петок, 18 јуни 2010

Хавиер Хернандез го постигна клучниот погодок за Мексико во дуелот со Франција предводена од Патрис Евра:


Мексико ја победи Франција! Тежок удар за Галските Петли, фаворитот пред елиминација од Светското првенство! Вива Мексико! Одлична партија на Мексиканците, повеќе од заслужена победа над Франција!

Нова бламажа на Галските Петли на чело со Рајмонд Доменек, Франција одигра уште еден очаен натпревар и е речиси елиминирана од Светското првенство.

Мексико и Уругвај можат да одиграат мирољубиво реми во последното коло од групната фаза и заедно да се пласираат во 1/8 финалето.

Франција има страшен играчки фонд, но катастрофално лош селектор, Рајмонд Доменек иако уште одамна ги потроши сите кредити, остана предовник на репрезентацијата, тоа се покажа како смртоносен потег за Триколорите.

Мексико ги заслужува сите пофалби, покажаа како со срце и желба се бранат боите на својата земја.

Франција немаше ниту една чиста шанса на натпреварот, нешто слично како и на дуелот против Уругвај.

Мексико беше многу поконкретен во текот на целиот натпревар, но потфрли во реализацијата во првото полувреме.

Сепак замените кои ги направи Хавиер Агуире го решија натпреварот, Барера, Хернандез и Бланко се покажаа како вистнски потег.

Во 64та минута неуспешна офсајд замка на Франција, Хернандез излезе сам пред Хуго Лорис, новото засилување на Јунајтед лесно го помина противничкиот голман и постигна гол за водство од 1-0 и голема радост за Мексико.

15 минути подоцна Барера беше соборен во шеснаесетникот на Франција од страна на Абидал, судијата оправдано досуди пенал за Мексико.

Искусниот Бланко беше реализатор на ударот од белата точка за водство на Мексико од 2-0 и крај на сите надежи за Франција.

Се чини полека завшрува уште една хорор епизода за францускиот фудбал, Мексико слави!

Франција: Лорис, Сања, Гала, Абидал, Евра, Тулалан, Диаби, Гову (Валбуена), Рибери, Малуда, Анелка (Жињак)

Мексико: Перез, Салсидо, Родригез, Морено, Осорио, Хуарез (Хернандез), Маркез, Торадо, Вела (Барера), Дос Сантос, Франко (Бланко)


0 коментари: