четврток, 31 декември 2009

Среќна Нова Година и Божиќни празници!


Тимот на Манчестер Јунајтед- МК ви ја честита новата година и божиќните празници и ви посакува се најубаво во неа!

Да се надеваме во новата година на многу победи и титули на нашиот тим и заедно да ги прославуваме!



Прочитај повеќе...

Манчестер Јунајтед 5 - 0 Виган:


Манчестер Јунајтед со високи 5-0 го прегази тимот на Виган на Олд Трафорд.

Серијата за Црвените Ѓаволи ја отвори Вејн Руни во 28та минута од натпреварот.

Четири минути подоцна Мајкл Карик зголеми на 2-0, пред крајот на првиот дел Рафаел да Силва го постигна третиот гол за Манчестер Јунајтед.

По пет минути игра во второто полувреме, Бербатов зголеми на 4-0.

Петардата во мрежата на Виган ја реализираше Валенсија на 15 минути до крајот на натпреварот.




Прочитај повеќе...

среда, 30 декември 2009

Преглед: Манчестер Јунајтед - Виган:


Среда, Декември 30, 2009, 21:00
Олд Трафорд, Манчестер

Ретко кога Манчестер Јунајтед се грижи за својото противник па така е и во овој случај според статистиките.

Сер Алекс Фергусон има издвојувано десет победи во последните десет натпревари со Виган.

Манчестер Јунајтед се обидува да го стигне Челзи и веќе имаат забележано пет порази оваа сезона и не им треба уште еден пораз.

Во божиќниот период се случуваат многу промени и Фулам му нанесе тежок пораз на Јунајтед и му одзема важни поени.

Последни пет натпревари:

Манчестер Јунајтед:
27 декември Хал 1-3 Манчестер Јунајтед
19 декември Фулам 3-0 Манчестер Јунајтед
15 декември Манчестер Јунајтед 3-0 Вулверхемптон
12 декември Манчестер Јунајтед 0-1 Астон Вила
08 декември Волфсбург 1-3 Манчестер Јунајтед (Лига на Шампиони)

Виган:
26 декември Виган 1-1 Блекбурн
16 декември Ливерпул 2-1 Виган
12 декември Стоук 2-2 Виган
05 декември Бирмингам 3-2 Виган
28 ноември Виган 1-0 Сандерленд

Тимски новости:

Манчестер Јунајтед:

По подолг период Јунајтед конечно нема повредени играчи.

Пол Сколс го пропушти натпреварот со Хал но треба да се врати на натпреварот со Виган.

Можен состав: Кушчак, Евра, Видич, Браун, Невил, Гигс, Сколс, Флечер, Валенсија, Руни и Овен.

Виган:

Виган исто така нема нови повреди единствено ќе недостасува Диаме.

Можен состав: Киркланд, Фигуероа, Брамбл, Бојс, Мелхиот, Нзогбиа, Гомез, Шарнер, Томас, Синклер и Родалега.

Мотивирани играчи:

Манчестер Јунајтед - Вејн Руни:
Руни беше човекот кој му даде шанса на Хал да се надева на бодови но исто така и сам го победи би требало тој да биде во центарот на вниманието.

Виган - Хуго Родалега:
Беше главната ѕвезда на Виган против Белкбурн и веќе има запишано веќе 7 гола зад својот грб. Само од негова страна се очекува добар натпревар и се разбира голови.


Извор 1!

Извор 2!




Прочитај повеќе...

На Бербатов не му е потребна операција:


Бугарскиот интернационалец оваа сезона се мачи со повреди, по што често е надвор од теренот.

Како и да е, тој одигра 90 минути против Хал и покажува дека повредите се минато.

Имаше информации дека на Бербатов ќе му биде потребна операција, но Фергусон ги демантира таквите најави.

"Димитар имаше поблеми со коленото но сега е многу подобро" - вели Ферги.

"Ние внимателно го третиравме бидејќи знаеме дека ни е потребен за вториот дел од сезоната".

"Тој одигра цел натпревар против Хал и се чуствуваше добро. Не му е потребна операција се надеваме дека повредата е минато".

Фергусон сеуште мисли дека Челзи е најсериозниот ривал на Јунајтед за шампионската титула и покрај тоа што Сините изгубија многу бодови.

"На стартот од сезоната кажав дека Челзи е нашиот најопасен противник и не сум се предомислил".

"Никој не игра константно, сите губат бодови, Челзи е нашата најголема опасност бидејќи тие имаат одлично искуство" - заврши Фергусон.


Прочитај повеќе...

Јунајтед се интересира за "новиот Чави":



Гласините во англиските медиуми велат дека Сер Алекс Фергусон испратил скаути да го следат Хавиер Матила кој се смета за новиот Чави.

Младиот фудбалер од средниот ред е под договор со Б тимот на Виљареал, но има шпекулации дека неколку клубови подготвуваат понуда од околу 3 милиони евра.

21-годишниот Матила приметил дека е следен од скаути, но вели дека е и среќен во Виљареал.

"Знам за гласините, но тие се ретки. Фудбалерите кои играат за Шпанија под 21 година, се следени од многу скаути" - вели фудбалерот.

"Јас сум среќен во Виљареал и мојот сон е да дојдам до првиот тим на овој тим".

"Никој не ме контактирал, а мојот предизвик е секој ден да работам напорно" - заврши Матила.

И Виљареал излезе со соопштение околу овој случај.

"Не сме добиле формална понуда, но знаеме дека има скаути на натпреварите".


Прочитај повеќе...

вторник, 29 декември 2009

Јунајтед му дозволи на Едвин ван дер Сар да остане во Холандија покрај својата болна сопруга:


Ван дер Сар се врати својата родна Холандија каде што во соработка со лекарскиот тим на националниот состав на Лалињата се обидува да ја санира повредата на своето колено.

Но сопругата на голманот Анемарие ван Кестерен минатата среда беше однесена во болница откако се онесвести во својот дом.

Таа доживеа мозочен удар и поради тоа Ван дер Сар доби дозвола од Јунајтед да остане во Холандија подолго од планираното.

Ваквите вести ги потврди Сер Алекс Фергусон, кој додава дека нема потреба голманот да се врати на Олд Трафорд се додека не се подобри состојбата на Анемарие.

Фергусон рече: “Анемарие имаше проблеми во Холандија пред една недела и беше однесена во болница.”

“Тоа е најдоброто место за нејзе. Веќе извршија неколку испитувања и се обидуваат да го решат проблемот.”

“Му кажав на Едвин да остане таму. Нема потреба тој да се врати тука.”

“Најдобро за него е да биде покрај неговата сопруга. Се надевам дека ќе има добро опоравување.”


Прочитај повеќе...

понеделник, 28 декември 2009

Хал 1 - 3 Манчестер Јунајтед:



По тешкиот пораз од Фулам во минатото коло, Манчестер Јунајтед се рехабилитираше со гостинска победа против Хал.

Големи три бода за тимот на Фергусон кој го искористи нерешениот резултат на Челзи и му се доближи на само два бода.

Победата ја најави Вејн Руни со погодок во судиското продолжение од првото полувреме.

Во 59та минута Хал успеа да израмни од пенал, најстрогата казна ја реализираше Фаган.

Во 73та минута Доусон си постигна автогол за ново водство на Манчестер Јунајтед.

Десет минути подоцна, по една одлична асистенција од Вејн Руни, Димитар Бербатов ги постави конечните 3-1.


Прочитај повеќе...

сабота, 26 декември 2009

Бербатов 3 месеци во аут?!

http://img2.allposters.com/images/GB/SP0587.jpg

На Димитар Бербатов му е потребна операција на коленото која ќе го одалечи од теренот три месеци.

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед има проблеми со лигаментот на коленото.

Бербатов не мора да оди под нож одма. Тој игра со болка во последните натпревари и изгледа неизбежно ќе биде да замине на операција.

Тоа е уште еден проблем за менаџерот Сер Алекс Фергусон, кај кого листата на повреди е препуна оваа сезона. Ова може да значи повеќе натпревари за Мајкл Овен и обид за место на Светското Првенство во 2010.

Извор!


Прочитај повеќе...

четврток, 24 декември 2009

Се намалува листата на повредени играчи:

http://www.blogunited.co.uk/images/articles/dasilvas-montage2.jpg

Рафаел и Фабио ќе бидат подготвени за гостувањето кај Хал овој викенд, тоа го потврди Сер Алекс на прескоференцијата во четвртокот.

Рафаел е надвор од игра од поразот на Јунајтед дома од Бешикташ минатиот месец со повреда на стапалото, додека Фабио беше на клупата за резерви на натпреварот со Фулам. и Рафаел и Фабио ќе бидат подготвени за дуелот со Хал и најверојатно ќе се најдата во стартните 11.

