недела, 31 јануари 2010

Арсенал 1 - 3 Манчестер Јунајтед:


Голема победа за Манчестер Јунајтед на гостувањето кај Арсенал, Црвените Ѓаволи победија со 3-1.

Арсенал не успеа да ја искористи предноста на домашен терен, Топџиите влегоа со големи мотиви во овој дуел, но со наведнати глави го напуштија Емирати.

Тимот на Венгер добро го започна натрпеварот, Арсенал имаше иницијатива и неколку можности на Аршавин кој наместо да проигра себично и непрецизно ги завршуваше акциите.

Казната дојде во 33та минута, центаршут на Нани, Алмунија си ја внесе топката во сопствената мрежа за водство на Манчестер Јунајтед од 1-0.

Арсенал тргна уште поофанзивно, тоа го искористи Манчестер Јунајтед и во 37та минута по една брза контра Руни реализираше за 2-0.

Слично започна и вториот дел, Арсенал се обидуваше да се врати во натпреварот, нова контра на Манчестер Јунајтед во 52та минута за водство и од 3-0.

До крајот на натпреварот Арсенал успеа само да постигне почесен гол преку Вермален во 80та минута.

Арсенал и во следното коло ќе има тешка задача, игра против Челзи на Стемфорд Бриџ.









Прочитај повеќе...

сабота, 30 јануари 2010

Нани: Фергусон беше клучот за враќање на мојата форма:


Нани му се заблагодарува на Фергусон за подршката која му помогна да си ја врати својат форма.

Неверојатен пресврт Нани во последните натпревари се најде во првиот тим на Јунајтед.

Нани беше поврзуван со заминување во јануарскиот транфер период но тој останува во клубот после одличните прикажани игри.

"Натпревар по натпревар менаџерот покажаува се поголема доверба во мене која многу ми помага." - изјави Нани за The Sun

"Јунајтед не е најлесното место за да се врати ш после повреда и да бидеш повторно во првиот тим бидејќи има голем состав со многу добри играчи."

"Повредите наштетија на моите перфоманси и не беше најлесно."

"Но Сер Алекс Фергусон беше искрен кон мене. Зборувавме и ми кажа што очекува од мене."

"Се сменив и Фергусон ми влева голема самодоверба за да продолжам да напредувам."

Нани вели дека луѓето што очекуваат тој да биде новиот Кристијано Роналдо не се реални.

"Како што реков претходно, јас сум Нани не сум Кристијано Роналдо. Не сакам да ме споредувате со некој друг."

"мојата иднина лежи во Манчестер Јунајтед. Многу медиуми ме поврзуваа со други клубови но остаувам во Јунајтед да совојам повеќе трофеи."

"Знам што очекува тренерот од мене и секогаш се трудам да го постигнам тоа."

Извор!


Прочитај повеќе...

Преглед: Арсенал - Манчестер Јунајтед:


31 Јануари, 2009, 17:00
Емирати Стадион, Лондон


Конечно и големото дерби на Англија. Арсенал а од другата страна шампионот на Англија Манчестер Јунајтед. Се понеизвесни стануваат натпреварите помеѓу Јунајтед и Арсенал.
Борбата за титулата во Премиер Лигата оваа сезона е потешка од минатата и не им одговара ни на Топџиите ни на Црвените Ѓаволи загубен меч во овој момент бидејќи Челзи најверојатно би го искористил тоа бидејќи игра ден претходно на гостински терен против Барнли.

Манчестер Јунајтед се привикна да игра без Кристијано Роналдо и тие свртеа нова страница додека Венгер сеуште го уигрува тимот без повредениот Робин ван Перси.

Ниеден играч на Јунајтед не помогна колку Вејн Руни со неговите четири гола против Хал и победоносниот гол за Јунајтед во полуфиналето против градскиот ривал Сити.

Колку што е важен Руни за Манчестер Јунајтед толку е и Цеск Фабрегас машината на Арсенал.

Најверојатно или Димитар Бербатов или Мајкл Овен ќе му прави друштво на Руни во нападот.

Откако Антонио Валенсија одмараше во текот на неделата и беше заменет од Нани ќе се врати вп првиот тим додека Нани најверојатно ќе се најде на левата крилна позиција бидејќи Гигс нема сила за нови цели 90 минути.

Во одбраната ќе се врати Немања Видич додека Рио Фердинанд ќе го пропушти поради казна доделена од Фа според која не смее да настапи на следните 4 натпревари. Во одбраната друштво ќе му прават Еванс, Рафаел и Евра.

Кај Арсенал најверојатно мечот ќе го пропушти Вермален поради повреда и ќе биде заменет од ветеранот Сол Кембел.

Мечот истотака ќе го пропуштат и Диаби и Едуардо поради повреди додека Никлас Бентнер ќе го замени хрватот и Насри е подготвен за настап.

Ебуе и Александре Сонг се вратија од Купот на нации и се подготвени за настап.

Арсенал - Цеск Фабрегас:
Машината на Арсенал која игра во одлична форма и Арсенал не е ист без него. Мета на голем број екипи ширум Европа како Реал Мадрид, Барселона, Милан и многу други. Топџиите веруваат дека тој е клучот за успех во Премиер Лигата




Манчестер Јунајтед - Вејн Руни:
Игра во животна форма постигнува голови во сите натпреварувања и моментално е најдобар стрелец во Премиер Лигата со 19 постигнати голови од 23 меча.
Црвените Ѓаволи веруваат во него и се надеваат дека ќе го победат Арсенал.

Можни состави:
Арсенал: Алмуниа, Сања, Галас, Кембел, Клиши, Сонг, Денилсон, Фабрегас, Росицки, Аршавин и Бентнер.

Манчестер Јунајтед: Ван дер Сар, Евра, Видич, Еванс, Рафаел, Нани, Керик, Флечер, Валенсиија, Руни и Бербатов.


Прочитај повеќе...

петок, 29 јануари 2010

Видиќ се враќа во составот на Јунајтед за дуелот со Арсенал:


Видиќ ги пропушти последните шест натпревари за Црвените Ѓаволи откако се мачеше со проблеми со нервот на десната нога.

Но српскиот интернационалец сега е опоравен и најверојатно ќе го завземе местото на Рио Фердинанд во стартниот состав за дуелот со Арсенал.

Манчестер Јунајтед во недела гостува на Емирати во натпревар кој Алекс Фергусон го опиша како ’најголемиот дуел во сезоната’.

“Сите што настапија во средата немаат никакви проблеми.” – рече Фергусон. “Тоа се добри вести.”

“Очигледно е дека ќе ни недостасува Рио поради суспензијата, но покрај тоа, сите останати се фит.”

“Овој натпревар, во мојата глава изгледа како решавачки за тоа како ќе се развива шампионатот, е најголемиот натпревар во сезоната за нас.”

