петок, 30 јули 2010

Фергусон: Хавиер Ернандез нема да биде позајмен:

http://u.goal.com/101400/101428_hp.jpg
Сер Алекс Фергусон инсистира дека нема да го испрати Хавиер Ернандез на позајмица во неговата дебитантска сезона во Манчестер Јунајтед


Менаџерот на ’Црвените Ѓаволи’ верува дека 22 годишниот Ернандез и младиот Федерико Макера ќе бидат играчите што ќе им прават конкуренција на ѕвездите, Вејн Руни, Димитар Бербатов и Мајкл Овен.

Ернандез, кој ова лето стана нов фудбалер на Манчестер Јунајтед имаше деби од соништата постигнувајќи го петтиот погодок во победата од 5-2 против Ол-Стар тимот на МЛС.

Македа, кој е четири години помлад од својот соиграч, постигна два погодоци, од кои првиот по само 24 секунди.

Фергусон е желен да го задржи дуото оваа сезона во Јунајтед и предвидува блескава иднина за двајцата фудбалери.

“Потребно е да ги задржам Македа и Ернандез.” – рече Фергусон. “Имаше многу одлучност во начинот на кои тие го играат својот фудбал.”

“Да се игра за клуб како Јунајтед не се работи само за талентот. Потребно ви е нешто друго и тие го имаат тоа. Јас сум задоволен поради тоа.”

Фергусон верува дека Ернандез, кој постигна два погодоци за Мексико на Светското Првенство ова лето, има слични квалитети со Вејн Руни.

“Доколку размислуваме за комбинација со Вејн, мислам дека ќе ни треба мало прилагодување. Тие се сличен тип на фудбалери.”

“Ќе го проучиме Ернандез многу добро за да се осигураме дека можеме од него да извлечеме константна форма.”

“Сеуште има некои рабои кои треба да се направат но тоа не е ништо страшно. Штом тој се навикне на нашиот тренинг мислам дека се ќе биде ОК.”





Прочитај повеќе...

четврток, 29 јули 2010

Чичарито дебитираше со гол за Јунајтед:

- 0
Чичарито дебитираше со гол за Јунајте во победата од 5 - 2 над MLS All stars


Хавиер Ернандез имаше деби за паметење во дресот на Манчестер Јунајтед откако тимот на Сер Алекс Фергусон со 5-2 славеше над Ол-Стар тимот на МЛС Манчестер Јунајетд имаше одличен старт на натпреварот откако Македа во 24та минута пресече една невнимателно вратена топка и биеше покјра голманот во долниот лев агол.

Во 12та минута веќе беше 2-0 откако по изведениот корнер на Нани, Македа беше оставен сам во петерецот и напаѓачот со удар со глава повторно ја затресе мрежата.

Ол-Стар тимот можеше веднаш да се врати во игра но Ван дер Сар во 15та минута со крајни напори успа да го одбрани слободниот удар на Хуан Пабло Ангел.

На пет минути пред крајот на првиот дел, Јунајтед можеше да го зголеми водството но Флечер само ја погодои пречката по одличното еден-два проигрување со Нани.

Јавиер Ернандез во игра влезе во 62та минута и доби одличен пречек од фановите но само неколку моменти подоцна Ол-Стар тимот постигна погодок преку Чинг кој беше највисок во скокот во петерецот по еден изведен слободен удар од левата страна.

Но во 70та минута Јунајтед повторно имаше водство од два гола откако Дарен Гибсон изведе прекрасен слбоден удар кој заврши во аголот од голот на Ник Римандо.

Три минути подоцна во листата на стрелци се запиша и Клеверли откако играчот одлично се снајде во шеснаесетникот на Ол-Стар тимот по додавањето на Флечер.

Потоа во 84та минута Ернандез го имаше својот момент откако Флечер упати одлична долга топка во форот а напаѓачот со лоб удар биеше за водство од 5-1.

Во финишот од натпреварот Двејн Де Росарио го постигна вориот погодок за Ол-Стар тимот за конечни 5-2.


Прочитај повеќе...

вторник, 27 јули 2010

Фергусон задоволен што Ернандез беше ангажиран пред СП:

http://blog.indomanutd.org/wp-content/uploads/2010/04/Javier-Hernandez.jpg
Сер Алекс Фергусон има пофалби за скаутите на Манчестер Јунајтед кои го открија Ернандез пред Светското првенство.