"Избрзавме малце со Фабио можеби но според ситуацијата во која бевме моравме тоа да го направиме " - потврди Сер Алекс "Рафа тренира само неколку дена но ќе биде инволвиран во натпреварот со Хал."

Сер Алекс исто потврди дека и Вес Браун и Немања Видич би требало да бидат подготвени за дуелот со Виган на Олд Трафорд кој ќе се одигра на 30 декември. Исто така изјави и дека медицинскиот тим на Јунајтед пробува да оспособи еден од двајцата играчи за натпреварот во недела.

"Пробуваме да подготвиме еден од нив за недела но сме сигурни дали ќе успееме во тоа. Ричи Де Лает добро одигра откако го примивме првиот гол."

"Моќноста на Боби Замора ни ги отежна работите. Тоа беше тежок ден за нас. Хал ќе бидат многу посамоуверени поради нашите проблеми со повредите."

Извор!


Прочитај повеќе...

среда, 23 декември 2009

Диуф доби работна дозвола:

http://www.raxanreeb.com/show_image_pmpost.php?filename=/2009/07/b.jpg&cat=1&pid=13861&cache=false

Позиција: Напаѓач
Роден: 16 Декември 1997
Националност: Сенегал

Рекорд во Молде (2007 - 2009)
Настапи: 75
Гола: 34

Младиот напаѓач Маме Бирам Диуф ќе биде подготвен за Јануари откако доби работна дозвола.

22 годишниот играч импресионираше на тренинг откако беше купен од тимот на Оле Гунар Солскер, Молде и таму беше испратен на позајмица.

Диуф, кој има еден сениорски настап за репрезентацијата на Сенегал е моќен, брз и сестран напаѓач. Тој одлично играше за Молде.

Сер Алекс ќе му даде шанса во првиот тим но најверојатно тоа нема да се случи на натпреварот со Лидс на 3 Јануари.

Сер Алекс изјави: "Ако зборуваме веќе за вредност погледнете го нашиот млад напаѓач Диуф."

"Тој тренираше со нас и изгледа многу возбудливо. Најдовме добар играч на 22 годишна возраст и се надеваме дека добро ќе се покаже."

Извор!


Прочитај повеќе...

Бенфика одбила понуда на Манчестер Јунајтед за Ди Мариа:


По одличните игри во дресот на Бенфика, Ди Мари предизвика голем интерес кај поголемите клубови.

Португалските медиуми пишуваат дека Манчестер Јунајтед испратиле понуда од 10 милиони евра плус Нани.

Но портуалското радио TSF открива дека таа била одбиена од претседателот Луис Фелипе Виеира, Бенфика сакала уште пари.

Ди Мариа има откупна клаузула во договорот од 40 милиони евра, но се верува дека Бенфика би прифатила понуда од околу 30 милиони евра.


Прочитај повеќе...

вторник, 22 декември 2009

Немања Видич и Патрис Евра во FIFPro World XI за 2009:

http://img.thesun.co.uk/multimedia/archive/00490/vidic_280x390_490218a.jpg

Двајца играчи на Манчестер Јунајтед беа наградени поради нивната форма и без избрани во тимот на годината според FIFPro World XI за 2009.

Немања Видич и Патрис Евра беа избрани во тимот на годината од анкетата на професионални играчи ширум светот.

Дуото беше извонредено минатата сезона и играа во врвна форма која беше клучот за Јунајтед за рекордот кој беше срушен за натпревари без примен гол кој траеше се до Март.

Ова е уште една награда за Видич после наградата која ја доби за играч на годината во Манчестер Јунајтед. Србинот беше извонреден во одбраната а исто така постигна и неколку клучни гола за Јунајтед но на другиот крај од игралиштето.

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед Кристијано Роналдо е исто така во тимот по одличната сезона која ја имаше во Јунајтед и совојувањето на третата премиерлигашка титула по ред.

Единствениот клуб со повеќе играчи за FIFPro беше европскиот шампион Барселона, со четири играчи.

Следува целиот тим:
Iker Casillas (Real Madrid); Daniel Alves (Barcelona), John Terry (Chelsea), Nemanja Vidic (Manchester United), Patrice Evra (Manchester United); Steven Gerrard (Liverpool), Xavi and Andres Iniesta (both Barcelona); Cristiano Ronaldo (Real Madrid), Lionel Messi (Barcelona), Fernando Torres (Liverpool).

Извор!


Прочитај повеќе...

понеделник, 21 декември 2009

Манчестер Јунајтед преговара со Бен Арфа:

http://www.oleole.com/media/main/images/member_photos/group2/subgrp7/hatembenarfa_250623.jpg
Шампионот на Англија, Манчестер Јунајтед преговара за крилото на Олимпик Марсеј, Хатем Бен Арфа.

Двете страни се во контакт неколку денови и ако дојде до договор се очекуа 22-годишниот фудбалер да се пресели на Олд Трафорд за сума од околу 9 милиони евра.

Бен Арфа го изгуби првотимскиот статус во тимот на Дидие Дешам и се поретко влегува во игра. Играчот пристигна на „Велодром“ во летото 2008-та година од ЛИон за 11 милиони евра.


Прочитај повеќе...

Сер Алекс: Нема да купуваме нови играчи во јануари:


Црвените Ѓаволи во последните недели се десеткувани во одбраната и неколку играчи од средниот ред беа прекомандувани во задната линија.

Дарен Флечер и Мајкл Карик одиграа солидно на нетипични позиции за нив но тие се играчи од среднио тред и не може да се очекува да бидат долгорочни замени.

Оваа причина придонесува за загриженост кај Фергусон, кој сеуште е без Рио Фердинанд, Немања Видиќ, Вес Браун, Џони Еванс, Џон О’Шеј, Гери Неви и Рафаел Да Силва.

Се шпекулираше дека ваквата криза во одбраната ќе биде решена со ангажман на нови играчи но Сер Алекс негира дека тие ќе настапат на трансфер пазарот.

“Тоа не е дел од нашата агенда.” – рече Фергусон за Key 103 кога беше запрашан за можноста да настапат на трансфер пазарот во јануари за да ја пополнат празнината во одбраната.

“Се надеваме дека Вес Браун ќе се врати за една недела или 10тина дена. Рио Фердинанд се подобрува, исто како и Гери Невил а Рафаел Да Силва започна да тренира.”

“Не сме во толку многу лоша ситуација и не сме во потрага на нови ангажмани.”


Прочитај повеќе...

Јунајтед се поврзува со ангажаман на Себастијан Фреј:


Црвените Ѓаволи се поврзуваат со ангажман на неколку голмани откако се очекува Едвин ван дер Сар по крајот на оваа сезона да се повлече од активното играње фудбал.

Игор Акинфеев и Мануел Ноер беа спомнувани како можни наследници на Холанѓанецот на голманската позиција на Олд Трафорд а според медиумите од Италија Сер Алекс Фергусон го следи и Себастијан Фреј.

Фреј е во инзворедна форма во оваа сезона исто како и во последните две години и важи за еден од најдобрите голмани во Серија А па според Sportmediaset.it токму затоа Ферги внимава на Французинот.

Но шампионот на Англија нема да има лесна задача бидејќи договорот на Фреј истекува во 2013 и тој има откупна клаузула вредна 18 милиони евра.

Исто така тешко е за верување дека Виолетовите ќе одлучат да продадат една од своите големи ѕвезди во средина од сезона во која обезбедија пласман во 1/8 – финалето од Лигата на Шампионите.

За интересот на Јунајтед за Фреј пишува и Gazzetta dello Sport која додава дека Емилиано Вивиано од Бреша ќе биде замената за Французинот доколку тој се пресели на Олд Трафорд.


Прочитај повеќе...

сабота, 19 декември 2009

Фулам 3 - 0 Манчестер Јунајтед:


Порази на Манчестер Јунајтед и Ливерпул, гигантите не успеаа ниту да постигнат гол на гостувањата кај Фулам односно Портсмут.

Фулам неочекувано убедливо со 3-0 го победи Манчестер Јунајтед.

Натпреварот беше отворен по 22 минути игра, Марфи ја затресе мрежата на Манчестер Јунајтед.

Со самиот почеток на второто полувреме Боби Замора постигнува гол за водство и од 2-0.

Демјан Даф на 15 минути до крајот ги постави конечните 3-0.


Прочитај повеќе...

Преглед: Фулам - Манчестер Јунајтед:

http://74.54.19.227/news/224/22416629.optim.jpg
Сабота, Декември 19, 2009, 16:00
Кревен Котиџ, Фулам

Манчестер Јунајтед патува во западен Лондон со цел да се притисне Челзи кој се наоѓа на врвот на табелата, додека Фулам ќе се бори да си го задржи своето место после битката во Лига Европа.

Астон Вила, Арсенал, Ливерпул, Манчестер Сити, Тотенхем се во битка за место за Лигата на Шампионите додека Фулам ќе треба да работи силно за да избори место и следната година во Лига Европа.