“Со Арсенал во една конзистентна форма, зачудувачки е како ова првенство се промени.”

“Се чини дека тимот кој ќе биде најконзистентен ќе ја освои титулата.”


Прочитај повеќе...

четврток, 28 јануари 2010

Манчестер Јунајтед 3 - 1 Манчестер Сити:


Манчестер Јунајтед е вториот финалист во Карлинг Купот откако вечерва го победи градскиот ривал Сити со 3-1 и со вкупни 4-3 оди на Вембли.

Манчестер Сити нема среќа против градскиот ривал оваа сезона, Ѓраѓаните и овој пат во последната минута ја почуствуваа горчината на поразот.

Првото полувреме заврши без голови, сите значајни моменти се случија во вториот дел од натпреварот.

Во 52та минута Пол Сколс постигнува гол за водство на Манчестер Јунајтед од 1-0.

Двесетина минути подоцна Карик постигнува гол за голема радост на Олд Трафорд и водство на домаќините од 2-0.

Во 76та минута Тевез со прекрасен погодок го враќа Сити, намалува на 2-1 и го израмнува вкупниот резултат.

Изминаа регуларните 90 минути се очекуваше дека ќе се играат и продолженија.

Но во 92та минута Вејн Руни со глава постигнува гол за победа на Јунајтед од 3-1 и пласман во финалето на Карлинг Купот.

Манчестер Сити не успеа да се пласира во посакуваното финале, Тевез не успеа комплетно да му се одмазди на својот поранешен клуб.

Манчестер Јунајтед против Астон Вила ќе игра во финалето од Карлинг Купот.



Прочитај повеќе...

Тошич на позајмица во Келн:


Зоран Тошиќ по доаѓањето од Партизан не успеа да се наметне кај Сер Алекс Фергусон но успеа да остане член на Црвените Ѓаволи за разлика од неговиот сонародник Адем Љаијќ чии трансфер беше откажан.

Тошиќ има одиграно само 22 минути за Јунајтед и тоа во два натпревари во Карлинг Купот каде што влезе како замена.

Српскиот фудбалер ќе ја доигра оваа сезона во дресот на Келн но тој се надева дека ќе се врати на Олд Трафорд.

"Не верувам дека сум го кажал последниот збор во Манчестер Јунајтед".

"Се надевам дека моите игри во Келн ќе бидат повратен билет за Олд Трафорд" - изјави Тошиќ.


Прочитај повеќе...

среда, 27 јануари 2010

Фергусон: Руни останува во Јунајтед:


Во последните недели константно се појавуваа шпекулации кои велеа дека Реал Мадрид и Барселона се подготвени по крајот на сезоната да достават мега понуди за ѕвездата на Јунајтед.

Самиот Руни на почетокот од оваа недела ги отфрли шпекулациите велејќи дека е среќен на Олд Трафорд.

Фергусон веува во останувањето на англискиот интернационалец и вели дека никогаш не стравувал од можно заминување на Руни.

“Вејн самиот ја потврди верноста кон клубот но ние го знаевме тоа. Тој не сака да замине од тука.” – рече Ферги.

“Сигурни сме од каде потекнуваат ове шпекулации. Тоа не е неговиот агент ниту пак самиот Вејн.”

“Но ќе се справиме со тоа.”


Прочитај повеќе...

Агентот на Де Геа го потврди интересот на Виган и Јунајтед:


Де Геа потекнува од младинсата школа на Атлетико Мадрид и минатата недела беше стартер поради слабата форма на Серхио Асенхо.

Медиумите од Островото шпекулираат дека 19 годишниот Де Геа е еден од можните наследници на Едвид ван дер Сар и агентот на голманот го потврди интересот на Црвените Ѓаволи.

“Неколку екипи од Премиер Лигата ме прашуваа за Де Геа.” – рече Ектор Ринкон. ”Особено Виган, кој достави официјална понуда која беше одбиена од Атлетико.“

“Роберто Мартинез мисли дека Де Геа е подготвен за Премиер Лигата но Атлетико инсистира дека сака Де Геа да остане на Калдерон.”

“Манчестер Јунајтед исто така е заинтересиран. Не разговарав со Фергусон но претставници на Јунајтед го потврдија интересот за Де Геал.”

Но и покрај ваквиотинтерес Де Геа очигледно нема желба да го напушти Атлетико Мадрид.

“Тој само сака да игра за Атлетико, тој се бореше за ова цел живот и сега кога го доби тоа не размислува за заминување.”


Прочитај повеќе...

Официјално: Крис Смалјлинг нов играч на Јунајтед:


Манчестер Јунајтед ја доби битката за високо ценетиот централен дефанзивец на Фулам, Крис Смајлинг.

Како што објавивме утрово, медиумите од Англија открија дека Фулам ја прифатил понудата на Манчестер Јунајтед за Самјлинг, кој беше цел и на Арсен Венгер но Топџиите имаа финансиски поинфериорна понуда.

Арсен Венгер се надеваше дека неговото педигре да развива мали таленти ќе им овозможи на Арсенал да го придобијат Смајлинг но дефанзивецот реши да ја прифати понудата на Манчестер Јунајтед.

Потпаролот на клубот за официјалната веб страна на Јунајтед рече: “Манчестер Јунајтед постигна договор за трансферот на Крис Смајлинг од Фулам.”

“Крис ги договори личните услови со клубот и ќе ни се придружи на почетокот од сезоната 2010/11.”

“Тој ќе остане во Фулам до крајот на сезоната.”

Црвените Ѓаволи не ги објавија финансиските детали од зделката ниту пак колкава е должината на договорот на Смајлинг.

Вредноста на Англискиот интернационалец до 21 година се проценуваше на околу 7 милиони фунти и се шпекулира дека токму толку платил Јунајтед.


Прочитај повеќе...

понеделник, 25 јануари 2010

Дени Велбек заминува на позјмица во Престон:



Сер Алекс Фергусон е подготвен да му направи голема услуга на неговиот син Дарен со позајмувањето на деветнаесетгодишниот млад напаѓач Дени Велбек.

19 годишниот Велбек има само еден старт за Манчестер Јунајтед оваа година во Премиер Лигата.

Ферги му гарантирал на својот син дека Велбек ќе остане на позајмица до крајот на сезоната.

Велбек ќе ги следи стапките на Дејвид Бекам кој замина на позајмица во Престон во 1996.

Извор!


Прочитај повеќе...

недела, 24 јануари 2010

Јунајтед ќе го направи Руни најплатен фудбалер на Олд Трафорд:


Се шпекулира дека англискиот интернационалец е мета на двата гиганта од Шпанија, кои се подготвени да потрошат големо богатство за ангажман на Вејн Руни.

Вчера во медиумите од Англија се појавија шпекулации кои велеа дека Кралевите веќе го ангажирале супер-агентот Пини Захави и креирале трансфер пакет вреден 100 милиони фунти за ангажман на Руни.

