сабота, 31 октомври 2009

Пол Сколс: Најдоброто од Јунајтед допрва доаѓа:


Избраниците на Сер Алекс Фергусон целат кон враќање на победнички патеки на денешниот дуел со Блекбурн откако загубија од Ливерпул минатиот викенд.

Се до дуелот на Енфилд, Јунајтед имаше серија од 11 натпревари без пораз во сите натпреварувања, и Сколс посакува тие да започнат нова победничка серија.

“Нема да кажам дека ние се мачиме, но не сме имале течна игра како што знаеме дека можеме.” – рече Сколс.

“Имаше добри натпревари – како оној против Тотенхем на гостински терен – каде што се дојде заедно, но мислам дека најдоброто од нас допрва ќе дојде.”

“Не сме многу загрижени поради формата, бидејќи по традиција ние не играме добро на стартот од сезоната.”

“Разликата овој пат е што, често победуваме на натпреварите па не можам да се жалам премногу.”

“Но би сакале да се вратиме на врвот од шампионатот со стил.”

“Некои тимови можеби се задоволуваат само со резултат но ние во Јунајтед целиме кон нешто повисоко.”


Прочитај повеќе...

Преглед: Манчестер Јунајтед - Блекбурн:

Сабота, 31 Октомври, 18:30
Олд Трафорд, Манчестер

http://www.manchesterbars.com/photos/oldtrafford-300.jpg


После три меча на гости вклучувајчи долго патување во Москва, шампионот се враќа дома на Театарот на соништата. Фергусон ќе биде среќе што е повторно на свое тло после поразот од Ливерпул.

Се цела почит кон Блекбурн но можно е Манчестер да избувне после поразот од Ливерпул и да им го напраи гостувањето многу тешко.

Блекбурн имаат лош скор на гостински терен имаат изгубено 10 меча по ред на гостински терен и сеуште трае тој скор почнувајчи од Март 2009.Со 11 гола примени во последните две гостувања ова гостување ќе биде како 'шлаг на торта.'

Блекбурн го загубија својот напаќач РОбертс бидејќи е откриен свински грип кај играчот

Ако тоа не е доволн Блекбурн само еднаш победил на Олд Трафорд во историјата во Премиер Лигата и тоа во 2005.

Но сега Јунајтед е многу ослабнат во одбраната со отсуството на Фердинанд, Видич и Невил.

Последни 5 натпревари:

Манчестер Јунајтед:
27 октомври: Барнсли 0-2 Манчестер Јунајтед (Карлинг Куп)
25 октомври: Ливерпул 2-0 Манчестер Јунајтед (Премиер Лига)
21 октомври: ЦСКА Москва 0-1 Манчестер Јунајтед (Лига на Шампиони)
17 октомври: Манчестер Јунајтед 2-1 Болтон (Премиер Лига)
3 октомври: Манчестер Јунајтед 2-2 Сандерленд (Премиер Лига)


Блекбурн:
27 октомври: Блекбурн 5-2 Петербороу (Карлинг Куп)
24 октомври: Челзи 5-0 Блекбурн (Премиер Лига)
18 октомври: Блекбурн 3-2 Барнли (Премиер Лига)
4 октомври: Арсенал 6-2 Блекбурн (Премиер Лига)
26 септември: Блекбурн 2-1 Астон Вила (Премиер Лига)

Тимски новости:

Манчестер Јунајтед:
Првиот избор од одбраната на Сер Алекс, Видич и Фердинанд се отстутни поради повреда додека Невил е суспенидран.


Блекбурн:
Робертс има свински грип но Самба се враќа од повредата.Исто така е Чимбонда е спремен за акција.


Поважeн играч:

Манчестер Јунајтед - Џони Еванс:
Со отсуството на одбраната на Јунајтед поточно Фердинанд и Видич, Еванс ќе биде столбот на одбраната на Јунајтед ќе има шанса да се докаже дека е спремен да игра за првиот тим на Јунајтед.

Моја прогноза:
Имаме проблеми со повреди.Повредени се: Видич, Фердинанд, Флечер, Парк, Гигс и Невил е суспендиран.Нема да биде лесно без глваните два централни играчи во одбраната.Но сепак мислам дека РУни ќе биде 100% мотивиран и ќе даде се од себе за Јунајтед како и нормално. На утакмицата со Ливерпул играш ос повреда и не можеше да го даде својот максимум.Се надевам вечер на победа и враќање на победнички патеки во Премиер Лигата.

Извор 1!

Извор 2!


Прочитај повеќе...

петок, 30 октомври 2009

"Обертан ќе се најде на клупата за резерви" - Фергусон:

http://www.footie.co.za/blog/wp-content/uploads/2009/10/gabriel-obertan.jpg

Габриел Обертан најверојатно ќе го има дебито во Премиер Лигата во сабота на дуелот со Блекбурн.

Француското офанзивен играч го имаше своето деби во Карлинг Купот во вторник против Барнсли, па менаџерот на Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон наведе дека најверојатно Обертан ќе настапи и против Блекбурн.

"Фантастично изигра во вторникот Габриел." - изјави Сер Алекс Фергусон на пресконференцијата во петокот."Тој беше незапирлив во вторникот и имаше претходно неколку натпревари за резервите не не верувам дека ќе биде во стартните 11 за утре најверојатно ќе најде на клупата за резерви.Сепак тој немаше лесна повреда."

"Тој се адаптираше добро и поседува супер техника и атрактивност многу очекуваме од него."

"Тој ја надмина повредата, тоа е најбитното нешто.Тој не знаеше дека има здобиено повреда кога потпиша со нас но ние ја откривме и се надеваме дека е спремен."

Извор!


Прочитај повеќе...

Тотенхем заинтересиран за Рио:

Менаџерот на Тотенхем, Хари Реднап планира да го доведе централниот одбранбен фудбалер на шампионот Манчестер Јунајтед и на англиската репрезентација, Рио Фердинанд, објавува Дејли Мејл.

Фердинанд се наоѓа во слаба форма оваа сезона и менаџерот сер Алекс Фергусон неколку пати го критикуваше дефанзивецот кој ќе отсуствува и на утрешниот натпревар од Премиер лигата против Блекбурн.

Ферги во иднина планира да го доведе младиот одбранбен играч на Евертон, Џек Родвел, така што местото на Рио во почетниот тим за првпат ќе му биде загрозено, откако пред 7 години дојде во клубот од редовите на Лидс.

Реднап пак сака да ја засили одбраната на тимот од Вајт Харт Лејн со искусен фудбалер, бидејќи во последно време се почесто се повредени дефанзивците Ледли Кинг и Џонатан Вудгејт.


Прочитај повеќе...

Голманот на Леверкузен, Рене Адлер се поврзува со ’Црвените Ѓаволи’:


Црвените Ѓаволи се поврзуваат со голем број на голмани откако Бен Фостер не успеа да покаже дека е правиот човек за наследник на 39 годишниот Едвин ван дер Сар.

Голманот на Интер, Жулио Цесар, голманот на Шалке, Мануел Ноер, Акинфеев од ЦСКА Москва и Диего Лопез од Виљареал беа имињата што медиумите ги поврзуваат со Јунајтед.

Се верува дека Адлер има клаузула во договорот според која може да замине доколку Јунајтед достави понуда, а Германецот беше дел од публиката на минатонеделниот дуел на Енфилд на кој Јунајтед забележа пораз од Ливерпул.

Генералниот менаџер на Леверкузен, Руди Фелер инсистира дека патувањето на Адлер на Островото било само коинциденција и не сакаше да покаже дали голманот ќе се пресели во Премиер Лигата

“Задоволен сум што гледам како играчите премногу се интересираат за својата работа и патуваат толку многу за да гледаат други натпревари.” – рече Фелер за Rheinische Post.

“Среќен сум што Рене се поврзува со големи клубови во моментов, тоа е најдобриот сигнал дека имаме многу добар фудбалер во нашиот тим.”


Прочитај повеќе...

Јунајтед ’погоден’ од повредени играчи во пресрет на дуелот со Блекбурн:


Рио Фердинанд, Немања Видиќ и Рајан Гигс се неизвесни, додека пак Дарен Флечер, Дени Велбек и Парк Џи Сунг сеуште се надвор од стројот.

Исто така на располагање не е и суспендираниот Гери Невил, кој заработи црвен картон на дуелот со Барнсли во вторникот.

“Се соочуваме со тешка борба за да ги оспособиме играчите за утрешниот натпревар.” – рече Сер Алекс Фергуосн.

Менаџерот на Јунајтед потврди дека инволвираноста на Видиќ на утрешниот дуел ќе биде одредена на денешниот тренинг, откако играчот беше испрати кај специјалист за да извшри проверка на проблематичниот лист на ногата кој го мачи неколку недели.

Сер Алекс Фергусон исто така потврди дека повредата на Парк носи причини за загриженост откако играчот се врати со отечено колено од Кореа.

“Можби ќе треба да почекаме уште неколку недели за негово опоравување.”

Флечер, кој беше надвор од стројот околу еден месец можно е да се врати за дуелот против Челзи следната недела откако вчера започна со тренинзи.


Прочитај повеќе...

среда, 28 октомври 2009

Овен е фрустриран од начинот на кој се оценуваат неговите игри:


Мајкл Овен синоќа беше стартер на натпреварот против Барнсли во Карлинг Купот, тој одигра одличен натпревар постигнувајќи и погодок.