Челз уште еднаш игра ден по Јунајтед, Црвените Ѓаволи имаат уште една шанса да се израмнат со Челзи на врвот на табелата. Манчестер Јунајтед го помина тестот наречен Вулверхемптон во вторникот но сега имаат многу потежок тест и на гостински терен.

Фулам веќе се кфаливикуваше следната фаза од Лига Европа каде што ќе се сретнат со Шахтјор Донецк. Непобедени во шест натпревари ќе се борат со шампионот за продолжување на низата.

Минатата година на Кревен Котиџ поуспешен беше Фулам со 2 - 0 додека Јунајтед на тој натпревар имаше два исклучени играчи Пол Сколс и Вејн Руни.

Последени пет натпревари:

Фулам:
16 декември: ФК Базел 2-3 Фулам (Лига Европа)
12 декември: Барнли Фулам 1-1 (Премиер Лига)
6 декември: Фулам 1-0 Сандерленд (Премиер Лига)
3 декември: Фулам 1-0 ЦСКА Софија (Лига Европа)
28 ноември: Фулам 1-1 Болтон (Премиер Лига)

Манчестер Јунајтед:
15 декември: Манчестер Јунајтед 3-0 Вулверхемптон (Премиер Лига)
12 декември: Манчестер Јунајтед 0-1 Астон Вила (Премиер Лига)
8 Декември: Волфзбург 1-3 Манчестер Јунајтед (Лига на Шампиони)
05 Декември: Вест Хем 0-4 Манчестер Јунајтед (Премиер Лига)
1 декември: Манчестер Јунајтед 2-0 Тотенхем (Карлинг Куп)

Тимски новости:

Фулам:

Ендрју Џонсон најверојатно ќе го пропушти натпреварот со Манчестер Јунајтед откако ја поврати повредата на препоните.

Капитенот Дени Марфи се опорави од повредата и играше 90 минути на натпреварот со Базел па нема да биде чудо доколку биде поштеден.

Сајмон Дејвис сеуште не е подготвен за враќање на терените поради повредата на зглобот додека Хангеланд, Демпсеј, Демјен Даф и Пол Кончески се подготвени да му помогнат на Фулам.

Можен состав: Шварцер, Кончески, Хангеланд, Хјуз, Пентсил, Даф, Грининг, Берд, Гера, Демпсеј и Замора.

Манчестер Јунајтед:

Проблемите со повредите за Јунајтед продолжуваат и се очекува Немања Видич да го пропушти дуелот поради ситна повреда.

Црвените Ѓаволи не можат да сметаат на Гери Невил, Рафаел, Рио Фердинанд, Џон Ошеа, Џони Еванс и најново е дека Вес Браун со сигурност нема да настапи и Фергусон се надева дека Видич ќе биде спремен.

Рајан Гигс се соочува со трка со времето и не е сигурен неговиот настап додека Нани има повреда на зглобот на ногата.

Можен состав: Кушчак, Евра, Керик, Видич, Де Лает, Обертан, Сколс, Флечер, Валеснија, Руни и Бербатов.

Мотивирани играчи:

Фулам - Боби Замора:
Напаѓачот на Фулам Боби Замора веќе има постигнато 9 гола за неговиот тим оваа сезона и ќе проба да продолжи со постигнувањето на голови.

Манчестер Јунајтед - Немања Видич:
Со повредените играчи и проблемите во одбраната Видич ќе биде главниот човек во тимот и одбраната најверојатно и капитен на Јунајтед.

Извор 1!

Извор 2!


Прочитај повеќе...

петок, 18 декември 2009

Милан vs. Манчестер Јунајтед:


Ждребката за 1/8 финалето донесе два мега дуели, Интер ќе игра против Челзи, Милан ќе се сретне со Манчестер Јунајтед.

Мурињо се враќа на Стемфорд Бриџ, Португалецот ја имаше таа среќа Интер уште во 1/8 финалето да го добие Челзи.

Се исполни желбата на Дејвид Бекам кој претходно изјави дека сака да игра против Манчестер Јунајтед, Англичанецот по седум години повторно ќе заигра на Олд Трафорд овој пат во дресот на Милан.

Шампионот Барселона помина релативно лесно, го доби германскиот Штутгарт.

Реал Мадрид ќе ги одмери силите со Лион, Арсенал ќе се сретне со Порто.

Можеби најнеатрактивни двојки ќе бидат ЦСКА Москва - Севиља и Олимпијакос - Бордо.

1/8 финале Лига на Шампиони:

Штутгарт - Барселона
Олимпијакос - Бордо
Интер - Челзи
Баерн Минхен - Фиорентина
ЦСКА Москва - Севиља
Лион - Реал Мадрид
Порто - Арсенал
Милан - Манчестер Јунајтед


Прочитај повеќе...

четврток, 17 декември 2009

Габриел Обертан: Научив да играм фудбал на улица:

http://outofbounds.nbcsports.com/091118-spt-gabriel-obertan.standard%5B1%5D.jpg

Габриел Обертан, едно од четирите летни засилувања на Сер Алекс Фергусон вели дека научил да игра фудбал на улица.

20 годишниот поранешен играч на Бордо минатата сезона беше на позајмица во Лорент. После позајмицата се пресели на Олд Трафорд и почнува да се привинкнува на животот во Англија.

Тој за United Magazine изјави: "Научив да играм фудбал на улица со моите другари."

"Кога играш уличен фудбал целта е само да го научиш дриблингот ."

"Сакам да дриблам но единствено доколку тоа влијае и има ефект."

Обертан беше купен за 3 милиони фунти. Тој има 9 настапи за Манчестер Јунајтед но сеуште нема постигнато гол.

Извор!


Прочитај повеќе...

Фергусон задоволен од прогресот на Валенсија:


Синоќа Манчестер Јунајтед на домашен терен убедливо со 3-0 го совлада тимот на Волверхемптон.

Антонио Валенсија ја завери победата постигнувајќи го последниот гол за Јунајтед, ова беше уште една одлична партија за него.

Фергусон не го крие задоволството од напредокот на Валенсија.

"Антонио напредува, нема збор околу тоа" - вели Фергусон.

"Тој беше едно тивко момче кога дојде, но сега се прилагоди и го покажува тоа на теренот".

"Шест гола е пристоен скор, но знаеме дека тоа е областа каде што може да се подобри. Севкупно сме навистина задоволни од него" - заврши Ферги.


Прочитај повеќе...

Манчестер Јунајтед 3 - 0 Вулверхемптон:


По поразот од Астон Вила во минатото коло, Манчестер Јунајтед им се врати на победите.

Црвени Ѓаволи убедливо со 3-0 го победија тимот на Волверхемптон.

Серијата погодоци ја започна Вејн Руни од пенал во 30та минута од натпреварот.

На две минути пред крајот на првиот дел, Немања Видиќ погоди за зголемување на водството.

Во 66та минута Веленсија ја завери победата поставувајќи ги конечните 3-0.




http://www.youtube.com/watch?v=RBunPV89jpM


Прочитај повеќе...

вторник, 15 декември 2009

Преглед: Манчестер Јунајтед - Вулверхемптон:



Вторник, Декември 15, 2009, 21:00
Олд Трафорд, Манчестер

Манчестер Јунајтед се среќава со Вулверхемптон и не смее да си дозволи уште еден кикс после поразот од Астон Вила во саботата.

Челзи одигра нерешено со Евертон дома и преостана само екипата на Сер Алекс Фергусон да ја победи Вила но тие не успеаа да постигнат ниту гол за израмнување.

Вулверхемптон прв пат оствари 2 победи во низа по 26 години и тоа врз Болтон и Тотенхем во гости.Тоа помогна Вулверхепмтон да искочи од зоната за испаѓање.

Само три бода е разликата во корист на Челзи и освен триумф се би било катастрофа за Фергусон.

Последни пет натпревари:

Манчестер Јунајтед:
12 декември: Манчестер Јунајтед 0-1 Астон Вила (Премиер Лига)
8 Декември: Волфсбург 1-3 Манчестер Јунајтед (Лига на Шампиони)
5 декември: Вест Хем 0-4 Манчестер Јунајтед (Премиер Лига)
1 декември: Манчестер Јунајтед 2-0 Тотенхем (Карлинг Куп)
28 ноември: Портсмут 1-4 Манчестер Јунајтед (Премиер Лига)

Вулверхемтпон:
12 декември: Тотенхем 0-1 Вулверхемтпон (Премиер Лига)
5 декември: Вулверхемптон 2-1 Болтон (Премиер Лига)
29 ноември: Вулверхемптон 0-1 Бирмингам (Премиер Лига)
21 ноември: Челзи 4-0 Вулверхемптон (Премиер Лига)
7 ноември: Арсенал 1-4 Вулверхемптон (Премиер Лига)


Тимски новости:

Манчестер Јунајтед:

Новиот носител на наградата BBC Sports Personality of the Year Рајан Гигс е повреден и нема да настапи. Со повреда се здоби на натпреварот со Астон Вила.

Изоставените Димитар Бербатов и Мајкл Овен од тимот на натпреварот со Астон Вила би требало да значи дека еден од нив ќе биде во стартните 11. Исто така и Дарон Гибсон би бил добредојден во стартните 11.

Дарен Флечер сеуште би бил во одбраната како десен бек порати тоа што не се подготвени Гери Невил, Рафел, Фабио, Ошеа и Еванс.

Можен состав: Кушчак, Евра, Видич, Браун, Флечер, Нани, Гибсон, Керик, Валенсија, Руни и Бербатов.

Вулверхемтпон:

Волците се соочија со повреда на Дејв Едвардс на натпреварот со Тотенхем. Би требало да отсуствува 10 недели.

Едвардс стана третиот играч на листата повреди после Мајкл Кајтли и Ендрју Киох.

Можен состав: Ханеман, Вард, Крадок, Мансиен, Халфорд, Џарвис, Хенри, Милијаш, Фолеј, Ивелумо и Ебанкс Блејк.

Мотивирани играчи:

Манчестер Јунајтед- Патрис Евра:

После критиките добиени од страна на новинарите дека не се снашол добро во Манчестер Јунајтед Евра стана еден од најдобрите леви бекови во светот.

Со проблемите кои ги има Јунајтед Евра би требало да помогне како и одбранбено така и офанзивно.


Вулверхемптон - Ненад Милијаш:

Сеуште се привикнува на животот во Англија и добро се снаоѓа во тоа.

Извор 1!

Извор 2!


Прочитај повеќе...

Фергусон потврди дека клубот ќе аплицира за работна дозвола за Маме Бирам Диуф:

http://fotball.bt.no/multimedia/archive/00077/MameBiram_77079e.jpg

Сер Алекс Фергусон потврди дека Манчестер Јунајтед ќе аплицира за работна дозвола за напаѓачот Маме Бирам Диуф во Јануари.

21 годишниот играч кој има еден настап за сениоркста репрезентација на Сенегал ипресионираше на тренинзите . Тој е купен од норвешки Молде од клубот од кој дојде Оле Гунар Солскер.

Сер Алекс Фергусон вели дека тие го направиле правиот избор со купувањето на Диуф.

"Кога веќе зборуваме за вредност погледнете го нашето младо момче Диуф."

"Тој тренира со нас и ќе аплицираме за работна дозвола за него во Јануари."

"Ние сме добри во тоа да најдеме играчи помлади од 21 година и да успеат во нашиот клуб. Тој е извонреден напаѓач."

Сер Алекс Фергусон се надева дека наскоро ќе може конечно да смета на Рио Фердинанд и Овен Харгривс.

Фергусон вели дека Фердинанд ќе биде подготвен во Јануари додека Харгривс е многу поблиску до враќање на терените.

"Рио одлично се опоравува мислам дека ќе биде подготвен за три недели."

"Овен напорно работи на тренинг. Тој физички се подготвува. Сега останува само уште да почне да се натпреварува."

Извор!


Прочитај повеќе...

Рајан Гигс: Фергусон ќе го води Манчестер Јунајтед уште 5 години:

http://www.independent.co.uk/multimedia/archive/00244/Untitled-1_244823t.jpg

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед Рајан Гигс вели дека менаџерот на Црвените Ѓаволи ќе го води Манчестер Јунајтед уште 5 години.

67 годишниот Фергусон неколку пати беше запрашуван кога ќе се пензионира но Рајан Гигс вели дека такво прашање не треба да се поставува.

Кога Гигс беше запрашан од The Times кој прв ќе се пензионира тој или пак Фергусон тој одговори:
"Мислам дека тоа ќе бидам јас."

"Менаџерот е добар како и секогаш и мислам дека ќе работи уште многу време."

"Јас можам да го гледам него како го води Манчестер Јунајтед во наредните 5 години. Доколку го држи здравјето тој ќе работи уште многу."

"Тој води одличен тим, тој ја има страста и кога ќе стапне на теренот како фудбалскиот свет да се обновува и знам дека е така."

Гигс - кој ја помина целата своја кариера во Манчестер Јунајтед под водство на Фергусон - младите играчи сеуште го восхитуваат Фергусон и не го плашат годините.

Тој додаде: "Нашата врска никогаш не била подобра. Се е одлично."

"Тој зборува со мене како пријател и некогаш и совет ќе ми побара и тоа влева голема самодоверба во мене."

"Понекогаш и се караме но тоа е нормално и сите сме победници."

"Младите играчи се плашат од него но не како мене кога јас бев на нивни години. Различен е овој Фергусон со тој пред 20 години."

Извор!


Прочитај повеќе...

Сер Алекс Фергусон: Само лошото здравје може да ме натера да се пензионирам:

http://www.prireland.com/images/man_utd_alex_ferguson.jpg

Менацерот на Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон изјави дека нема план да се пензионира во блиска иднина.

Со веќе 67 години шкотланѓанецот вели дека само лошото здравје може да го натера да размисли за пензионирање од фудбалот.

Фергусон беше блиску до пензионирање на крајот на сезоната 2001 - 02 , но се реши да не го направи тоа и го избра правото решение и освои уште многу титули со Јунајтед.

Црвените Ѓаволи ја вратија Премиер Лигашката круна во 2007. Тие од тогаш ја освоија уште два пати а го додадоа и триумфот во Лигата на Шампионите.

"Моето здравје ќе биде глвната причина за тоа колку време ќе бидам уште менаџер." - изјави за Daily Mail

"Тоа е единствената важна работа. Тоа е тоа што се вреднува без тоа не можеш да си судиш себеси, на твојата фамилија или за било што во животот. "

Извор!


Прочитај повеќе...

понеделник, 14 декември 2009

Рајан Гигс добитник на наградата BBC Sports Personality of the Year:

2009 Ryan Giggs - 0

Рајан Гигс во својата колекција додаде уште една награда тој ја освои наградата BBC Sports personality of the Year.

Рекордерот на Црвените Ѓаволи го победи во конкуренција шампионот во Ф1 Џенсон Батон и светската шампионка Џесика Енис. Во 2001 година истата награда ја освои Дејвид Бекам.

Наградата му беше доделена од Олимписката велосипедска легенда Крис Хој и англиската ѕвезда во крикет Фреди Флинтоф. Сето тоа се одиваше во неделата во Шефилд Арената. Гигс беше изненаден од наградата.

"Ова е голем шок " - потврди Рајан "Сакам да се заблагодарам на BBC за прекрасната вечер и на сите луѓе што гласаа за мене."

"Искрено чувството е неверојатно. Јас сум среќен што добив многу награди, играв со многу добри играчи и што играм за најдобриот клуб во светот."

"Јас пораснав гледајќи спортски програми и гледајќи освојување вакви награди. Благодарам на сите."

Извор!


Прочитај повеќе...

недела, 13 декември 2009

Бербатов имал операција на коленото:

http://www.arenabola.com/data/2_6716_Dimitar_Berbatov.jpg

Димитар Бербатов бил на операција поради проблемите со коленото кои го онеспособуваат да игра.

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед бил на операција во понеделникот додека неговите соиграчи се приремаа за дуелот со Волфзбург во вторникот.

Бербатов ја здоби повредата на мечот со блекбурн минатиот месец.

Ги пропушти натпреварите против ЦСКА Москва и Челзи пред да се врати на тренинг и целосно да заздраве.

Извор!


Прочитај повеќе...

Манчестер Јунајтед загреан за Даглас Коста:

http://manunitedstory.files.wordpress.com/2009/06/costa_280x420_12598a.jpg

Манчестер Јунајтед се подготвени да ја платат цената за Даглас Коста која е преполовена сега однонсо 10 милиони фунти.

Сер Алекс Фергусон беше силно поврзуван со 19 годишниот бразилскиот интернационалец летото на кого цената му беше 20 милиони фунти но не се оставари трансферот.

Но Гремио се наоѓа во финансиска криза и допушти да ја намали цената на играчот за да може да се извлече.

Коста беше една од звездите на Бразил во октомври на Светското Првенство за играчи до 20 години. Левото крило е споредувано со Лионел Меси и би можело да биде долгорочна замена за Рајан Гигс.

Извор!


Прочитај повеќе...

Реал го нуди Гарај:

Според пишувањето на весникот Дејли Мирор, Реал Мадрид деновиве на Манчестер Јунајтед го понудил дефанзивецот, Езекиел Гарај.

Дваесет и три годишниот, Аргентински интернационалец почесто е на клупата за резервни играчи отколку на теренот и затоа Кралскиот клуб реши да го позајми во Англија.

