недела, 28 март 2010

Болтон 0 - 4 Манчестер Јунајтед:

Berbatov fires United back to summit
Манчестер Јунајтед со убедливи 4-0 славеше над Болтон на Рибок стадионот и се врати на врвот во Премиер лигата. Убедлива победа на Јунајтед на гостувањето кај Болтон, Црвените Ѓаволи славеа со 4-0.

Резултатот беше отворен во 38та минута кога Самуел си постигна убав автогол за водство на Јунајтед.

Домаќините ги пропуштија своите шанси, не успеаа да го совладаат Ван дер Сар, тоа знаеше да го искористи англискиот гигант.

Во 69та минута Бербатов постигна гол за предност и од 2-0, бугарскиот напаѓач реализираше и во 78та за убедливи 3-0.

Судбината на Болтон ја запечати Гибсон за конечна победа на Манчестер Јунајтед од 4-0.

Со овој триумф тимот на Фергусон се врати на чело на табелата во Премиер лигата каде што беше Челзи неколку саати по победата над Астон Вила.



Прочитај повеќе...

петок, 26 март 2010

Руни, Сколс и Гигс се фит:

http://www.mid-day.com/imagedata/2010/mar/Rooney.jpg
Вејн Руни е фит и покрај вчерашните натписи на медиумите.

Напаѓачот на Јунајтед Вејн Руни е во тимот за гостувањето кај Болтон исто како и ветераните Рајан Гигс и пол Сколс.

"Вејн е фит и нема никакви проблеми со неговото колено." - изјави Фергусон на прес конференцијата во тренинг центарот Карингтон

"Сколс исто така е подготвен по проблемот со неговиот зглоби и Гигс веќе една недела тренира во полна пареа."

Сер Алекс исто така потврди дека за прв пат неделава почна да тренира Џон Ошеи и дека треба да биде подготвен на почетокот на Април.


Прочитај повеќе...

Нани во Јунајтед до 2014:

The image “http://4.bp.blogspot.com/_MilWaifJbTA/SrjT7FGVpwI/AAAAAAAADr0/AmBaiQIFgmA/s400/17+Luis+Nani.jpg” cannot be displayed, because it contains errors.

Манчестер Јунајтед со задоволство може да објави дека клубот потпиша нов четиригодишен договор со Луис Нани кој го обврзува да остане во Јунајтед до Јуни 2014.

"Нани е неверојатен талент и постајано напредува на секој натпревар откако притигна во клубот."- Сер Алекс Фергусон

"Ние сме пресреќни што тој го потпиша новиот договор и јас сум сигурен дека тој ќе биде долго во Манчестер Јунајтед."

Нани кој потпиша за Манчестер во Јули 2007 од Спортинг Лисабон изјави: "Јас сум пресреќен што потпишан нов договор. За мене беше сон да се игра за Манчестер Јунајтед."

"Многу ми помогнаа од управата на клубот и играм помеѓу најдобрите фудбалери во светот."

"Сакам да освојам што повеќе трофеи со клубот."


Прочитај повеќе...

Харгривс ќе започне со тренинзи со првиот тим на Јунајтед:


Харгривс ги пропушти последните 18 месеци откако беше приморан да замине на операција на двете колена.

Тој минатата недела се врати на терените настапувајќи за резервниот тим на Јунајтед на дуелот со Барнли.

Се очекуваше играчот од средниот ред и вечерва да настапи за резервите но Сер Алекс Фергусон потврди дека Харгривс е повлечен од составот бидејќи Англичанецот ќе започне со тренинзи со првиот тим.

“Овен нема да игра за резервите вечерва.” – рече Шкотот.

“Тој ќе тренира со првиот тим па ќе видиме каде ќе го однесе тоа.”

“Ние сакаме тој да се врати во тимот и да биде инволвиран во првенството бидејќи е искусен фудбалер и ќе биде од големо значање во битката за трофеите.”



Прочитај повеќе...

четврток, 25 март 2010

Сколс верува во нова титула во Премиер лигата:

http://cdn.bleacherreport.com/images_root/images/photos/000/815/545/96156456.jpg.27784_crop_310x205.jpg?1265405830
Јунајтед цели кон четвртата титула во серија во Премиер лигата, Црвените Ѓаволи се уште поблиску до тој успех по победата над Ливерпул и ремито на Челзи против Блекбурн.

Судбината на Јунајтед е во нивни раце, но до крајот од сезоната имаат и тешки натпревари како што се против Сити, Тотенхем и еден од конкурентите за титулата Челзи.

Сколс е уверен дека тие можат да триумфираат на сите седум преостанати натпревари и да дојдат до титулата.

"Сакам да мислам дека ги имаме вистинските играчи, оние кои биле тука и претходно и знаат колку е тешко да се освои лигата" - вели Сколс.

"Натпреварот против Челзи ќе биде голем и знаеме дека мора да го добиеме тој. Но не е само тој значаен натпревар".

