот на натпреварот помеѓу Аргентина и Русија.

Скаутите без сомнение видоа и повеќе од доволно бидејќи Серхио беше еден од најактивните на теренот го постигна и првиот гол а имаше и неколку шанси за погодок. Италијанските гиганти Јувентус и Интер исто така се заинтересирани за него.


Прочитај повеќе...

Невил: Јунајтед може да дојде до историската титула и без Роналдо:


Гери Невил кој во сабота нема да биде во комбинација за натпреварот против Бирмингем, до сега има осум лига титули со Манчестер Јунајтед.

Заминувањето на Кристијано Роналдо во Реал Мадрид може да биде сериозен удар за Манчестер Јунајтед.

Но Невил смета дека и без него Црвените Ѓаволи можат да ја освојат титулата во Премиер лигата оваа сезона со што би биле првиот тим во Англија со четири титули по ред.

"И порано сме гледале како големи фудбалери го напуштаат клубот па сме се справувале. Играв со Рој Кин повеќе од десет години и никогаш не мислев дека би можеле да го замениме" - вели Невил.

"Никогаш нема да можеме, исто како што нема да можеме да го замениме Роналдо, но можеме да се адаптираме. Рој замина, Питер Шмајхел замина, Ерик Кантона замина, но клубот останува успешен".

"Видете како играат Михаел Карик и Дарен Флечер во последните две години и ќе видите дека сме го преживеале заминувањето на Кин".

"Истото ќе биде и со Роналдо. Кога ќе изгубите некој кој постигнува толку многу голови секогаш е лошо, но имаме и други фудбалери кои знаат да го прават тоа".

"Нани и Парк ќе се борат да го освојат тоа место, а головите нема да бидат проблем".

"Мајкл Овен ни се приклучи, тука е и Вејн Руни и Димитар Бербатов".

"Ние секогаш сакаме да ја освоиме лигата. Да се достигне бројката од 19 не е нешто за кое зборуваме, но би било фантастично доколку го направиме тоа".

"Ќе биде неверојатно тешко. Никој до сега не успеал да освои четири лига титули во серија, што е навистина тешко. Но ние не можеме да мислиме цело време на рекордите" - заврши Невил.


Прочитај повеќе...

Дени Симпсон замина на позајмица во Њукасл:


22 годишниот дефанзивец постигна согласност за договор со клубот од Чампионшип девизијата според кој ќе остане на Сент Џејмс Парк до јануари.

Симпсон веќе беше на позајмица во Сандерленд, Ипсвич и Блекбурн откако ги напушти младинските школи на Јунајтед во 2006.

Њукасл гради тим за експресно враќање во Премиер Лигата откако по крајот на минатата сезона се преселија еден ранг подоле.

Се очекува Симпсон да биде дел од тимот на Њукасл што во сабота на домашен терен ќе го пречека Ридинг.


Прочитај повеќе...

Скуати на Ферги го следеле Агуеро во Москва:


И покрај тоа што стратегот на Манчестер Јунајтед најави дека тие нема да ангажираат нови играчи ова лето, техничкиот персонал на Шкотот продолжува добро да внимава на Кун Агуеро.

Младата Аргентинска ѕвезда беше поврзувана со преселба на Олд Трафорд откако Фергусон остане без Кристијано Роналдо и Карлос Тевез.

Според Marca скуати на Црвените Ѓаволи биле присутни во Москва на дуелот помеѓу Русија и Аргентина.

Скаутите на Јунајтед сигурно заминуваат дома со големи импресии откако Кун постигна прекрасен погодок и имаше една асистенција.

Но во овој момент Атлетико Мадрид не сака да слушне за продажба на својата голема ѕвезда и во неколку наврати најави дека напаѓачот ќе остане на Висенте Калдерон.

Исто така покрај интересот на екипи од Премиер Лигата за услугите на Кун Агуеро заинтересирани се и гигантите од Италија, Интер и Јувентус.


Прочитај повеќе...

Фиорентина блокира трансфер на тинејџер во Јунајтед:

Фиорентина успеа да го блокира трансферот на тинeјџерот Мичеле Форнасие во Манчестер Јунајтед.Image
16-годишноит играч сакаше да премине во шампионот на Англија, откако успеа да ги импресионира скаутите на Манчестер Јунајтед.