Покрај понудата за позајмување на шест месеци, Реал понудил и целосен откуп на договорот, а сумата што би требало да ја плати Јунајтед изнесува шест милиони фунти.


Прочитај повеќе...

Манчестер Јунајтед 0 - 1 Астон Вила:



Манчестер Јунајтед киксна на домашен терен, загуби од Астон Вила минимално со 1-0.

Тимот на Фергусон имаше шанса да се израмни на врвот со Челзи кој претходно ремизираше со Евертон.

Сепак тоа не се случи, Астон Вила дојде до огромни три бода од Олд Трафорд.

Клучниот момент се случи во 21та минута кога по асистенција на Ешли Јанг, Агбонлахор погоди со глава.

До крајот на натпреварот и двете екипи имаа шанси за погодок, но резултатот остана непроменет.

Челзи и покрај тоа што освои само бод, ја зголеми предноста во однос на Манчестер Јунајтед.

Утре се игра големото дерби помеѓу Ливерпул и Арсенал, денешните резултати се дополнителна мотивација и за двата тима.


Прочитај повеќе...

сабота, 12 декември 2009

Нови договори за ветераните:

http://manutd.theoffside.com/files/2008/07/scholes.jpg

Сер Алекс Фергусон потврди дека ветераните Рајан Гигс и Пол Сколс ќе добијата продолжување на договорите поради нивната одлична форма.

Иако имаат веќе респектабилни 36 односно 35 години Рајан Гигс и Пол Сколс играат во одлична форма. Тие многу и помагаат на машинеријата на Јунајтед да реди победи.

Велшанецот повеќе не игра во центарот на средниот ред тој се врати на својата крилна позиција преку која го оствари својот успех и ги оставеше без здив противничките дефанзивци тој повторно го прави тоа.

Фергусон ги фали двајцата играчи и типува на Рајан Гигс за да ја освои престижната награда BBS Sports Personality of the Year Award кое ќе се случи утре.

Сер Алекс изјави на пресконференцијата во петокот. - "Тој е пример за младите. Тој не се менува и моментално игра во најдобрата форма."

"Тој игра одлично и тоа треба да се награди и ние тоа ќе го направиме. Ќе му понудиме продолжување на договорот на крајот на сезоната иако тој веќе ќе има 37 години."

"Константноста не е секогаш наградувана , некогаш ќе се појави некој нов млад играч и ќе блесне. Тоа е конкуренцијата со која се соочува цел живот Рајан Гигс но тој не ја менува формата и тоа ја држи неговата константа форма. Се надеваме дека тој ќе ја освои наградата во Недела."

Фергусон исто така изјави дека нема намера Сколс да престане да игра фудбал наскоро и покрај изјавите кои се појавија во медиумите минатата недела.

"Јас не верувам дека тој го рекол тоа. Кога разговарав со него и го прашав тој ми одговори дека никогаш не го рекол тоа. Кога секој ќе навлезе во триесетите години се прашува што ќе се случи наредната година, но ние веруваме во неговите квалитети и тој ќе добие продолжување на договорот."

"Кога ќе погледнете како играше против Вест Хем и Волфзбург нема да се запрашете дали ќе може тоа да го направи и следната година."

Извор!


Прочитај повеќе...

петок, 11 декември 2009

Преглед: Манчестер Јунајтед - Астон Вила:

http://ngepress.com/wp-content/uploads/2009/04/federico-macheda.jpg

Сабота, Декември 12, 18:30
Олд Трафорд, Манчестер

Книгата со рекорди вели дека Астон Вила нема да има лесна работа на Олд Трафорд. Тие немаат остварено победа во последните 27 обиди. Последната беше 1995-1996 сезона.

Но тие во последните 15 минути минатата сезона влегоа со водство од 2-1 но тоа беше бесполезно кога влезе во игра херојот на Манчестер Јунајтед, Македа.

Но и покрај се победите над Ливерпул и Челзи ги охрабруваат играчите на Мартин Онил и ќе влезат максимално мотивирани во овој дуел.

Самодовербата на Вила ќе биде мошне зголемена после кризата со дефанзивци на Олд Трафорд која ја има Манчестер. Сер Алекс Фергусон беше приморан да игра со Мајкл Керик и Дарен Флечер како централни дефанзивци на мечот со Волфзбург. Иако најверојатно ќе се врати Немања Видич, Вила ќе напаѓа и многу ќе биде опасна во контранападите.

Најдобрата одбрана е нападот и со Вејн Руни кој ќе биде најверојатно во стартните 11 има постигнато пет гола во последните пет меча со Вила ќе бидат принудени да се бранат од сите страни.

Последни пет натпревари:

Манчестер Јунајтед:
8 Декември: Волфсбург 1-3 Манчестер Јунајтед (Лига на Шампиони)
5 декември: Вест Хем 0-4 Манчестер Јунајтед (Премиер Лига)
1 декември: Манчестер Јунајтед 2-0 Тотенхем (карлинг Куп)
28 ноември: Портсмут 1-4 Манчестер јунајтед (Премиер Лига)
25 ноември: Манчестер Јунајтед Бешикташ 0-1 (Лигата на Шампиони)


Астон Вила:
5 декември: Астон Вила 3-0 Хал (Премиер Лига)
1 декември: Портсмут 2-4 Астон Вила (Карлинг Куп)
28 ноември: Астон Вила 1-1 Тотенхем ( Премиер Лига)
21 ноември: Барнли 1-1 Астон Вила (Премиер Лига)
7 ноември: Астон Вила 5-1 Болтон (Премиер Лига)


Тимски новости:

Манчестер Јунајтед:

Кризата со повреда полека стивнува во Јунајтед па би требало да се вратат Видич, Руни и Бербатов.

Ветеранот Рајан Гигс одмараше на дуелот со Волфзбург од Лигата на Шампионите.

Можен состав: Кушчак, Евра, Видич, Керик, Флечер, Гигс, Андерсон, Гибсон, Валенсија, Руни и Бербатов.


Астон Вила:

За разлика од Фергусон Мартион Онил нема проблеми со повреди сезонава и Колинс се врати на тренинг.

Можен состав: Фридел, Варнок, Дан, Куелар, Јанг, Даунинг, Милнер, Петров, Јанг, Карју и Агбоналахор.

Мотивирани играчи:

Манчестер Јунајтед - Рајан Гигс:

Гигс не играше на дуелот со Волфзбург за да биде подготвен за овој меч. "Велшкото чудо " има веќе 36 години и има одлична сезона Астон Вила треба да биде внимателна додека топката е кај него.

Астон Вила - Џејмс Милнер:

Со летоното засилување Даунинг, Милнер беше прекомандуван во средината на теренот. После одличниот натпревар со Хал и голот од 25 метри Англичанецот делува одлична на новата позиција.

Извор 1!

Извор 2!



Прочитај повеќе...

Велбек го продолжи договрот со Јунајтед:

http://africanfootball.mtnfootball.com/content/Danny%20WelbeckWS.jpg

Манчестер Јунајтед е задоволен што може да потврди дека е постигнат нов договор со Дени Велбек кој го обврзува да остане во клубот до Јуни 2013.

Сер Алекс Фергусон изјави:
"Ние сме презадоволни. Го гледаме Дени како еден од најталентираните млади играчи кој пристигнаа од академијата. Тој ќе има одлична кариера и нас ни е мило што ќе го гледаме во нашиот тим во иднина."

Дени Велбек изјави:
"Јас сум пресреќен се наоѓам каде отсекогаш сум сакал да бидам. Јас уживам во секоја минута од моето учење го стекнувам покрај овие одлични играчи. Сакам да му се заблагодарам на Сер Алекс на клубот и фановите за нивната подршка. "

Извор!


Прочитај повеќе...

Видич се враќа на дуелот со Астон Вила и Ферги ги отфрла шпекулациите за трансфер на Сол Кембел:

http://img.thesun.co.uk/multimedia/archive/00391/Nemanja_Vidic_391887a.jpg

Немања Видич ќе биде подготвен за мечот во Сабота против Астон Вила и Ферги ќе може да состави одбранбен ред со двајца регуларни дефанзивци.

Сер Алекс Фергусон потврди на пресконференцијата во петокот дека Видич е излечен од грипот и ќе му се придружи на Мајкл Керик во срцето на одбраната додека од страничните позиции ќе бидат Дарен Флечер и Патрис Евра.

Проблемите со повредите полека стивнуваат и неколку играчи ќе се вратат во следните недели. Рафаел почна со тренинзи и најверојатно ќе биде спремен за дуелот со Вулверхемптон во Вторник, додека Вес Браун денеска почнува со тренинзи. Едвин Ван дер Сар сеуште не е подготвен но ќе се врати следната недела.

Гери Невил, Џони Еванс и Џон Ошеа сеуште не се подготвени за настап но најверојатно ќе бидат спремени за дуелот од ФА Купот против Лидс Јунајтед.