"Доколку го сакаме трофејот ќе мора да победуваме на секој натпревар до крајот. Ќе биде тешко но знам дека можеме да го направиме тоа".

"Не смеете да го отпишете ни Арсенал, особено по серијата која ја имаат".

"Тие веќе играа со најдобрите екипи по два пати, но ние сами си ја решавеме судбината, доколку ги добиеме сите натпревари ние ќе ја освоиме титулата" - заврши Пол Сколс.



Прочитај повеќе...

Мајкл Овен цели кон продолжување на договор со Јунајтед:

The image “http://soccerati.com/wp-content/uploads/2009/07/soccerati_michael-owen-manchester-united-_feature.jpg” cannot be displayed, because it contains errors.
Овен, кој минатото лето стави потпис на двегодишен договор, ќе го пропушти преостанатиот дел од сезоната откако заработи повреда на тетивата зад коленото во финалето од Карлинг Купот.

30 годишниот напаѓач на медиумите од Англија им откри дека Црвените Ѓаволи веќе му понудиле да го обнови договорот за уште една сезона.

“Во моментов јас сум фокусиран само на следната сезона.” – Manchester Evening News го цитира Овен.

“Имам уште една година од сегашниот договор и имам опција за уште една додатна.”

“Имав одлично време во Јунајтед и со нетрпение очекувам да се вратам следната сезона.”

“Пред две недели имав операција па околу шест недели ќе користам штаки.“

“Не ми е дозволено да правам ништо шест недели, па дефинитивно ќе бидам надвор од стројот до крајот на сезоната.”

Поранешниот играч на Ливерпул на 34 настапи за Јунајтед оваа сезона постигна девет погодоци.



Прочитај повеќе...

вторник, 23 март 2010

Валенсија подготвена да ги продаде Виља и Силва:

The image “http://ferlama.files.wordpress.com/2009/05/villa-silva.jpg” cannot be displayed, because it contains errors.
The Sun вели дека Лос Че само од продажбата на Виља би можела да инкасира околу 40 милиони фунти доколку богатите клубовите од Англија започнат аукција.

Се верува дека Челзи, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед се екипите кои подолго време го следат изонредниот напаѓач на Валенсија.

Шпанскиот интернационалец, кој исто така е на мета и на Барселона и Реал Мадрид, се верува дека преферира преселба во Премиер Лигата а The Sun вели дека Челзи му е првиот избор.

Никола Анелка сеуште го нема продолжено договорот со Челзи и се шпекулира дека 28 годишниот Виља ќе биде замената за Французинот.

Напаѓачот на Валенсија најави дека нема да зборува за неговата иднина се до крајот на мондијалот во Јужна Африка со цел да не го изгуби фокусот кон фудбалот.

“Во моментов јас сум целосно фокусиран на Валенсија и Светското Првенство.” – рече Виља.

“По Јужна Африка ќе одлучам што е најдобро за мене. Мојата конечна одлука нема да биде заснована само на пари.”

Валенсија, која се соочува со финансиски потешкотии, исто така е подготвена по крајот на сезоната да го продаде и Давид Силва.

The Sun вели Силва е цел на Сер Алекс Фергусон и Црвените Ѓаволи се подготвени да одвојат околу 20 милиони фунти за шпанскиот интернационалец.

Левото крило на Валенсија на Олд Трафорд би требало да пристигне како замена за ветеранот Рајан Гигс, кој е пред крајот на својата кариера.



Прочитај повеќе...

понеделник, 22 март 2010

Манчестер Јунајтед 2 - 1 Ливерпул:


Манчестер Јунајтед со пресврт славеше победа од 2-1 на Олд Трафорд против Ливерпул.

Пораз за гостите од Енфилд со кој уште повеќе им се отежнува борбата за четвртата позиција на табелата.

Натпреварот одлично започна за Ливерпул, по само пет минути игра Торес постигнува убав гол со глава за водство на гостите од 1-0.

Но не траеше долго радоста на Ливерпул, во 12та минута дискутабилна ситуација, судијата покажа пенал откако Маскерано го фаулираше Валенсија, фаулот најверојатно беше направен надвор од шеснаесетникот.

Вејн Руни го изведе пеналот, Пепе Реина најпрво одбрани, но одбиената топка дојде повторно до напаѓачот на Јунајтед кој не погреши по втор пат, резултатот беше израмнет на 1-1.

Пресвртот се случи во 60та минута кога по центаршут на Флечер, Парк со глава реализираше за водство на Манчестер Јунајтед од 2-1.

Во продолжението Ливерпул јалово се обидуваше да се врати, најсерозната шанса ја имаше Торес пред крајот на натпреварот, но не ја зафати најдобро топката.

На крајот Манчестер Јунајтед се радуваше на исклучително важната победа во борбата за шампионската титула.


Прочитај повеќе...