Но од Фиорентина со крајни напори успеаа да го блокираат овој трансфер на тинајџерот за кого се предвидува блескава иднина.


Прочитај повеќе...

Фергусон: Ќе пишуваме историја:

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон верува дека неговиот тим е дотолку добар што може да ја пишува историјата на англискиот фудбал во наредната сезона.

Image

Шкотланѓанецот е убеден дека црвените ѓаволи имаат сила по четврти пат да ја освојат титулата во Англија.

„Сакаме да го направиме тоа - по четврти пат да ја освоиме шампионската титула. Тоа ќе биде неверојатно постигнување бидејќи сите знаат колку е тешко да се победува во Англија, Минатогодишниот успех сам по себе беше страшен. Овој пат нема да мораме да играме на Светското клупско првенство па според тоа нема да мораме да играме дополнителни натпревари кои ги заморуваат играчите така да шансите ни се реални“, изјави Фергусон.


Прочитај повеќе...

Роналдо наместо Роналдињо:

Менаџерот на Манчестер Јунајтед сер Алекс Фергусон призна дека доколку Роналдињо ја прифатил понудата на "црвените ѓаволи", тогаш Кристијано Роналдо нема да бил нивни играч.

"Мислев дека постигнавме договор, меѓутоа кога заминав во Париз на разговор со Роналдињо, вратите се затворија. Неговите луѓе се пожалија дека договорот не е оној за кој што претходно разговаравме. Следното нешто на кое се сеќавам е дека веќе истиот ден тој беше во Барселона. Во тие моменти бевме многу разочарани, но истото лето потпишавме со Кристијано Роналдо, што немаше да го сториме ако дојдеше Роналдињо. Сега кога тој замина можам да кажам дека ќе ни недостасуваат неговите голови, но ќе ги пронајдеме во поинаква тактика", ја заврши Фергусон приказната за својот поранешен играч кој се пресели во Реал Мадрид за рекордни 94 милиони евра.


Прочитај повеќе...

четврток, 13 август 2009

Магат е запознат со интересот на Јунајтед за Мануел Ноер:


23 годишниот Ноер важи за еден од најнадежните голмани во Европа и веќе се избори за место во сениорскиот тим на Германија.

Тој е дел од првиот состав на Шалке во изминатите три години и сега е целосно естаблиран како голман број 1 на клубот.

Големиот број на импресивни настапи за време на неговиот престој на Велтинс Арената го привлекоа вниманието на голем број гиганти ширум Европа а последен клуб кој пројави интерес е шампионот на Англија, Манчестер Јунајтед.

Тренерот на Шалке, Феликс Магат не сака да говори околу можно заминување на младиот голман но признава дека е запознаен со интересот на Јунајтед.

“Слушнав дека Манчестер Јунајтед се заинтересирани да го ангажираат Мануел Ноер.” – рече Магат за Die Weit.

“Но се додека ние не добиме конкретна понуда, нема да говорам повеќе на оваа тема.”

Исто така ова лето и гигантот од Бундеслигата, Барен Минхен затропа на вратата на Шалке и се обиде да го ангажира Ноер.

Магат ја одби понудата на Баварците но се верува дека Сер Алекс Фергусон е подготвен да плати повеќе отколку Баерн.


Прочитај повеќе...

среда, 12 август 2009

Тери: Овен е ноќниот кошмар на Челзи:

Џон Тери изјави дека новиот играч на Манчестер Јунајтед, Мајкл Овен е "ноќен кошмар" за Челзи.Image
Тери со пофални зборови го охрабри Мајкл Овен кој премина во Манчестер Јунајтед ова лето.

"Сигурен сум дека играњето за Манчсетер Јунајтед и тренирањето со играчите на Јунајтед секој ден, ќе му ја врати неговата самодоверба да постигнува погодоци. Морам да кажам дека ќе биде ноќен кошмар за мене како играч на Челзи затоа што сакам да ја освоиме Премиерлигата и да ја запреме доминацијата на Манчестер Јунајтед."

"Тој одигра само 12 или 13 минути против нас на мечот од Комјунити Шилд и покажа дека може да биде доста опасен."