Овен смета дека медиумите го оценуваат само по тоа дали ќе постигне гол, а не и според неговиот придонес во играта на тимот.

"Старт на натпревар и гол, не можете да посакате повеќе од тоа. За жал по тоа ме оценуваат луѓето" - изјави Овен.

"Стартував на натпреварот против Болтон и бев навистина задоволен и мислев дека одиграв прилично добро. Потоа ги отворив весниците и ми беше дадена оценка 3 или 4".

"Но во овој натпревар играв навистина ефективно и постигнав гол и веројатно ќе добијам 7 од 10".

"Мислам дека заслужив пет на тој натпревар и седум или осум за натпреварот против Болтон".

И Сер Алекс Фергусон го пофали погодокот на Мајкл Овен.

"Тоа беше фантастичен гол, има таква брза нога, тоа беше одлична завршница" - рече Ферги.


Прочитај повеќе...

Јунајтед припрема понуда за Виља и Силва:

Како што се приближува Јануарскиот преоден рок, се погласно се зборува за големи трансфери, а меѓу најпосакуваните играчи ќе биде двоецот на Валенсија, Давид Виља и Давид Силва.

Image

Според „Дејли Меил, актуечниот англиски шампион има амбициозен план да ги доведе двајцата, а менаџерот на „црвените ѓаволи“ Алекс Фергусон е спремен да понуди голем паричен износ.

Шкотскиот стручњак наводно за двајцата играчи на Валенсија би понудил околу 55 милиони евра, а прашање е на тоа што ќе речи шпанскиот прволигаш затоа што и други европски тимоби се спремни да издвојат големи суми за двајцата Давиди. Но, за продажбата во Јануари де е и тоа како реална, птоврди и директорот на Валенсија, Фернандо Гомез во разговор за една шпанска телевизија:

„Клубот вложи голем напор за да ги задржи ова лето, но нашата финансиска ситуација и понатака е сериозна. Ќе биде успех ако ги задржиме, но постојат моменти кој повеќе не можат да се издржат. Затоа можеби и тие ќе си заминат.“ - призна Гомез.


Прочитај повеќе...

Валенсија можно е да ги продаде Давид Силва и Давид Виља:


Лос Че долго време е во финансиски проблеми и се очекуваше изминатиов летен трансфер период да продаде дел од своите ѕвезди.

Реал Мадрид, Барселона, Челзи, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и уште неколку гиганти пробаа да ги ангажираат најважните играчи на клубот, Давид Силва и Давид Виља, но Валенсија одолеа на сите напади.

Но бидејќи сеуште не е пронајден начин како клубот да ги надмине финансиските тешкотии, спортскиот директор, Фернандо Големз признава дека тие размислуваат за продажба на своите ѕвезди.

Тој за Las Praovoncias TV рече: “Доколку пристигне момент кога нема да можеме веќе да ја издржиме ситуацијата, секако дека тогаш ќе мораме да продаваме играчи и тие (Виља и Силва) ќе бидат продадени.”

“Направивме огромен напор во летниот трансфер период за да ги задржиме, но доколку економската ситуација продолжи, тогаш работите можат да станат многу сериозни.”

“Сепак ние забележавме успех со самото тоа што успеавме да ги задржиме бидејќи добивме високи понуди за нив.”

Медиумите од Островото велат дека Сер Алекс Фергусон во јануари ќе го одврзе ќесето и ќе потроши дел од сумата што да ја доби од продажбата на Роналдо и Давид Виља и Давид Силва се дел од неговите желби.

Но Фернандо Гомез вели дека по истекот на летниот период тие немаат добиено официјална понуда.

“Немаме добиено официјална понуда ниту за Виља ниту за Силва.“


Прочитај повеќе...

Сер Алекс задоволен од младите:

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон изјави дека е задоволен од представувањето на тимот, особено од младите играчи.
http://www.glenndavissoccer.com/wp-content/uploads/2008/04/aaaaaab.jpg
Шкотланѓанецот единствено разочаран од синоќешната победа во Карлинг Купот над Барнсли со 2-0 е од црвениот картон на Гери НЕвил но призна дека тој беше заслужен.

„Барнсли одигра многу добро и имаше добри прилики за погодок, особено откако останавме со 10 играчи во поле. Во целина мислам дека заслуживме да победиме и сум задоволен од моите играчи. Не се покажавме во најдобро светло но сум задоволен од резултатот. Младите се представија доста добро а тоа многу ме радува“
, изјави Фергусон.


Прочитај повеќе...

Барнсли 0 - 2 Манчестер Јунајтед

Тимот на Манчестер Јунајтед се пласираше во 1/4 финалето во Карлинг купот после победата над Барнсли со 2-0 како гости.
The image “http://www.pic.mk/images/michaelowe.jpg” cannot be displayed, because it contains errors.
Тимот на Алекс Фергусон и овојпат го заврши натпреварот со 10 играчи на теренот откако капитенот Гери Невил заработи црвен картон во 63. минута. Сепак до тој момент тимот веќе имаше добра предност од 2-0 а стрелци на погодоците беа Овен и Валбек.

Ова беше прв натпревар на овие противници во Карлинг Купот а нивната последна средба во Премиер Лигата беше во Мај 1998 година кога Манчестер Победи со истиот резултат.

Шампионот на Англија го започна натпреварот доста офанзивно па затоа и уште во 6. минута Валбек со глава донесе предност за Јунајтед од 1-0.До крајот на полувремето гостите ги држеа конците во своја рака и постојано беа со топката во нозете но не успеа по втор пат да погодат се до 59. минута кога Овен со прецизен и елегантен удар го совлада домашниот голман.




Прочитај повеќе...

вторник, 27 октомври 2009

Адлер на листата на Ферги:

Голманот на германската репрезентација, Рене Адлер е последното име на списокот на менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фегусон, како потенцијален наследник на Едвин ван дер Сар.

Адлер, кој минатата година беше прогласен за најдобар голман во Бундес лигата, сезонава брани во одлична форма и од тие причини Фергусон побарал скаутите на Јунајтед почесто да ги следат неговите настапи.

Фергусон најави дека следното лето приоритет му е ангажирање на нов чувар на мрежата, а покрај Адлер на списокот на менаџерот на Манчестер Јунајтед се наоѓаат неговиот сонародник Мануел Нојер од Шалке како и чуварот на мрежата на ЦСКА од Москва, Игор Акинфеев.


Прочитај повеќе...

Хулк оди на Островот:

Во неделното издание на весникот Експрес беше објавена информација според која Манчестер Јунајтед е заинтересиран за трансфер на напаѓачот на Порто, Хулк.

Покрај Јунајтед за бразилскиот интернационалец заинтересирани се уште два клуба од Англија, Челзи и Арсенал, но најголем проблем за реализација на трансферот на Хулк претставува високото обесштетување, кое изнесува неверојатни 86 милиони фунти.


Прочитај повеќе...

Фергусон фатил на „радар“ неколку од ЦСКА:

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, по последниот натпревар од Лигата на шампионите поритв ЦСКА во Русија, се уверил во неколку таленти од московскиот тим кој има во план да ги ангажира во престојниот трансфер период.
Image
Најновите информации од Англија говорат дека Сер Алекс Фергусон веќе започнал преговори со ЦСКА Москва за ангажман на голманот Акинфеев и десното крило Краснич фудбалери кои веќе се поврзува со трансфер во составот на „Црвените Ѓаволи“.

Манчестер остана без Кристијано Роналдо ова лето на негово место беше доведен фудбалерот од Виган Антонио Валенсија кој очигледно не е фудбалер од калибарот на Роналдо кога се работи за постигнувањето на погодоци па Ферги ќе мора да ја засили токму таа позиција во тимот со поофанзивен фудбалер.

Покрај Красич, голманот на ЦСКА Москва е фудбалер во кој Ферги замена за ветеранот Ван Дер Сар кој по оваа сезона можно е и да се пензионира а неговите моментални замени Кушчак и Фостер не успее да го импресионираат Алекс кој ќе мора да купува ако сака титула во Англија и оваа година.


Прочитај повеќе...

Целта на Јунајтед, Диего Лопез заинтересиран за преселба во Премиер Лигата:


Извештаите на Шпанските медиуми сугерираа дека Лопез е мета на шампионот од Премиер Лигата, Манчестер Јунајтед кој има листа на неколку имиња за долгорочно покривање на голманската позиција.

Едвин ван дер Сар, кој во четврток ќе наполни 39 години најверојатно по крајот на сезоната ќе се пензионира а Англискиот интернационалец Бен Фостер сеуште не убедил дека може да биде достојна замена за Холанѓанецот.

Диего Лопез е дел од листата на желби на Сер Алекс како можна замена за Ван дер Сар, и голманот е во импресивна форма откако во 2007 се пресели во Виљареал од редовите на Реал Мадрид.

Во август тој го имаше својот прв настап за селекцијата на Шпанија и се шпекулира дека веќе во два наврати бил следен од скаути на Јунајтед.

27 годишниот чувар на мрежата на Жолтата Подморница е проценет на околу 15 милиони фунти (околу 17,5 милиони евра) и Лопез е свесен за шпекулациите кои го поврзуваат со преселба во Англија.

“Свесен сум за шпекулациите и Премиер Лигата е многу атрактивна опција.” – The Sun го цитира Лопез.


Прочитај повеќе...