петок, 19 март 2010

Баерн Минхен vs. Манчестер Јунајтед:

http://images.football.co.uk/Dynamic/News/400x400/ChampionsLeagueTrophyNew.jpg

Лига на Шампиони 1/4 финале

Лион - Бордо
Баерн Минхен - Манчестер Јунајтед
Арсенал - Барселона
Интер - ЦСКА Москва

Првите натпревари се играат на 30/31 март, реваншите се закажани за 6/7 април

Лига на Шампиони 1/2 финале

Баерн Минхен/Манчестер Јунајтед - Лион/Бордо
Интер/ЦСКА Москва - Арсенал/Барселона


Натпреварите се играат на 30/31 Март и 6/7 Април!


Прочитај повеќе...

четврток, 18 март 2010

Овен Харгривс цели кон брз прогрес:


Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед нема настап за првиот тим од септември 2008, но е блиску до враќањето по долгорочните проблеми со колената.

Харгривс во последен момент се повлече од настап за резервниот тим минатата недела, но се очекува вчерва да настапи против Резервите на Барнли.

29 годишниот англиски репрезентативец признава дека многу брзо треба да се врати во првиот состав на Јунајтед доколку посакува да замине за Јужна Африка.

“Светското Првенство е мотив. Апсолутно.” – рече Харгривс за Daily Telegraph.

“Но потребен ми е прогрес, и тоа многу брз, за Светското Првенство да стане реална опција.”

Харгривс исто така упати многу пофални зборови за својот соиграч Вејн Руни, кој оваа сезона игра во извонредна форма.

“Тој одсекогаш имал голем потенцијал, но со текот на годините и собраното искуство, тој успеа подобро да се позиционира на теренот, каде да биде кога топката е на крилните позиции.”

“Не е коинциденција тоа што повеќето од неговите голови оваа сезона ги постигна со глава, бидејќи тој секогаш е во шеснаесетникот.”

“Во минатото тој често играше на крилната позиција бидејќи не е себичен и премногу работи за доброто на тимот.”

“Но играч од неговиот калибар треба да игра во форот како централен напаѓач. Тој е извонреден.”



Прочитај повеќе...

вторник, 16 март 2010

Парк има само пофалби за Руни:

http://www.3news.co.nz/Portals/0-Articles/121167/Park_Ji-Sung290709_320.jpg?width=300
Вејн Руни игра фантастична сезона, напаѓачот има постигнато 32 гола, потребни му се уште 10 за да го достигне рекордот на Роналдо од 42 гола во една сезона, за тоа има уште 10 натпревари.

Пофалбите за Руни стигнуваат од сите страни, последен кој го направи тоа е Парк.

"Луѓето сметаат дека тој е еден од најдобрите фудбалери во светот и тоа е апсолутно точно" - изјави Парк.

"Тој постигна толку многу голови оваа сезона, тоа е фантастично".

"Но сите секогаш знаеа дека тој има талент и способност да го прави тоа, па ова не е изненадување".

"Претходно беше млад. Потребно му беше само искуство. Оваа сезона го гледаме тоа" - заврши Парк.



Прочитај повеќе...

недела, 14 март 2010

Манчестер Јунајтед 3 - 0 Фулам:


Јунајтед повторно е лидер во Англија, Црвените Ѓаволи го победија Фулам со 3-0 и повторно се пред ривалите Челзи и Арсенал, но Сините имаат нарпевар помалку.

Вејн Руни повторно беше херојот на Манчестер Јунајтед, напаѓачот продолжува да блеска оваа сезона.

Домаќините на почетокот на вториот дел го скршија отпорот на Фулам, Вејн Руни погоди за водство на Манчестер Јунајтед од 1-0.

На шест минути пред крајот на натпреварот Руни уште еднаш постигнува гол за сигурна предност на Јунајтед од 2-0.

Во самиот финиш и Бербатов се запиша во листата на стрелците за конечен резултат од 3-0.



Прочитај повеќе...

петок, 12 март 2010

Гигс се враќа против Ливерпул:

http://www.rab-net.com/manu/hargreaves.jpg
Во пресрет на дуелот со Фулам, Сер Алекс даде кус брифинг за здравствената состојба на тимот и Шкотот по подолго време може да биде спокоен што нема нови повредени фудбалери.

Ферги исто така потврди дека опоравувањето на Рајан Гигс се одвива добро и ветеранот ќе биде подготвен за дуелот со Ливерпул, кој се игра следниот викенд.

“Рајан тренира добро и денеска ќе добие нова лонгета за раката.” – рече Фергусон.

“Неговите перформанси на тренинзите се фантастични и тој ќе се врати во тимот за натпреварот со Ливерпул.”

“Ќе имаме еден свеж играч назад во составот.”

Стратегот исто така објасни зошто Овен Харгривс беше повлчен од резервниот состав на Манчестер Јунајтед што вчера одигра натпревар со Манчестер Сити и вели дека англискиот интернационалец сигурно ќе настапи за резервите следната недела.

“Овен вчера требаше да се види со специјалист па затоа не играше за резервите.”

“Тој ќе настапи следната недела за резервите на дуелот со Барнли бидејќи е подготвен за настап.”


