среда, 30 септември 2009

Фергусон: Руни може да биде на нивото на Меси и Роналдо:

http://11reds.com/wp-content/uploads/Red%20Devil/2009/07/wayne-rooney.jpg
Руни, кој ќе наполни 24 години следниот месец има одличен старт на сезоната и успеа да му помогне на својот тим да ја пополни празнината настаната со заминувањето на Кристијано Роналдо.

Работејќи блиску со англискиот интернационалец скоро пола декада, Сер Алекс Фергусон знае за што е способен Руни.

“Во ниту еден случај тој не не разочарал.” – рече Фергусон. “Кога го ангажиравме како младо момче го мислевме истото што и денес го мислиме за него: дека тој ќе стане навистина топ фудбалер.”

“Има одлични играчи како Кака, Роналдо и Лео Меси – тие се тројцата најдобри фудбалери во светот, и мислам дека Рини лесно може да дојде до тоа ниво, со правиот прогрес.”

“Без сомнение тој оди во тој правец. Тој е благословен со одредени ’состојки’ што само одличните фудбалери ги имаат. Голема одлучност и глад за победа на секој натпревар.”


Прочитај повеќе...

вторник, 29 септември 2009

Преглед: Манчестер Јунајтед - Волфзбург:

Утре се сретнуваат два големи шампиона во второто коло од Лигата на Шампионите Манчестер Јунајтед и Волфзбург однсно шампионот на Англија и шампионот на Германија.Мечот ќе се одигра во 20:45 на стадионот Олд Трафорд.
https://blogger.googleusercontent.com/img/b/R29vZ2xl/AVvXsEhVmP8ccesowNF_W0PYOggLg8j-4piUjOOuRQ3-PygNh_ukjkQuwrja3reSkWjpuTBIaauislQDwle8J9HsTvqSqqbE6imEQuB6Sfee_kJ3nt5iyu8VXj64nO5j0E7Qc0aI13123Dxf9TtA/s400/oldtrafford+stadium.jpg
Се очекува голем спектакл утре на Олд Трафорд помеѓу Јунајтед и Волфзбург.Двата тима забележија победи на првите натпревари од Лигата на Шампионите против Бешикташ однсоно ЦСКА Москва.

Манчестер Јунајтед имаше потешка задача во првото коло на тешкото, пеколно гостување во Турција против Бешикташ.Но сепак избраниците на Сер Алекс Фергусон издвојуваа победа со 1-0.

Волфзбург имаше полесна задача на домашен терен ја пречекаа ЦСКА Москва и ја победија со 3-1 со трите гола на Графите.

Манчестер Јунајтед се наметнуваат како фаворити на овој натпреавр поради сегашната форма со 7 победи во низа во сите конкуренции.

Последни 5 натпревари:

Манчестер Јунајтед:

Сеп. 26: Стоук Сити 0 - 2 Манчестер Јунајтед
Сеп. 22: Манчестер Јунајтед 0 - 1 Вулверхемптон
Сеп. 20: Манчестер Јунајтед 4 - 3 Манчестер Сити
Сеп. 15: Бешикташ 0 - 1 Манчестер Јунајтед
Сеп. 12: Тотенхем 1 -3 Манчестер Јунајтед

Волфзбург:

Сеп. 26: Волфзбург 4 - 2 хановер
Сеп. 23: Келн 3 - 2 Волфзбург
Сеп. 18: Шалке 1 - 2 Волфзбург
Сеп. 15: Волфзбург 3 - 1 ЦСКА Москва
Сеп.12: Волфзбург 2 - 3 Леверкузен

Тимски новости:

Манчестер Јунајтед:
Фергусон се соочува со мали проблеми откако Парк Џи Сунг и Мајкл Овен го пропуштија последниот тренинг на тимот.

Можен прв состав: Фостер, Ошеа, Фердинанд, Видич, Евра, Валенсија, Флечер, Андерсон, Гигс, Бербатов и Руни.

Волфзбург:
Играчот од средниот ред Жозуе има повреда на коленото која ја заработи минатиот викенд против Хановер.

Можен прв состав: Беналио, Ритер, Мадлунг, Барзагли, Шафер, Жозуе, Гентнер, Мисимович, Џеко и Графите.


Поважни играчи:

Манчестер Јунајтед - Димитар Бербатов:

Дуото кое прикажа добра игра против Вулверхемптон притисокот расте врз Бербатов и довербата треба да му е зголемена по голот кој гo постигна со Стоук.

Волфзбург - Графите:
На играчот му е зголемена самодовербата откако постигна хет трика минатото коло во Лигата на Шампионите против ЦСКА Москва.

Извор 1!

Извор 2!


Прочитај повеќе...

Иднината на Манчестер Јунајтед:

Манчестер Јунајтед - МК ја има таа можност да ви ги претстави четирите најталенирани млади напаѓачи кој потекнуваат од школата на Јунајтед.

Дени Велбек:
Години: 18
Потекло: Манчестер, Англија

http://img.skysports.com/10/07/218x298/welcrop_2480204.jpg

Атрибути: Многу подвижен и лесно ја води топката потсеќа на стилот на познатиот Нванкво Кану.Супер креативец и супериорен финишер.Сака да превземе се на свој грб и да го води тимот.

Сер Алекс: "Постигна прекрасен гол против Вулверхемптон.Тоа прикмажува дека момчето има квалитет и светла иднина."


Федерико Македа:
Години: 18
Потекло: Рим, Италија

http://i.telegraph.co.uk/telegraph/multimedia/archive/01379/federico_macheda2_1379505c.jpg

Атрибути: Супериорен и силен играч,дефинитивно напаѓачот со нај природен финиш од сите други млади играчи.Има нневеројатно чувство за гол и знае каде треба да се смести топката, исто така има и неверојатен темперамент - натпреаврот со Астон Вила мината сезона.

Сер Алекс: "Македа е право играчиште, херојот на Јунајтед, исто како Кристијано Роналдо што беше за нас."



Џошуа Кинг:
Години: 17
Потекло: Осло,Норвешка

The image “http://newsimg.bbc.co.uk/media/images/46135000/jpg/_46135688_joshua_king_226.jpg” cannot be displayed, because it contains errors.

Атрибути: Силен и моќен играч кој има голема желба да се докаже и во секое време може да избувне.Педи Криранд вели дека тој е еден од најдобрите млади напаѓачи, додема Оле Гунар Солскер поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед кој влијаше за да се донесе овој млад напаѓач вели дека тој е како Џон Карју(Астон Вила).

Сер Алекс: "Тој е многу брз има одлчини атрибути и тој има само 17 години.Тој има светла иднина."