"Сите ние знаеме колку може да биде опасен, знаеме дека работи многу на секој тренинг и дека поседува огромен квалитет. Дали ќе може да игра на Светското Првенство? 100% да.

"Мислам дека селекторот кажа дека има место за секого во тимот, не само за Мајкл, ако игра и постигнува погодоци."

"Селекторот нема да го одбие некого ако игра добро и постигнува погодоци."
- заврши Тери.


Прочитај повеќе...

Младинците блеснаа на репрезентативна должност!

Cleverley scored his maiden OT against Valencia
Том Клеверли и Фебиан Бренди ја стресоа мрежата по два пати за Англиската репрезентација до 21 година во победата од 5-0 над Црна Гора во Hawthorns.

Бренди ја доведе Англиската Репрезенатација во водство во 13-та минута кога ја избегна офсајд замката и ја заврши акцијата.Истиот играч пред крајот на првото полувреме постигна прекрасен гол од волеј и на полувремето беше веќе 2 - 0 со головите на Бренди.

После паузата на полувремето, Клеверли кој импресионираше во првото полувреме во кое промаши пенал но во второто полувреме блесна неговото чувство за гол.

Играчот на Манчестер Јунајтед на почетокот на првото полувреме во 53-та минута и осум минути подоцна блесна со неговата супер техника и снаодливост со тоа што го помина одбранбениот играч и со прекрасен шут го собори спротивниот голман.

"Ова е супер подготовка за Клеверли, Бренди и компанија кои ќе учествуваат следниот месец ФИФА СП до 21 година кое се одржува во Египет"

Исто така, Оливер Норвуд го имаше своето деби за репрезентацијата на Северна ирска до 21 год. во пријателски натпревар во кој Северна Ирска ја победи Португалија со 2 - 1.Норвуд беше придружуван во репрезентацијата од дефанзивецот од академијата на Манчестер Јунајтед Кори Еванс.

Извор!


Прочитај повеќе...

вторник, 11 август 2009

Руни верува дека може да го замени Роналдо:


Сер Алекс Фергусон го предизвика Руни оваа сезона да ја надмине границата од 25 погодоци и да помогне да се намали отсуството на Кристијано Роналдо.

Англискиот интернационалец е убеден дека може да се справи со притисокот и да му помогне на клубот да стигне до четврата титула во низа.

“Немам ништо против со поголемата одговорност сега кога Кристијано замина.” – рече Руни. “Имало големи очекувања од мене во последните седум години и без разлика дали Роналдо ќе продолжеше да игра или не, очекувањата ќе беа присутни. Никогаш ништо не се променило околу тоа.”

Руни има добар старт на сезоната откако на дуелот со Челзи во рамките на Комјуните Шилд постигна погодок во завршните минути од натпреварот за изедначување на резултатот.

“Менаџерот рече дека сега јас ќе играм повеќе како централен напаѓач. Често пати кажував дека таа е позицијата која ја преферирам и бев задоволен што на дуелот со Челзи играв таму.”

“Не знам дали тоа ќе биде случај цела сезона. Менаџерот треба да донесе одлука. Јас само се надевам дека таму ќе играм во поголемиот дел од сезоната.”

“Доколку продолжам да постигнувам погодоци од таа позиција ќе биде оправдано играњето на таа позиција и ќе нема потреба да играм по страничните позиции.”

Руни исто така очекува голема помош и од Димитар Бербатов, кој не ги оправда очекувањата во првата сезона на Олд Трафорд.

“Може да се види од тренинзите и пријтелските натпревари дека Димитaр Бербатов е многу подобар.”

“Изгледа дека е многу поодлучен. Тој дефинитивно работи понапорно и се обидува да импресионира.”

“Има квалитет да го стори тоа. Тој е брилијантен играч.”


Прочитај повеќе...

Сер Алекс: Можеме да ја одбраниме титулата:


Јунајтед оваа сезона ќе се обиде да биде првиот тим од Премиер Лигата што освоил четири титули во низа. Тоа ќе биде 19ти пехар за Црвените Ѓаволи со што ќе има една повеќе од големите ривали Ливерпул.