Прочитај повеќе...

четврток, 11 март 2010

Овен Харгривс нема да настапи за резервите на Јунајтед:


Сер Алекс Фрегусон минатиот викенд потврди дека Овен Харгривс ќе настапи на денешниот натпревар помеѓу резервните тимови на Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.

Но Црвените Ѓаволи сега потврдија дека враќањето на терените на Харгривс повторно се одложува.

Поради хронична повреда на коленото, Овен е надвор од терените скоро 19 месеци.

Последниот настап на Харгривс беше во септември 2008 а подоцна играчот од средниот ред замина за Америка каде што беше опериран од познатиот специјалист Ричард Стедман.

Портпаролот на Јунајтед се обиде да ги осигура фановите дека повлекувањето од настапот за резервниот тим не е поради нова повреда на Харгривс.

“Ова дефинитивно не е поради нова повреда. Едноставно натпреварот не се вклопува со распоредот на Овен за тренинзи.” – рече портпаролот за ManUtd.com.

Харгривс се пресели на Олд Трафорд во 2007 а за неговите услуги Јунајтед на Баерн Минхен му плати 18 милиони фунти.



Прочитај повеќе...

Манчестер Јунајтед 4 - 0 Милан:

United romp past Milan

Вистински дебакл над Милан! Избраниците на Сер Алекс Фергусон покажаа вистински карактер и славеа со големи 4:0 над Милан во реванш натпреварот од осмина финалето од Лигата на Шампионите и се пласираа во четвртфиналето, додека фудбалерите на Леонардо ги испратија дома.











Прочитај повеќе...

среда, 10 март 2010

Македа за 2 недели се враќа на терените:

2009-10 Premier League Federico Macheda, Manchester United - 0
Македа оваа сезона настапи само на пет натпревари, последниот беше против Тотенхем во четвртфиналето на Карлинг Купот во декември.

Од тогаш италијанскиот репрезентативец до 21 година е надвор од терените поради повреда.

Македа му е потребен на Јунајтед поради тоа што Овен е повреден и нема да настапи до крајот на сезоната и Велбек е на позјмица во Престон до крајот на сезоната. Фергусон моментално располага само со тројца напаѓачи Маме бирам Диуф, Димитар Бербатов и Вејн Руни.

Но ако се биде во ред Македа ќе се врати за две недели.

"Македа почна да тренира оваа недела"- изјави Фергусон. "Тој имаше тешка повреда што е разочарувачки за толку млад и одличен играч. Но тој треба да се врати на терените за две недели."


Прочитај повеќе...

вторник, 9 март 2010

Преглед: Манчестер Јунајтед - Милан:

http://soccernet-assets.espn.go.com/design05/images/2010/0216/waynerooney20100216galleryceleb_350x197.jpg
10 Март, среда, 20:45 - 2010
Олд Трафорд, Манчестер

Со една нога во четвртфинале...

Манчестер Јунајтед е фаворитот во пресметката за да помине понатаму т.е. во четвртфиналето по неверојатната победа од 3-2 во Милано. Милан падна на свој терен иако прв поведе со голот на Роналдињо тимот на Фергусон успеа да се врати од негатива и да го дотолчи на Сан Сиро. Со својата супериорност и неверојатна моќ Јунајтед го победи Милан и шансите се многу големи за тој да се најде во четвртфиналето.

Сето ова значи дека веќе Јунајтед е со една нога во четвртфиналето. Манчестер се наоѓа во одлична форма по победата од Милан на Сан Сиро и тие исто така го освоија првиот трофеј после таа победа. Тие ја победија Астон Вила на Вембли во рамките од Карлинг Купот. Во последниот натпревар кој го одигра Јуајтед пред мечот со Милан беше гостувањето на Молинукс стадионото и натпреварот со Вулверхемтпон во кој тие победија со 1-0 и се искачија на врвот на табелата.

И покрај сево ова Јунајтед не треба да го потцени Милан бидејќи во нивниот состав се враќа главниот голгетер Александер Пато кој беше повреден. Минатата година Јунајтед исто се играше со тим од Италија во оваа фаза и тие поминаа понатаму после победата од 2-0 на Олд Трафорд.

http://i.telegraph.co.uk/telegraph/multimedia/archive/01515/Beckham_1515116d.jpg
Дејвид Бекам за прв пат ќе заигра на Олд Трафорд по неговото заминување од Јунајтед

Само чудо може да го промовира Милан во четвртфиналист...

Дејвид Бекам се враќа на Олд Трафорд и за прв пат ќе игра на овој стадион во официјален натпревар за друг тим. Бекам го напушти клубот во 2003 поради несогласувања со Сер Алекс Фергусон и не на настапи на Олд Трафорд со Реал Мадрид и Лос Анџелес Галакси.

Тоа ќе биде емоционалана вечер за англичанецот и тој изјави дека ќе му биде мило за прв пат доколку изгуби Јунајтед. Голото на Сидорф во 85-та минута на Сан Сиро им влева мала надеж на росоњерите.