Џон Кофи:
Години: 16
Потекло: Абосо, Гана

http://picsrv.manutd.com/?fif=/manu/img_10_31147_5365.jpg&obj=iip,1.0&wid=240&hei=311&rgn=0.028225806451612902,0.022408963585434174,0.967741935483871,0.8711484593837536&cvt=jpeg

Атрибути: Целосно моќен и желен за докажување со атлетски предиспозиции.Џон, кој им се преклучи на Црвените Ѓаволи од Барнли импресионираше за екипата на Манчестер Јунајтед до 18 години.Тој може да игра за Германија или Гана и има играно за помладите селекции.Многу брзо напредува на Олд Трафорд.

Сер Алекс: "Младиот Џон Кофи напредува многу добро и изигра одлична сезона за тимот на Јунајтед до 18 години.Тој е само еден од напаѓачите кој напредуваат и се пробиваат."

Манчестер Јунајтед има многу јака школа за млади играчи тоа можеме да го потврдиме и согледаме со игрите на овие млади напаѓачи а исто така има и многу други играчи.Од овие би ги издвоил Велбек кој го знаеме од прошлата сезона од игрите за Јунајтед од Карлинг Куп и ФА Куп и Македа со победничките головите против Астон Вила и Сандерленд за првиот тим на Манчестер.

Извор!


Прочитај повеќе...

Мисимовиќ: Не чека пекол на Олд Трафорд:

Звјездн Мисимовиќ, 27-годишниот среден играч на Волфсбург и босански репрезентативец, со страв го очекува дуелот од 2-то коло од фудбалската Лига на Шампионите во Манчестер.

Image

Германскиот шампион доаѓа на гости кај англискиот, а по првите 2 дуели и двата клубови имаат по три поени. Манчестер Јунајтед победи кај Бешикташ со 1:0, додека Волфсбург ја совлада московска ЦСКА на свој терен со 3:1.

„На теренот не чека пекол, што друго?“ - се прашува Мисимовиќ и потрдува зошто:

„За мене трите најдобри фудбалски тимови на светот се Барселона, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.“

Мисимовиќ рече што треба да бида водичот на неговиот тим на Олд Трафорд.

„Никако не смееме да се браниме и да се ориентираме само на чување на својата мрежа. Таков пристап против Манчестер Јунајтед 100% ве турка во пораз. Имаат фантастични напаѓачи, Руни и Бербатов. Во одбраната се исто така јаки, Видиќ таму е нивниот најдобар играч. Но, мислам дека нашата можност баш лежи во средниот ред каде тоа е нивната најслаба точка.“


Прочитај повеќе...

Мартинс загрижен од опасноста која ја носи Овен:


Двајцата напаѓачи го напуштија Њукасл ова лето, Овен се пресели во Јунајтед во слободен трансфер а Мартинс реши да се пресели во шампионот на Германија, Волфзбург.

Двете екипи утре ќе се сретнат на Олд Трафорд во рамките на второто коло од ЛШ, а и двата тима имаа победнички старт во фазата по групи.

Овен најверојатно ќе го започне натпреварот од клупата за резерви и Мартинс е желен да се осигура дека напаѓачот на Црвените Ѓаволи нема да доби шанса за погодок доколку настапи на утрешниот дуел.

“Овен е опасен фудбалер – може да постигне погодок од било која позиција во шеснаесетникот.” – рече Мартинс за The Sun.

“За мене тој сеуште е одличен фудбалер и се надевам дека тој нема да биде во форма кога ќе се сретнеме во Лигата на Шампионите.”


Прочитај повеќе...

Видиќ: Поразот во Рим инспирација за подобра сезона:


Јунајтед утре на Олд Трафорд го пречекуваат шампионот на Германија, Волфзбург во обид да го задржат позитивниот старт во Групата Б.

Со победа Црвените Ѓаволи ќе направат голем чекор кон пласман во следната фаза и покрај тоа што ќе имаат одиграно само два натпревари.

Јунајтед играа две финалиња во низа но загубија во Рим минатата сезона и неуспехот сега ќе биде главен мотиватор за обезбедување учесто на дуелот на Сантијаго Бернабе.

“Многу е лошо чувството кога ќе се пласирате во финале и ќе го загубите и тоа е много лош спомен.” – рече Видиќ.

“Морате да признаете дека е подобро да бидете во финале и да го загубите отколку воопшто да не бидте таму.”

“Сите знаеме како се чувствувавме. Потребно е сега да се осигураме дека тоа нема да се случи.”

Ова лето од Олд Трафорд заминаа Тевез и Кристијано Роналдо и Видиќ вели дека само по крајот на сезоната тие ќе знаат дали успеале да го надминат отсуството на двајцата играчи.

“Роналдо и Тевез се квалитетни играчи, нема сомневање во тоа.”

“Но тешко е да се каже дали можеме да се справиме со нивното заминување. Веројатно ќе го знаеме тоа по крајот на сезоната.”

“Доколку не освоиме трофеи, луѓето ќе речат дека причината е заминувањето на Тевез и Роналдо, иако тоа не мора да значи.”

“Во моментов ни оди добро, го имавме најдобриот старт во четири години во кои јас сум тука.”


Прочитај повеќе...

Агентот на Руи Патрисио вели дека Јунајтед го следи неговиот клиент:


Се шпекулира дека високо ценетиот чувае на мрежата е мета на Црвените Ѓаволи уште од времето кога Карлос Квеироз беше асистент на Алекс Фергусон.

Квеироз го напушти Олд Трафорд во 2008 за да стане селектор на Португалскиот национален тим и младиот чувар на мрежата на Спортинг регулрано е дел од составот на селекцијата.

Извештаите на медиумите говорат дека Патрисио е дел од листата на желби на Јунајтед за долгорочна замена на Едвин ван дер Сар, кој е можно да се пензионира по крајот на сезонава.

Агентот на Патрисио, Карлос Гонкалвес потврди дека шампионот на Премиер Лигата подолго време го следи неговиот клиент.

Гонкалвес за A Bola рече : “Вистина е дека тој е следен долго време, дури од периодот кога Карлос Квеироз беше дел од Манчестер Јунајтед.”

Иако Патрисио сеуште нема дебитирано за сениорскиот национален тим, тој исто така беше дел од составот на поранешниот селектор Луис Фелипе Сколари за ЕВРО 2008.

Медиумите од Островот вчера исто така објавија дека Сер Алекс Фергусон го следи голманот на Интер, Жулио Цесар.


Прочитај повеќе...

понеделник, 28 септември 2009

Јунајтед се насочува кон голманот на Спортинг Лисабон Руи Патрисио?

https://blogger.googleusercontent.com/img/b/R29vZ2xl/AVvXsEgdB-9mfSnKqK8kjtLVXMTG5AmY2UfGtMv39LXXJCXJAgW5K_zC4zTQ7DEPlDjSFlosHEWQJxdD8SirlJTHY_pz4FMtL5IPLL03lU5fYyp_4teLostTfupgtXrkB_j9BB4mvjSEtqsyJf4/s400/Rui+Patr%C3%ADcio2.jpg

Извештаји од Португалија изјавуваат дека Манчестер Јунајтед се се поблиску до договор со Спортинг Лисабон за нивниот 21 годишен голман Руи Патрисио.