Јунајтед и Руни се во преговори за продолжување на договорот на напаѓачто но се верува дека поради финансиските проблеми на тимот од Олд Трафорд, Црвените Ѓаволи не се во можност да му излезат во пресрет на барањата на Руни.

Но според Sunday Express сопствениците на Јунајтед сепак ќе го одврзат кесето и ќе му ја покачат неделната плата на Руни од сегашните 100 000 фунти на 140 000 фунти.

Со тоа поранешниот играч на Евертон ќе добие покачување на платата од 2 милиони фунти на годишно ниво и во иднина ќе заработува околу 7,3 милиони.

Сер Алекс Фергусон и управата на клубот се свесни дека мораат да го направат Руни најплатен фудбалер со цел да одтргнат интересот на Реал Мадрид и Барселона и да го задржат напаѓачот на Олд Трафорд.


Прочитај повеќе...

сабота, 23 јануари 2010

Манчестер Јунајтед 4 -0 Хал:


Црвените Ѓаволи се новиот лидер на табелата во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед со 4-0 го победи Хал и се искачи на врвот.

Вејн Руни му ја донесе победата на својот тим, напаѓачот ги постигна сите четири голови за Манчестер Јунајтед.

Руни својата одлична серија ја започна по само осум минути игра кога го постигна својот прв гол на натпреварот за водство на Јунајтед од 1-0.

Долго време резултатот не се промени, а Хал имаше можности и да го израмни резултатот.

Сепак во 83та минута Руни го постигнува својот втор гол за водство на Јунајтед од 2-0.

Три минути подоцна натпреварот беше решен, хет-трик на Руни за водство од 3-0.

Во последните моменти од натпреварот Вејн Руни ја запечати победата со својот четврти гол за конечни 4-0.

Со овие три бода Манчестер Јунајтед се најде на првото место во Премиер лигата, но има еден натпревар повеќе од Арсенал и два повеќе од Челзи.




Прочитај повеќе...

Јунајтед со нов спонзор:

Актуелниот шампион на Англија, Манчестер Јунајтед потпиша тригодишен договор со турската национална авиокомпанија, Туркиш Ерлајнс.

Компанијата за само неколку дена успеа да потпише договор за спонзорирање со два великани на европскиот фудбал откако пред неколку дена договори соработка и со Барселона.

Иако се уште не се објавуваат детали, медиумите во Англија шпекулираат дека Манчестер Јунајтед ќе ја добие истата сума што е договорена со Барселона, а тоа е три милиони евра годишно.


Прочитај повеќе...

петок, 22 јануари 2010

Рио Фердинанд подготвен за натпреварот со Хал:




Сер Алекс Фергусон потврди дека Рио Фердинанд ќе се врати на натпреварот со Хал на Олд Трафорд.

30 годишниот дефанзивец нема настапено од мечот со Ливерпул на 25 Октомври.

После долгата рехабилитација дефанзивецот поранешен играч на Вест Хем ќе настапи на натпреварот со Хал.

Фергусон изјави: "Рио тренираше со нас во последните неколку недели. Тој ќе игра утре(сабота)."

Извор!


Прочитај повеќе...

Џон О'Шеј го пропушта остатокот од сезоната:

http://m.gmgrd.co.uk/res/536.$plit/C_71_article_1043964_image_list_image_list_item_0_image.jpg
Сестраниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Џон О'Шеј, кој најчесто игра на позицијата одбранбен фудбалер, оваа сезона повеќе нема да игра.

Ваквата информација доаѓа откако дојде го влошување на повредата која ја заработи на средината од ноември минатата година играјќи за репрезентацијата.

„Тој моментално има многу тешка повреда. Проблемот е во тоа што дојде до своевиден тромб, а кога ситуацијата ќе дојде до тој степен, добивате калцификација, која многу споро се лечи.“
- изјави менаџерот на Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон.

Оваа вест е големо разочарување заp О'Шеј, кој минатата сезона го зацврсти своето место во првиот тим на Јунајтед одигрувајќи дури 54 натпревари.


Прочитај повеќе...

Фергусон најдобар стратег во последните 15 години според IFFHS:


Земајќи ги во предвид резултатите од гласањето за најдобриот клубски тренер и најдобар селектор од 1996 па наваму, IFFHS соопшти дека Сер Алекс Фергусон од Манчестер Јунајтед е најдобар стратег во последните 15 години.

Шкотот доби 87 бода (10 бода се дава за освојување на прво место во годината, 9 за второ итн.) и зад себе го остави својот ривал од Премиер Лигата, Арсен Венгер кој со 58 бода се најде на делба на второто место со Марчело Липи.

На четвртото место се најде Гус Хидинк со 51 бод додека пак на топ петорката ја заокружува Жозе Мурињо со 48 бода.

Во периодот од 1996 година па наваму, Сер Алекс Фергусон освои девет титули во Премиер Лигата, два Лигата на Шампионите, три трофеи од ФА Купот, еден Интернационален Куп и едно трофеј од Светското Клубско Натпреварување како и седум награди за најдобар тренер во Премиер Лигата.

Најдобрите 10тмина според IFFHS:

1 Алекс Фергусон (Шкотска) – 87 бода
2 Арсен Венгер (Франција) – 58
Марчело Липи (Италија) – 58
4 Гус Хидинк (Холандија) – 51
5 Жозе Мурињо (Португалија) - 48
6 Отмар Хитцвел (Германија) - 43
7 Марсело Биелса (Аргентина) – 41
Свен Горан Ериксон (Шведска ) – 41
9 Луис Фелипе Сколари (Бразил) – 38
10 Франк Рајкард (Холандија) - 34


Прочитај повеќе...

среда, 20 јануари 2010

Иван Ховланд на втор пробен период во Јунајтед:


Манчестер Јунајтед го повика младиот Норвежанец Иван Ховланд на втор пробен период раковедејќи според неговиот матичен клуб Сонгдал.

20 годишниот дефанзивец го импресионираше Сер Алекс Фергусон за време на првиот двонеделен пробен период во Декември и е подготвен да ги помине медициснките тестови и да тренира со Јунајтед.

Директорот на Сонгдал изјави за норвешки NRK: "На Иван му беше понуден пробен период од неколку дена."

"Се разбира ние му дозволуваме да замине. Но ние сеуште не сме примиле серзиона понуда за негов трансфер."

Извор!


Прочитај повеќе...

Манчестер Сити 2 - 1 Манчестер Јунајтед:



Во исклучително борбен натпревар Манчестер Сити го победи Јунајтед со 2-1 во првото полуфинале од Карлинг Купот.

Сити и Јунајтед одиграа израмнето градско дерби кое се одликуваше со многу жар, емоции и борбеност.