Манчестер Јунајтед направи одлична зделка ангажирајќи го мексиканскиот талент Хавиер Ернандез пред почетокот на Светското првенство.

Ернандез одлично се покажа на мундијалот и неговата цела по настапот во Јужна Африка сигурно ќе беше многу многу повисока.

Фергусон е среќен што договорот бил комплетиран пред почетокот на првенството бидејќи тоа им заштедило многу пари.

"Мислам дека нашите скаути заслужуваат чиста десетка бидејќи го открија Ернандез пред почетокот на Светското првенство, мислам дека доколку почневме преговори по завршувањето на мундијалот, работата ќе беше многу потешка" - вели Фергусон.

"Сметам дека во тој случај многу клубови ќе го посакуваа па тој ќе не чинеше два или три пати повеќе".

Манчестер Јунајтед не ја објави сумата која ќе му ја плати на Чивас за овој фудбалер, но медиумите известуваа дека оштетата која треба да ја плати англискиот гигант изнесува 7 милиони фунти, плус гостување во Мексико на пријателски натпревар.

"Нашиот однос со Чивас е одличен, тие максимално професионално се придржуваа кон договорот и не дозволија работите да се дознаат во јавноста".

Јунајтед со петок го игра пријателскиот натпревар против Чивас, Ернандез едно полувреме ќе одигра за неговиот стар клуб, второто полувреме ќе го одигра за Јунајтед.





Прочитај повеќе...

сабота, 24 јули 2010

Јунајтед најбогат светски клуб :


Според најновата листа на најбогати спортски екипи во светот која ја објавува магазинот Форбс, на самиот врв се наоѓа англискиот вицешампион Манчестер Јунајтед.


Вредноста на клубот кој е во сопственост на семејството Глејзер се проценува на 1.83 милијарди долари. Зад "црвените ѓаволи" се наоѓа клубот од НФЛ лигата Далас Каубојс, а на трето место е бејзбол екипата на Њујорк Јенкис.

Покрај Јунајтед во топ десет листата се наоѓаат уште два фудбалски клуба, а тоа се Реал Мадрид на шесто и Арсенал на осмото место.

Форбс листа на најбогати клубови во светот:

1. Манчестер Јунајтед, фудбал, 1,83 милијарди долари
2. Далас Каубојс, НФЛ, 1,65
3. Њујорк Јенкис, бејзбол, 1,6
4. Вашингтон Редскинс, НФЛ, 1,55
5. Њу Ингланд Патриотс, НФЛ, 1,36
6. Реал Мадрид, фудбал, 1,32
7. Њујорк Џаентс, НФЛ, 1,18
8. Арсенал, фудбал, 1,18
9. Њујорк Џетс, НФЛ, 1,17
10. Хјустон Тексанс, НФЛ, 1,15


Прочитај повеќе...

петок, 23 јули 2010

Дејвид Гил планира средба со Руни за продолжување на договорот:

http://d.yimg.com/i//ng/sp/eurosport/20090813/25/00e8b2c53b0a350fd1285364121d750b.jpg
Извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Дејвид Гил вели дека тој наскоро ќе одржи преговори со Вејн Руни за продолжување на договорот на напаѓачот


Дејвид Гил веќе соопшти дека е постигната согласност со Немања Видиќ за ’нов долгорочен договор’ и сега на радарот на извршниот директор е Вејн Руни.

Руни – исто како и Видиќ – има уште две годони од постоечкиот договор но управата на Црвените Ѓаволи сака што поскоро да ја обнови верноста на напаѓачот.

Англискиот интернационалец е на одмор по настапот со Англија на мундијалот во Јужна Африка и Гил вели дека преговорите со Руни ќе започнат кога тој ќе се врати од одмор.

Тимот на Сер Алекс Фергусон во овој момент е на турнеја во Северна Америка поради што преговорите сега се на стенд-бај но Гил вели дека 24 годишниот напаѓач сака да продолжи под водството на Ферги.

Гил рече: “Нашата намера е да се сретнеме со Вејн и неговиот советник кога ќе се вратиме од турнејата и кога тој ќе се врати од одморот со цел да постигнеме согласност за нов договор.”

“Многу е јасно од она што тој го вели и она што клубот го вели дека двете страни се желни да ја продолжат соработката и Руни да добие долгорочен договор.”