Фергусон го прифати обвинението на ФА за недолично однесување:


По дуелот со Сандерленд на кој Црвените Ѓаволи во последните мигови се изборија за реми, Шкотот го нападна судијата Ален Вајли велејќи дека арбитарот не бил доволно физички спремен за да го издржи темпото на натпреварот.

Фудбалската Асоцијација на Англија, се реши да покрене постапка против Шкотот и го обвини за недолично однесување.

Фергусон сега го прифати обвинението и побара лично сослушување за кое сеуште нема утврдено датум.

Унијата на судии побараа стратегот на Јунајтед да добие тешка казна за Сер Алекс Фергусон, а според медиумите од Островото, на Ферги му се заканува пет натпревари суспензија.

По натпреварот од изминатиов викенд со Ливерпул и поразот на Енфилд, Фергусон повторно ги критикуваше арбитрите, овој пат Андре Маринер, за кого стратегот на Јунајтед рече дека бил без неопходното искуство за еден ваков дерби дуел но не се очекува ФА да покрена нова постапка.


Прочитај повеќе...

недела, 25 октомври 2009

Ливерпул 2 - 0 Манчестер Јунајтед

Тимот на Ливерпул се чини на најдобар начин испаѓа од кризата после денешната победа од 2-0 над вечниот конкурент Манчестер Јунајтед.

Image

Со оваа победа во тимот на црвените од Енфилд со сигурност ќе се врати самодовербата и после 4 порази во низа ќе успеат да фатат приклучок кон горниот дел од табелата.

Очекуваното враќање на Енфилд на Мајкл Овен се случи во 72. минута од натпреварот кога легендата на Ливерпул го замени Димитар Бербатов.

Двата тиме одиграа исклучително нервозем натпревар во кој што Фернандо Торес го поведе својот тим кон успех со погодок во 64. минута од натпреварот. Вториот погодок за домаќините падна во продолжението од натепреварот кога целиот тим на Јунајтед беше стациониран на половината на Ливерпул, погодокот беше дело на Давид Н’Го.

Гостите неколку пати имаа сериозни забелешки кон одлуките на судијата Мартин Аткинсон, кој што во неколку случаи отворено судеше за Ливерпул.Пред паузата Аткинсон не досуди фаул за

Карик во казнетиот простор на домаќините после стартот од Џејми Карагер. Кон крајот на натпреварот повторно Карагер заслужи да добие црвен картон откако доста грубо го фаулираше Мајкл Овен но судијата се реши само за жолт. Нервозниот дуел на крајот заврши со два црвени картони - по еден за Немања Видиќ и Хавиер Маскерано.

Овој пораз е втор во сезонава за Манчестер Јунајтед, после поразот на домашен терен од Барнли. Ливерпул пак ја забележа првата победа после четирити порази по ред.

Моја анализа:
Тежок пораз за нас не игравме толку лошо не ни игравме ни најдобро ни фалеше Флечер нашиот креативец керик неможеше да го замени додека Руни е Евра не беа опоравени од повредата.За да не навлзезем во криза треба да победиме на следниот меч против Барнсли на гостински терен во рамките од 4- то коло од Карлинг Купот во Вторник.Поздрав!





Прочитај повеќе...

сабота, 24 октомври 2009

Преглед: Ливерпул - Манчестер Јунајтед:

Утре со почеток во 15:00 во рамките од 10 - то коло од Премиер Лигата се среќаваат двата најтрофејни клуба од Англија односно Ливерпул - Манчестер Јунајтед.Натпреварот ќе се одигра на стадионот на Ливерпул т.е. Енфилд Роуд.
http://mavericonline.files.wordpress.com/2009/03/liverpool-vs-manchester-united.jpg

Изминатата недела беше тешка за Ливерпул и Рафа Бенитез и како крај на неделата пристигнува големиот шампион Манчестер Јунајтед на Енфилд.

Поразот од Сандерленд изминатата сабота со помош на топката за плажа и поразот од Лион во рамките од Лигата на Шампионите на домашен терен Црвените од Енфлид го бележат најлошиот период од историјата на клубот.

Уште еден пораз за Ливерпул можеби ќе значи отказ за Рафа Бенитез и споствениците на клубот му препорачаа дека дербито со Црвените Ѓаволи е правиот натпревар за враќање на победничките патеки.

Тие ќе настапат без нивниот капитен Стивен Џерард но се очекува Фернандо Торес да биде спремен за натпреварот.

Иако Ливерпул во последниот натпревар против Јунајтед победи со 4 спрема 1 на Олд Трафорд не веруваат дека тоа ќе се повтори на домашен терен поради отсуството на Џерард и евентуалното отсуство на Торес.

Гостите доѓаат на Енфилд без неколку клучни фудбалери но тие забележаа победа на последниот нивни натпревар со ЦСКА Москва на гости во Лигата на Шампионите.

Антонио Валенсија постигна гол за победа на Лужниќи и претходно постигна гол за победа против Болтон.Тој се надева дека ќе ја продолжи гол серијата на натпреварот со Ливерпул со што Манчестер ќе обезбеди нови три бода и заостанување на Ливерпул зад Јунајтед со неверојатни 10 бода.

Но Сер Алекс Фергусон напомена дека формата не е клучниот фактор кога се игра против Ливерпул и дека се може да се случи на мечот.

Поради повредата на Руни и можноста да не настапи, се очекува Мајкл Овен да настапи против тимот кој го издигна на највисоко ниво односно Ливерпул и се очекува жесток пречек на фановите од Мерсисајд.



Последни натпревари:

Ливерпул:
20 октомври: Ливерпул 1-2 Лион
17 октомври: Сандерленд 1-0 Ливерпул
4 октомври: Челзи 2-0 Ливерпул
29 септември: Фиорентина 2-0 Ливерпул
26 септември: Ливерпул 6-1 Хал Сити

Манчестер Јунајтед:

21 октомври: ЦСКА Москва 0-1 Манчестер Јунајтед
17 октомври: Манчестер Јунајтед 2-1 Болтон
3 октомври: Манчестер Јунајтед 2-2 Сандерленд
30 септември: Манчестер Јунајтед 2-1 Волфсбург
26 септември: Стоук Сити 0-2 Манчестер Јунајтед

Тимски новости:

Ливерпул:
Се очекува Фернандо Торес и Глен Џонсон да настапат односно да се вратат од повредите додека најверојатно капитенот Стивен Џерард нема да настапи.

Можен состав:
Реина, Џонсон, Шкртел, Карагер, Аурелио, Кајт, Лукас, Маскерано, Риера, Бенајун и Торес.


Манчестер Јунајтед:
Вејн Руни најверојатно нема да биде подготвен за дербито а исто така ќе го придружуваат Парк и Флечер додека се очекува да се вратат во тимот Евра и Гигс.

Можен состав:
Ван дер Сар, Ошеи, Видич, Фердинанд, Евра, Валенсија, Керик, Андерсон, Гигс, Бербатов и Овен.


Важни играчи:

Ливерпул - Фернандо Торес:
Шпанецот му недостасуваше на тимот неколку нетпревари и се очекува да се врати за големото дерби.

Последниот натпревар одигран на Олд Трафорд познатиот "El Nino" ја искористи приликата кога Видич наптави премногу грешки и постигна гол.Тој очекува дека тоа ќе се повтори.


Манчестер Јунајтед - Мајкл Овен:
Сите погледи ќе бидат насочени кон Мајкл Овен кој се очекува да биде меѓу првите 11 поради отсуството на Вејн Руни.

Победничкиот гол на Овен на дербито со Манчестер Сити беше сензација за секој фан на Јунајтед.Тие се надеваат дека тоа ќе се повтори и на Енфилд и дека ќе го стекне статусот "херојот на Јунајтед".


Моја прогноза:
Ќе биде тежок натпревар и покрај тоа што Ливерпул има 4 порази по ред во сите натпреварувања.Тие ќе бидат 100% мотивирани за да се вратат на победничките патеки. Додека Овен се враќа на Енфилд по подолго време но како играч на Манчестер Јунајтед. Лошо е за нас што во тимот ќе ги нема Флечер и Руни. Мислам дека ќе биде отворена утакмица со многу шанси и се надевам на победа на Јунајтед и искачување повторно на врвот на табелата!Поздрав!:)


Извор 1!

Извор 2!


Прочитај повеќе...

петок, 23 октомври 2009

Руни и Флечер се соочуваат во трка со времето:

Darren Fletcher and Wayne Rooney in training

Вејн Руни очајно сака да игра против Ливерпул, но Сер Алекс Фергусон вели дека тој Флечер се соочуваат во трка со времето за натпреварот со Ливерпул и дека не е сигурно дали ќе настапат.

Руни поради повреда на задната ложа ги пропушти натпреварит со Болтон и ЦСКА Москва додека Флечер исто таки го пропушти последните два натпревара поради повреда на стапалото.

"На полето за повреди сеуште има несигурни играчи и не можам да ви дадам целосен извештај не се сигурни Флечер и Руни." - изјави Сер Алекс Фергусон

"Тој секогаш сака да игра, тоа е природно за него.Секако од една страна тоа е реално за во недела но прво ќе мораме да видиме како ќе се покаже на тренингот во Сабота."

"Ако Руни тренира со целиот тим во Сабота тој ќе има многу реални шанси да настапи против Ливерпул."

Добрите вести за Јунајтед се дека Патрис Евра и Рајан Гигс се спремни за натпревар после пропуштениот дуел со ЦСКА но Парк е сеуште повреден.