Карлос Тевез беше во центарот на вниманието успевајќи со два гола да му донесе победа на својот тим и уште еднаш да му докаже на Фергусон дека згреши што не го задржа на Олд Трафорд.

Црвените Ѓаволи поведоа но на крајот разочарани го напуштија Градскиот стадион во Манчестер.

Резултатот беше отворен по 17 минути игра кога Рајан Гигс постигна гол за водство на Јунајтед од 1-0.

Во 42та минута пенал за Сити, Рафаел го фаулираше Белами, судијата покажа на белата точка.

Сигурен реализатор на најстрогата казна беше Карлос Тевез за израмнување на резултатот на 1-1.

По 20 минути игра во второро полувреме нов погодок за Карлос Тевез, овој пат со глава, комплетен пресврт и водство на Сити од 2-1.

До крајот на натпреварот Манчестер Јунајтед со сите сили нападна кон голот на Шеј Гивен, но тој и неговите соиграчи не дозволија да се тресе домашната мрежа.

Сити се радуваше на победата, Јунајтед се надева дека во реванш натпреварот ќе ја анулира предноста на градскиот ривал и ќе обезбеди место во финалето на Вембли.


Прочитај повеќе...

понеделник, 18 јануари 2010

Преглед: Манчестер Сити - Манчестер Јунајтед:


Вторник, 19 Јануари, 21:00
Истлендс, Манчестер



Манчестер Сити го пречекува Манчестер Јунајтед во вторник во Истлендс во првиот полуфинален натпревар од Карлинг Купот.

Мечот во вторник ќе биде 153 помеѓу градските ривали. Последниот меч го доби Јунајтед со победа од 4 - 3 на Олд Трафорд.

Ова иако е натпревар од Карлинг Купот ни на Јунајтед ни на Сити нема да му биде мило да загуби.

Менаџерот на Јунајтед Сер Алекс Фергусон вели дека кога веќе сте во полуфиналето саката да бидете дел и од финалето.

Последни пет натпревари:
Манчестер Сити:
16 јануари: Евертон 2-0 Манчестер Сити [Премиер Лига]
11 јануари: Манчестер Сити 4-1 Блекбурн [Премиер Лига)
02 Јануари: Мидлзброу 0-1 Манчестер Сити [ФА Куп]
28 декември: волци 0-3 Манчестер Сити [Премиер Лига]
26 декември: Манчестер Сити 2-0 Стоук Сити [Премиер Лига]

Манчестер Јунајтед:
16 јануари: Манчестер Јунајтед 3-0 Барнли [Премиер Лига]
9 јануари: Бирмингем 1-1 Манчестер Јунајтед [Премиер Лига]
03 јануари: Манчестер Јунајтед 0-1 Лидс Јунајтед [ФА Куп]
30 декември: Манчестер Јунајтед 5-0 Виган [Премиер Лига]
27 декември: Хал 1-3 Манчестер Јунајтед [Премиер Лига]

Тимски новости:
Манчестер Сити:
Роберто Манчини ќе биде без осум првотимци за мечот со Јунајтед.

При поразот од 2-0 од Евертон се повреди Роке Санта Круз кој ќе биде надвор од терените еден месец додека исто така и Патрик Виеира ќе го пропушти натпреварот со Јунајтед поради повреда.

Дефанзивците Вејн Бриџ, Џолеон Лескот и Недум Онуоха ќе го пропуштат дербито исто така ќе им се прдружи и Мајк Џонсон додека Стивен Ајрланд можно е да се најде на клупата за резервни играчи.

Тогоанскиот напаѓач Емануел Адебајор нема да може да настапи поради инцидентот во кој беше нападнат Тогоанскиот автобус.

Можен состав: Гивен, Ричардс, Забалета, Гаридо, Компани, Петров, Де Јонг, Бери, Белами, Бенџани и Тевез.

Манчестер Јунајтед:
Сер Алекс Фергусон може да биде без седум првотимци за дуелот со Сити во кој е последен Димитар Бербатов.

Напаѓачот сеуште ја влече повредата на коленото и повтоно почувствувал болки после натпреварот со Барнли и нема да може да настапи на дуелот со Сити.

Јунајтед исто так ќе биде без Бен Фостер, Џон Ошеа и Овен Харгривс.

Дуото од одбраната можеби ќе настапи за Јунајтед Немања Видич и Рио Фердинанд но можеби би било прерано за англискиот репрезентативец да се врати на овој натпревар.

Можен состав: Кушчак, Евра, Видич, Еванс, Невил, Нани, Гибсон, Андерсон, Валенсија, Руни и Диуф.

Мотивирани играчи:
Манчестер Сити - Карлос Тевез:
Поранешниот играч на Јунајтед Карлос Тевез се надева дека ќе докаже дека е вреден после изјавата на Сер Алекс Фергусон дека не бил прв избор кај него.

Тевез постигна 12 гола во 20 натпревара во Премиер Лигата за Сити оваа сезона и 3 гола во 4 настапи сезонава во Карлинг Купот. Последениот пат кога играше на Истлендс постигна хет трик и ќе биде вистинска закана за гостинската одбрана.

Тевез изјави дека неговите соиграчи ќе гледаат да се одмаздаат за триумфот на Јунајтед на Олд Трафорд со 4-3.

Манчестер Јунајтед - Вејн Руни:
Во сезона во која не се прикажа во најдобро светло Јунајтед досега Руни игра одлично и постигнува голови за неговиот тим.

Руни сеуште нема настап во Карлинг Купот и најверојатно Ферги ќе му пружи шанса поради тежината и големината на мечот.

Извор!


Прочитај повеќе...

Рио Фердинанд и Немања Видич подготвени за мечот со Манчестер Сити:



Раководејќи се според Daily Star Манчестер Јунајтед е спремен во тимот да ги врати Немања Видич и Рио Фердинанд за првиот натпревар од Карлинг Купот против Манчестер Сити. Тие се подготвени за настап на дербито.

Фердинанд нема настапено за Јунајтед веќе 3 месеци додека Немања Видич се повреди на загревањето за натпреварот со Лидс од ФА Купот.

Во почетокот Мајкл Керик и Дарен Флечер ги менуваа повредените дефанзивци на Ферги но потоа се вратија Браун и Еванс.

Се верува дека Фергусон ќе ги врати во тимот дефанзивците поради големината на дербито со Сити и нивната желба за победа.

Извор!


Прочитај повеќе...

недела, 17 јануари 2010

Манчестер Јунајтед 3 - 0 Барнли:


Екипата на Манчестер пак во северна Англија со скромни 3-0 го совлада Барнли и продолжи да му диши во врат на лидерот.

Погодоците на натпреварот паднаа во вториот дел откако првите 45. минути поминаа во инициатива на домаќините но сепак без конкретни прилики за погодок.