Сер Алекс Фергусон е свесен за заканата од пријателите на Јунајтед од ’топ четворката’ особено од Ливерпул, Челзи и Арсенал, но Шкотот предупредува дека треба да се внимава и на градските ривали Сити.

“Освојување на четири титули во низа е нешто што посакуваме и тоа ќе биде голем успех.” – рече Сер Алекс.

“Знаеме колку е тешко да се освои лигата. Минатата сезона прифативме добар предизвик во однос на тоа дека требаше да одиме Јапонија (за Светскиот Клубски Шампионат) и потоа игравме ’брканица’ со ривалите до крајот на сезоната за да го освоиме шампионат и тоа беше големо достигнување.”

“Оваа сезона нема да го имаме тој проблем, иако посакувам да го имавме. Но (обидот да се освојат четири титули во низа) сеуште е голем предизивк за нас.”

“Тешко е да се каже (кој клуб е најголемата закана). Мислам дека ние, Ливерпул, Челзи и Арсенал гледаат што се случува со Манчестер Сити и дали можат да успеат со сите тие пари што ги потрошија.”

“Тие постојано ги исполнуваат насловите страни и има многу интересна ситуација бидејќи никој од нас навистина не настапи ’големо’ на овој трансфер пазар.”

“Сите продадовме некој играчи – Ливерпул го продаде Алонсо, ние Роналдо, Арсенал го продаде Адебајор... големите четири екипи беа тивки (кога е во прашање купување).”

“Па сите сме заинтересирани да видиме што ќе се случи со Сити.”


Прочитај повеќе...

Руни: Манчестер нема да биде во сенка:

Вејн Руни, извондредниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација, оваа сезона мора да даде се од себе за клубот од Олд Трафорд.

Image

Со заминувањето на Кристијано Роналдо Руни стана првата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, меѓутоа понекогаш грубиот фудбалер не мисли дека неговиот клуб ова лето е послаб од порано.

Ќе играме различно. Ќе го промениме стилот на игра, но навиките ќе останат исти. Манчестер Јунајтед сигурно нема да биде во ничија сенка, бидејќи ќе ги ловиме титулите во сите натпреварувања.“ - вели Руни за Би-Би-Си и додава:

Два пати по ред игравме во финалето од Лигата на Шампионите, во домашното првенство веќе неколку години стоиме на тронот. Ние сме голем клуб кој не го губи тлото под нозете кога ги губи добрите играчи.“

Не сме љубоморни на Реал Мадрид или пак на Манчестер Сити. Никогаш не бевме клуб кој расфрлаше пари за големи играчи, едноставно се водиме според тезата дека парите не ги купуваат титулите.“ - заврши тој.


Прочитај повеќе...

„Балак е нефер играч и голем глумец“

По поразот во Комјунити Шилд, менаџерот на англискиот шампион Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон прво го критизираше судијата, а потоа фрли „збор-два“ и кон Михаел Балак, кој го нарече глумец.

Image

Фудбалерите на Челзи го зграбија првиот трофеј на Островот оваа сезона. Во Комјунити Шилд го победија Јунајтед по подобро изведените пенали.

Во регуларниот дел натпреварот заврши без победник, но потоа голманот на Челзи Петр Чех ги одбрани пеналите на Гигс и Евра. Токму францускиот бочен играч Евра беше во центарот на вниманието во второто полувреме и тоа поради константните „физички пресметки“ го германецот на другата страна, Михаел Балак.

Во 64-та минута Балак влезе во игра, а само веќе неколку минути подоцна со лакто го удри Евра. Потоа французинот поблаго возврати, по што Балак уште еднаш грубо се пресмета со „противникот“.

Балак инстантно требаше да заработи црвен картон. Тоа е една од грубите грешки на судијата на натпреварот.“ - изјави тренерот на Јунајтед Алекс Фергусон, а потоа го искритикува германецот.

Уште одамна знаеме каков играч е тој, но неможам да поверувам дека му се допушти толку многу на натпреварот. Отсекогаш бил глумец. Никогаш не играл фер, ниту најмалку.“ - заврши Фергусон.


Прочитај повеќе...