“Со оглед на неговата желба и она што тој значи за овој клуб, убедени сме дека ќе постигнеме согласност за нов договор.”





Прочитај повеќе...

Јунајтед постигна согласност со Видиќ за нов договор:

http://images.sportinglife.com/10/04/330/Nemanja-Vidic-Manchester-United_2438172.jpg
Дејвид Гил потврди дека Манчестер Јунајтед уште пред неколку недели постигнал согласност за продолжување на верноста на дефанзивецот Немања Видиќ


28 годишниот Немања Видиќ, кој се пресели на Олд Трафорд во 2006 за 7 милиони фунти од Спартак Москва, подолго време се поврзуваше со заминување од Јунајтед.

Ова лето се шпекулираше дека тој е мета на Реал Мадрид и скоро сите медиуми од Англија утрово објавија дека Манчестер Јунајтед ќе му понуди нов побогат договор на Немања Видиќ во обид да го отргне интересот на Кралскиот кулб.

Сега во интервју за ТВ каналот на Јунајтед извршниот директор Дејвид Гил откри дека тие веќе имаат постигнато согласност со централниот дефанзивец за продолжување на договорот.

Гил за MUTV рече: “Имаше многу шпекулации за иднината на Немања Видиќ, но според мене медиумите вадеа некои стари приказни бидејќи тие сигурно не потекнуваа од кампот на Манчестер Јунајтед и убеден сум дека не доаѓаа од страна на Немања Видиќ.”

“Седнавме со Немања и неговиот советник на крајот од минатата сезона и започнавме преговори.”

“Тие прекинаа кога Немања замина на Светското Првенство, но продолжија кога Сербија го заврши настапот и јас сум многу задоволен што можам да потврдам дека постигнавме согласност за Немања три или четири недели претходно за нов долгорочен договор.”

“Тој сеуште треба да стави потпис – документацијата сега се средува од нашите адвокати и се проверува од советниците на Немаања.”

“Тој сеуште е на одмор но планот е кога ќе се врати тука да стави потпис на документите.”

“Се ракувавме и убедени сме дека тој ќе го потпише новиот договор на почетокот од Август.”

“Ова се одлични вести за Манчестер Јунајтед и одлични вести за Немања и фановите.”






Прочитај повеќе...

четврток, 22 јули 2010

Фергусон признава дека иднината на Видиќ во Јунајтед е неизвесна:

http://i.dailymail.co.uk/i/pix/2010/03/29/article-1262086-07C1A8D7000005DC-884_233x355.jpg
Сер Алекс Фергусон вели дека тој не може да ја рачисти иднината на српскиот интернационалец Немања Видиќ


Поранешниот дефазивец на Спартак Москва и ова лето повторно се поврзува со заминување од Олд Трафорд.

Шпекулациите говорат дека српскиот интернационалец е дел од желбите на Жозе Мурињо за засилување на централната позиција во дефанзивата.

Немања Видиќ во моментов е на одмор по настапот на Светското Првенство и подоцна ќе му се приклучи на тимот на Манчестер Јунајтед, кој во моментов е на турнеја во Северна Америка.

Црвените Ѓаволи вчера го совладаа тимот на Филадејфија Јунион со 1-0 и по натпреварот медиумите го запрашаа Ферги за шпекулациите околу иднината на Видиќ по што Шкотот одговори: “Јас воопшто не можам да ги расчистам шпекулациите.”

На прашањето дали српскиот интернационалец ќе игра во дресот на Манчестер Јунајтед и во новата сезона, Сер Алекс додаде: “Верувам дека ќе биде така.”

Медиумите од Англија минатата сезона го поврзуваа Видиќ со заминување од Манчестер бидејќи неговата сопруга не е задоволна од животот на Островото и честите врнежи на дожд.

Но дефанзивецот секогаш велеше дека планира во целост да го испочитува договорот со Јунајтед, кој е во трајност до 2012.





Прочитај повеќе...

вторник, 20 јули 2010

Ферги е задоволен од сегашниот тим на Манчестер Јунајтед:

http://www.backpagelead.com.au/images/stories/soccer/alex-ferguson-080410.jpg


Сер Алекс Фергусон е ’комфорен’ со сегашниот состав на Манчестер Јунајтед и навестува дека најверојатно тие нема да ангажираат нови фудбалери


Шкотот ова лето на располагање ќе има две нови лица, со Крис Смајлинг кој ја комплетираше преселбата од Фулам и напаѓачот Хавиер Ернандез кој пристигна од Чивас Гуадалахара.