Бугарскиот репрезентативец Димитри Бербатов го отвори резултатот со погодок во 64. минута за да Руни пет минути подоцна зголеми на 2-0 а во последните моменти Диуф ги постави конечните 3-0.




Прочитај повеќе...

петок, 15 јануари 2010

Преглед: Манчестер Јунајтед - Барнли:



Новиот менаџер на Барнли Брајан Лоу не можеше да посака потежок старт на неговата тренерска кариера во Барнли. Неговиот прв натпревар е против англискиот шампион Манчестер Јунајтед.

Барнли изненадија многу луѓе со назначувањето на Брајан Лоу како нов менаџер на нивниот клуб бидејќи тој доби отказ во Чемпионшип Лигата од Шефилд но се надеваат дека добро ќе раководи со тимот кој претходно беше преводен од Овен Којл.

Барнли може да се пофали оваа сезона со победа над големиот англиски шампион Манчестер Јунајтед на домашен терен со 1-0 на почетокот на август.

Барнли не успеа да победи ни на еден гостински натпревар сезонава во Премиер Лигата и има постигната само осум гола а примено дури 29.

Црвените Ѓаволи не одиграа најдобро против Бирмингам во минатото коло кое имаше само два натпревара. Тие одиграа 1-1 и го израдуваа Челзи повеќе отколку Сер Алекс Фергусон.

Иако не прикажаа перфектна игра Јунајтед ги има ист број на поени од минатата сезона.Ферги знае дека не смее да киксне неговиот тим против Барнли и ќе оди на трите бода.

Јунајтед одлета за Катар оваа недела и таму тренираше се до четвртокот на топло време.

Тимски новости:
Манчестер Јунајтед:

Дарен Флечер ќе го пропушти натпреварот поради црвен картон од натпреварот со Бирмингам.

Рио Фердинанд тренираше со првиот тим на Ѓаволите во Катар но не се очекува да настапи против Барнли.

Овен Харгривс истотака патуваше за Катар и импресионираше и ќе биде подготвен за рзо време.

Дефазивецот Немања Видич се повреди на загревањето со Лидс Јунајтед и е поблиску до враќање на терените додека Нани, Бен Фостер и Федерико Македа конечно можат да му бидат на располагање на Фергусон.

Димитар Бербатов требаше да оди на операција но Фергусон изјави дека нема да биде потребна операција.

Поранешниот играч на Тотенхем сепак нема да биде фрлен во оган толку брзо и најверојатно ќе биде заменет од Мајкл Овен или Маме бирам Диуф.

Ван дер Сар исто така тренираше в Холандија и е подготвен за враќање на терените.

Можен состав: Ван дер Сар, Евра, Еванс, Браун, Рафаел, Парк, Керик, Андерсон, Парк, Руни и Овен.

Барнли:
Дефанзивецот и капитенот Стивен Колдвел ќе го пропушти натпреварит поради повреда додека исто така нема да фигурира и Родригез.

Мартин Патерсон кој нема настап од септември може да се најде на клупата за резерви.

Камерунскиот интернационалец Бајки нема да биде во можност да настапи за Барнли до крајот на јануари поради Африканскиот куп на нации.

Можен состав: Јенсен, Миарс, Даф, Карлсли, Џордан, Иглс, Александр, Елиот, Гудјонсон, Флечер и Наџент

Моја прогноза:
Мислам дека Барнли ќе биде првиот на листата за одмазда на Јунајтед. Претрпевме ненадеен пораз на почетокот на Август. Нани, Фостер и Македа се спремни повторно за настап. Додека Видич, Фердинад и Харгривс се блиску до враќање.

Извор!


Прочитај повеќе...

Одлични вести за Сер Алекс Фергусон:



Јунајтед ќе може за брзо време да смета на Рио Фердинанд и Едвин Ван дер Сар откако двајцата започнаа да тренираат со Црвените Ѓаволи оваа недела.

Рио Фердинанд отпатува со тимот во Катар на подготовки, додека Едвин Ван дер Сар се врати од Холандија поради здравствената критичната здравствена состојба на својата сопруга.

Сер Алекс не даде до знаење дали ќе може да смета на двајцата играчи за дуелот со Барнли во сабота на Олд Трафорд но додаде дека Фердинанд "најверојатно нема да настапи". Тој изјави: "Искуството на Ван дер Сар ќе му помогне на тимот".

Сеуште има добри вести за Јунајтед оваа недела Димитар Бербатов најверојатно го надмина проблемот со коленото кој го имаше. Бугаринот тренираше во Катар секој ден и изјави дека не чуствува никава болка во коленото и нема да биде потребна додадна операција која беше препорачана од специјалист.

Овен Харгривс исто така се доближува до враќањето на терените после тренинзите во Катар со целиот тим и Сер Алекс вели дека тој може да ја види "светлината на крајот од тунелот". Харгривс нема настапено за Јунајтед од Септември 2008.

Извор!


Прочитај повеќе...

вторник, 12 јануари 2010

Ван дер Сар се врати на тренинг:


Едвин Ван дер Сар се врати на тренинзите на Манчестер Јунајтед откако оправдано замина.

Неговата сопруга преживеа срцев удар и колабираше во Декември и голманот се врати на тренинг оваа недела.

Медицинските тестови покажаа дека неговата сопруга и тој отпатува во зимскиот тренинг камп на Манчестер Јунајтед поточно во Катар.

Повредата која ја имаше Ван дер Сар не му овозможи да настапи на многу дуели и последен дуел за него е победата над Евертон со 3-0 на 21 Ноември.


Прочитај повеќе...

Фергусон ги одведе своите избраници во Катар:

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон го однесе тимот во Катар, поточно во градот Доха.





Шампионот на Англија ќе се подготвува на терените во Катар до четврток.

Веројатна причина за ваквата одлука на Фергусон се ниските температури во Англија, кои го одложија речиси целото коло овој викенд.

Манчестер Јунатјед сепак го одигра дуелот против Бирмингем, кој заврши со 1:1: Следниот натпревар на Јунајтед во Премиерлигата е против Барнли во сабота.


Прочитај повеќе...

Манчестер Јунајтед ја заврши годината со одличен профит:

Летната продажна на Кристијано Роналдо во Реал за сума од 80 милиони фунти резултираше со позитивна финансиска година за Манчестер Јунајтед кој пријави профит од 48.2 милиони фунти.





Голема промена е тоа во однос на минатата година кога шампионите на Англија ја завршија годината од 21.4 милиони фунти. Продажбата на Роналдо им овозможи најголем дел од отплатата 41.9 милиони фунти кредитни долгови во периодот од истата година.

Задолженоста на клубот изнесува високи 509.5 милиони фунти. Поради тоа истиот ден е најавен и заем од 500 милиони фунти како би го рефинансирале големиот долг.

Вредноста која само ќе ја зголеми задолженоста но и ќе ја пролонгира се до 2017 година. Да не беше продажбата на Роналдо, долгот на клубот за само една година ќе се зголемеше за 31.8 милиони фунти.

Јасно е дека продажбата на Роналдо е далеку повеќе клубска потреба него желба на Роналдо. Така по се изгледа во наскоро време Фергусон тешко ќе наоѓа пари за нови трансфери. Под услов ако семејството Глејзер не го продаде клубот на некој милијардер.

Помеѓу летото 2008 и 2009 година преку клупската сметка минале 278.5 милиони фунти што е поголем профит за 22.3 милиони во однос на истиот перид од минатата година.


Прочитај повеќе...

недела, 10 јануари 2010

Фергусон: За две недели Рио се враќа на теренот:



Рио Фердинанд кој подолго време се мачи со повреди, за две недели би можел да се врати на теренот.

"Многу сум среќен со прогресот на Рио Фердинанд" - изјави Фергусон за Mail on Sunday.

"Одлично ги одработува тренинзите и за две недели би можел да се врати на теренот".

"Но една работа е сигурна, ние долго време го чекавме неговото враќање, и нема да го ставиме во игра доколку не е 100% подготвен" - смета Фергусон.



Прочитај повеќе...

Фостер на продажба:



„Daily Mail“ пренесува дека Јунајтед се одлучиле да го продадат англискиот интернаиционалец откако првиот голман Ван Дер Сар се враќа во тимот, а Томаш Кушчак покажал одлични перформанси во изминатите натпревари.

Продажбата на Бен Фостер би чинеле околу 4 милиони фунти, откако Сер Алекс Фергусон сфати дека тој не е идеалниот човек кој треба да ја чува мрежата на „црвените ѓаволи“.

Односите меѓу Фергусон и Фостер се заострени по Октомврискиот натпревар против Сандерленд.


Прочитај повеќе...

Даглас Коста ja отвара вратaтa за Манчестер Јунајтед:


Само неколку дена по потпишувањето со Шахтјор од Доњецк Даглас Коста ја отвара вратата за Манчестер Јунајтед.

19 годишниот бразилец потпиша пет годишен договор со освојувачите на УЕФА Купот Шахтјор на почетокот на Јануари после напуштањето на неговиот поранешен бразилски клуб Гремио.

Менаџерот на Црвените Ѓаволи Фергусон го следи плејмејкерот кој е познат како "новиот Роналдињо" и дури му помуди три неделна проба во неговиот клув минатото лето.

Тој обид беше неуспешен и од тогаш Коста се пресели во Украина при што вели дека тоа е само мал чекот кон европскиот врв.

"Нема да останам во Шахтјор цела моја кариера" - изјави младиот бразилец

"Планот е ова да биде првиот чекор до европскиот врв што значи играње за голем клуб."

Коста го чинеше Шахтјор 5.8 милини фунти и се очекува да го има своето деби во Европа Лигата против Фулам веќе следниот месец.

Извор!


Прочитај повеќе...

Сер Алекс Фергусон: Бербатов сепак мора на операција:



Бугарскиот интернационалец не ги оправдува очекувањата по трансферот од Тотенхем.

Јунајтед плати 30 милиони фунти за Бербатов кој никогаш не блесна на Олд Трафорд.

Бербатов се мачи со повреда на коленото, но сепак игра, Фергусон вели дека можеби ќе биде потребно тој да замине на операција за повторно да биде комплетно фит.

"Тој сакаше да игра со повредата, но ние чуствуваме дека треба да се реши проблемот и тој повторно да биде фит".

"Тој можеби ќе треба да замине на операција" - изјави Фергусон за официјалниот сајт на Манчестер Јунајтед.

Фергусон на крајот од декември рече дека на Бербатов нема да му биде потребна операција туку само медицинска нега.

Но проблемот не покажа знаци на подобрување, па најверојатно операција колку што е можно порано ќе биде решението кое ќе го одбере Јунајтед.


Прочитај повеќе...

Бирмингам 1 - 1 Манчестер Јунајтед:


Продолжува одличната серија на Бирмингем без пораз, фудбалерите на овој тим веќе 12 натпревари не знаат за негативен скор.

Манчестер Јунајтед не го искористи ремито на Арсенал со Евертон, Црвените Ѓаволи одиграа само 1-1 против Бирмингем.

Натпреварот беше отворен во 39та минута кога Џером постигна погодок за водство на домаќините од 1-0.

Манчестер Јунајтед го засили притисокот кон голот на Бирмингем, но тешко доаѓаше до изгледна шанса.

Во 64та минута Дан си постигна автогол за израмнување на 1-1, голот најпрво беше поништен поради офсајд, но по консултација со помошникот, судијата оправдано покажа кон центарот.

Во 85та минута Флечер заработи втор жолт картон, Манчестер Јунајтед остана со фудбалер помалку.

Домаќините притиснаа до крајот на натпреварот, Јунајтед се бранеше, резултатот остана непроменет, 1-1.


Прочитај повеќе...

сабота, 9 јануари 2010

Преглед: Бирмингам - Манчестер Јунајтед:


9 Јануари, 2010 - 18:30
St. Andrews, Бирмингем

После срамниот пораз од од Лидс во ФА купот Сер Алекс Фергусон оди на St. Andrews по трите бода против лутиот противник Бирмингам кој е непоразен на последните 12 натпревари.

Јунајтед веќе доживеа пет порази во Премиер Лигата и Фергусон знае дека не смее да си дозволи уште порази бидејќи со секој пораз се намалува надежта за титулата.

Откако се промовираше од Чемпионшип дивизијата фановите на Бирмингам ни во најлудите сонови не помислуваа дека ќе бидат само еден бод од Ливерпул и ќе се наоѓаат на осмото место во Премиер Лигата.

Тимот на Фергусон нема изгубено на St. Andrews од 1978.

Последни пет натпревари:
Бирмингам:
02 јануари: Нотингем Форест 0-0 Бирмингам (ФА Куп)
28 декември: Стоук 0-1 Бирмингам (Премиер Лига)
26 декември: Бирмингам 0-0 Челзи (Премиер Лига)
20 декември: Евертон 1-1 Бирмингам (Премиер Лига)
15 декември: Бирмингам 2-1 Блекбурн (Премиер Лига)

Манчестер Јунајтед:
03 јануари: Манчестер Јунајтед 0-1 Лидс Јунајтед (ФА Куп)
30 декември: Манчестер Јунајтед 5-0 Виган (Премиер Лига)
27 декември: Хал 1-3 Manchester United (Премиер Лига)
19 декември: Фулам 3-0 Манчестер Јунајтед (Премиер Лига)
15 декември: Манчестер Јунајтед 3-0 Вулверхемптон (Премиер Лига)

Тимски новости:
Бирмингам:
Меклиш може да смета на сите свои првотимци кои одиграа 11 натпревари по ред во Премиер Лигата откако одмори неколку проитв натпреварот со Нотингем Форест од Фа Купот.

Ли Карсли, Стјуарт Парнаби и Гери Оконор нема да можат да настапат поради повреди додека истот така на оваа листа се и Таинио и Марфи.

Можен состав: Харт, Риџвел, Ден, Џонсон, Кар, Мекфаден, Бојер, Фергусон, Ларсон, Бенитез и Џером.

Манчестер Јунајтед:
Фергусон ќе биде без Немања Видич кој се повреди на загревањето со Лидс Јунајтед и повредениот Рио Фердинанд. Дефанзивците на Фергусон Видич и Фердинанд треба да се врата на терените за 10 дена. Еванс и Браун се подготвени за целосен натпревар и ќе бидат во централниот дел од одбраната на Јунајтед.

Џон Ошеа е повреден додека Едвин Ван дер Сар сеуште е во Холандија и Томас Кушчак ќе застане на голот на Јунајтед.

Можен состав: Евра, Браун, Еванс, Рафаел, Гигс, Флечер, Керик, Валенсија, Руни и Бербатов.

Мотивирани играчи:
Бирмингам - Кристијан Бенитез:
Не е лесно да си најголемото засилување во клубот и да мора да го покажеш сиот свој талент и да постигнуваш голови, но на Бенитез тоа одлично му оди иако ен постигнува многу голови се жртвува за тимот и фановите очекуваат тој да одигра одличен натпревар.

Бенитез има само два гола постигнати оваа сезона за Бирмингам и се надева дека ќе го зголеми бројот на постигнати голови против шампионот.

Манчестер Јунаутед - Димитар Бербатов:
Бирмингам има само 5 гола примено на домашен терен сезонава и Бербатов и Руни ќе имаат тешка задача.

Бербатов сеуште не ја покажал својата вредност на Олд Трафорд и бугаринот ќе мора да допринесува повеќе после мизерно одиграниот натпревар против Лидс инаку ќе почне да ја грее клупата.

Моја прогноза:
Насекаде низ Англија се откажани натпреварите поради проблеми со снегот меѓу кој и натпреварот Хал - Челзи. Ова е првата прилика на Јунајтед да се врати на Премиерлигашкиот врв и се надевам дека ќе ја искористи иако имаме многу тешка задача наречена "непобедливиот Бирмингам". Се надевам дека ќе ја искористиме приликата која ни се пружа и дека ќе победиме. Поздрав до сите фанови на Манчестер Јунајтед!

Извор 1!

Извор 2!


Прочитај повеќе...

петок, 8 јануари 2010

Видиќ го пропушта Бирмингем но дефанзивата на Јунајтед изгледа поздрава:


Српскиот интернационалец се повреди на загревањето во пресрет на дуелот со Лидс, повреда за која Фергусон не можеше да даде објаснување и која допринесе да се појават голем број на шпекулации за иднината на Видиќ.

Во средата дефанзивецот заминал на специјалист за да се утврди точната дијагноза со проблемот на нервот на десната страна од ногата на Видиќ и тој ќе мора да паузира околу десет дена.

Тоа значи дека е можно Видиќ да биде подготвен за приот дуел од полу-финалето во Карлинг Купот и гостувањето на Истлендс на 19ти јануари.

“За врема на загревањето на дуелот со Лидс, тој почувствува проблем во нервот од страната на десната нога.” – објасни Фергусон.

“Тоа е нешто што го мачеше и претходно и тој не се чувствуваше доволно самоуверено за да настапи.”

“Го разбирам бидејќи знам дека е доста болно. Во средата го пративме на специјалист за да се воспостави дијагноза и знаеме кој се потребните вежби за него.”

“Не е долгорочен проблем и мислиме дека можеме да го контролираме.”

Јунајтед исто така сеуште се и без првотимците Рио Фердинанд и Едвин ван дер Сар (голманот сеуште е во Холандија).

Но Џони Еванс и Вес Браун се целосно фит и подготвени да ги окупираат централните позиции во одбраната на Јунајтад за дуелот со Бирмингем.

Според официјалната веб страна на Јунајтед здравствената ситуација на дефанзивата изгледа многу поздрава во однос на претходните неколку недели и се очекува за две недели во првиот тим да се вратат и Немања Видиќ и Рио Фердинанд.


Прочитај повеќе...

четврток, 7 јануари 2010

Гери Невил ќе се пензионира на крајот од сезоната:

Една од легендите на Манчестер Јунајтед, Гери Невил (34) по 18 години минати во клубот од Олд Трафорд на крајот од сезоната ќе се пензионира.

http://www.arenabola.com/data/2_1710_Gary-Neville.jpg

На Невил му истекува договорот во јуни и раководството на црвените ѓаволи нема планови да ја продолжи соработката со него како што беше случајот со Пол Сколс и Рајан Гигс.

Во неговата кариера поранешниот англиски репрезентативец има одиграно 583 натпревари во првиот тим на Манчестер Јунајтед.


Прочитај повеќе...

Фергусон импресиониран од Диуф:

http://totalfootballmadness.com/wp-content/uploads/2009/12/Mame-Biram-Diouf.png

Сенегалскиот интернационалец е се поблиску до неговото деби.

Диуф беше награден со работна дозвола пред Божиќ и беше регистриран за играње во Премиер Лигата со бројот 32.

Сер Алекс Фергусон е презадоволен од играчот кој дојде од норвешки Молде во 2009, и сега 22 годишниот играч е подготвен за настап.

Фергусон изјави: "Тој се адаптираше и добро се вклопува во нашите тактики. Тој е брз играч, добар е во воздушни дуели."

"Севкупно тој е многу добар напаѓач и ќе го одигра својот дел во тимот."

Извор!


Прочитај повеќе...

среда, 6 јануари 2010

Одложена градската пресметка:

Полуфиналниот натпревар од Карлинг Купот меѓу градските ривали Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед е одложен поради силни врнежи од снег. Натпреварот требаше да биде одигран утре од 21 часот, но не дозволуваат временските услови во Манчестер.

Натпреварот е презакажан за 19. јануари а реваншот е поместен за 27 јануари.

И вториот натпревар од Карлинг купот меѓу Блекбурн и Астон Вила исто така е одложен заради временските услови.


Прочитај повеќе...

понеделник, 4 јануари 2010

Манчетер Јунајтед 0 - 1 Лидс Јунајтед:


За прв пат откако на клупата седи Алекс Фергусон, Манчестер Јунајтед испадна од третото коло на ФА Купот. За тоа се погрижи третолигашот Лидс Јунајтед, која на Олд Трафорд дојде до најголемата сензација во десегашниот тек на сезоната.

Актуелниот англиски првак Манчестер Јунајтед испадна од ФА Купот веќе во третото коло, односно на првото скалило во кое се вклучија премиерлигашките клубови. На својот Олд Трафорд „Црвените Ѓаволи“ беа поразени од Лидс Јунајтед со минимално, но сепак заслужени 1:0.

Алекс Фергусон на тревникот прати ослабен тим на Јунајтед, без петорица или шестмина стандардни првотимци, мислејќи дека тоа ќе му биде доволно против тимот од третиот по ранг англиски шампионат. Искусниот Шкот сепак се излажа бидејќи Лидс одигра одличен натпревар, храбар и заслужено избори пораз во четвртото коло.

Гостите во натпреварот влегоа без претеран респект према големиот противник и некогашен лут ривал за премиерлигашкиот врв, знаејќи дека можат да одиграат натпревар која ќе им ги помрси сметките на актуелните прваци. Во 19. минута таквиот настап им се исплатеше бидејќи една долга топка сјајно ја скроти Џермеин Бекфорд, кој потоа се најде пред Вест Браун и ја испрати топката покрај немоќниот Томаш Кушчак.

Нитѕ видечкиот гол на Лидс не ги затвори госитте, кој напротив докрај ја одиграа својата игра и фрустрирајќи ги домашните навивачи, кој пред се треба да бидат гневни над својте индиспонирани играчи, кој и покрај тоа што креираа шанси сепак им недостасуваше завршница на нерасположените Вејн Руни и Димитар Бербатов.

Колку Лидс ја заслужи оваа победа најдобро говори податокот дека во второто плувреме имаше уште две стопроцентни шанси, една кога промаши Бекфорд, а од слободен удар Снодграс ја погоди рамката на голот.

Сензационалната победа на Лидс воедно е и најголемото изненадување на третото коло, но и на досегашниот тек воопшто на натпреварите играни во Англија. Гостинските навивачи бурно ќе ја прослават победата, а Манчестер Јунајтед нема време за жалење. Веќе во среда ги чека полуфинале од Карлинг Купот со градскиот ривал Сити.


Прочитај повеќе...

сабота, 2 јануари 2010

Преглед: Манчестер Јунајтед - Лидс Јунајтед :



Недела, 3 Јануари, 2010 - 16:00
Олд Трафорд, Манчестер

Манчестер Јунајтед се сретнува со Лидс Јунајтед после шест години и ќе одиграат меч од третото коло од ФА Купот. Последен пат се сретнаа во Февруари 2004 на Олд Трафорд и мечот заврши со конечни 1 - 1.

Додека Лидс Јунајтед се бореше за место во втората и третата англиска лига Сер Алекс Фергусон и неговиот Манчестер Јунајтед јуришаа и освојуваа титули во Европа и Светот.

И покрај се овој Лидс покажува дека напредува. Екипата ан Лидс моментално се наоѓа во првата англиска лига и е прв на табелата со осум бода предност пред Чарлтон. Тие не се победени во последните 15 натпревари. Гостуваат на Олд Трафорд во добра форма.

После поразот од Фулам, Манчестер Јунајтед почна да победува последен пат против Виган минатата среда и тоа со фантастични 5 погодоци на Олд Трафорд. Тие се наоѓаат на втората позиција на табелата со само два бода разлика од Челзи.

Иако екипата на Грејсон атакува на првата англиска лига нема сомнеж дека тие ќе го покажат најдоброто и ќе сторат се да извлечат позитивен резултат на Олд Трафорд.

Последни пет натпревари:
Манчестер Јунајтед:
30 декември: Манчестер Јунајтед 5-0 Виган (Премиер Лига)
27 декември: Хал 1-3 Manchester United (Премиер Лига)
19 декември: Фулам 3-0 Манчестер Јунајтед (Премиер Лига)
15 декември: Манчестер Јунајтед 3-0 Вулверхемптон (Премиер Лига)
12 декември: Манчестер Јунајтед 0-1 Астон Вила (Премиер Лига)

Лидс Јунајтед:
28 декември: Стокпорт 2-4 Лидс Јунајтед (Прва Лига)
26 декември: Лидс Јунајтед 3-1 Хартлепул (Прва Лига)
19 декември: Лидс Јунајтед 1-0 Саутемптон (Прва Лига)
15 декември: Лидс Јунајтед 2-0 Акрингтон
12 декември: Брентфорд 0-0 Лидс Јунајтед (Прва Лига)

Тимски новости:
Манчестер Јунајтед:
Фергусон ќе одмори неколку првотимци против тимот кој се наоѓа 43 места позади него.

Пол Сколс и гер Невил се рехабилитираа од повредите и ќе можат да настапат додека Руни веќе има постингато 16 гола и ќе атакува на нови голови.

Можеби Бен Фостер ќе добие шанса на голот додека Овен ќе му биде партнер на Руни во нападот.

Можен состав: Фостер, Фабио, Видич, Браун, Невил, Обертан, Сколс, Флечер, Парк, РУни и Овен.

Лидс Јунајтед:
Лидс дефинитивно ќе биде без дефанзивецот Бромби и суспенидраниот Макс Грејдел.

Грејсон ќе му пружи шанса на Џонатан Хосон кој се наоѓаше на клупата за резерви на последниот натпревар.

Можен состав: Анкергрен, Хјус, Киснорбо, Нејлор, Кроу, Дојл, Хосон, Шодгрес, Бекио и Бекфорд.

Мотивирани играчи:
Манчестер Јунајтед - Габриел Обертан:
Малата минутажа сезонава во Јунајтед засилувањето од Бордо секогаш кога му се пружа шанса ја користи. Француското крило ќе атакува кон голот на Лидс на натпреварот со цел да се докаже.

Лидс Јунајтед - Џермеин Бекфорд:
Бекфорд е далеку од 20 гола оваа сезона и ќе се обиде да докаже дека е спреме на Премиер Лигата.

Извор 1!

Извор 2!


Прочитај повеќе...

Реал Мадрид цели кон ѕвездата на Манчестер Јунајтед Вејн Руни:

Шпанскиот гигант Реал Мадрид е заинтересиран за Вејн Руни раководејќи се по Daily Star.



Фановите на Јунајтед овој пат ќе очекуваат од Фергусон да го задржи Вејн Руни на Олд Трафорд и Реал Мадрид да не успее да потпише договор со Вејн Руни.

Реал Мадрид го направи Кристијано Роналдо најскапиот играч во историјата на фудбалот откако беше купен за 80 милиони фунти од Олд Трафорд.

Португалскиот интернационалец се наоѓа во одлична форма во Шпанија и би сакал повторно да биде партнер со Вејн Руни.

"Тој може да биде спектакл и сензација во Реал Мадрид и ги има сите квалитети за да успее во Ла Лига " - изјави Роналдо за Daily Mirror

Руни е фантастичен оваа сезона на Олд Трафорд има постингато 16 гола во сите натпреварувања и на последните седум натпревари е стрелец.

Извор!


Прочитај повеќе...