Милан одигра одлично во Серија А и сега се наоѓаат на само четири бода зад прво пласираниот Интер. Тренерот Леонардо се надева на брз гол на Милан во натпреварот со Јунајтед од страна на младиот бразилец Пато. Милан иако има мали шанси за да помине понатаму тие имаат самодоверба но под условите кој ќе играат на Олд Трафорд поточно пеколната публика на Јунајтед нема да биде лесно.

Тимски новости:
Манчестер Јунајтед:

Менаџерот на Црвените Ѓаволи Сер Алекс Фергусон потврди дека Руни тренирал со екипатаи се наоѓа во компетиција за мечот со Милан. Англискиот репрезентативец го пропушти мечот со Вулверхемптон на Молнукс во кој Јунајтед победи со 1-0. Вес Браун ќе отсуствува од 4 до 6 недели. Најверојатно Руни ќе му биде партнер на Бербатов во нападот додека Рафаел ќе го заземе местот на Невил во првиот тим.

Можен состав: Ван дер Сар, Евра, Видиќ, Фердинанд, Рафаел, Парк, Сколс, Флечер, Валенсија, Бербатов и Руни.

http://kurier.at/mmedia/2010.02.06/1265479095_5.jpg
И покрај стравувањата дека ќе го пропушти натпреварот со Милан тој се враќа во составот

Милан:
Александре Пато е подготвен за мечот со Милан по пропуштените натпревари од Серија Аи тој најверојатно ќе биде во првиот состав. Во првиот меч со Јунајтед во првиот состав исто така се најде Дејвид Бекам но можеби Леонардо овој пат ќе стартува со Кларенс Сидорф. Бориело ќе биде главен напаѓач во тимот на Леонардо додека од крилните позиции ќе му помагаат Роналдињо и Пато.

Можен состав: Абиати, Бонера, Неста, Тиаго Силва, Антонини, Сидорф, Пирло, Амбросини, Роналдињо, Бориело и Пато.

http://www.elporvenir.com.mx/upload/foto/24/1/4/pato.jpg
Надежта на Милан е во младиот напаѓач Пато

Мотивирани играчи:
Манчестер Јунајтед - Вејн Руни:
Англискиот интернационалец беше дефинитивно најдобриот играч на Сан Сито и го сруши Милан со два погодока во мрежата на Дида. Руни го пропушти натпреваро со Вулверхемптон и би требало да е свже за дуелот со Милан и дефанзивците на Милан ќе имаат тешка задача.

Милан - Александре Пато:
И покрај тоа што Роналдињо е главниот лик во Милан Пато редовно ги тресе мрежите на противниците па затоа се очкува Евра да има тешка задача да го задржи младиот бразилец.


Прочитај повеќе...

Браун во аут од 4 до 6 недели:

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Вес Браун, поради фрактура на коска во стапалото ќе мора да паузира најмногу шест недели.

Браун се повредил за време на дуелот против Сандерленд и по деталните лекарските прегледи констатирано е дека рехабилитацијата ќе трае меѓу четири и шест недели.

Ако оваа информација е разочарувачка за менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, сепак охрабрува фактот што селекторот Фабио Капело нема да има проблем со Браун и тој може да се појави на почетокот од подготовките за настап на Светскиот куп.


Прочитај повеќе...

Манчестер Јунајтед го ангажирал младиот талент на Стандард, Марник Вермијл:


Информациите на медиумите од Англија велат дека 18 годишниот Белгиец ги импресионирал Сер Алекс Фергусон и Оле Гунар Солскер (тренерот на резервите) за време на неколку проби во Јунајтед.

Се верува дека Јунајтед на Вермијл му понудиле тригодишен договор додека пак екипата на Стандард ќе добие оштета од околу 300 000 евра.

Вермијл, чија природна позиција е десен бек но може да игра и на левата страна, ќе се пресели на Олд Трафорд летоска.

“Тие рекоа дека Марник е најдобриот десен или лев бек што го имаат видено во последните години.” – таткото на Вермијл, Дирк рече за Het Laatste Nieuws.

“Фергусон ми кажа дека Марник во следните години ќе стане значен дел од тимот на Манчестер Јунајтед.”



Прочитај повеќе...

Руни се врати на тренинзите во пресрет на дуелот со Милан:


Руни, кој постигна два погодоци за тимот на Сер Алекс Фергусон во победата од 3-2 на првиот натпревар во Италија, го пропушти саботното гостувањето на Јунајтед кај Вулверхемптон.

Напаѓачот се пожали на повреда откако во рок од четири дена одигра два натпревари на лошиот терен на Вембли, најпрво со Јунајтед во Карлинг Куп финалето а потоа и со Англија на пријателскиот натпревар со Египет.

Фергусон беше бесен што Руни одигра скоро цел натпревар за репрезентацијата и по натпреварот со Волвси рече дека напаѓачот ’е под голем знак прашалник’ за дуелот со Милан.