И покрај проблемите со одбраната Фергусон ги демантира шпекулациите кои го поврзуваа со поранешниот играч на Арсенал Сол Кембел кој е слободен играч. Тој изјави дека не е заинтересиран Јунајтед за доведување на него.

Извор!


Прочитај повеќе...

четврток, 10 декември 2009

Видиќ, Руни, Бербатов и Гигс подготвени за дуелот со Астон Вила:


Вејн Руни, Рајан Гигс, Димитар Бербатов и Немања Видиќ го пропуштија гостувањето кај Волфзбург но се очекува да бидат на располагање за дуелот на домашен терен против Астон Вила.

Сер Алекс можеби повторно ќе биде принуден да прекомандува играчи од средниот ред во одбраната но со враќањето на офанзивните играчи тој влегува со голема самодоверба против Вила.

“Очекуваме Видиќ да биде подготвен за дуелот во сабота. Рајан е фит и мислам дека Руни и Бербатов ќе бидат ОК.” – рече Фергусон.

“Доколку ги имам на располагање овие играчи ќе бидам доволно среќен бидејќи ќе можам да креирам одбрамбена четворка составена од Флечер, Керик, Видиќ и Евра.”


Прочитај повеќе...

среда, 9 декември 2009

Лидс Јунајтед се враќа на Олд Трафорд:

FA Cup Draw

Лидс Јунајтед ќе игра на Олд Трафорд за прв пат по шест години после победата од 5 - 1 над Кетеринг Таун во вториот одигран меч.

Требаше да се одиграат дополнителни триесет минути за да се одлучи победникот по нерешениот резултат од 1-1. Мечот беше отворен од Бечо во првиот дел за Лидс додека израмни Антони Елдинг во вториот дел.

Првото продолжени беше без голови но во последните петнаесет минути стрелаа Грела два пати, Бекфорд и Кандол за победа на Лидс Јунајтед.

Последниот меч на Олд Трафорд меѓу Манчестер Јунајтед и Лидс Јунајтед се одигра во Февруари, 2004 и заврши 1-1. Јунајтед поведе со голот на Сколс но резултатот го израмни Алан Смит.

Натпреварот ќе се игра во првата недела од месец Јануари, 2010. Точниот датум ќе биде одреден следната недела.

Извор!


Прочитај повеќе...

Волфзбург 1 - 3 Манчестер Јунајтед:


Волфзбург не успеа да го победи Манчестер Јунајтед, Германците загубија со 3-1.

Јунајтед на овој натпревар настапи со комбиниран состав, голем дел од играчите се повредени а дел и одмараа.

Сепак, оние кои настапија одиграа крајно мотивирано и го совладаа Волфзбург.

Мајкл Овен беше ѕвездата во дресот на Манчестер Јунајтед, искусниот напаѓач ги постигна сите три гола за својот тим.

На минута пред крајот на првиот дел, Овен со глава реализираше за водство на Јунајтед.

Во 56та минута и Един Џеко погоди со глава за израмнување на 1-1.

Овен во 83та минута го врати водството на Јунајтед, а во 90та ги постави и конечните 3-1.





Прочитај повеќе...

вторник, 8 декември 2009

Преглед: Волфзбург - Манчестер Јунајтед:

Nani

Вторник, Декември 8, 2009 - 20:45
Volkswagen Arena, Волфзбург

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон се соочува со голема листа на повредени играчи пред натпреварот со Волфзбург.

Англискиот шампион ќе биде без србинот Немања Видич кој се придрѕжи на листата на повредени дефанзивни играчи, Фердинанд, Ошеа, Еванс, Рафаел, Фабио, Невил и Браун.

Со еден и единствен препознатлив дефанзивец Патрис Евра најверојатно Фергусон ќе биде приморан да го постави Мајкл Керик како партнер на Патрис Евра во централниот дел на одбраната.

Кога веќе Јунајтед се пласираше во следниот круг од Лигата на Шампионите ќе се борат за прво место во групата Б после извонредниот натпревар и победата од 4-0 над Вест Хем на Аптон Парк.

Волфзбург ќе се обиде да му се придружи на Јунајтед во следната фаза. Тие имаат по седум бода заедно со ЦСКА Москва и се освен победа ќе значи место во Европа Лигата.

Последни пет натпревари:

Волфзбург:
5 декември: Волфсбург 2-2 Фрајбург (Бундес Лига)
28 ноември: Вердер 2-2 Волфсбург (Бундес Лига)
25 ноември: ЦСКА Москва 3-1 Волфсбург (Лига на Шампиони)
21 ноември: Волфсбург 2-3 ФК Нирнберг (Бундес Лига)
7 ноември: Хофенхајм 1-2 Волфсбург (Бундес Лига)

Манчестер Јунајтед:
5 декември: Вест Хем 0-4 Манчестер Јунајтед (Премиер Лига)
1 декември: Манчестер Јунајтед 2-0 Тотенхем (КарлингКуп)
28 ноември: Портсмут 1-4 Манчестер Јунајтед (Премиер Лига)
25 ноември: Манчестер Јунајтед 0-1 Бешикташ (Лига на Шампиони)
21 ноември: Манчестер Јунајтед 3-0 Евертон (Премиер Лига)



Тимски новости:

Волфзбург:
Тренерот на Волфзбург Армин Вех преферира на РИкардо Коста да му биде партенер Андреа Барзагли но најверојатно ќе го промени тоа.

"Волците" се надеваат на нивниот плејмејкер Ѕвездан Мисимовиќ да настапи и да створи шанси за Един Џеко и Графите.

Обафеми Мартинс нема да биде подготвен поради повреда и ќе отсуствува до Нова Година.

Можен состав: Беналио, Шафер, Барзагли,Рикардо Коста, Ритер, Жозуе, Гентнер, Мисимович, Хасебе, Џеко и Графите.

Манчестер Јунајтед:
Тимот на Манчестер што се наоѓа во Германија е очигледно млад со играчи како Оливер Гил, Магнус Еикрем, Камерон Стујарт и Оливер Норвуд.

Со проблемите кои гим има во одбраната Фергусон најверојатно ќе мора Мајкл Керик и Дарон Гибсон да играат во срцето на одбраната додека од страните би играле Флечер и Евра.

Томаш Кушчак или Бен Фостер ќе биде меѓу стативите на голот на Јунајтед додека во нападот би делувале Велбек и Овен бидејќи Руни, Бербатов и Македа беа изоставени во тимот поради повреди.

Goalkeepers: Ben Foster, Tomasz Kuszczak.
Defenders: Patrice Evra, Oliver Gill.
Midfielders: Anderson, Michael Carrick, Magnus Eikrem, Darren Fletcher, Darron Gibson, Matte James, Nani, Oliver Norwood, Gabriel Obertan, Park Ji-Sung, Paul Scholes, Cameron Stewart, Antonio Valencia.
Forwards: Michael Owen, Danny Welbeck.

Можен состав: Кушчак, Евра, Керик, Гибсон, Флечер, Нани, Андерсон, Сколс, Валенсија, Велбек и Овен.


Мотивирани играчи:

Волфзбург - Един Џеко:
Асистентот на Ферги, Мајк Филан, потврди дека тие ја надгледуваат ситуацијата со Един Џеко па би требало тоа да биде мотивација плус за Босанецот.


Манчестер Јунајтед - Нани:
Сеуште не се наоѓа во првиот тим на Ферги и за него ова би претставувало голема шанса да ја подобри неговата ситуација.

Фергусон пред неколку дена изјави дека нема шанси Португалецот да го напушти Олд Трафорд и дека неговата иднина е сигурна во Манчестер. Натпреварот против Волфзбург би требало да претставува голем мотив за Португалецот.


Моја прогноза:
Тешка ситуација со повредени играчи не памтам кога последен пат сме бил во волку тешка ситуација. Сега е времето кога треба да се покажат помладите играчи да докажат дека вредат. На оваа утакмица треба да докаже Нани дека заслужува место во првиот тим. Нема да биде чудо и да загубиме со вакви проблеми но се надевам на прво место во групата.


Извор 1!

Извор 2!




Прочитај повеќе...

Рајан Гигс добитник на наградата BBC Wales Accolade:



Рајан Гигс играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед Рајан Гигс беше избран од BBC за Велшка личност на годината поточно BBC Wales ACColade.

Ветеранот на Црвените Ѓаволи го победи Велшкиот велосипедист Герант Томас и рагби ѕвездата Џејми Томас.

Рајан Гигс по втор пат ја добива оваа награда откако претходно беше избран во 1996.

Гигс е исто канидадат за нагрдата BBC personality of the Year Award. Се наоѓа тесниот избор од 10 кандидати. Наградата се доделува на 13 Декември.

Извор!




Прочитај повеќе...

Се зголемува листата на повредени играчи:

400x400_siralexfergusonnew5

Јунајтед се соочува со многу тешка ситуација не само во одбраната, за Германија не отпатуваа Димитар Бербатов и Вејн Руни поради повреди.