Двете засилување беа донесени со едно око во иднината, бидејќи на дуото му недостасува искуство од играњето на топ ниво.

Тоа значи дека Јунајтед продолжува да се поврзува со многу големи имиња, а напаѓачот на Интер, Марио Балотели е последното име што се посочува како потенцијална цел.

Сепак стариот лицес Фергусон вели дека е повеќе од среќен со оние што ги има на располагање и верува дека нема потреба за повторно да се настапи на трансфер пазарот.

Тој инсистира дека Јунајтед не е загрижен што прават другите клубови, вклучувајќи го и големиот трошаџија, Манчестер Сити, и има намера да го задржи неговиот фокус само на настаните на Олд Трафорд.

Фергусон рече: “Не можам да зборувам за другите клубови. Ние сме комфорни со составот што го имаме.”

“Донесовме играчи во правилниот момент од сезоната и среќни сме со она што го имаме.”

Стратегот исто така вели дека е импресиониран од перформансите на неговите играчи на турнејата во Северна Америка.

“Имаме двојни тренинг сесии во 9:30 наутро и 5:30 попладне и тоа помага да се има мал одмор по времето за ручек.”

“Условите не не сопреа – тие се навистина добри. Играчите се одлични. Тие покажаа навистина добро залагање, добра концентрација и завршија добра работа.”

“Дури сега ги гледаме придобивките од нашиот тренинг. Темпото е на нивото што го очекуваме од нашите играчи.”






Прочитај повеќе...

петок, 16 јули 2010

Фергусон има доверба во младите фудбалери:

http://blackchristiannews.com/news/alex_ferguson.gif
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон вели дека планира да им понуди шанса на своите млади фудбалери да го покажат нивниот потенцијал во новата сезона.


Тимот од Олд Трафорд посакува да ја врати титулата во Премиер лигата која минатата сезона ја освои Челзи, но Манчестер Јунајтед исто така размислува и долгорочно.

Во 1995/96 Фергусон ги промовираше Дејвид Бекам, Пол Сколс, Ники Бат и браќата Невил, и ја освои Премиер лигата.

Сега Шкотот повторно сака да внесе свежи сили во тимот, Дени Велбек, Џони Еванс, Дарон Гибсон и Фредерико Македа можеби ќе бидат идните ѕвезди на Манчестер Јунајтед.

"Историјата на Манчестер Јунајтед е иста. Секогаш се базира на млади луѓе и на тоа поле сме покомфорни. Мислам дека нашите фанови исто така се комфорни поради тоа" - изјави Ферги за Daily Mirror.

"Продуцирање на фудбалери е нешто големо за нас. Знаеме дека реакцијата на фановите е позитивна кога фудбалер излегува од нашата школа преку нашиот систем. Тоа е големо задоволство".

"Во моментов имаме повеќе млади фудбалери кои во последните години полека се развираат како што се Дани Велбек, Џони Еванс, Дарон Гибсон и Фредерико Македа".

"Некои млади фудбалери доаѓаат како Оливер Гил и Кори Еванс, братот на Џони Еванс. Па имаме голема колекција на млади фудбалери на кои ако не им дадеме шанса ќе заминат во други клубови кои ќе имаат бенефит од нашата работа".

"Имаме искуство од минатото, па ќе направиме се што можеме за да ја осигураме иднината на овие фудбалери во Јунајтед, бидејќи повеќето од нив се многу добри и талентирани" - заврши Ферги.





Прочитај повеќе...

четврток, 15 јули 2010

Официјално претставен новиот дрес:


По долго очекување конечно беше претставен новиот дрес



Новиот домашен дрес на Манчестер Јунајтед за сезоната 2010/2011 е искомбиниран од елементи од историјата на клубот со делови на новата технологија.

Црвената, белата и црната боја се како ДНК за Манчестер Јунајтед па затоа Најки го спои и го создаде домашниот дрес. Новиот дрес има класичен изглед инспириран од седумдесетите. Дресот има јака за прв пат по 2002 година.






Прочитај повеќе...