понеделник, 10 август 2009

Руни: Го гледам Овен повторно во репрезентацијата:

Со доаѓањето на Мајкл Овен (30) во Манчестер Јунајтед засилена е напаѓачката линија на англискиот шампион. Вејн Руни, првиот напаѓач на тимот, верува дека тоа може да се копира и во репрезентативниот ред.

Image

Овен веќе подолго време е изоставен од списокот на најдобрите репрезентативци, неговата кариера ја „дрмаа“ многу повреди, а некогаш сигурниот реализатор на Ливерпул и Њукасл како да нема надеж дека ќе се врати во тимот на „Гордиот Албион“.

Шест години помладиот соиграч на Овен, Руни верува дека Мајкл со играта во шампионската екипа ќе го наговори селекторот на Англија Фабио Капело да го врати онаму каде што му е местото.

Го гледам Мајкл во англиската репрезентација. Јасно, тоа е одлука на селекторот, но според мене низ предсезоната изгледаше прилично добро, па убеден сум дека и во сезоната ќе продолжи со таквата форма, но треба малку време за тоа.“ - убеден е Руни.

Морам да продолжам со добрите игри, па ќе видиме каде ќе ме однесе тоа.“ - изрази надеж за враќање Овен кој за „Гордиот Албион“ дебитираше во 1998-та година.


Прочитај повеќе...

Судијата ни ја украде победата:

Не требаше долго да се сочека реакцијата на менаџерот на Манчестер Јунајтед, сер Алекс Фергусон по поразот од Челзи во Комјунити Шилд и спорниот гол со кој сините поведоа со 2-1. Регуларниот дел заврши со 2-2, а Челзи стигна до трофејот по подобро изведување на пенали.

Но Френк Лампард постигна погодок по акцијата во која претходеше прекршок на Михаел Балак над Патрис Евра. ТВ снимката потврди дека Германецот намерно го удри Евра во лицето, но судијата не ја прекина играта.

"Судијата сигурно јасно виде дека Балак со лакт го удри Евра, беше на линијата кога се случи инцидентот. разочаран сум бидејќи пред тоа два пати ја прекинуваше играта кога играчите лежеа на тревата. Тој инцидент нас не чинеше победа. Сепак требаше да го решиме мечот во првото полувреме", изјави Шкотланѓанецот.

Од друга страна Лампард не мисли дека има нешто спорно во победата.

"Сите ги знаат правилата. Кога судијата ќе ја прекине играта, дури тогаш играчот застанува. И фудбалерите на Манчестер сигурно би постапиле исто", објасни играчот од средниот ред на Челзи.


Прочитај повеќе...

недела, 9 август 2009

Нани има повреда на рамото!

Португалскиот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед Нани се здоби со повреда на рамото односно изместување за време на дуелот помеѓу Манчестер Јунајтед и Челзи од Комјунити Шилд.
Manchester United winger Nani is tackled by John Terry during the Community Shield at Wembley. - 0
Нани кој го постигна водечкиот гол за Манчестер Јунајтед на Вембли при што натпреварот заврши 2-2 но Челзи победи на пенали.Во 60-та минута Нани го напушти теренот по неподнослива болка и беше заменет од новото засилување Валенсија.

"Нани има изместено рамо и загрижувачки е фактот што лекарите не можеа да го наместат на правилното место(назад-позади)"-изјави менаџерот на Јунајтед без да потврди колку ќе биде отсутен.

"Тој дефинитивно нема да игра за Португалија во неделава"

Јунајтед ја почнува одбраната на титулата против Бирмингем новиот премиерлигаш следната титула.


Прочитај повеќе...

Алекс Фергусон: Судијата го реши натпреварот:

Менаџерот на Манчестер Јунајтед го обвини судијата Крис Фој за поразот од Челзи во Комјунити Шилд. „Црвените Ѓаволи“ го загубија првиот трофеј по полошото изведување на пеналите.

Image

Средбата во редовниот дел заврши со 2:2. Гневот на Шкотланѓанецот е најголем за вториот гол на Челзи со кој Лондончани поведоа со 2:1. Тогаш Балак го удри Евра и додека французинот лежеше на теренот сините тргнаа во напад по што Лампард го постигна вториот гол на натпреварот за Челзи.

