недела, 10 октомври 2010

Официјално затворање на блогот:

http://www.manchesterismyheaven.com/

ОФицијално затворање на блогот...



Благодарение до сите што го следеа блогот и новостите. Блогот се затвора затоа што се отвари нов сајт за Манчестер Јунајтед кој работи на еден поинаков начин и ги пренесува најрелевантните информации околу и за клубот. Продолжите да нè следите, кликнете на сликата ќе ве одведе до новиот сајт.

Glory, glory Man United!


Прочитај повеќе...

недела, 3 октомври 2010

Мајкл Керик: Не сакам да заминам од Јунајтед:

http://www.trulyreds.com/wp-content/uploads/2010/08/Carrick_02.jpg
Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Мајкл Керик вели дека сака да остане на Олд Трафорд до крајот на неговата кариера...


Англискиот интернационалец во последните неколку месеци константно се поврзува со заминување од Манчестер Јунајтед и се шпекулира дека Астон Вила е последниот клуб што пројавува интерес за услугите на 29 годишниот Керик.

Но играчот, кој има уште две години од договорот со ’Црвените Ѓаволи’, инсистира дека тој никогаш не размислувал за заминување од Олд Трафорд.

Керик рече: “И јас видод дека одредени приказни сугерираат дека минатото лето ќе сум заминел од Јунајтед но јас не им обрнував внимание.”

“Тоа е дел од играта.”

“Никогаш не сум размислувал дека сум на пат за заминување од Јунајтед, ниту една минута. Такви мисли никогаш не ми се вртеле низ паметото.”

“А ниту менаџерот ме нема кажано нешто такво.”

“Ова е одлично место за да се биде. Имам да ја одиграм уште оваа сезона и следната според мојот договор и би сакал да останам тука до крајот на мојата кариера.”

“Зошто би сакал да одам на друго место?”

“Сега останува на мене да работам напорно оваа сезона и да се изборам за место во тимот.”

“Па целта е да се биде во тимот што почесто.”





Прочитај повеќе...

Премиер Лига: Сандерленд 0 - 0 Манчестер Јунајтед:

- 0
Манчестер Јунајтед продолжува со слабата форма на гостувањата во Премиер Лига...


Цревните Ѓаволи’ пропуштија да се изедначат по бројот на бодови со лидерот Челзи откако на гостувањето кај Сандерленд одиграа натпревар без погодоци.

Во тимот на Јунајтед се најдоа во нападот Овен и Македа кои буквално ништо не прикажаа. Во вториот дел влезе Бербатов и Чичарито кои малце ја дигнаа играта на Јунајтед но не беше тоа доволно за победа на Црвените Ѓаволи.



Прочитај повеќе...

петок, 1 октомври 2010

Преглед: Сандерленд - Манчестер Јунајтед:

http://cdn.bleacherreport.net/images_root/slides/photos/000/341/446/103290515_display_image.jpg?1281662592
2 - Октомври, 2010 - 16.00 h
Стадион на светлината, Сандерленд


Манчестер Јунајтед гостува на стадионот на Сандерленд во исклучително важен натпревар за Црвените Ѓаволи. Минатата недела Јунајтед не успеа да му се доближи на Челзи и изигра само нерешено со Болтон и оваа недела е под притисок поради натпреварот Челзи - Арсенал.

Сандерленд досега оваа сезона е непоразен на нивниот стадион, но Јунајтед има победено во последните четири гостувања кај Сандерленд. Менаџерот на Сандерленд нема издвојувано победа над Фергусон како тренер во последните 15 меча.

Сандерленд е охрабрен поради лошите резулатати сезонава над нив од големите екипи. Не изгубија во натпреварите со Сити, Арсенал и Ливерпул.

Тимски новости:
Сандерленд:
Се очекува Бент заедно со новото засилување Гиан да го предводат нападот на Сандерленд.

Сандерленд се соочува со проблеми во одбраната и Џон Менза и Ричардсон нема да настапат поради повреди но се очекува Антон Фердинанд да се врати во срцето на одбраната.

Дени Велбек исто така нема да игра против својот матичен клуб.

Можен состав: Минолет, Тарнер, Брамбл, Бредсли, Ел Мухамади, Хендерсон, Катермол, Малбранк, Гиан и Бент.

Манчестер Јунајтед:
Се соочуваме со проблеми околу средниот ред каде што нема да настапат Гигс, Сколс поради повреди. Руни исто така нема да игра не мечот поради повреда.

Се очекува Керик да игра во првиот тим покрај Дарен Флечер.

Чичарито кој го постигна победничкиот гол против Валенсија најверојатно повторно ќе биде на клупата но Овен би требало да биде на теренот покрај Бербатов.

Можен состав: ВДС, Рафаел, Фердинанд, Видиќ, Евра, Нани, Флечер, Керик, Парк, Овен и Бербатов.

Моја прогноза:
Очекувам победа да издвојуваме и да се префрли притисокот на Челзи во мечот со Арсенал. После победата над Валенсија очекувам добра и самоуверена игра. Доколку настапиме во одбраната како погоре што е пишано не би требало да примиме ниту еден гол.

Конечен резултат: Сандерленд 0 - 2 Манчестер Јунајтед





Прочитај повеќе...