Црвените Ѓаволи дознаа дека нема да можат да сметаат на Еванс и Ошеа до Нова Година поточно Јануари.

Сер Алекс отпатува за Германија а дуелот со Волфзбург со 19 играчи од кои 13 се играчи од средниот ред.

Нема да му биде лесно на Фергусон да го избере тимот за мечот со Волфзбург после големата листа со повредени играчи.

Јунајтед се надевам дека Вес Браун и Немања Видич ќе бидат подготвени за мечот во сабота против Астон Вила, додека Вејн Руни и Димитар Бербатов ќе го пропуштат мечот со Волфзбург а најверојатно и тој со Астон Вила.

"Нема добри вести во врска со повредените играчи" - изјави Фергусон на прес конференцијата во понеделникот.

"Неколку важни играчи беа изоставени од тимот и ќе гледаме да го извадиме најдоброто од тимот."

Патрис Евра е единствениот препознатлив и подготвен дефанзивец кој отпатува за Германија. Фергусон најверојатно ќе се надева на него.

"Вреди да се проба да се игра со еден дефанзивец!" - се пошегува Шкотланѓанецот

"Манчестер Јунајтед е секогаш првиот тим во се така и ние ќе се обидеме да играме со еден дефанзивец!"

"Ние знаеме дека имаме тешка работа да го составиме одбранбениот ред и да добиеме класична дефанзивна четворка која ќе игра добро заедно со централините дефанзивци.Ова се едни од најтешките одлуки од кои се надеваме дека ќе го извлечеме подобриот крај."

Јунајтед веќе се има пласирано за следната рунда во Лигата на Шампионите но сега не се работи само за натпреварот со Волфзбург.

"Како што објаснивме на Рио Фердинанд не можеме да се надеваме, заедно со него се и Еванс и Ошеа кои нема да настапат до Јануари.Рафаел и Фабио нема да настапат против Астон Вила но се надеваме дека ќе бидат подготвени Браун и Видич."

Добрите вести се дека Рајан Гигс ќе биде подготвен за Сабота иако го пропушта патувањето за Германија. Новостите за Руни и Бербатов не се баш најпозитивни.

"Рајан Гигс не отпатува за нас бидејќи заврши огромна работа за нас во саботата и ќе биде подготвен за натпреварот со Вила, но најверојатно Руни и Бербатов нема да настапат."

Извор!


Прочитај повеќе...

недела, 6 декември 2009

Серизони проблеми со повредени играчи:

http://newsimg.bbc.co.uk/media/images/45561000/jpg/_45561231_vidic_ferdinand.jpg

Гоемиот проблем со повреди беше скоро и незабележителен на Аптон Парк но Јунајтед има сериозни проблеми со повредени играчи.

Сер Алекс Фергусон може да биде без седум играчи на натпреварот со Волфзбруг во Втроник, но сепак постои надеж дека Видич ќе се опорави и ќе биде придружуван од Мајкл Керик во централиниот дел на одбраната.

Видич, Фердинанд, Ошеи, Еванс, Рафаел и Фабио го пропуштија натпреварот со Вест Хем кој Манчестер Јунајтед го доби со 4-0, додека Гери Невил се повреди и беше заменет. Исто така и Вес Браун се повреди при што Јунајтед го заврши натпреварот со 10 играчи.

"Повредените дефанзивци престставуваат голем проблем за нас" - потврди Фергусон.

"Немања Видич има грип па бевме приморани Гери Невил да игра како централен дефанзивец со Браун но тој се повреди и беше заменет. Исто така и Браун при крајот на натпреварот го напушти теренот."

"Незнам дали ќе бидат подготвени за во Втроник но се надевам дека Немања Видич ќе биде подготвен и партнер во одбраната ќе му биде Мајкл Керик."

Керик добро одигра против Вест Хем но сепак против Волфзбург ќе има поголема закана односно Един Џеко, Графите и Обафеми Мартинс.

"Мајкл влезе во игра и добро одигра ние сме среќни поради тоа" - додаде Сер Алекс Фергусон

"Влегувањето на Керик во игра беше да се покрие одбраната после повредата на Гери Невил."

"Тој ја има висината и моќноста да игра на таа позиција. Имаше опција да игра Ричи Де Лает но против Вест Хем треба да игра поискусниот играч."

"Јас сакав да игра Мајкл од почетокот на натпреварот затоа што се наоѓа во одлична форма но испадна дека на крајот ќе ни биде повеќе од потребен."

Извор!


Прочитај повеќе...

сабота, 5 декември 2009

Вест Хем 0 - 4 Манчестер Јунајтед:

Манчестер Јунајтед по четврти пат во низа го совлада Вест Хем.

Без Немања Видиќ, Рио Фердинанд во составот, а потоа по повредата на Гери Невил (34-та минута) успеаа да ги декласираат „чеканите“ со огромни 0:4.

Започна Пол Сколс во последните мигови од првиот дел, со прецозен удар од околу 18 метри. Ветеранот баш на денот на натпреаварот даде изјави дека на крајот од сезоната би можел да го напушти Олд Трафорд, затоа што повеќе не е стандарден во првиот тим и поради тоа не игра добро.

Меѓутоа го постигна погдокот кој може да се смета за одлучувачки, затоа што играчите на Алекс Фергусон по тој погодок постигнаа уште 3 погодоци. Најпрвин Дарон Гибсон со топовски удар од 20-тина метри успеа да го матира Грин, а потоа за 2 минути поентираа Валенсија и Руни.


Прочитај повеќе...

петок, 4 декември 2009

Преглед: Вест Хем - Манчестер Јунајтед:

http://www.rovers.co.uk/javaImages/ae/95/0,,10303~3315118,00.jpg
Сабота, 5 Декември , 16:00
Аптон Парк, Источен Лондон

Вест Хем се среќава со Манчестер Јунајтед на Аптон Парк овој викенд во меч важен за двете страни подеднакво.

Вест Хем лошо ја започна сезоната. Минатата сезона на крајот завршија на деветото место но оваа година тие играат многу лошо и со само 14 освоени бода се наоѓаат на 17 место на табелата.

Вест Хем нема проблем со постигнување на голови сезонава.Тие имаат постигнато 22 гола во последните 11 меча но исто така имаат примено 26 гола.

Младите играчи на Манчестер Јунајтед го победија тимот на Тотенхем со 2 - 0 во рамките од четврт-финалето од Карлинг Купот.

После победата од 3-0 на Челзи врз Арсенал најверјатно Арсенал отпаѓа од битката за тронот и Црвените Ѓаволи остануваат единствените конкуренти на Сината Машина.

Сега разликата помеѓу Челзи и Јунајтед е пет бода но треба да се земе во обзир тоа дека во Јануари, Челзи ќе остане без неколку клучни играчи како Дрогба и Есиен.

Гостите се фаворити но нема да ги отпишеме Вест Хем.

Последни пет натпревари:

Вест Хем:
28 ноември: Вест Хем 5-3 Барнли
21 ноември: Хал 3-3 Вест Хем
08 ноември: Вест Хем 1-2 Евертон
04 ноември: Вест Хем 2-1 Астон Вила
31 октомври: Сандерленд 2-2 Вест Хем

Манчестер Јунајтед:
01 декември: Манчестер Јунајтед 2-0 Тотенхем (Карлинг Куп)
28 ноември: Портсмут 1-4 Манчестер Јунајтед
25 ноември: Манчестер Јунајтед 0-1 Бешикташ (Лига на Шампиони)
21 ноември: Манчестер Јунајтед 3-0 Евертон
08 ноември: Челзи 1-0 Манчестер Јунајтед


Тимски новости:

Вест Хем:
Вест Хем нема да може да смета на Метју Апсон кој е повреден.

Карлтон Кол нема да настапи до Нова Година додека Валон Бехрами се придружа на групата повредени Девенпорт, Луиш Боа Морте и Дин Ештон.

Диаманти не се знае дали биде во првите 11 додека би требало да настапи Дајер кој играше за резервите во понеделникот.

Можен состав: Грин, Спектор, Да Коста, Габидон, Илунга, Колисон, Ковач, Паркер, Станислас, Хименез и Франко.

Манчестер Јунајтед:

Јунајтед се надеваат дека Ван дер Сар ќе се врати на голот откако веќе пропушти три натпревари за својот тим во кој беше заменет од Кушчак.

Повредени и неподготвени за овој натпревар ќе бидат: Харгривс, Фердинанд, Еванс и Ошеи.

Можен состав: Ван дер Сар, Невил, Браун, Видич, Евра, Валенсија, Флечер, Сколс, Гигс, Руни и Бербатов.


Мотивирани играчи:

Вест Хем - Скот Паркер:
Играчот кој игра во одлична форма оваа сезона за Вест Хем. Создава шанси за напаѓачите и помага во одбраната.