Младиот голман на Спортинг Лисабон се наоѓа долго време на радарот на Манчестер Јунајтед уште од времето кога Кристијано Роналдо се пресели на Олд Трафорд.

Интересот се зголеми кога тренерот на Спортинг Лисабон не го ставаше во преден план Руи Патрисио како број еден голман во тимот.

38 годишниот Едвин Ван Дер Сар како прв избор во Манчестер Јунајтед е на залезот на својата кариера.Бен Фостер моментално е прв избор на Ферги бидејќи Ван Дер Сар е повреден, но сеуште е прашање дали Фостер може да го замени Ван Дер Сар, поради тоа Ферги гледа можна замена во Руи Патрисио за Едвин.

Извор!


Прочитај повеќе...

Ферги го посакува Жулио Цесар како замена за Ван дер Сар:


Манчестер Јунајтед е во потрага на нов чувар на мрежата бидејќи постои голема веројатнос ветеренот Едвин ван дер Сар да се пензионира по крајот на оваа сезона.

Холанѓанецот веќе неколку сезони наназад вели дека ќе игра само ’уште една година’ и најави дека во декември ќе проговори за неговата иднина но Ферги не остава ништо на случајот и веќе работи на пронаоѓање на соодветна замена.

Се чинеше дека Фостер ќе може да биде замената на Ван дер Сар, но Англичанецот не покажува константно добри перформанси за шампионска екипа како што е Манчестер Јунајтед па затоа Сер Алекс ќе се обиде да ангажира голман од светска класа.

Црвените Ѓаволи се поврзуваа со неколку голмани а последното име на листата желби е Жулио Цесар од Интер.

Бразилецот пристигна како анонимус во Милано но во дресот на Нероаѕурите се промовираше во еден од најдобрите чувари на мрежата во светот.

Според Sunday People Манчестер Јунајтед е подготвен да одвои околу 20 милиони фунти за да го доведе Жулио Цесар на Олд Трафорд.


Прочитај повеќе...

недела, 27 септември 2009

Бербатов го величи Рајан Гигс:

The image “http://www.pic.mk/images/giggsscore.jpg” cannot be displayed, because it contains errors.

Димитар Бербатов го величи "олдтајмерот" Рајан Гигс, кој влезе од клупата за резерви и асистираше два пати во победата на Црвените Ѓаволи од 2-0 против Стоук.

Гигс го проигра Бербатов во победата од 2-0 после пасот на Дарен Флечер и исто така велшанецот асистираше од слободен удар при голот на Ошеа.

"Начинот на игра се промени отакако Гигс влезе во игра," - изјави Бербатов

"Можеме сите да приметиме со годините што ги има Гигс како игра за Јунајтед и колку влијае на теренот.Тој донесе правилни одлуки тоа не донесе до трите бода."

"Откако тој влезе во игра Стоук беше декласиран."

Голот на Бербатов беше втор во сезоната за него но тој вели дека не му значи ништо неговото постигнување доколку тимот не победува.

"Најважната работа е тимот да победи, а не јас да постигнам гол," - додаде Бербатов

"И 1-0 да победиме не ми е важно кој постигнал гол па и голманот. Сакам само да продолжуваме да победуваме и да бидеме на врвот на табелата."

Извор!


Прочитај повеќе...

Стоук Сити 0 - 2 Манчестер Јунајтед:

Тони Пулис го славеше 150 натпревар како тренер на Стоук притоа гостуваше Манчестер Јунајтед на стадионот Британија.
http://www.bacd.biz/_memberimage.php?path=staffordshire-stoke.jpg&size=274
После губењето на три поени во последните две пресметки во Премиер Лигата во последните секунди од натпреварите Тони Пулис сакаше да ги насочи своите играчи кон вториот натпревар со клуб од големата четворка на домашен терен т.е. Манчестер Јунајтед.

Како што и се очекуваше одбраната на Манчестер Јунајтед беше на тежок тест но Црвените Ѓаволи доминираа со поседот на топката и Рајан Гигс креаторот во победата на Манчестер Јунајтед со две асистенции и со головите во второто полувреме на Бербатов и Ошеа, Ѓаволите се израмнија со Челзи на првото место на табелата.

Антонио Валенсија требаше да го донесе тимот на Манчестер Јунајтед во водство само по седум минути игра кога се најде очи во очи со голманот Соренсен, но Валенсија не ја искористи шансата.

За целиот среден ред и напачите Димитар Бербатов и Вејн Руни беше тежок патот да се пронајде патот до мрежата.Јунајтед исто така имаше две златни шанси за погодок првата по корнерот изведен од страна на Нани кога Руни за малце ќе постигнеше гол и шансата на Нани со удар од далечина но Соренсен го одбрани.

Играчите на Стоук беа среќни што резултатот на полувремето сеуште беше изденачен но беше само прашање на време кога Манчестер Јунајтед ќе поведе.

Нани како и вообичаено беше многу мотивиран во првото полувреме но во второто полувреме темпото на играта се намали и го забележа Сер Алекс Фергусон тоа со што изврши замена односно Рајан Гигс на местото на Луиш Нани.Во шесетата минута Гигс одигра со Флечер кој му возврати прекрасен пас и Гигс му асистираше на Бербатов за водство од еден нула на Манчестер Јунајтед.
The image “http://www.pic.mk/images/berbahadth.jpg” cannot be displayed, because it contains errors.

Се засилија нападите на Стоук со измената на Тони Пулис односно ги внесе во игра Џејмс Бити и Тунчај Санли во нaпадот.

Кога Стоук очекуваше да израмни Јунајтед изнуди слободен удар од левата страна на игралиштето од околу 25 метри.Гигс го изведе слободниот удар и нафрли во шеснаесетникот и топката го погоди Ошеа кој погоди за конечни 0-2.
The image “http://www.pic.mk/images/osheascore.jpg” cannot be displayed, because it contains errors.

Моја анализа:
Манчестер Јунајтед добро игра на последните натпревари и реди само победи а има и добра игра посебно Гигс, Флечер и Руни се истакнуваат како креатори на победите на Манчестер Јунајтед. Да се надеваме дека оваа серија ќе продолжи и в среда против Волфзбург во рамките од второто коло од Лигата на Шампионите на домашен терен.Поздрав!;)

Извор 1!

Извор 2!



Прочитај повеќе...