"Патрис е добар и Рајан Гигс исто така, додека Парк нажалост е сеуште неспремен" - изјави Ферги

Извор!


Прочитај повеќе...

четврток, 22 октомври 2009

Фергусон задоволен од формата на Јунајтед:

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон изрази задоволство од формата во која тимот се покажува, посебно при гостувањата.

Image

Јунајтед славеше над ЦСКА Москва во 3-тото коло со 1:0. Но покрај 3-те поени, оваа победа има и други работи што го радуваат Фергусон.

Со истата победа над руската ЦСКА од Москва во Лигата на Шампоините, англискиот шампион Манчестер Јунајтед го изедначи рекордот на Ајакс од 14 последователни натпревари без пораз како гостин во европските клубски турнири.

„Овој рекорд е нешто впечатливо и треба да се гордееме со него. Не е лесно да се презентирате на толку високо ниво во Европа, а тоа покажува и за зрелоста на тимот. Натпреварувањата бараат посебен начин н а игра при гостувањето, и токмо тоа можевте да го видете против ЦСКА. Покажавме трпеливост, ја задржавме топката во наша посед и тоа се покажа како клучен фактор. Задоволен сум од моите фудбалер. Веќе имаме 9 поени, а секогаш сум викал дека 10 се доволни за пласман понатака. Се надевам дека во наредниот дуел против ЦСКА ќе го обезбедиме пласманот.“ - изјави Фергусон.

Шкотланѓанецот ја пофали и презентацијата на стрелецот на погодокот, Антонио Валенсија.

„Валенсија е главниот играч во изминатите недели. Тој веќе се снајде во тимот и неговата доверба расте. Антони ги има сите квалитети за едно добро крило - сила, баланс, техника и одличен центаршут. Уште кога го зедовме, идеата беше да го продлжмиме неговиот развој како играч. Сега тој постигна два погодоци во два натпревари и верувам дека тоа ќе се одрази добро на него.“ - заврши Ферги.

Последниот пораз на „црвените ѓаволи“ во Европа беше во Мај во 2007-та година, кога тимот на Алекс Фергусон беше поразен со 0:3 од италјанскиот гигант Милан на стадионот „Сан Сиро


Прочитај повеќе...

ЦСКА Москва 0 - 1 Манчестер Јунајтед

Во првиот натпревар од денешниот ден англискиот шампион Манчестер со гол во последните секунди успеа да ја победи московска ЦСКА

Image

На стадионот Лужниќи во Москва Англискиот шампион со својот десеткуван состав успешно се спротистави на домаќинот ЦСКА во текот на првото полувреме и во поголемиот дел од второто за на крај преку Валесија да стигне до трите поени.

Првите 10. минути од натпреварот поминаа во игра на средината од теренот во таканаречено испитување на силите.

Потоа гостите имаа блага теренска иницијатива која не успеаа да ја валоризираат а првиот посериозен удар кон голот на Акинфеев го имаше Пол Скопс во 27. минута од полувремето но голманот на русите со крајни сили успеа да го одбрани и топката замина во корнер.

Во последните 15 минути домаќините имаа комплетна теренска надмоќност која ја крунисаа и со два посериозни удари кон голот на Јунајтед, најпрвен Томас Нецип во 29. минута се обиде со глава но само успеа да го погоди Ван дер Сар за да во 34. минута после фантастичен пробив од десната страна Красниќ шутираше покрај голот.

Почетокот на второто полувреме започна исто како што помина целото прво полувреме, во игра на средината, без многу шанси и без удари кон двата гола.

Како изминуваше полувремето домаќинот ја превземаше иницијативата и контролата над играта при што домаќините беа поопасни и често го загрозуваа голот на Едвин ван дер Сар.

Во последните 10 минути со влегувањето на Мајкл Овен во игра гостите од Манчестер ја превзедоа доминацијата на теренот при што играта се префрли пред голот на Акинфеев.

Таа доминација гостите ја валоризираа на 6 минути пред крајот на средбата со погодокот на Валенсија по центаршутот на Нани.

Пулените на Фергусон дојдоа по еден поен на Лужниќи а на Олд Трафорд си заминаа со сите три.


Моја анализа:

Добро изигравме и тоа не доведе до овој резултат.Валенсија супер се покажува и ја покажува неговата добра страна и супер игра секоја чест за него игравме со многу изменет состав Фабио и Ошеи играа во средина но како и да е 3 бода се 3 бода.Следна утакмица дербито со Ливерпул ни е.Поздрав!:)



Прочитај повеќе...

среда, 21 октомври 2009

Преглед: ЦСКА Москва - Манчестер Јунајтед:

Вечерва во рамките од третото коло од Лигата на Шампионите се среќаваат ЦСКА Москва и англискиот Шампион Манчестер Јунајтед.Натпреварот се игра на Лужники Стадионот во 18:30.
http://www.stadiumdb.com/images/stadiums/europe/russia/moscow/luzhniki-stadium.jpg

Јунајтед се враќа во Москва:

Манчестер Јунајтед ја започна сезоната победнички и минатата недела тоа го видовме во победата д 2-1 над Болтон со која Јунајтед повторно се искачи на првото место на Премиер Лигата.

Освен изгубениот меч кај густувањето кај Барнли и нерешениот резултат со Сандерленд Манчестер Јунајтед победи на сите други натпревари и од Премиер Лигата и од Лигата на Шампионите.

Денеска Црвените Ѓаволи се враќаат на стадионот во Москва на кој победија во финалето од Лигата на Шампионите во сезоната 2007/2008 и запишаа трета титула од ова натпреварување во нивната историја.

Победа на ЦСКА Москва, водена од Хуанде Рамос ќе го одведе Манчестер Јунајтед во осмина-финалната фаза од Лигата на Шампионите.

Непредвидливата ЦСКА:
Тоа исто така е можно и за ЦСКА Москва, кои го загубија првиот меч од германскиот шампион Волфзбург но издвојуваа победа над турскиот Бешикташ.

Тие немаат најдобра сезона.Имаат уште пет меча до крајот на сезоната во Руската Лига и се наоѓаат на четвртото место на табелата.Имаат шанса да дојдат до третото место на табелата и ќе се борат за него со Зенит.

Победиле на последните четири натпревара од шест можни натпревари.Тие имаат стекнатао голема самодоверба пред мечот со Манчестер Јунајтед.

Последни пет натпревари:

ЦСКА Москва:
Спартак Налчик 1-1 ЦСКА Москва
ЦСКА Москва 4-0 Кубањ Краснодар
ЦСКА Москва 2-1 Бешикташ (Лига на Шампиони)
Зенит 2-0 ЦСКА Москва
ЦСКА Москва 3-0 Динамо Москва

Манчестер Јунајтед:

Манчестер Јунајтед 2-1 Болтон
Манчестер Јунајтед 2-2 Сандерленд
Манчестер Јунајтед 2-1 Волфсбург (Лига на Шампиони)
Стоук Сити 0-2 Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед 1-0 Вулверхемптон (Карлинг Куп)


Тимски новости:

ЦСКА Москва:
Дефанзивецот на ЦСКА Василиј Березутски се враќа на теренот отакако цела недела тренираше со првиот тим.

Акинфеев одмараше на последните натпревари и е спремен и одморен за Јунајтед.

Можен состав:
Акинфеев, Березутски, Семберас, Одаја, Григориев, Алдонин, Красич, Мамаев, Џагоев, Пилев и Гиљермо.


Манчестер Јунајтед:
Јунајтед има многу повредени играчи во тимот.Вејн Руни сеуште не е спремен за настап додека Рајан Гигс се повреди на наптреварот со Болтон.

Патрис Евра исто така е повреден и Парк има иста повреда како Евра на коленото додека Флечер има повреда на зглобот.

Кај Црвените Ѓаволи сеуште не е сигурно дали ќе настапат Видич и Бербатов поради повреди.

Можен состав:
(4-3-3) - (4-5-1):Ван дер Сар, Браун, Видч, Фердинанд, Ошеа, Валенсија, Андерсон, Сколс, Керик, Нани;Бербатов

Важни играчи:

ЦСКА Москва - Алан Џагоев:
Плејмејкерот на ЦСКА Џагоев се смета за еден од најголемите таленти на европскиот фудбал.Ќе има можност да се покаже на мечот против Јунајтед.19 - от играч на ЦСКА беше најмладиот играч кој некогаш настапил за Руската репрезентација и беше избран за најдобар млад играч во Руската Лига.


Манчестер Јунајтед - Луис Антонио Валенсија:
Валенсија го постигна својот прв гол за Јунајтед во Премиер Лигата на Олд Трафорд на натпреварот со Болтон при што Јунајтед забележа победа од 2-1.Откако изигра брилијантно на гостувањето кај Бешикташ на Еквадорскиот репрезентативец му се пружа уште една таква прилика при што сега ги нема глваните играчи на Јунајтед.

Моја прогноза:
Едно од потешките гостувања оваа сезона.Руските тимови секогаш подобро играат на домашен терен и ќе биде тешко за нас.Имаат одлични таленти како Красич, Џагоев и Акинфеев.Имаме многу повреди во тимот и да видиме како ќе се снајде овој тим.Се надевам на победа и пласман во понатамошната фаза од натпреварувањето.Поздрав!;)

Извор 1!

Извор 2!




Прочитај повеќе...

Ферги ’срамежлив’ околу шпекулациите за ангажман на Акинфеев:


Фергусон ќе може одблизу да се увери во квалитетите на Рускиот интернационалец на вечерашниот дуел на Лужички Стадионот помеѓу ЦСКА Москва и Манчестер Јунајтед.