„Судијата очигледно виде фаул, бидејќи Балак очигледно го удри со лакт. Разочаран сум бидејќи тој ја сопре играта два пати пред тоа кога мислеше дека има серозни повреди. На крај тој инцидент не чинеше победа. Ние бевме во сива зона, ја сопревме играта“, изјави Фергусон кој влезе во теренот по крајот на натпреварот и побара објаснување од судијата за посочената ситуација.


Прочитај повеќе...

Харгрејвс во аут уште 6 месеци:

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Овен Харгрејвс тајно заминал во Германија во обид да ја спаси кариерата, пишуваат дел од весниците.

Image

27-годишниот поранешен репрезентативец на англичаните поминал цела недела во клиника во Минхен кај водечкиот специјалист Ханс Милер Волфарт.Тој на ваков чекор се решил откако му се искомплицирале работиоте со повредата иако сер Алекс фергусон неодамна најави дека Харгрејвс ќе се врати на теренот во догледно време.Шкотланѓанецот го очекува во тимот за најмногу две до три недели.

Веќе излегоа и првите шпекулации дека геманскиот лекар му посочил на фудбалерот на “црвените ѓаволи„ дека ќе мора да се лечи и да паузира уште 6 месеци.


Прочитај повеќе...

Евра: Роналдо никогаш не беше звездата во Јунајтед:

Патрис Евра вели дека играчите на Манчестер Јунајтед веќе заборавиле на Кристијано Роналдо и Карлос Тевез.Image
Евра е сигурен во тоа и вели:

"Важно е да се знае дека Роналдо не го направи Манчестер Јунајтед."

"Роналдо никогаш не беше звездата во Манчестер Јунајтед. Ние сите заедно сме звезди и тренерот никогаш нема да дозовли да си замине ако е звезда."

"Тој беше добар играч и доста важен. Но Манчестер Јунајтед беше Манчестер Јунајтед пред него и ќе остане Манчестер Јунајтед после него."

"Тој не го направи нашиот тим, ние сите сме победници. Изгубивме двајца победници ова лето, Тевез и Роналдо, но добивме други победници како Мајкл Овен, Луис Валенсија и Габриел Обертан."

"Сигурен сум во добра сезона без Карлос и Кристијано. Ова е стартот на новиот специјален Јунајтед тим."

"Мојата цела ова лето е да ја освоиме Премиерлигата и Лигата на Шампионите, но прв на списокот е Комјунити Шилдот."

"Луѓето треба да запамтат дека Фергусон е кралот за создавање нов тим. Андерсон и Нани ќе бидат големи играчи во новиот тим."
- заврши Евра


Прочитај повеќе...

Барселона го посакува Нани:

Барселона се интересира за средниот играч на Манчестер Јунајтед, Луис Нани.Image
Англиските медиуми пренесуваат дека после освојувањето на Лигата на Шампионите, од Барса прашале за колку би го ослободиле Нани, но од Јунајтед не сакале да разговараат за тема.

оа ме прави вистински среќен знаејќи дека овој клуб сака да ме доведе, тоа ми влева доверба." - вели Нани.

"Тоа е фантастично да се знае, за клуб како Барса дека се интересира за тебе. Тие размислуваат за мојата иднина. Слушнав нешто за интерето на Барселона."

"Добро е за играчите е кога знаат дека најдобрите клубови те посакуваат во своите редови. Но во моите мисли е само Манчестер. Никогаш не сум размислувал да го напуштам. Тука сум само две години и сакам да направам нешто за овој клуб, да бидам дел од неговата историја."
- заврши Нани.


Прочитај повеќе...

Нани: Подготвен сум да ја подигнам играта на ново ниво:


Нани само на одредени натпревари го покажа својот квалитет по преселбата од Спортинг Лисабон на Олд Трафорд во 2007.

Тој признава дека неконзистентноста на неговите перформанси понекогаш е фрустрирачка но со нетрпение го очекува новиот шампионат и верува дека може да има големо влијание врз играта на Јунајтед.

“Мислам само на оваа сезона. Минатото го заборавив. Сакам да бидам ’човекот’.” – рече Нани за Sunday Telegraph.

“Мислам дека треба уште многу да направам за да го покажам најдоброто од мене, бидејќи тоа сеуште го немам сторено.”