сабота, 26 септември 2009

Барнсли - Манчестер Јунајтед во рамките од четвртото коло на Карлинг Купот:

http://www.wrexhamafc.co.uk/javaImages/c4/4c/0,,10311~3361988,00.jpg

Јунајтед ќе одигра меч против Барнсли на Оуквел во рамките на четвртото коло од Карлинг Куп кој ќе се одигра следниот месец.

Црвените Ѓаволи ја продолжија одбраната на титулата во Карлинг Купот со победата над Вулверхемтпон од 1-0 во третото коло.

Голот на Дани Велбек во второто полувреме беше доволен за Јунајтед да се пласира понатаму.

Екипата Барнсли чиј тренер е поранешен напаѓач на Манчестер Јунајтед односно Марк Робинс го однесе Барнсли до четвртото коло со победата над Барнли со 3-2.Јунајтед никогаш не играл со клуб од Јоркширската страна во Карлинг Куп,исто така Сер Алекс Фергусон беше поразен 1998 во петтата рунда на стадинот Оуквел во повратниот меч од ФА Купот.

Останатите натпревари од Карлинг Купот:
Блекбурн - Питерброу
Манчестер Сити - Скатхорп
Тотенхем - Евертон
Челзи - Болтон
Сандерленд - Астон Вила
Арсенал - Ливерпул
Портсмут - Стоук

Натпреварите ќе се одиграат на 26 Октомври.

Извор!


Прочитај повеќе...

петок, 25 септември 2009

Овен Харгривс се враќа за еден месец:


Харгривс оваа недела се врати во Манчестер Јунајтед и физиотерапефтите вршат проверки до каде е опоравувањето на играчот по операцијата на двете колена за да се отстрани повредата која ја стави под знак прашалник кариерата на играчот.

Добра вест е тоа што играчот по пауза од повеќе од една година конечно е пред враќање на терените.

Сепак Ферги нема да избрзува со Харгривс и физиотерапефтот со кој играчто соработуваше во САД пристигна во тренинг кампот на Јунајтед.

“Харгривс се врати, и се надеваме дека момчето ќе продолжи со прогресот без додатни проблеми.” – рече Фергусон.

“Тој е надвор од терените долго време, но има жилавост да ги надмине сите проблеми. Ќе му бидат потребни околу четири недели да се врати во ритам на тренинзите и до точката каде што ќе можеме да сметаме на неговите услуги и на натпреварите.”

“Физиотерапефтот со кој работеше во САД пристигна во Англија. Ќе остане околу една недела за да помогне околу промената на работата со нашите физиотерапефти.”

“Тие дискутираат во која фаза од опоравувањето се наоѓа Овен.”


Прочитај повеќе...

Фергусон сеуште има доверба во Фостер, голманот ќе биде стартер против Стоук:


Се навестуваше дека е можно Томас Кушчак да го има првиот старт во Премиер Лигата откако ја сочува мрежата незатресена при победата над Волвс во Карлинг Купот.

Сепак Феругусон му даде јавна поддршка на Бен Фостер, откако тој имаше катастрофален ден на градското дерби со Сити и голманот утре повторно ќе биде стартер на дуелот со Стоук.

“Беше добра можност за Томас да игра во среда но Бен ќе биде на голот на утрешниот натпревар.” – рече Фергусон на денешната прес-конференција.

“Бен нема големо искуство но ќе биде ОК.”

Во меѓувреме, Ферги потврди дека првиот избор за голманската позиција, Едвин ван дер Сар ќе биде отсутен уште три недели.

“Сеуште чувствуваме дека ќе му бидат потребни три недели за опоравување.” – додаде Ферги пред да потврди дека ниту еден играч не заработил некоја нова повреда на последните два натпревари.

Сер Алекс исто така имаше пофални зборови за работата на Тони Палис во Стоук и очекува гостувањето на Британиа Стадионот да биде незгодно.

“Стоук има одличен скор на домашен терен, и не сум изненаден од начинот на кој тие ја започнаа сезоната.”

“Тие се клуб во подем и ќе бидат тежок противник оваа сезона.”


Прочитај повеќе...

четврток, 24 септември 2009

Фергусон сака средба со тимот на неговиот син:

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон има само една желба кога е во прашање ждрепката за осмина финалето во Карлинг Купот.

Image


Искусниот долговечен шкотски менаџер на клупата на „Црвените Ѓаволи“ посакува среда против Питерброу, клубот од втората англиска лига (Чемпионшип), кој го води неговиот 37-годишен син Дарен.

„Би сакал Питерброу да ни биде наредниот противник, но на домашен терен! Целата фамилија Фергусон би била среќна со таквото сценарио.“ - изјави Сер Алекс, кој натпреварувањето во Карлинг Купот го користи како прилика за тестирање на младите играчи, кои ретко ги гледаме во посилните натпреварувања во акција.

Синот Дарен во неговите фудбалски денови Алекс Фергусон го доведе и во Манчестер Јунајтед, и никогаш не оствари голема кариера. Но, се чини дека од татко му го наследил тренерскиот дар. Во првите две сезони на менаџерската клупа на Питерброу, тимот го одведе од четвртата до втората англиска лига.


Прочитај повеќе...

Јунајтед слaвеше со играч помалку:

Оваа недела нема Лига на Шампиони ни Европа Лига, па средината на неделата на Островот е резервирана за почетното коло во Лига купот.

Image

Бранителот на купот, Манчестер Јунајтед го пречека на својот Олд Трафорд тимот на Вулверхемптон. Сер Алекс излезе на теренот со играчи кој воглавно ја греат клупата и играат за вториот тим на „црвените ѓаволи“.

Во нападот стартуваше и човекот на одлука во градското дерби, Мајкл Овен, а во средината господаруваа Нани и Керик со помош на младите Гибсон и Велбек. И баш последноспоменатото „момче“ беше човекот на одлука постигнувајќи го единствениот погодок на мечот во 67-та минута за продолжување на сонот за одбрана на трофејот.

Да напоменеме дека Јунајтед беше со играч помалку од 29-тата минута, кога Фабио доби директен црвен.

Моја анализа:
Супер изиграа Велбек и Овен како добар тандем се покажаа.Оправдана одлуката на судијата да му даде црвен картон на Фабио(кој немаше друга опција освен да направи црвен картон или Манчестер да прими гол).Браун спаси неколку опасни топки а исто така и Кушчак се што беше наречено удар кон гол се одбрани и добро се покажа.Главно добро изиграа младите своето деби го имаше и седумнаесетгодишниот Кинг кој имаше добри шасни за гол не не ги искористи.Само штета што мораше да искочи толку рано од игра Македа поради црвениот картон.Поздрав!


Прочитај повеќе...

Ван дер Сар: Во декември ќе одлучам за мојата иднина:


Холанѓанецот веќе неколку години наназад најавува дека е блиску до пензионирање но секогаш се предомислува и го продолжува договорот со Црвените Ѓаволи.