23 годишниот Акинфеев се естаблираше како еден од најдобрите голмани во Европа во последната година, и извештаите на медиумите од Русија и Англија, говорат дека Црвените Ѓаволи се фаворити за потписот на високо ценетиот чувар на мрежата.

Сепак, Фергусон во пресрет на дуелот со ЦСКА Москва не сакаше да говори многу за Акинфеев и рече дека Бен Фостер и Томаш Кушчак се добра опција за замена на Едвин ван дер Сар, кога 38 годишнито Холанѓанец ќе се реши да се пензионира.

“Не можам да се справувам со шпекулациите бидејќи во моментов имаме двајца добри млади голмани во клубот во Кушчак и Фостер и иднината лежи во нив.” – рече Фергусон.

“Кога Едвин ван дер Сар конечно ќе ја донесе одлуката за пензионирање, прилично убеден сум дека некој од овие двајца игарчи ќе го наследи.”


Прочитај повеќе...

Ван дер Сар: Рио ќе ја врати старата форма:


Рио Фердинанд има пад во формата, тоа добро се виде на последните настапи како за Манчестер Јунајтед така и за Англија.

И покрај грешките кои се почесто ги прави, Фердинанд останува главниот столб на Јунајтед и Гордиот Албион и еден од најдобрите централни дефанзивци во светот.

Голманот на Јунајтед, Ван дер Сар му дава подршка на Рио и смета дека тој наскоро ќе се врати во својата најдобра форма.

"Рио има карактер и е добар играч, но секако, понекогаш поминувате низ лош период" - вели Ван дер Сар.

"Сигурен сум дека тоа нема да се одрази на него. Ние треба да бидеме сигурни дека тој ќе ја врати формата од минатата сезона. Сигурен сум дека ќе бидеме солидни во дефанзивата".

И менаџерот на Јунајтед, Сер Алекс Фергусон му дава поддршка на Рио Фердинанд.

"Во времето поминато кај нас, Рио се разви и ја достигна зрелоста и играше во извонредна форма"

"Пропуштените натпревари и повредите кои ги имаше влијаат. Но тоа е предизвик со кој се соочува".

"Тој одигра два натпревари за Англија сега и доколку влезе во серија од натпревари сигурен сум дека ќе се врати во ритам" - изјави Сер Алекс Фергусон.


Прочитај повеќе...

вторник, 20 октомври 2009

Јунајтед е спремен да даде 28 милиони за Јоветиќ:

Според италјанските медиуми, Манчестер Јунајтед припрема понуда од дури 28 милиони евра за напаѓачот на Фиорентина, Стеван Јоветиќ.Image
Црногорецот, воодушеви со своите игри во нападот на „виола“ оваа сезона. Најпрвин со својот погодок против Спортинг Лисабон успеа да го вметне својот тим во Лигата на Шампионите, а во фазата по групи со 2 погодоци го сруши и Ливерпул. Во Серија А три пати успеа да ја тресе противничката мрежа, а сето тоа придонесе за голем интерес на бројни европски тимови.

Најнов во низата е англискиот шампион кој очигледно сеуште бара вистинска замена за Кристијано Роналдо. Но, менаџерот на Јунајтед Алекс Фергусон нема да му биде лесно да го ангажира Црногорецот затоа што спортскиот директор на Фиорентина Панталео Корвињо, тврди дека на Јоветиќ му е судено да стане легенда на „виола“.

„Тој е предодреден да остане затоа што сака да живее во Фиренца. Среќен сум што кај него нема големи дилеми. Судбината му одреди да стане клубска легенда, како и на многумина пред него.“
- вели Корвињо.

Менаџерот на Јоветиќ неодамна изјави дека неговиот клиент чини 25 милиони евра, а од тогаш по низата шпекулации, Фиорентина сеуште нема добиено официјална понуда.


Прочитај повеќе...

Фергусон без пет првотимци во Москва:

http://img.thesun.co.uk/multimedia/archive/00437/nani_280x390_437731a.jpg
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон остави пет играчи во Англија, тие нема да земат учество на натпреварот против ЦСКА од Москва.

Црвените ѓаволи гостуваат во Русија на натпревар од Лигата на Шампионите без своите први ѕвезди Вејн Руни, Рајан Гигс, Патрик Евра, Парк Џи-Сун и Дарен Флечер.

Според изјавата на Фергусон, „Рајан Гигс заработи незгоден удар на натпреварот против Болтон па не сакам да ризикувам со него бидејќи ќе биде потребен за натпреварот против Ливерпул“.

Покрај тоа што Фергусон изјавува дека играчите се повредени и не се спремни за игра во Среда сепак повеќе од очигледно е дека тој се подготвува за дуелот од Премиер Лигата против Ливерпул кој ќе се одржи во Недела па со оглед дека неговиот тим има маскимални шест поени по првите две средби во групата Б, три повеќе од второпласираниот Волфсбург и третата ЦСКА, Фергусон има право да ги одмори играчите за многу поважниот натпревар со Ливерпул.

Но и покрај тоа, Манчестер има силна екипа па така во нападот се очекува да започнат Овен и Бербатов додека по средината би играле Валенсија, Сколс, Карик и Нани, селекција на играчи кои нималку не се за потценување.


Прочитај повеќе...

Ферги не е загрижен од теренот на Лужички Стадионот:


Шампионот на Премиер Лигата утре се среќава со ЦСКА Москва и натпреварот на Лужички Стадионот ќе се одигра на вештачка трева.

Англија загуби од Русија во квалификациите за ЕВРО 2008 на таква подолога, а и менаџерот на Астон Вила, Мартин О’Нил упати големи критики за теренот по поразот на неговиот тим од ЦСКА во минатогодишното издание на УЕФА Купот.

Како и да е, Фергусон не е загрижен поради квалитетот на теренот и се повикува на искуствата од минатото кога тие играле на вештачка трева.

“Немам никакви проблеми со теренот во Москва.” – рече Фергусон. “Кога Лутон и КПР ги имаа во минатото секогаш игравме добро на нив.”

“Имаме добар скор на натпреварите одиграни на вештачка трева и тоа кога вештачката трева не беше толку квалитетна. Онаа во Москва е со многу добар квалитет.”

“Го гледав минатиот натпревар на ЦСКА Москва во Лигата на Шампионите и не видов дека теренот создава проблеми.”


Прочитај повеќе...

Glory, glory Man United!




Еве едно клипче доказ дека Манчестер Јунајтед секогаш игра до 90 минута фудбал и прави чуда. За сите фанови на Манчестер Јунајтед!


Прочитај повеќе...

понеделник, 19 октомври 2009

Објавени имињата за „Златната топка“:

Денес ќе бидат претставени 30 фудбалери кој ќе се борат за признанието „Златна Топка“ за 2009-та година, кое се доделува од француското списание „Франс Фудбал“.
http://i.dailymail.co.uk/i/pix/2009/01/07/article-1108702-02FA26FD000005DC-228_468x353.jpg

Фаворит за оваа индивидуална награда е Лионел Меси, кој минатата година освои буквално се' што можеше на клубски план. Актуелниот носител на наградата Кристијано Роналдо исто така се наоѓа во листата, но со знатно помали шанси за разлика од минатата година.

Нажалост, меѓу номинациите нема македонско име, а кој од 30те фудбалери ќе го грабне трофејот ќе дознаеме на 6-ти Декември оваа година.

Кандидати за Златната топка:

Андреј Аршавин, Карим Бензема, Икер Касиљас, Кристијано Роналдо, Диего, Дидие Дрогба, Един Џеко, Самуел Ето, Цеск Фабрегас, Фернандо Торес, Диего Форлан, Стивен Жерард, Рајан Гигс, Јоан Гуркуф, Тиери Анри, Златан Ибрахимовиќ, Андрес Иниеста, Жулио Цезар, Рикардо Леите "Кака", Френк Лампард, Даглас Маикон, Лионел Меси, Луис Фабијано, Франк Рибери, Вејн Руни, Џон Тери, Немања Видиќ, Давид Виља, Чави Ернандес, Јаја Туре.


Прочитај повеќе...

Гигс го пропушта натпреварот со ЦСКА Москва:

Ryan Giggs applauds United's fans

Рајан Гигс најверојатно ќе го пропушти патувањето во Москва и натпреварот со ЦСКА.

Ветеранот од средниот ред на Манчестер Јунајтед играше на дуелот со Болтон но најверојатно нема да настапи против ЦСКА Москва поради повреда.

Ферги изјави за MUTV дека нема да ризикува со Гигс поради натпреварот кој се игра со Ливерпул следната недела.

"Рајан Гигс се здоби со повреда на натпреварот со Болтон и ќе го пропушто гостувањето на во Москва на Лужники стадионот.Евра можеби ќе настапи сеуште не е сигурно."

"Бербатов мислам дека ќе биде подготвен.Се надевам дека Вејн Руни ќе биде спремен за среда.Видич се надевам дека ќе биде спремен но ако не биде ќе настапи на натпреварот со Ливерпул." - изјави Ферги

Извор!


Прочитај повеќе...