Но англискиот репрезентативец утрово се појави во тренинг центарот на Јунајтед во Керингтон и најдобриот стрелец на Јунајтед ќе може да им помогне на своите соиграчи на реванш дуелот со Росоњерите.

Утрово Рајан Гигс исто така тренираше, откако му беше извадена лонгетата од раката што ја скрши на дуелот со Астон Вила пред еден месец.

Но Велшанецот беше лимитиран само на соло сесија и Фергусон веќе соопшти дека крилото нема да биде во конкуренција за дуелот со Милан.



Прочитај повеќе...

недела, 7 март 2010

Дејвид Бекам подготвен за своето прво враќање на Олд Трафорд:


Екипата на Милан ќе се обиде да ја надмине разликата од 3-2 на првиот натпревар од 1/8 – финалето во најелтното Европско натпреварување.

Поранешниот ас на Црвените Ѓаволи, Дејвид Бекам беше добро пречекан од фановите на Јунајтед на Сан Сиро во првиот натпревар и тој со нетрпение го чека враќањето на Олд Трафорд.

За Sunday Mirror Бекам рече: “Имав многу емоцинална вечер кога играв против Јунајтед во Милано, но враќањето на Олд Трафорд кај мене буди многу посилни емоции.”

“Фановите на Јунајтед беа извонредни на првиот натпревар и им се заблагодарувам за тоа. Беше извонредно што ги слушав нивните скандирања.”

“Без сомение ќе биде многу емоционално да го слушнам тоа од повеќе од 70 000 фанови на Олд Трафорд.”

“Имам семејство со мене во Милан и сите тие ќе бидат на Олд Трафорд. Мојот татко е голем фан на Јунајтед и веројатно тој за прв пат нема да сака тие да победат.”

Околу шансите на Росоњерите за елиминација на Јунајтед, Англичанецот додаде: “Ќе биде тешко да се победи на Олд Трафорд со 2-0, но секако дека имаме шанси.”

“Имаме добар тим кој ќе го даде максимумот за да се пласира во следната фаза.”



Прочитај повеќе...

Сер Алекс Фергусон: Руни е неизвесен за натпреварот со Милан:


Сер Алекс Фергусон изјави дека Вејн Руни е неизвесен за дуелот со Милан во среда откако тој го пропушти дуелот со Вулверхемптон.

Најдобриот напаѓач на Црвените Ѓаволи се здоби со повреда минатиот викенд на Вембли на натпреварот помеѓу Астон Вила и Манчестер Јунајтед во рамките на финалето од Карлинг Купот.

Исто така се повреди и Мајкл Овен на Вембли и ќе го пропушти остатокот од сезоната. Вејн Руни само три дена после финалето ој повторно играше на Вембли за неговата репрезентација.

Фергусон очекуваше Руни да се најде на клупата за резерви на пријателскиот меч со Египет но тоа не се случи и Руни одигра 90 минути.

"Руни е незивесен за натпреварот со Милан" - изјави Фергусон за MUTV
"Тоа не е добро за нас и Вембли едноставно изнемошти Руни."

"Јас сум задоволен од Димитар Бербатов и начинот на кој тој одигра против Вулвс и најверојатно ќе биде стартер во среда."

Губењето на Вејн Руни ќе биде дополнителен проблем откако веќе се повредени Мајкл Овен, Рајан Гигс, Џон Ошеи и Андерсон.

Вес Браун беше заменет на полувремето од Гери Невил откако Браун си го повреди коленото додека Еванс е исто така неизвесен за Милан поради повреда здобиена на натпреварот за Северна Ирска.

"Овен Харгривс набрзо ќе се врати на терените и Македа почна да тренира. Тоа е одлично за нас бидејќи тој може да постигнува голови и да го замени Мајкл Овен до крајот на сезоната."


Прочитај повеќе...

сабота, 6 март 2010

Вулверхемптон 0 - 1 Манчестер Јунајтед:

2009-2010 Wolves-Manchester United Paul Scholes celebrates scoring the winning goal - 0
Манчестер Јунајтед е нов лидер во Англија, откако Црвените Ѓаволи славеа на гостувањето кај Волвс со 1-0.

Клучниот момент на натпреварот се случи во 73та минута кога Пол Сколс реализираше за водство на Јунајтед од 1-0.

Тоа беше и јубилејниот 100ти гол на Сколс во Премиер лигата.

Пред самиот крај на натпреварот домаќините имаа фантастична можност, но Сем Воукс успеа да промаши од каде што беше потешко да се направи тоа.

По овој триумф Јунајтед се искачи на врвот на табелата, но со еден натпревар повеќе од Челзи кој утре игра во ФА Купот.



Прочитај повеќе...

петок, 5 март 2010

Преглед: Вулверхемптон - Манчестер Јунајтед:


Сабота, 6-ти Март, 2010 - 18:30
Молинукс, Вулверхемптон

Свежите спомени од минатата недела и првиот освен трофеј за Манчестер Јунајтед годинава поточно Карлинг Куп на Вембли Јунајтед се насочува кон премиер лигата и саботниот дуел со Вулверхемптон.