Следниот месец Ван дер Сар ќе полни 39 години и вели дека се наоѓа во сериозна дилема кога е во прашање својата иднина.

“Неколку години наназад велам дека ова ќе биде мојата последна сезона.” – рече Ван дер Сар.

“Шест месеци пред да истече мојот договор со Манчестер Јунајтед во декември 2006, јас го продолжив за уште една година и истото се повторува секој пат кога ќе треба да се реши мојата иднина.”

“Секоја сезона сакам да видам на што стојам, дали сите се среќни и дали сеуште можам да бидам мотивиран.”

“Но знам дека, поради тоа што сум стар, многу е веројатно дека ова ќе биде мојата последна сезона.”

“Можно е да се пензионирам но можно е и да продолжам.”

Ван дер Сар додаде: “Во декември ќе имам јасна слика за мојата иднина. До тогаш ќе бидам во страшна дилема.”


Прочитај повеќе...

вторник, 22 септември 2009

Гери Невил пред суспензија:

Десниот бек на Манчестер Јунајтед, Гери Невил иако не одигра ниту минута во градското дерби со Сити му се заканува суспензија од еден натпревар.

Имено Невил по голот на Мајкл Овен во 96.минута за победа на "црвените ѓаволи" истрчал педесетина метри покрај аут линијата до корнер знаменцето и трибината каде се наоѓале навивачите на Сити и славел пред нив наводно упатувајќи им навреди. Неговото однесување тренерот на "граѓаните" Марк Хјуз го окарактеризира како лудачко.

Невил истото го направи и по победата над Ливерпул во 2006 година, по што беше парично казнет со 5.000 фунти.

По жалбата на Сити, англискиот фудбалски сојуз (ФА) освен инцидентот со Белами ќе поведе истрага и за однесувањето на Невил, а ако биде прогласен за виновен му следи парична казна и можна суспензија.


Прочитај повеќе...

Агентот на Погба застана во одбрана на Јунајтед:


17 годишниот Погба се пресели на Олд Трафорд од редовите на Ле Авр, трансфер кој предизвика неговиот поранешен клуб да покрена правна постапка против Црвените Ѓаволи.

Јунајтед не е загрижен поради обвинувањата на Ле Авр верувајќи дека нема ништо нелегално во трансферот на Погба, но клубот од Франција нема да се откаже од докажување дека тие се во право.

Ле Авр најави дека целиот случај ќе го презентира пред ФИФА – светското фудбалско тело неодамна го казни Челзи со забрана за трансфери до 2011, поради нелегален ангажман на Гаел Какута од Ленс.

Но агентот на Погба инсистира дека Јунајтед нема направено ништо погрешно и додава дека тие едноставно покажале верба во играчот.

“Секако, играчот доби добар договор. Но парите не се единствен мотиватор за млад играч и неговите родители да ја променат земјата.” – рече Гаел Махе.

“Тие исто така се задоволни од начинот на кој луѓето гледаа кон нив, сериозноста на преговорите, покажаната почит.”

“Дали знаете што Јунајтед испрати за мајката на Погба? Не беше голем чек, туку букет цвеќе. Тоа чинеше 30 евра но мајката беше поласкана од потегот. Таа почувствува голема верба.”

“Таткото доби книга со историјата на клубот додека пак Пол доби дрес со бројот 6 и неговото име. Тоа е симбол, и тие почувствуваа дека Јунајтед има почит кон нив.”

Исто така и мајката на Погба, Јео ги негираше обвинувањата дека добила куќа како дел од преселбата на нејзиниот син во Англија.

“Приказната за куќата ги натера луѓето од хотелот да се смеат. Доколку сум добила куќа, зошто би живеела во хотел? Можам да ве осигурам дека Манчестер Јунајтед не ни дал ништо.”

“Ле Авр не се грижеше за мојот син. Кога Пол пропушти часови бидејќи настапуваше на еден турнир со тимот, побаравме тој да надохнади но Ле Авр не се грижеше.”

“Разбравме дека клубот не верува во него. Тие им понудија договори на сите играчи кои имаа исти години, но ништо на Пол.”

“Довербата веќе беше нарушена.”


Прочитај повеќе...

Овен: Голот против Сити ми е најголемиот во кариерата:

Мајкл Овен кој ја донесе победата на Мaнчестер Јунајтед во градското дерби против Сити признава дека тој гол му е еден од најголемите во кариерата.

Image

Еден од најпрестижните фудбалери на вечниот ривал на „црвените ѓаволи“ Ливерпул и четврти најдобар стрелец во националниот тим на Англија на сите времиња го истакна голот против Сити како еден од несомнено најголемите голови во неговата кариера.

„Тоа веројатно ќе биде еден од моментите на кои ќе се враќам со спомен, ќе биде најголемиот погодок во мојата кариера. Да погодам толку драматичен гол во дерби натпревар е просто неверојатно. Треба да се види за да поверуваш дека е вистина. Тоа сигурно е еден од најголемите натпревари пренесувани на ТВ каналите воопшто“, некриејќи ја радоста по постигнатиот погодок коментираше Овен.


Прочитај повеќе...

Евра му е благодарен на Господ што игра во Премиер лигата и Јунајтед:


Евра е импресиониран од натпреварот против Сити и начинот на кој Јунајтед го совлада градскиот ривал.

"Понекогаш потребно е да правиме грешки за да имаме вакви натпревари како овој" - изјави Евра.

"Навистина мислам дека натпреварот можевме да го завршиме порано, но откако постигнавме гол почнавме да грешиме".

"Мислам дека за фановите, за сите, за нас ова беше неверојатен ден. Да се постигне гол во последната секунда, е едноставно фантастично".

"Фудбалерите од клупата влегоа во теренот, фановите, атмосферата, токму затоа му благодарам на Господ што играм во Премиер лигата и за Јунајтед. Денот како овој е едноставно неверојатен" - вели Патрис Евра.


Прочитај повеќе...

понеделник, 21 септември 2009

Овен: Се надевам дека фановите повеќе не се сомневаат:

Мајкл Овен верува дека со победничкиот погодок против Манчестер Сити ги доби симпатиите од фановите на Манчестер Јунајтед.

Image

„Се крена голема галама околу моето доаѓање во Јунајтед. Некој сеуште сомневаа во моите квалитети. Се надевам дека по овој погодок ги разубедив останатите.“ - вели Овен.

Да подсетиме дека со погодокот на Овен во 96-тата минута, Јунајтед успеа да го освои целиот плен во градското дерби против Манчестер Сити.

„Но јас цело време не се грижев за коментарите на другите, затоа што за мене е привилегија да играм во тим како Јунајтед. Доминиравме во мечот и иако примивме погодоци поради наши грешки, ја постигнавме нашата цел.“

„Сега посакувам од порано да бев тука, покрај многубројните фанови кој ја даваат подршката во текот не целиот меч. Многу е лесно да играш при ваков амбиент.“
- заврши Овен.