недела, 18 октомври 2009

Ферги пред санкција од ФА:

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, најверојатно ќе добие казна од 5 натпревари поради критикување на судијата Алан Вајли по нерешениот резултат на неговиот тим против Сандерлед пред две недели.Image
Според англиските медиуми утре Фергусон ќе добие токму таква санција од ФА, што ќе представува и најсурова казна за Шкотланѓанецот во претходните 23 години - откако е на чело на „црвените ѓаволи“. Како што е познато, ФА детално го испитува случајот и побара писмено објаснување од менаџерот за неговите зборови упатени кон Вајли, кој беше обвинет од Фергусон дека не е добро физикчки подготвен.

Ако менаџерот на новиот лидер во Премиерлигата добие казна да не го води својот тим во наредните натпревари, тогаш Јунајтед ќе биде без својот ментор уште во дербито против Ливерпул наредната недела.


Прочитај повеќе...

Јунајтед „осакатен“ пред средбата со ЦСКА:

Сериозни проблеми има менаџерот на англискиот шампион Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон пред дуелот со ЦСКА од Москва во рамките од Лигата на Шампионите.

Image

Вчерашната победа на премиерлигашкиот натпревар против Барнли ја пропуштија голгетерот на тимот Вејн Руни и српскиот дефанзивен играч Немања Видиќ, кои беа повредени, а повреди во текот на натпреварот добија уште двајца играчи од првиот состав на „Црвените ѓаволи“ - ветеранот Рајан Гигс и Патрис Евра.

Гигс заработи посериозна повреда и неговиот настап на гостувањето во Москва е ставен под прашање. Истото се однесува и за Евра, кој неможеше да го заврши натпреварот по здобиената повреда на ногата.“

Што се однесува до Видиќ, шансите да го пропушти дуелот со ЦСКА од Москва се големи, но мислам дека ќе успее да се врати за дербито со Ливерпул следниот викенд.“ - изјави Фергусон.


Прочитај повеќе...

сабота, 17 октомври 2009

Овен Харгривс за три недели повторно на теренот:

http://img.skysports.com/08/04/218x298/Owen_Hargreaves_Manchester_United_Arsenal_Pre_783914.jpg

Овен Харгривс е се поблиску до враќање на теренот.

28 годишниот Овен Харгривс нема играно за Манчестер Јунајтед од Септември 2008 година и имаше операции на двете колена.

Поголемиот дел од рехабилитацијата на Харгривс се одвиваше во САД но минатиот месец тој се врати во Манчестер и им се придружи на неговите соиграчи.

Сер Алекс Фергусон е импресиониран од Харгривс и едвај чека да се врати на терените и повторно да го види во црвениот дрес.

"Овен напредува многу брзо и ние сме задоолни од него." - изјави Сер Алекс

"Кога е веќе блиску до враќање на терените нема да избрзуваме со него."

"Но тој дава добри знаци и треба да се врати во првиот тим за три недели."

Извор!


Прочитај повеќе...

Манчестер Јунајтед 2 - 1 Болтон

Манчестер Јунајтед го искористи поразот на Челзи во гостувањето кај Астон Вила за враќање на лидерската позиција во Премиер Лигата.
The image “http://www.pic.mk/images/antonioval.jpg” cannot be displayed, because it contains errors.
Алекс Фергусон од првиот тим изостави дури 8 играчи кој го започнаа натпреварот од претходното коло и таквиот тим на Јунајтед успеа да го совлада Болтон со 2:1.

На самиот финиш од натпреварот гостите го потиснаа домаќинот, кога најпрвин изедначи Метју Тејлор, а потоа се играше само на половината на Јунајтед.За Јунајтед на почетокот Зет Кнајт ја погоди сопствената мрежа, а потоа Валенсија зголеми на 2:0. Гостите не успеаа да се вратат на овој натпревар и целиот плен заврши кај домаќинот од Манчестер.

Моја анализа:
Добро одигравме на натпреварот иако последните 15 минути не ни беа баш најдобри и примивме еден гол.Браво за Валенсија честито прв гол.Имавме шанси имавме акции.Добро е што се вративме на врвот на табелата и му бегаме на Челзи еден бод.Лошо е тоа што Руни, Евра и Видич се повредени и најверојатно нема да настапат против ЦСКА Москва за да играат против Ливерпул следната недела.Поздрав!:)


Прочитај повеќе...

петок, 16 октомври 2009

Преглед: Манчестер Јунајтед - Болтон:

Утре во 16:00 ќе ги одмерат силите Манчестер Јунајтед и Болтон во рамките од 9 коло од Премиер Лигата.Натпреварот се игра на Олд Трафорд.
http://www.manchesterbars.com/photos/oldtrafford-300.jpg
Добар старт:

Манчестер Јунајтед ја започна сезоната добро е заостанува само два бода од прво пласираната екипа Челзи.

ОСвен поразот од Барнли и нерешената утакмица со Сандерленд минатото коло Манчестер Јунајтед победи на секој натпревар одигран до сега и во Премиер Лигата и во Лигата на Шампионите.

Непобедени на 9 утакмици со можни 8 победи во низа екипата на Сер Алекс Фергусон има намера да се врати на победнички патеки после киксот дома со Сандерленд.

Ќе биде интересно да се види како ќе се покаже Ван дер Сар на голот по враќањето од повредата.Едвин ќе го замени Бен Фостер на голот кој беше доста критикуван поради слабата одбрана на голот на Англискиот Шампион.

Рио Фердинанд ќе се врати во првиот тим исто така ќе стартува и Мајкл Овен.

Јунајтед на натпреварот ќе влезат како фаворити и ќе ги бркаат трите бода.

На другата страна:

После лошиот старт на сезоната екипата на Гери Мегсон е непобедена на последните 5 натпревари од кои 4 се од Премиер Лигата.

Со тие резултати екипата на Болтон се искачи на 13 место на табелата и се надеваат дека ќе одат сеуште нагоре но прво треба да го поминат големиот тест наречен Манчестер Јунајтед.

Болтон има тежок распоред во следниот период по натпреварот со Јунајте следи натпреварот со Евертон па со Челзи и на крај натпреварот со Астон Вила а, исто така ќе се сретнат со тимот на Карло Анчелоти и во Карлинг Купот.

Секој освоен бод во следните 4 кола за Болтон ќе значи успех и ќе немаат што да изгубат и ќе се борат до крај.

Последни 5 натпревари:

Манчестер Јунајтед:


Манчестер Јунајтед 2-2 Сандерленд
Манчестер Јунајтед 2-1 Волфсбург (Лига на Шампиони)
Стоук Сити 0-2 Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед 1-0 Вулверхемптон (Карлинг Куп)
Манчестер Јунајтед 4-3 Манчестер Сити


Болтон:
Болтон 2-2 Тотенхем
Бирмингем 1-2 Болтон
Болтон 3-1 Вест Хем (Карлинг Купот)
Болтон 1-1 Стоук
Портсмут 2-3 Болтон

Тимски Вести:

Манчестер Јунајтед:

Вејн Руни дефинитивно нема да биде спремен за овој наптревар па би требало да го замени Мајкл Овен.На голот ќе застане Ван дер Сар а се враќа и Фердинанд.

Болтон:
Болтон ќе настапи без Сем Рикетс.

Моја прогноза:
Се надевам дека Манчестер Јунајтед ќе се врати ан победничките патеки после киксот од Сандерленд.Руни нема да настапи а се враќаат Фердинанд и Ван дер Сар.Можеби со кикс на Челзи и победа на Јунајтед ќе се искачиме на врвот на табелата повторно.Поздрав!

Извор 1!

Извор 2!





Прочитај повеќе...

Бербатов доби ќерка:


Напаѓачот на Манчестер Јунајтед и бугарската репрезентација, Димитар Бербатов станал татко. 28-годишниот Бербатов и неговата девојка Елена добиле утрината ќерка, само неколку часа откако Бербатов со 3 гола учествуваше во победата на Бугарија над Грузија од 6:2.

Бугарија и покрај високата победа во последното коло не успеаа да се квалификува за Светското првенство во Африка. Меѓутоа Бербатов во Јужна Африка може да навива за поголемиот дел од своите клупски колеги бидејќи речиси целиот тим на Манчестер Јунајтед со различни репрезентации ќе игра на СП 2010.


Прочитај повеќе...

Руни го пропушта дуелот со Болтон - Ван дер Сар се враќа:


На денешната прес-конференција, Сер Алекс Фергусон потврди дека Англискиот интернационалец, Вејн Руни ќе го пропушти дуелот со Болтон.

Напаѓачот, кој заработи повреда на листот на ногата на интернационална должност исто така е неизвесен за дуелот со ЦСКА Москва во Лигата на Шампионите, натпревар кој се игра следната недела.

“Руни не е во комбинација за дуелот со Болтон – тоа е сигурно.” – рече Фергусон. “Даваме максимум за да го оспособиме за дуелот во среда но тој останува неизвесен.”

“Се надевам дека ќе биде фит за дуелот со Ливерпул. Нема да ризикуваме во Москва.”

Добри вести за Сер Алекс Фергусон е враќањето на Едвин ван дер Сар, кој нема настап во новата сезона.

38 годишниот голман, се повреди на еден натпревар во подготвителната сезона изминатово лето и се врати на терените на 6 октомври со резервниот тим на Јунајтед.

“Едвин е фит и тој утре може да игра. Натпреварот со резервниот тим беше добро за неговиот морал и самодоверба.”


Прочитај повеќе...

Андерсон: Во Манчестер Јунајтед се чуствувам како дома:


Андерсон немаше добар старт на неговата трета сезона во Јунајтед, тој не беше задоволен од добиената минутажа, а се појавија гласини и дека имал расправија со Фергусон.