Екипата на Сер Алекс Фергусон има шанса да се искачи на првото место во премиер лигата бидејќи Челзи има натпревар од ФА Купот со Стоук во недела. Челзи се наоѓа во тешка ситуација бидејќи Арсенал и Манчестер Јунајтед се многу близу до тимот на Карло Анчелоти.

Црвените Ѓаволи најверојатно ќе мораат да настапат без Вејн Руни поради тоа што Ферги изјави дека тој не може да насташи поради одиграните деведесет минути во средата на пријателскиот натпревар помеѓу Англија и Египет.

Вулверхемптон добија казна бидејќи нивниот менаџер Мик Мекартни не го избрал најсилниот состав за дуелот со Манчестер Јунајтед минатата година на Олд Трафорд.

Арсенал игра неколку часа порано пред Јунајтед и евентуално реми би го искачило Јунајтед на премиерлигашкиот врв но освен победа се друго би било неуспех.

Тимски новости:
Вулверхемптон:
Кевин Дојл импресонираше на дуелот помеѓу Бразил и Ирска и најверојатно тој ќе биде првотимец.

Дејв Едвардс и Мајк Кајтли нема да настапат поради повреди.

Можен состав: Ханеман, Зубар, Крадок, Бера, Фоли, Гведиора, Енри, Џонс, Џарвис, Дојл и Вард.

Манчестер Јунајтед:
Играчот кој игра во врвна форма оваа сезона Вејн Руни најверојатно нема да настапи поради премореност на мечот со Египет исто така и поради ситна повреда(колено).

Мајкл Овен најверојатно ќе беше во првиот тим доколку беше подготвен но по испитувањата се дозна дека Мајкл Овен ќе го пропушти остатокот од сезоната.

Рио Фердинанд се враќа во првиот состав по повредата и најверојано по долго време ќе му биде партнер на Немања Видиќ поради повредата на Џонатан Еванс.

Овен Харгрвис не е далеку до враќање на терените но сепак тоа нема да биде саботниот дуел. Фергусон изјави дека Харгривс ќе настапи на дуелот за резервите идниот четврток.

Можен состав: Ван дер Сар, Евра, Видиќ, Фердинанд, Рафаел, Нани, Сколс, Керик, Флечер, Валенсија и Бербатов.

Мотивирани играчи:
Вулверхемптон - Кевин Дојл:
Дојл беше одличен на мечот со Бразил на Емирати стадионото и им ја отежни работата на Лусио и Жуан на мечот помеѓу Ирска и Бразил.

Се очекува од Дојл да им ја отежни работата на дуото Фердинанд и Видиќ кои ќе играат заедно во одбраната по долго време.

Манчестер Јунајтед - Димитар Бербатов:
Бидејќи ги нема Вејн Руни и Мајкл Овен главниот напаѓач ќе биде Димитар Бербатов кој во последна време одлично соработува и заедно постигнуваат многу голови.

Моја прогноза:
Мора да се добие овој меч иако можеби нема да настапи Вејн Руни. Со победа на овој меч сме први на табелата се до следната недела бидејќи Челзи игра во ФА Купот. Жалосно за Овен човекот стварно се трудеше да обезбеди место за Јужна Африка но сепак изгледа тоа нема да се случи. Фергусон изјави дека од следната недела во тимот се враќа Македа!:)


Прочитај повеќе...

Харгривс подготвен за враќање на терените:


Англискиот интеранационалец е надвор од стројот од септември 2008 откако се соочи со чести повреди на колената.

Харгривс мораше да ги оперира двете колена кај познатиот доктор Ричард Стедман во САД и паузираше околу 18 месеци.

Во септември минатата година тој се врати во Јунајтед и се најавуваше дека за неколку месеци ќе биде во полн фитнес.

Но неговото враќање на терените беше одложувано во неколку наврати за конечно тој следниот четврток да настапи за резервите на Јунајтед во дуелот со Манчестер Сити.

“Овен Харгривс за прв пат покажа дека е скоро подготвен за настап.” – рече Фергусон.

“Тој тренираше со првиот тим и ќе настапи за резервите следниот четврток.”

Фергусон исто така откри дека Вејн Руни е под знак прашалник за дуелот со Вулверхемтон откако напаѓачот одигра 90 минути за Англија, но Рио Фердинанд се враќа во составот.

“Потребно е да извршиме тестови врз Вејн бидејќи тој одигра 90 минути за Англија, нешто поради кое сум разочаран.”

“Тој претходно одигра еден час на теренот на Вембли во неделата а потоа и целиот натпревар во средата. Тоа е премногу. Тој сега е неизвесен.”

“Но Рио е повторно во тимот, што се добри вести за нас. Тој се враќа во добро време со оглед на дуелот со Милан следната среда.”

Ферги потврди и дека младиот Федерико Македа од следната недела ќе започне да тренери со првиот тим.