“Одиграв многу натпревари и направив некои добри работи, но потребно е да се подобрам.”

“Сакам да стигнам до точката каде што ќе имам доверба од менаџерот, играчите и фанвоите.”

Нани беше засенет од неговиот сонародник Кристијано Роналдо но крилото сега е дел од Реал Мадрид.

Тој се надева дека ќе може да помогне во пополнување на празнината што ја остави Роналдо но одбива да биде споредуван, велејќи дека тој учел од неколку други фудбалери на Јунајтед.

“Знам дека многу луѓе ме споредуваат со Кристијано, но не го сакам тоа бидејќи сме различни фудбалери.”

“Сакам луѓето да зборуваат за Нани наместо да кажуваат, ’погледнете го направи тоа како Роналдо’.”

“Станав подобар фудбалер играјќи покрај него, но исто така учев од другите, од Сколс додавањата од Гигс интелегентни движења и од Руни како да бидам подобар реализатор.”


Прочитај повеќе...

сабота, 8 август 2009

Фергусон: Тешко е да се скрши големата четворка:


Фергусон смета дека Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Челзи и Арсенал повторно ќе се борат за првите места во Премиер лигата.

"Тешко е за секој тим да ја скриши големата четворка, бидејќи овие четири екипи имаат постојаност и квалитет" - вели Ферги.

"Во изминатите неколку години овие тимови се бореа во полуфиналињата и финалињата на Европскиот Куп. Тоа е одлична постојаност и високо ниво на игра".

"Сметам дека секој во Европа ја препознава англиската лига како силна, и покрај тоа што некој луѓе сметаат дека Реал Мадрид и Барселона повторно почнуваат да доминираат. Се сомневам во тоа".

Сити значително се засили успевајќи во своите редови да ги донесе Коло Туре, Емануел Адебајор, Карлос Тевез, Роке Санта Круз и Герет Бери.

"Ние, Ливерпул, Челзи и Арсенал следиме што се случува таму и како тоа ќе функционира".

"Ги гледате парите кои се трошат, секоја недела Сити е на насловните страници".

"Никој од нас на таков начин не влезе на трансфер пазарот. А факт е дека продадовме фудбалери. Навистина е тивко кај екипите од големата четворка" - заврши Фергусон.


Прочитај повеќе...

Невил: Јунајтед може и без Роналдо:

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Гери Невил ги отфрла можностите дека Јунајтед нема да може без Кристијано Роналдо оваа сеозна.Image
"Луѓето и медиумите кој го немаат пратено Јунајтед во изминативе 20 години ќе речат дека нема да можеме без Роналдо."
- вели Невил.

"Но, секогаш наоѓам големи имиња како опција за некој што си заминал од тимот."

"Мислам дека тоа ќе се случи и оваа сезона. Можеби ќе гледате поинаков стил на фудбал, но ќе ги видите играчите кој ќе доаѓаат во фокусот."


Прочитај повеќе...

Ферги гледа голема иднина во Македа:

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс фергусон го гледа 17-годишниот Федерико Македа како стартер во новата сезона од Премиер Лигата.Image
Манчестер Јунајтед секогаш знае како со младите играчи. Многу млади играчи поминале низ палката на Фергусон, а потоа станале големи звезди. Се очекува нешто слично да биде и со младиот тинејџер, Федерико Македа. Македа блесна во дресот на Манчестер Јунајтед уште од неговиот прв меч, каде со неговиот погодк во 92-та минута, Манчестер Јунајтед славеше со 3:2 против Астон Вила.

"Ќе ми зададе вистински проблеми." - вели Фергусон.

"Имам големи очекувања од него. За негови години, тој е врвен, врвен фудбалер."

Многумина очекуваа Фергусон да купи уште еден играч за во нападот покрај Бербатов,Руни и Овен, но Фергусон е уверен дека нема потреба за тоа.

"Македа ќе одигра важни натпревари оваа сезона. Некогаш ќе биде и стартер. Зашто да купувам друг напаѓач, кога тука ми се Кико (Македа) и Дени (Велбек)." - заврши Ферги.


Прочитај повеќе...