Сепак, сега работите се променети, тој почесто е во тимот, а на дуелот против Тотенхем го постигна и својот прв гол за клубот.

"Се чуствувам среќен тука. Сите имаат периоди кога не им е најдобро, но тука сум дома" - изјави Андресон.

"Во Манчестер Јунајтед сум три години. Сите во клубот се однесуваат убаво со мене. Исто како во фамилија".

"Треба да постигнувам повеќе голови, но според начинот на кој игра тимот, многу ќе биде тешко да влезам во позицијата на шут".

"Се надевам дека во иднина ќе имам повеќе шанси за гол, и ќе можам да постигнам многу голови за Манчестер Јунајтед".

"Роналдо сеуште ми е голем пријател. Како што ми е он, така и Тевез, ништо не се промени. Ние сме големи пријатели".

"Тие и двајцата беа многу важни фудбалери за клубот. Како и да е, тоа често се случува во фудбалот и клубот мора да оди напред".

"Ние сеуште имаме големи фудбалери како Рајан Гигс, Вејн Руни и Нани. Сега исто така го имаме и Антонио Валенсија".

"Јунајтед мора да оди напред и да не гледа во минатото" - заврши Андерсон.



Прочитај повеќе...

четврток, 15 октомври 2009

Стивен Дефур се наоѓа на радарот на Манчестер Јунајтед:

http://b0.img.v4.skyrock.net/b0a/standard310/pics/1716525370_small.jpg
Играчот од средниот ред на Стандард Лиж се поврзува со многу клубови ширум, Европа како Арсенал, Евертон и Реал Мадрид во последните месеци но како што изгледа Манчестер Јунајтед е најзаинтересиран од сите.

21 годишниот Белгиец има повреда поточно скршеница на стопалото од пред еден месец и се очекува да отсуствува до крајот на 2009 година.И покрај тоа Белгискиот весник Het Laatste Niewus изјави дека менаџерот на Црвените Ѓаволи му испратил писмо на играчот за побрзо да се врати на терените.

"Драг Стивен слушнав за твојата повреда," и потоа следува во писмото ,"Можеби сега ќе бидеш разочаран поради повредата но ќе бидеш исто така мета на многу медиуми но не биди загрижен се ќе биде како што треба.Ќе треба повеќе да работиш но ние ќе ја следиме твојата состојба и ќе останеме во контакт со Стандард се до твоето враќање на терените."

Дефур потврди дека добил писмо од Сер Алекс но вели дека не бил задчуден што било адресирано не само на него туку и на клубот Стандард.

Извор!


Прочитај повеќе...

среда, 14 октомври 2009

Дебито на Пол Погба!

Едноставно супер игра Погба и најдобро е тоа што може да игра повеќе позиции меѓу кои полушпиц,крило и последен играч во средина.Мислам дека ќе прерасне во голем играч и ќе стане столб на нашата средина за неколку години заедно со Гибсон и Петручи.Уживајте!:)


Прочитај повеќе...

вторник, 13 октомври 2009

Акинфеев блиску до Јунајтед:

Само неколку дена откако беше објавена веста дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран за голманот на руската репрезентација, Игор Акинфеев следуваше и реакција на неговиот клуб, московска ЦСКА.

Се чини дека двете страни се блиску до договор откако ЦСКА објави дека за трансфер на 23-годишниот голман бара обешетување од 10 милиони евра.

Ова е сумата, која се смета дека Алекс Фергусон е подготвен да ја плати за еден од најталентираните голмани во Европа.


Прочитај повеќе...

Џеко се поблиску до Манчестер Јунајтед:

Един Џеко нема причини зашто да не биде среќен во овие моменти. Неговата Босна обезбеди бараж за СП, а ако се верува на познатиот италјиански менџер, Силвано Мартин, славниот Манчестер Јунајтед е заинтересиран за неговите услуги.

После одличните настапи во дресот на Волфсбург и за репрезентацијата на БиХ, Един Џеко буквално го бркаат европскиот клубови - Милан, Арсенал, Јувентус...

Италјианскиот менаџер Силвано Мартин тврди дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран за купување на фудбалерот кој постигна 8 голови за БиХ во квалификациите за Мундијалот.

„Џеко е одлично момче. Неговата трансформација е фантастична. Тој е напаѓач од голема класа кој е гладен за голови како најголемите светски напаѓачи. Во спротивно не е тајна дека сака ода си оди од Волфсбург во некој голем тим. Италјанската Серија А е добро место за него, но мислам дека најмногу шанси има Манчестер Јунајтед.“
- изјави Мартин за „Тутоспорт“.

Менаџерот кој наводно е многу близок со фамилијата на Џеко, смета дека репрезентативецот на БиХ има квалитет да заигре каде било.

Според фактот дека е 2-ор стрелец во квлаификациите зад Вејн Руни (9), најдобра препорака за „босанскиот дијамант“ беше дуелот од ЛШ на Олд Трафорд, каде успеа да ја сруши фантастичната одбрана на чело со Немања Видиќ и Рио Фердинанд. Неговиот тим сепак на крајот остана со празни раце (2:1).

Тогаш посебно доби пофалби од тренерот на „црвените ѓаволи“ Алекс Фергусон, кој според тврдењата на англиските медиуми, е спремен да понуди 12 милиони фунти оштета на германскиот шампион.

Тогаш центарфорот на Волфсбург испрати пофални зборови кон Видиќ, велејќи дека Србинот е најдобриот дефанзивец против кој играл во својата кариера. Дали ќе играат под ист дрес на Олд Трафорд останува да видиме.


Прочитај повеќе...

Габриел Обертан за прв пат во дресот на Манчестер Јунајтед!

Обертан имаше супер деби во дресот на Јунајтед, на натпреварот за резервите и беше заменет во 46 минута.Имаше и неколку шанси за гол но не ги искористи учествуваше во акцијата за вториот гол и покажа дека може да се очекува многу еве едно видео од неговото деби а потоа доле следи хајлајтс од цел натпревар.Иначе резервите победија со 3-0.Голови постигнаа Бренди, Хјусон и Кинг.Уживајте!:)



Олдхам Атлетик 0 - 3 Манчестер Јунајтед (Бренди, Хјусон и Кинг)


Прочитај повеќе...

Ван дер Сар му дава поддршка на Бен Фостер:


Иако Бен Фостер му е директна конкуренција за првата голманска позиција во Манчестер Јунајтед, Ван дер Сар му дава поддршка на англискиот голман.

"Бен сигурно има цврст карактер кој е потребен да го надмине сето ова низ кое поминува и начинот на кој ќе се справи ќе го оформи како играч" - изјави Ван дер Сар.

"Тој е многу силен. Никој немал едноличен пат во својата кариера, сите имаат успони и падови, но треба да бидете сигурни дека падовите не се толку длабоки колку што се високи успоните".

"Јас имав слични проблеми кога бев млад. Но тоа е она што ќе ве направи да станете добар голман".

Ван дер Сар настапи за резервниот тим на Јунајтед против Евертон и вели дека е подготвен да се бори за враќање во првиот тим.

"Сакам да се вратам на моето место назад".

"Играњето за резервниот тим минатиот вторник беше идеален момент за мене по мојата повреда која се случи пред почетокот на сезоната. Ми беше потребен тој натпревар" - заврши голманот.


Прочитај повеќе...

Маикон сака подобар договор од Интер, екипите од Манчестер подготвуваат понуди:


Бразилскиот интернационалец неодамна стави потпис на нов договор според кој доби покачување на платата од 3 милиони евра на 3,6 милиони евра.

Но агентот на играчот сака да го искористи интересот на неколкуте клубови за да обезбеди уште побогат договор за својот клиент.

Маикон изминатово лето беше мета на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, но Интер вети дека ќе ги разгледа барањата на играчот па десниот бек продолжи да го носи дресот на Нероаѕурите.

Но бидејќи Нероаѕурите сеуште немаат излезено во пресрет на барањата на Маикон (се шпекулира дека агентот на Маикон, Антонио Калиендо побарал годишна плата од 6 милиони еврa) повторно се отвара темата за можното заминување на Бразилецот.

“Нема подобрување на договорот, клубот не го исполни ветувањето и покажа непочитување кон нас.” – рече Калиендо.

“Тие ја изневерија нашата доверба со ваквиот начин на однесување.”

“Маикон е шампион, и тој е најдобриот играч во светот на својата позиција.”

“Манчестер? Доколку тие достават понуда, и Масимо Морати сака да ја разгледа, тогаш ние ќе бидеме подготвени да ги дискутираме сите опции.” – заврши Калиендо.

Поикрај Црвените Ѓаволи за услугите на Маикон е заинтересиран и нивниот градски ривал, Манчестер Сити.

Англискиот весник The Sun објави дека екипата на Манчестер Сити е подготвена да одвои 25 милиони евра за да се пресели Маикон, а клубот од Истлендс на играчот ќе му понуди и годишна плата од околу 5 милиони евра.


Прочитај повеќе...

понеделник, 12 октомври 2009

Обертан ќе го има своето деби а Рафаел се враќа од повредата:

Gabriel Obertan

Фановите на Манчестер Јунајтед конечно ќе можат да го видат на теренот големото летно засилување Габриел Обертан, вечерва во натпревар од Сениор Куп за резервите против Олдхам.

Францускиот репрезентативец кој се пресели од Бордо летото ќе го има првиот настап за Јунајтед под палка на Оле Гунар Солскер.