Овен пристина во Манчестер Јунајтед ова лето како слободен играч од Њукасл Јунајтед и ја носи легендарната 7-ка која ја носеле многу легенди како Бест, Робсон, Кантона, Бекам и Роналдо.


Прочитај повеќе...

Евра: Тешко беше да се гледа Тевез во друг дрес:

Одбранбениот играч на Манчестер Јунајтед, Патрик Евра признава дека му беше жал за поранешниот играч на Јунајтед откако напаѓачот на Сити имаше тешко враќање на Олд Трафорд вчера.

Image

„Тоа беше малку тешко бидејќи Карлос е голем пријател“ изјави Евра. „Му се јавив пред натпреварот и му реков: Не ме интересира, откога ќе дојдеш на Олд Трафорд за време на натпреварот ние не сме пријатели“.

Сепак Евра признава дека надвор од теренот Тевез е еден од најдобрите негови пријатели и дека му било многу тешко да ги гледа нападите на навивачите кон него само поради фактот дека ги смени клубските бои, од црвениот дрес на Манчестер тој се префрли во синиот на Сити.

И покрај лошиот прием од навивачите, Тевез размени топли прегратки со неколку негови поранешни соиграчи и ја поздрави домашната подршка на полувремето.


Прочитај повеќе...

Ферги: Го стишивме бучниот сосед:

Менаџерот на Манчсетер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон не го криеше своето задоволство по победата на домашен терен над градскиот ривал Сити со 4-3 во 6. коло од англиското првенство.

Image

Иако ѓаволите во текот на натпреварот имаа три пати водство сепак за да стигнат до победа мораа да чекаат шест минутно судиско продолжение кога џокерот од клупата, Овен ја затресе противничката мрежа

„Можевме да ги понижиме денекса. Им подаривме три погодоци. Можевме да победиме со 6-0 или 7-0 но тоа е што е. На крај победивме во едно од најдобрите дербиа за Манчестер, во натпревар полн со возбудувања и неизвесности“, изјави Алекс Фергусон по натпреварот па потоа додаде дека неговите играчи го „стишиле бучниот сосед“.

„Некогаш ви се случило ли да имате бучни соседи и да не можете да направите ништо за тоа бидејќи тие секогаш ќе бидат бучни. Морате да продолжите со својот живот и да го попуштете телевизорот. Денеска моите играчи докажаа дека се подобри на теренот“, додаде шкотскиот стучњак.


Прочитај повеќе...

недела, 20 септември 2009

Видео: Манчестер Јунајтед 4 - 3 Манчестер Сити

Мајкл Овен се истакна како херој за Манчестер Јунајтед во локалното дерби против градскиот ривал Манчестер Сити.The image “http://www.pic.mk/images/owenscores.jpg” cannot be displayed, because it contains errors.

На денешното дерби пред преполниот Олд Трафорд бевме сведоци на прекрасен натпревар исполнет со многу погодоци, на крајот целиот плен го однесоа домаќините со 4-3.

Најмногу драматика видовме во судиското продолжение кога Манчестер Сити преку Белами успеа да го израмни резултатот на 3-3 за во 96. минута Мајкл Овен да му ги донесе трите поени на Манчестер по прекрасното проигрување од Рајан Гигс.

Пред тоа, Сити два пати се враќаше по негатива од еден погодок. Најпрво Герет Бери израмни по првиот погодок на Вејн Руни кој го постигна во втората минута од Натпреварот. А во второто полуврме Белами и Флечер постигнаа уште по еден погодок за своите тимови а кон крајот на натпреварот во 80. минута Флечер повторно донесе предност за домаќините.

Во првото дерби за Манчестер се покажа дека сепак Јунајтед е подобриот тим од шампионскиот град во Англија, останува да го почекаме реваншот да видиме како граѓаните ќе се однесуваат пред своите фанови.

Манчестер Јунајтед - Манчестер Сити 4-3

2. минута Руни 1-0

16. минута Бери 1-1

49. минута Флечер 2-1

52. минута Белами 2-2

80. минута Флечер 3-2

90. минута Белами 3-3

96. минута Овен 4-3

Моја анализа:

Во последните три утакмици Манчестер Јунајтед прикажа супер игра од која фановите треба да бидат задоволни.Манчестер Сити имаа среќа што го имаа Гивен на голот иначе ќе беше најмалце 6 - 3.Но за нивна среќа Бен Фостер не беше расположен денеска и прими два гола на негови грешки.Нп земено севкупно Манчестер Јунајтед го има својот џокер Мајк Овен!Можеби многу ќе речат дека на среќа победил Јунајтед но кој ја гледал цела утакмица не може да го рече тоа.Супер играат Флечер и Руни сезонава Флечер заедно со Андерсон предводници на средниот ред а Руни во нападот со 6/6.Ова беше уште еден доказ дека во Англија се игра фудбал до 90 минута.Поздрав!:DGlory,glory Man United!















Прочитај повеќе...

Видиќ: Роналдо не се пресели во најдобриот клуб, тој го напушти најдобриот:


Дефанзивецот вели дека на Олд Трафорд веќе никој не зборува со Кристијано Роналдо, кој ова лето го напушти Манчестер Јунајтед и се пресели во Реал Мадрид во светски рекореден трансфер вреден 94 милиони евра.

Видиќ исто така додава дека Роналдо го напушил најдобриот клуб во светот наместо да се пресели во него.

“Никој повеќе не зборува за него.” – рече Видиќ.

“Сите знаеме дека Роналдо не се пресели во најдобриот клуб во светот, тој го напушти најдобриот клуб во светот.”

Околу амбициите во новата сезона, Србинот рече: “Нема да бидам среќен доколку не триумфираме во Премиер Лигата и Лигата на Шампионите.”

“Само еден трофеј нема да не направи среќни и тоа покажува колку голем клуб сме.”

Видиќ исто така проговори и за неговиот соиграч Вејн Руни: “Тој го сака Јунајтед а и клубот го сака него.”

“Односот што тој го има со фановите е како брак и тој нема да го прекрши. Малкумина играчи во светот имаат способности како оние на Вејн, а уште помалку работат напорно на теренот како него.”

“Во еден момент гледате како тој постигнува прекрасен погодок а веќе во следниот тој помага на одбраната.”

“Сигурен сум дека тој ќе биде во Јунајтед до крајот на кариерата – ниту една сума на пари не можат да го отргнат.”


Прочитај повеќе...

Парк е среќен поради потпишувањето на нов договор со Јунајтед:


Парк потпиша нов две годишен договор со Манчестер Јунајтед, 28-годишниот фудбалер е повеќе од задоволен поради тоа.