Прочитај повеќе...

Заврши сезоната за Мајкл Овен:


Англискиот интернационалец мораше пред време да го напушти теренот на Вембли откако се пожали на болки во тетивата зад коленото.

Првичните прогнози беа дека Овен ќе отсуствува само неколку недели но Сер Алекс Фергусон утринава потврди дека напаѓачот ќе замине на операција.

“За жал повредата на Мајкл е лоша и сезоната за него е завршена.” – рече Фергусон на прес-конференцијата.

“Повредата е посериозна од нашите првични претпоставки и тој во понеделник наутро ќе замине на операција.”

“Навистина ова се лоши вести за момчето и разочарување за нас.”

“Тој цела сезона не пропушти тренинг сесија. Мислам дека лошиот терен на Вембли имаше големо влијание исто како и лошата среќа.”


Прочитај повеќе...

четврток, 4 март 2010

Солскер: Руни има убиствен инстикт:


Вејн Руни ја игра својата најдобра сезона во кариерата, тој веќе има постигнато 28 погодоци во сите натпреварувања.

Поранешниот славен напаѓач на Јунајтед, Оле Гунар Солскер има само пофални зборови за Руни.

"Кога и да видите напаѓач да постигнува голови вие сте среќни, Вејн навистина се труди" - вели Солскер.

"Тој напорно работи на тренинзите постојано повторувајќи ги работите. Тоа е она што треба да го има напаѓачот, да ги вежбате работите постојано и потоа да реализирате преку вашиот инстикт, не да размислувате кога сте на теренот".



Прочитај повеќе...

среда, 3 март 2010

Нани: Велосо може да игра во Манчестер Јунајтед:


Медиумите долго време го поврзуваат Мигуел Велосо со трансфер во Манчестер Јунајтед.

Се споменуваше интерес за Велосо и од Арсенал, Челзи и Манчестер Сити, Нани верува дека неговиот сонародник може да игра во Јунајтед.

"Знам дека има многу шпекулации кои го поврзуваат Велосо со Манчестер Јунајтед, но јас не одлучувам дали тој ќе дојде" - вели Нани.

"Многу добро го знам него бидејќи заедно игравме во Спортинг, и знам дека има квалитети да игра во Манчестер Јунајтед".

"Фудбалот тука е тежок, но тој е фудбалер кој може добро да игра во голем клуб и знам дека има опции да го напушти Спортинг" - смета Нани.



Прочитај повеќе...

’Црвените Витези’ го потврдија интересот за купување на Јунајтед:


Како што претходно објавивме неколку бизнисмени од Островото се подготвени да понудата 1 милијарда фунти за да го купат Манчестер Јунајтед од семејството Глејзер.

Богатите индивидуалци кој се споија во група наречена ’Црвените Витези’ во понеделникот одржале состанок во Лондон.

Преговорите, кои сеуште се во рана фаза ги предводи Кејт Херид, претседател на инвестиционата банка Семур Пирс и Џим О’Нил, главен економист на Голдман Сакс, за кого се шпекулира дека е близок пријател со Сер Алекс Фергусон.

Сепак семејството Глејзер не размислува за продажба на клубопт и покрај тоа што ’Црвените Витези’ се подготвени да одвојат 1 милијарда фунти.

Соопштението до медиумите испратено од ’Црвените Витези’ гласеше: “Група од богати индивидуалци, кои се поддржувачи на Манчестер Јунајтед, вчера се сретнаа во Лондон.”

“Групата му дава поддршка на сегашниот менаџмент но ја разгледува опцијата да се достави понуда до семејството Глејзер во врска со сопственоста на Манчестер Јунајтед.”

“Овие преговори се во рана фаза и никаков контакт не е остварен со семејството Глејзер.”

“За да може да се достави еден ваков предлог, потребна е и инволвираност и поддршка од фановите на Јунајтед ширум светот.”



Прочитај повеќе...

понеделник, 1 март 2010

Руни ќе игра со Египет откако имаше стравувања за повреда:

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни се надева дека ќе биде во оптимална форма за контролката на Англија против Египет во среда.

Денеска откако беа направени задолжителните лекарски прегледи повредата на на коленото заработена на вчерашниот натпревар против Астон Вила се покажала како несериозна.

Како што е познато, 24-годишниот напаѓач беше удрен во коленото за време на вчерашниот финален натпревар во Карлинг Купот кој што црвените ѓаволи го добија со 2-1.

Таа повреда која до изутринава не се знаеше од каква природа е го доведе во опасност учеството на најдобриот стрелец на Јунајтед за време на контролниот натпревар со Египет.

„Се чувствувам многу добро, скенерот не покажа ништо загрижувачко“, прокоментира англискиот репрезентативец на денешната пресконференција.

„Има само мало набивање на коленото, ќе одмарам денеска а од утре ќе тренирам нормално. При ваквата разврска нема причина да не сум спремен за натпреварот со Египет“, дополни Руни.


Прочитај повеќе...