Фергусон очекува многу голови од Руни:


Одговорноста на Руни ќе биде поголема по заминувањето на Роналдо кој беше највлијателниот фудбалер во Јунајтед.

Фергусон потврди дека Руни ќе биде централен напаѓач и верува дека тој ќе постигне многу погодоци.

"Не мислам дека одговорноста да постигне повеќе голови ќе има ефект врз Вејн Руни" - смета Сер Алекс Фергусон.

"Тој има ментална сила да се справи со тоа. Го има докажано тоа".

"Руни ќе игра како централен напаѓач оваа сезона".

"Минатата сезона мислам дека постигна седум гола во серија во еден период, но доколку тоа може да го прави поконстантно ќе постигне повеќе од 25 гола".

"Но Вејн е тотално поразличен играч од Роналдо".

"Не мислам дека може да се споредуваат тие двајца, тие се многу различни фудбалери" - заврши Ферги.


Прочитај повеќе...

Фергусон: Време е Руни да биде лидер:

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон смета дека е време Руни да ја превземе лидерската улога во тимот по заминувањето на Кристијано Роналдо.

Image

Многу е веројатно дека напаѓачот ќе има слобода да игра на неговата омилена позиција во новата сезона т.е на централната напаѓачка позиција. Фергусон се надева дека тој ќе ја одбележи сезоната и ќе постигнува многу погодоци а со тоа ќе биде движечка сила на тимот.

„Не мислам дека одговорноста дека треба да дава повеќе ќе биде тешка работа за Руни. Тој е многу силен во психолошки смисол и на него не влијаат многу надворешните промени. Го докажувал ова многу пати. Тој ќе биде нашиот прв напаѓач и мислам дека ќе постигне многу погодоци“.

„Во минатата сезона имаше еден период во кој постигна погодоци на седум натпревари по ред. Доколку успее да биде постојан во листата на стрелците може да стигне до 25 погодоци па дури и повеќе. Вејн е многу различен тип на играч од Кристијано па затоа не сакам да ги споредувам нив двајца“
, изјави Фергусон.


Прочитај повеќе...

петок, 7 август 2009

Ферги:Нема потреба да трошиме пари за да сме на врвот:

Менаџерот на англискиот шампион Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон изјави дека црвените ѓаволи немаат потреба да трошат астрономски сум за засилувања со цел да бидат на врвот.

Image

„Нема потреба да трошиме пари за да се бориме за место на вровот, ние сме на врвот најмногу благодарејќи на долгорочната стратегија да купуваме млади и талентирани играчи во кои гледаме потенцијал еден ден да бидат најдобри фудбалери“, изјави Ферги за „Манчестер ивнинг њус“.

Мислам дека во текот на сиве овие години сме покажале дека не ни е страв да трошиме и често сме рушувале рекорди за исплатена оштета но само кога сме чувствувале дека тие трансфери имале смисла пред се од финансиски карактер“, дополни Алекс Фергусон.

Како што е веќе познато Манчестер Јунајтед ја продаде суперѕвездата Кристијано Роналдо на Реал Мадрид за сума од 94 милиони евра а исто така се раздели и од аргентинскиот напаѓач Карлос Тевес кој пак замина во градскиот ривал Сити. Истовремено ѓаволите во своите редови ги донесија еквадорското крило Антонио Валенсија и халфот на францускиот шампион Бордо, Габриел Обертан. Најмногу полемики сепак привлече трансферот на Мајкал Овен кој дојде на Олд Трафорд како слободен играч.


Прочитај повеќе...

Овен: Не се плашам да го носам дресот со број 7:


Дресот со број 7 во Манчестер Јунајтед најмногу тежи, него во минатото го носеа Џорџ Бест, Ерик Кантона, Дејвид Бекам и Кристијано Роналдо.

Честа да биде следен кој ќе го носи овој дрес е Мајкл Овен, тој се чуствува подготвено за овој предизвик.

"Кога ми го даде дресот тој ми рече дека треба да имам широки рамења за да го носам тој дрес".

"Но мислам дека со сето она што сум го постигнал во кариерата, нема да се плашам да го носам тој дрес".

"Не се плашам од предизвикот и не можам да го дочекам стартот на сезоната" - изјави Мајкл Овен.


Прочитај повеќе...