"Многу сум среќен поради тоа што потпишав нов договор" - изјави Парк за официјалната страна на Јунајтед.

"Навистина уживам тука и го ценам сето она што Сер Алекс и стручниот штаб го направија за мене, но исто треба да ги пофалам и фановите, кои се неверојатни".

"Ние постигнавме голем успех во изминатите четири години и освоивме многу трофеи".

"Тоа е одлично искуство за мене да играм во овој неверојатен клуб покрај толку познати фудбалери".

Сер Алекс Фергусон вели дека новиот договор на Парк е поради неговата напорна работа и посветеност кон Јунајтед во изминатите четири години.

"Ние секогаш сме задоволни кога ќе ја обезбедиме иднината на нашите најдобри фудбалери и Парк докажа дека е фантастичен фудбалер и важен играч за Јунајтед"

"Ние сме среќни поради потпишувањето на нов договор со него" - изјави Фергусон.


Прочитај повеќе...

петок, 18 септември 2009

Јунајтед може да го доведе Муслера во Јануари:

Image
Манчестер Јунајтед може да го доведе голманот на Лацио, Фернандо Муслера, уште во зимскиот преоден рок.

Младиот Уругваец зема по 5.000 фунти неделно во дресот на Лацио, а Јунајтед може да му понуди многу повеќе од тоа. Но претседателот на Лацио, Лотито, прави се само да го задржи младиот голман на Олимпико.

Откако се покажа како клучен играч со своите одбрани во победите на Лацио во Купот на Италија и Супер Купот на Италија, Муслера стана атрактивен за Сер Алекс Фергусон.

Голманот на Јунајтед, Едвин Ван Дер Сар, веќе има 40 години, а Сер Алекс Фергусон сака да обезбеди адекватна замена за голманската позиција. Покрај Муслера, на радарот на Јунајтед се и Игор Акинфеев од ЦСКА Москва, Мануел Нојер од Шалке 04 и Рене Адлер од Баер Леверкузен.


Прочитај повеќе...

Тевез очекува добар прием на Олд Трафорд од фановите на Јунајтед:


Во недела се игра големото градско дерби во Манчестер помеѓу Сити и Јунајтед.

Тевез беше еден од омилените на фановите во Јунајтед, но одлучи да се пресели во нивниот голем ривал Манчестер Сити.

Тој сеуште е неизвесен за натпреварот во недела, но смета дека ќе наиде на добар прием од фановите на Јунајтед доколку настапи на натпреварот на Олд Трафорд.

"Очекувам добар прием, бидејќи во Јунајтед јас секогаш го давав најдоброто од мене и имав добар однос со фановите" - изјави Карлос Тевез за Daily Telegraph.

"Тие знаат дека јас давав се од себе на Олд Трафорд за да постигнувам голови кој ќе му помогнат на тимот да победува на натпреварите, па не гледам зошто да имам лош прием".

"Што ќе направам доколку постигнам гол? Добро, ќе ми биде драго, но не размислувам многу за тоа во моментов".

"Најважно е Манчестер Сити да победи. Доколку не постигнам гол, но победиме, ќе бидам многу среќен".

Рио Фердинанд кој исто така е неизвесен за овој натпревар, вели дека трансферот на Тевез во Сити покажува дека најголем ривал на Јунајтед е Ливерпул а не нивниот градски ривал.

"Фактот што Карлос Тевез замина во Сити зборува за степенот на ривалство на Јунајтед со Манчестер Сити и Ливерпул".

"Карлос рече дека би сакал да ги испочитува фановите со тоа што нема да се пресели во Ливерпул".

"Но тој сметаше дека е добро да се пресели во Сити. Тоа само покажува кој е најголем ривал на Јунајтед" - изјави Фердинанд.


Прочитај повеќе...

Рио Фердинанд останува неизвесен за градското дерби:


Шкотот сигурно сака на дербито со Манчестер Сити на теренот да го испрати својот најдобар тим, а тоа многу ќе зависи од можноста на Рио Фердинанд на денешниот тренинг да го докаже својот фитнес.

Централниот дефанзивец го имаше својот прв настап во новата сезона минатиот викенд кога Црвените Ѓаволи славеа со 3-1 на гостувањето кај Тотенхем.

Но Рио на тренингот во понеделникот се пожалил на болки во препоните и не настапи на дуелот во вторникот против Бешикташ.

“Единствено нешто што ме загрижува е Рио.” – рече Сер Алекс Фергусон на прес-конференцијата во пресрет на дуелот со Сити.

“Тој го пропушти дуелот во вторникот и беше надвор од стројот и пред натпреварот со Спарс.”

“Со само еден натпревар по враќњето од повредата е доволно за да бидам загрижен – потребно е да игра на неколку натпревари за да го достигне максимумот.”

“Во понеделникот тој имаше мал тренинг но нешто не беше во ред.”

“Потребно е позитивно да го одработи денешниот тренинг доколку сака да настапи на дуелот во сабота.”

“Се надевам дека ќе биде дел од градското дерби бидејќи сакате сите важи големи играчи да бидат на располагање.”


Прочитај повеќе...

четврток, 17 септември 2009

Давид Силва поласкан од интересот од Премиер Лигата:


Ѕвездата на Валенсија, Давид Силва вели дека е поласкан од интересот на екипа од калибарот на Манчестер Јунајтед.

Шпанскиот интернационалец ова лето се поврзуваше со заминување од Валенсија, но остана на Местаља и покрај интересот на голем број гиганти.

Барселона, Реал Мадрид, Јувентус, Ливерпул, Челзи и Реал Мадрид беа дел од заинтересираните екипи, но второ лето по ред, Лос Че успева да го задржи Силва во своите редови.

“Чест е за секој игра да знае дека клуб од калибарот на Манчестер Јунајтед ве следи и самото тоа е огромна пофалба за вас.” – рече Силва.

“Но јас сум верен на Валенсија и мојот сон е да ја освојам титулата но во иднина се може да се случи.”

“Во последните неколку месеци Валенсија одби неколку понуди за мене и јас сум среќен тука.”

“Но исто така знам дека Премиер Лигата е големо натпреварувања и тешко може да се одбие.”

Силва беше на врвот од листата на желби на Рафа Бенитез изминатово лето но Ливерпул не можеше да плаи 30 милиони фунти, колку што ги побара Валенсија.

Јунајтед ја имаше финансиската моќ да го зграби Силва и Ферги во неколку наврати го следеше играчот но Црвените Ѓаволи не извршија поголем притисок врв Валенсија.


Прочитај повеќе...

среда, 16 септември 2009

Фердинанд неизвесен за дуелот со Сити:


Фердинанд не настапи на гостувањето кај Бешикташ во победата на Манчестер Сити од 1-0.