Бразилскиот бек Рафаел исто така се враќа од рехабилитација и вечер ќе може да настапи.Рафаел во одбраната ќе биде придружуван од Фабио, Вутон и Гил додека Амос ќе застане меѓу стативите.

Џејмс, Хјусон, Норвуд и Брејди ќе бидат на средината на теренот додека Обертан ќе биде полушпиц а Фебиан бренди осамен напред во нападот.

Голманот вестер на клупата ќе биде придружуван до Џошуа Кинг, Магнус Еикрем и Вилиам Кин.

Извор!


Прочитај повеќе...

Лука Модриќ како замена за Пол Сколс?

Англискитe медиуми повторно го селат Лука Модриќ на Олд Трафорд. Веќе претходно се зборуваше дека Манчестер сака да го доведе Модриќ, а за возврат на Вајт Харт Лејн да го испрати Мајкл Керик и 10 милиони фунти.

Image

Но, овој пат според тамошните медиуми Јунајтед сака да го купи Модриќ како замена на англискиот ветеран Пол Сколс, кој се наоѓа на залезот од кариерата.

Алекс Фергусон во последните шест месеци испраќаше огромен број на комплименти на сметката на хрватскиот играч за врска, а во неколку наврати изјавуваше дека со задоволство сака да го види Модриќ во својот тим.

94-те милиони евра кои Манчестер ги доби од продажбата на Кристијано Роналдо скоро недопрени лежат на Олд Трафорд па Фергусон би можел да ги искористи оваа зима за да го донесе играчот за врска од Хрватска. Модриќ така би добил половина година да се адаптира на новиот тим пред почетокот на новата сезона.


Прочитај повеќе...

Овен Харгривс: Сакам да им се одолжам на фановите:

Owen Hargreaves
Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Овен Харгривс е нетрпелив да се врати ан теренот и сака да им се одолжи на фановите за подршката и вербата во него од нивна страна.

Харгривс 28, беше оперираран од познатиот хирург Др.Ричард Стедмен.Американскиот доктор изјави дека ги остранил проблемите на колената од харгривс и без проблем ќе може да заигра како некогаш и да си ја продолжи кариерата.

13 месеци наназад нема играно со 10 месеци рехабилитација е спремен да се врати во првиот тим на Фергусон и да му помогне на тимот.

"Сакам само да се вратам на теренот и да заиграм повторно и да имам успешна сезона.Не можам да дочекам да им се одолжам на фановите." - изјави Харгривс за MUTV.

"Најдоброто од мене допрва треба да приситгне не можам да дочекам да се вратам."

"Ќе пробам да ја унапредам мојата игра и да му помогнам на Јунајтед а има уште една успешна сезона."

Извор 1!

Извор 2!


Прочитај повеќе...

Руни се повреди:

Wayne Rooney, England

Англискиот напаѓач ќе го пропушти дуелот со Белорусија поради телесна повреда.

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед ја напушти репрезентацијата и се врати во Манчестер поради повреда здобиена на дуелот со Украина при кој Англија изгуби со 1-0.

Исто така откриена е повреда и на Стивен Џерард но тој останува со репрезентацијата и за престојниот дуел со Белорусија.

Соиграчот на Руни поточно голманот на Јунајтед Бен Фостер се враќа во репрезентацијата.Откако не беше повикан поради повреда на градниот кош.

Фостер тренираше се целиот тим мината недела и спремен е за игра.

Англија се има веќе пласирано на Светското Првенство.

Извор!


Прочитај повеќе...

недела, 11 октомври 2009

Фостер повикан за натпреварот со Белорусија:

FOOTBALL World Cup qualifying 2010 Ben Foster of England - 0

Чуварот на мрежата на Манчестер Јунајтед, Бен Фостер е повикан за престојниот дуел со репрезентацијата на Белорусија во рамките од кфалификациите за престојното Светско Првенство.

На голманот на Вест Хем, Роберт Грин му беше покажан директен црвен картон на дуелот со Украина при што Англија загуби со 1-о.

Дејвид Џејмс се очекува да биде прв избор на Капело додека на клупата да бидат Харт и Фостер.

Фостер не беше повикан за претходниот дуел на Англија со Украина поради повреда на градниот кош заработена на дуелот со Сандерленд од Премиер Лигата.

26 годишниот голман беше глваниот виновник за ремито на Јунајтед.Го загуби воздушниот дуел со Кенвајн Џонс и прими гол.Исто така не се покажа во најдобро светло и на дуелот со Манчестер Сити при кој Јунајтед победи со 4-3.

Англија се пласира директно на Светското Првенство во Јужна Африка додека Белорусија нема шанси да стигне до баражот.

Извор!


Прочитај повеќе...

Видич и Тошич меѓу последните патници за Јужна Африка:

https://blogger.googleusercontent.com/img/b/R29vZ2xl/AVvXsEj5EozKneW6WIQQkdDAHJ5ATB0w8u9I1P4SJygeJA4IjH_MyOn8fXUJ-cZV2LGM3CSjsEygWLHXTmsm_Tp6jaPtlTdSBOHXA7dpo0gVYybsRruDatLRHUxVwgB9SErD0ycMF7tAgs7o37g/s400/nemanja+vidic+manchester+united+barcelona.jpg

Немања Видич и Зоран Тошич со репрезентацијата на Србија се квалификуваа директно на престојното Светско Првенство во Јужна Африка со победата над Романија со огромни 5-0.

Како први во групата од 7 Србите го потврдија директниот пласман на Светското Првенство во Јужна Африка следната година со победата од 5-0 над Романија на домашен терен.Видич играше 73 минути, додека Тошич беше неискористена замена.

Француската репрезентација исто така победи со 5-0 против Фарските Острови и обезбедија бараж за Јужна Африка.Евра одигра 90 минути и сега е среќен бидејќи ќе се игра бараж натпревар во Ноември.

Нани е уште еден играч кој се очекува да влезе во баражот за Светското Првеснтво со својата Португалија.Со победата од 3 спрема нула над Унгарија Португалија сеуште има шанси за бараж со победа над Малта во среда дома.Нани влезе во игра во 20 минута по повредата на Кристијано Роналдо.

Серијата играчи кои обезбедија бараж за Јужна Африка ја дополнува Џон Ошеи.Република Ирска одигра 2-2 со репрезентацијата на Италија во Даблин и се пласираше во баражот за Светското Првеснтво.Ирска водеше со 2-1 но голот на Џилардињо беше пресуден за Италија да биде прва во групата и да освои директен пласман.Додека Ошеи и Гибсон со Ирска ќе се борат за настап преку бараж натпревар.

Шансите на Бугарија да го превземе второто место од Република Ирска беа скратени од Кипар кој ја победи Бугарија со 4-1.Иако Бербатов постигна гол за Бугарија тоа не беше доволно за победа или пак нерешен резултат.

Антонио Валенсија е уште еден од играчите на Јунајтед што постигнаа гол за нивната репрезентација поточно во овој случај за Еквадор.Иако Валеснија постигна гол тие се наоѓаат во ситуација да не се пласираат на Светското Првенство заради поразот од 2-1 од Уругвај со головите на Форлан.

Мајкл Керик, Рио Фердинанд и Вес Браун исто така претрпеа пораз од 1-0 од Украина.Тие веќе се имаа пласирано на Светското Првеснтво во Јужна Африка.Во 13-та минута беше пресудниот момент кога беше досуден пенал за Украина и голманот на Вест Хем Грин доби црвен картон.

Извор!


Прочитај повеќе...

сабота, 10 октомври 2009

Давид Виља на врвот на листата на желби на Јунајтед?

http://www.blogfutbolero.com/wp-content/uploads/2007/12/david_villa.jpg

Манчестер Јунајтед го засилува притисокот за потписот на Давид Виља - изјави The Daily Mail.

27 годишниот напаѓач се верува дека е на врвот на листата желби на Јунајтед но исто така се очекува конкуренција од двата големи гиганта од Ла Лига Реал Мадрид односно Барселона.

Јунајтед се надева дека ќе го добие потписот на Давид Виља пред престојното Светско Првенство во Јужна Африка.

Сер Алекс исто се поврзува со ЦСКА Москва односно со услугите на Игор Акинфеев.Игор Акинфеев би бил долгорочна замена за холандскиот голман Ван дер Сар.

ЦСКА неофицијално потврди дека нема да може да го задржи Акинфеев и ќе му биде дозволено да преговара во зимскиот преоден рок.

Извор!


Прочитај повеќе...

Акинфеев замена за Ван Дер Сар:

Едвин ван дер Сар најави повлекување од фудбалските терени на крајот од оваа сезона.
http://www.sportski.mk/sliki/5a83251f0af8f0c0e058d701219e35a0IgorAkinfeev.jpg
Поради тоа Алекс Фергусон ја започна потрагата за негова замена. Застана во Москва, каде на ЦСКА и понуди 12 милони евра за Игор Акинфеев.

23-годишниот Акинфеев застана на голот на ЦСКА на 17 години и од тогаш никој не успеа да му го превзеде местото. Успеа да го освои руското првенство и Купот на Уефа. Исто така е заменик капитен, а во лигата на Шампионите против Порто и Хамбургер, ја носеше капитенската лента. Исто така, таа година во Лигата на Шампионите не прими погодок на 362 минути. Акинфеев со Фергусон ќе разговара во Јануари.


Прочитај повеќе...