Манчестер Јунајтед - Вејн Руни:
Со хет трикот минатото коло најверојатно Руни ќе се бори со Торес, Дрогба и Дефо за златната копачка во Англија сезонава. Тој зад своето име веќе има запишано десето гола па се надева дека ќе додаде уште некој.


Извор 1!

Извор 2!


Прочитај повеќе...

Ферги: Роналдо е мој трансфер на деценијата:

Во 2003. година требаше да дојде Роналдињо. Се се побрка па го земавме Роналдо како замена. Неможевме да одбереме подобар фудбалер, изјави Алекс Фергусон.

http://soccernet-assets.espn.go.com/design05/DJ/20081021/fergieron_MatthewPeters.jpg
Португалскиот 24-годишен напаѓач, кој до летото го носеше дресот на Манчестер Јунајтед а го замени со оној од Реал, Шкотскиот стратег во интервју за клубскиот магазин Inside United го прикажа како свој најдобар трансфер во последната деценија.

„Роналдо беше фантастичен, со еден збор сензационален играч“,
рече Фергусон и додаде:

„Го доведовме во летото 2003. година, во време кога преговаравме со Роналдињо, тогаш тој играше за ПСЖ. Пропуштивме да го донесеме Роналдињо и го доведовме Роналдо. Мислам дека момчето сосема доволно го замени Роналдињо“.


„Зошто Рони не дојде? Договоривме се и одеднаш тој замина во Барселона. Не знам што се случи со Питер Кенион и останатите менаџери при работата. Знам само дека одеднаш пропадна“.

„Роналдо без оглед на се е наша најдобра инвестиција во последните 10 години“.


Прочитај повеќе...

Трансферот на Љајиќ во Манчестер Јунајтед нереализиран поради работна дозвола:


Пред 12 месеци, Адем Љајиќ заедно со Зоран Тошиќ беа презентирани како нови засилувања во Манчестер Јунајтед.

Сепак, англискиот гигант одлучи да го откаже трансферот на Љајиќ, и да не ја искористи опцијата за комплетирање на зделката.

Од Партизан сметаат дека финансиската криза е причината за ваквата одлука на Јунајтед.

Во англиските медиуми се пишуваше дека Јунајтед не биле задоволни од тоа како се развива младиот фудбалер.

Сепак со продажбата на Роналдо се чини дека Манчестер има доволно финансии за трансфери, но Фелан вели дека компликации со работната дозвола се проблемот за не реализација на овој трансфер.

"Трансферот на Адем е откажан поради работната дозвола".

"Ние се обидовме да обезбедиме работна дозвола за фудбалерот, но барањето беше одбиено, не можевме да добиеме работна дозвола до јануари, а тоа беше периодот до кога требаше да донесеме одлука за неговиот трансфер".

"Па одлучивме да не го ангажираме" - изјави асистентот Фелан.


Прочитај повеќе...

Ван дер Сар фит за дуелот со Вест Хем, Фердинанд сеуште надвор од стројот:


О’Шеј сеуште има проблеми отако на репрезентативна должност со Република Ирска заработи удар во ногата, додека пак Еван има промлели со листот на ногата.

Фердинанд, кој нема настап уште од октомври, останаува надвор од стројот и сеуште работи на рехабилитација од повредата на грбот.

“Рио има прогрес со својот третман.” – рече првиот асистентот на Јунајтед, Мајк Фелан, кој го замене Сер Алекс Фергусон на денешната прес-конференција.

“Тој е оптимст колку што може да биде. Немаме поставено датум за негово враќање. Потребно е само да се осигураме дека тој ќе биде на располагање до крајот на сезоната кога ќе се врати на терените.”

“Сеуште имаме проблем со Еванс и О’Шеј. Џони се опоравуа споро по повредата на листот додека пак Џон сеуште има проблем откако заработи удар на ногата и бележи многу поспор напредок отколку што се надевавме.”

“Назад во тимот го имаме Едвин – тој тренираше и е на располагање заедно со другите голмани.”

Фелан проговори и за ситуацијата на Овен Харгривс, кој се опоравува од долгорочна повреда.

“Раоботиме на мек, мек пристап со Овен. Тој е надвор од терените долго време, но се врати во тренинг центарот. Тој пред себе има многу рехабилитациона програма која ќе биде континуиран процес за него.”


Прочитај повеќе...

четврток, 3 декември 2009

Манчестер Јунајтед vs. Манчестер Сити:

http://batchoy.net/wp-content/uploads/2008/11/watch-manchester-city-vs-manchester-united-free-live-video-online-stream.jpg
Играчите на сер Алекс Фергусон победија над Тотенхем со 2:0, додека вчера играчите на Марк Хјуз го демолираа тимот на Арсенал со 3:0.

За "Скај Спортс", менаџерот на "граѓаните", објави дека е задоволен од оваа ждрепка и очекува со нетрпение средбата со Алекс Фергусон. "Ова ќе биде една одлична средба, која ние ќе се обидеме да добиеме. Знам дека нема да биде лесно, но дефинитивно сум убеден дека ќе направиме за да победиме.", рече Хјуз.

Првата средба ќе се одигра на 4 јануари,а реваншот е седум дена подоцна на "Олд Трафорд".

Во второто полуфинале ќе се сретнат Астон Вила и Блекбурн кои беа подобри од Портсмут односно Челзи.


Прочитај повеќе...

Роналдо: Не сакам да играм против Манчестер Јунајтед во ЛШ:


Португалецот изминатово лето го напушти Олд Трафорд за да се пресели во Реал Мадрид во светски рекорден трансфер вреден 80 милиони фунти (94 милиони евра).

Роналдо во 2008 стигна до титулата во Лигата на Шампионите со Јунајтед и тој се надева дека ќе го повтори успехот и со Кралскиот Клуб.

Сепак крилото е свесно дека неговиот поранешен клуб е голема закана за амбициите на Мадрид да стигнат до титулата и се надева дека наскоро нема да треба да се врати во Англија.

“Не сакам да играм против Манчестер Јунајтед.” – рече Роналдо.

“Тоа ќе биде чудно чувство доколку играм против нив. Господинот (Алекс) Фергусон ми помогна многу во кариерата.”

“Бев таму шест години и тој ме научи на многу работи.”

“Го задржав истиот однос со него. Тој е мој добар пријател. Сеуште ги имам истите пријатели. Разговарам со Вејн Руни, Немања Видиќ, Рио Фердинанд, Нани, Патрик Евра, Андерсон.”

Роналдо потоа додаде: “Доколку моите нозе ми дозволуваат да играм до мојата 40та година, сакам да играм.”

“Сакам да бидам на првата страна на историјата, на исто ниво со Диего Марадона и Пеле.”


Прочитај повеќе...

Манчестер Јунајтед се откажа од Адем Љајиќ:


Манчестер Јунајтед одлучи да не ја искористи можноста да го купи Адам Љајиќ.

18-годишниот фудбалер беше промовиран како голем талент, се очекуваше да потпише и перманентен договор со Јунајтед.

Сепак, од англискиот гигант не се задоволни како се развива српскиот фудбалер и одлучиле да не ја искористат можноста да го купат.

"Имавме опција да го купиме фудбалерот, го следевме неговиот напредок во изминатите 12 месеци, и одлучивме да не го реализираме трансферот" - изјави портпаролот на Јунајтед за официјалниот сајт на клубот.


Прочитај повеќе...

среда, 2 декември 2009

Агентот на Мануел Ноер вели дека Јунајтед е заинтересиран за неговиот клиент:


Црвените Ѓаволи продолжуваат да бидат поврзувани со ангажман на нов голман како долгорочна замена за Едвин ван дер Сар.

Се очекува овој месец Холанѓанецот да донесе одлука дали ќе се пензионира по крајот на сезоната или пак ќе продолжи уште една година.

Сер Алекс Фергусон претходно сугерираше дека Томаш Кушчак и Бен Фостер ќе добијат шанса да се борат за голманската позиција.

Но се почести се шпекулациите кои говорат дека Ферги разгледува потенцијални нови цели, со голманот на ЦСКА Москва Игор Акинфеев како една од целите.

Мануел Ноер исто така се поврзува со преселба на Олд Трафорд откако изминатово лето исто така беше на мета на Баерн Минхен.

23 годишниот чувар на мрежата на Шалке во октомври призна дека е среќен да остане во Гелзенкирхен но додаде дека поради финансиски проблеми на клубот од Бундеслигата можно е да прифати заминување.

Ноер е проценет на околу 13 милиони евра и неговиот агент Томас Крот вели дека Јунајтед е заинтересиран за голманот на Шалке.

“Знаеме дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран за Ноер.” – Крот рече за Sport Bild.

“Мануел исто така сака да настапува во тим кој е на подобро интернацинално ниво.”


Прочитај повеќе...