среда, 14 јули 2010

Македа го кани Балотели да му се придржи на Олд Трафорд:

http://www.independent.co.uk/multimedia/archive/00163/macheda_163926t.jpg
Федерико Македа соиграчот на Марио Балотели од репрезентацијата на Италија до 21 година го повикал напаѓачот на Интер да му се приклучи на Олд Трафорд




Продолжуваат шпекулациите за иднината на младиот напаѓач на Интер, Марио Балотели.

Италијанскиот клуб е во центарот на вниманието откако Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед влегоа во војна за неговиот потпис.

Според денешното издание на Corriere dello Sport, Федерико Македа го повикал Балотели да му се придружи на Олд Трафорд и му испратил смс порака охрабрувајќи го да се пресели во Англија.

Македа, кој се пресели во Јунајтед пред три години, е добар пријател со ’Супер Марио’ и негов соиграч во репрезентацијата на Италија до 21 година.

Во меѓувреме La Gazzetta dello Sport објави дека во понеделникот агентот на Балотели, Мино Раиола имал средба со директорите на Манчестер Јунајтед во Амстердам.

Весникот вели дека Интер дал дозвола за состанокот а Црвените Ѓаволи се подготвени да платат 35 милиони евра и да му понудат на 19 годишниот напаѓач петгодишен договор.

Но Нероаѕурите очекуваат од продажбата на ’Супер Мари’ да инкасираат најмалку 40 милиони евра.

Покрај двата тима од Манчестер со ангажман на Марио Балотели се поврзува и Реал Мадрид.




Прочитај повеќе...

вторник, 13 јули 2010

Мино Раиола: Манчестер Јунајтед се интересира за Балотели:

http://soccernuts.net/blog/wp-content/uploads/2010/07/balotelli2_143406t.jpg
Агентот на Марио Балотели го потврди интересот на Манчестер Јунајтед за услугите на неговиот клиент


За услугите на ’Супер Марио’ се заинтересирани Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед и се шпекулира дека Сер Алекс Фергусон на Интер му ветил дека ’Црвените Ѓаволи’ ќе платат еден милион повеќе од секоја понуда на градскиот ривал.

Балотели е под договор со Интер уште три години и денеска се појави шпекулација низ медиумите од Италија која велеше дека Мино Раиола, агентот на напаѓачот заминува за Манчестер на преговори со двата клуба.

Во интервју за calciomercato.it Мино Раиола потврди дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран за неговиот клиент и додаде дека Интер е свесен за тоа.

“Интересот од Манчестер за Балотели е конкретен и двата клуба го потврдија тоа.” – рече Мино Раиола.

“Играчот е среќен што Сер Алекс Фергусон го следи.”

“Но не можам да исклучам дека на крајот играчот ќе остане во Интер или пак дека ќе заигра за некој друг клуб.”

“Во секој случај со смиреност ќе го превземаме секој следен чекор и секоја ситуација што ќе ни се укаже ќе ја разгледаме.”




Прочитај повеќе...

четврток, 8 јули 2010

Фергусон: Харгривс ќе го пропушти стартот на сезоната:

http://resources1.news.com.au/images/2008/04/14/va1237302211653/Owen-Hargreaves-Manchester-United-5985078.jpg
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон откри дека Овен Харгривс ќе го пропушти стартот на сезоната поради нови проблеми со колената


Играчот од средниот ред имаше само еден настп минатата сезона и тоа од клупата за резерви по 18 месеци отсуство поради повреда.

Во Манчестер Јунајтед се надеваа дека Харгривс ќе може да учествува во летната турнеја – тие заминуваат во понеделник за тренинг кампот во Чикако – но наместо тоа, англискиот интернационалец ќе оди нови прегледи.

Сер Алекс Феругосн за MUTV рече: “Лошите вести се дека Овен Харгривс се врати во Америка да се види со специјалистот.”

“Тој нема да биде подготвен за стартот на сезоната. Не знам кога ќе се врати.”

Фергусон исто така стравува дека Рио Фердинанд нема да биде подготвен за првиот натпревар од новата сезона против Њукасл.

Дефанзивецот заработи повреда на коленото на тренинг со репрезентацијата на Англија во пресрет на Светското Првенство и не можеше да настапи во Јужна Африка.

Фергусон рече: “Рио веројатно нема да биде подготвен за стартот на сезоната. Ќе биде во трка со времето.”

“Се зависи од неговиот прогрес во следните неколку недели.”






Прочитај повеќе...