Дефанзивецот на Јунајтед е повреден, но Фергусон се надева дека ќе биде во комбинација за големото градско дерби во недела против Сити.

"Треба да почекаме и да видиме дали Фердинанд ќе игра против Сити" - изјави Фергусон за Sky Sports.

"Тој почуствува болка во слабината на тренинг по саботниот натпревар и не ризикувавме да игра против Бешикташ".

"Тој не беше ниту на клупата, требаше да му дадеме време да се опорави до недела" - заврши Ферги.


Прочитај повеќе...

Ферги застана во одбрана на реакцијата на Руни по замената на напаѓачот:


Руни беше заменете по еден час игра против Бешикташ откако играше осамен во нападот.

Со оглед на тоа дека напаѓачот работеше напорно на двата репрезентативни настапи со Англија како и на дуелот против Тотенхем, 23 годишниот можеби требаше да биде среќен што доби одмор, практично поради градското дерби на Олд Трафорд овој викенд.

Меѓутоа, Руни беше бесен што се пресели на клупата за резерви и во целата нервоза ги фрли копачките на земја, а потоа имаше и мала дискусија со дел од фановите кои беа над клупата за резерви на Јунајтед.

Луѓето од обезбедувањето веднаш реагираа и спречија да насанат поголеми проблеми.

“Не го видов тоа но тука секогаш има насилни фанови. Секогаш било така.“ – рече Фергусон.

“Секогаш размислував да го повлечам од игра Руни.” – рече Фергусон. “Тој играше како осамен напаѓач еден час, па затоа планот беше да го заменам.”

“Тој никогаш не е задоволен кога треба да го напушти теренот. Тој има многу енергија и сака да игра постојано.”

“Но јас секогаш планирав да направам измена и да го внесам во игра Димитар Бербатов и Овен бидејќи на Мајкл му се потребни минути.”


Прочитај повеќе...

Видео: Бешикташ 0 - 1 Манчестер Јунајтед


Прочитај повеќе...

вторник, 15 септември 2009

Преглед: Бешикташ - Манчестер Јунајтед

Денеска во 20:45 се сретнуваат двата големи шампиона на Турција односно Англија - Бешикташ и Манчестер Јунајтед.Натпреварот ќе се одигра на еден од најграндиозните стадиони во Турција (Beşiktaş İnönü) кој има капацитет 32,145 седишта.

http://www.worldstadiums.com/stadium_menu/past_future/pictures/future_stadiums/istanbul_inonu2.jpg

"Големо е реномето на Манчестер Јунајтед и ќе биде многу тешко да оствариме победа тие имаат гостувано кај Галатасарај и Фенербахче, но фановите на Бешикташ се уникат."

"Тие се најгласните и најимпресионираната публика и тие се со тимот цели 90 минути."

"Публиката е неверојатна.Ќе биде одлично искуство дури и за играчите на Манчестер Јунајтед кои мислат дека виделе се, но нашите навивачис можат атмосферата да ја направат неверојатна." - изјави голманот на Бешикташ.

Бешикташ по поразот на гости од 3-0 од нивниот вечен ривал Галатасарај го пречекува Манчестер Јунајтед и последниот пат кога Турскиот клуб учествуваше во Лигата на Шампионите беше во група со Англиски Клуб и загуби со неверојтани 8-0 од Ливерпул.Па сега сакаат да ја поправат сликата за нивниот клуб.

Сепак, Манчестер Јунајтед по неочекуваниот пораз од Барнли на почетокот на Премиер Лигата добро закрепна со прекрасна игра и многу голови со победите над Виган,Арсенал и Тотенхем.

Црвените Ѓаволи ја прекинаа одличната серија на Тотенхем од 4 победи во низа и следниот натпревар од Премиер Лигата е многу важен за нив затоа што се сретнуваат со Градскиот Ривал Манчестер Сити кој има перфектен старт 4 натпревари 4 победи.

"Треба да се гордееме што се наоѓаме тука.Секогаш е многу важен првиот натпревар од групата."

"Треба да создадеме шанси и да ги искористиме." - изјави тренерот на Бешикташ.


Последни 5 натпревари:

Бешикташ

Sep 12 Galatasaray 3-0 Besiktas (Super Lig)
Aug 28 Besiktas 0-0 Gaziantepspor (Super Lig)
Aug 22 Genclerbirligi 0-0 Besiktas (Super Lig)
Aug 17 Besiktas 2-0 Antalyaspor (Super Lig)
Aug 7 Istanbul Buyuksehir 1-1 Besiktas (Super Lig)


Манчестер Јунајтед:

Sep 12 Tottenham Hotspur 1-3 Manchester United (Premier League)
Aug 29 Manchester United 2-1 Arsenal (Premier League)
Aug 22 Wigan Athletic 0-5 Manchester United (Premier League)
Aug 19 Burnley 1-0 Manchester United (Premier League)
Aug 16 Manchester United 1-0 Birmingham City (Premier League)

Можни стартни состави:

Бешикташ:
Rustu; Kas, Ferrari, Sivok, Ismail; Ozkan, Ernst, Fink, Tabata; Nihat, Bobo


Манчестер Јунајтед:
Foster; Brown, Ferdinand, Vidic, Evra; Valencia, Fletcher, Carrick, Nani; Rooney, Berbatov.



Важни играчи:

Нихат Кавечи(Бешикташ):

Една од главните ѕвезди во тимот е Нихат Кавечи кој направи транфер во Бешикташ од редовите на Виљареал и го имаше своето деби минатиот викенд на дербито против Галатасарај.Во нападот ќе соработува со Бобо.

Вејн Руни(Манчестер Јунајтед):
Англискиот репрезентативец се наоќа во голгетерска форма со тоа што дава голови и за Англија и за Манчестер Јунајтед.Дефанзивците на Бешикташ Матео Ферари и Томаш Сивок ќе имаат тепка работа.

Извор 1!

Извор 2!


Прочитај повеќе...

Муслера на местото на Ван Дер Сар?

Според неколку италјански медиуми, Манчестер Јунајтед го следи младиот перспективен голман на Лацио, Фернандо МУслера.Image
Голманот на Лацио се смета за првиот кандидат кој треба да го замени Ван Дер Сар на голот на „црвените ѓаволи“, бидејќи менаџерот на Јунајтед, Сер Алекс Фергусон планира додатно да ја засили таа позиција.

Според неслужбени информации од Олд Трафорд, Алекс Фергусон веќе разговарал со челниците на Лацио за можноста за трансфер на овој 23-годишен Уругваец. Веста исто така се појави и на италјанскиот веб сајт „Sportal.it“ каде меѓу остантото се наведува дека Манчестер не е единственит клуб кој се интересира за младиот голман.

Лацио веќе пробува да ја задржи својата идна звезда, судејќи по тоа што ова лето на голманот веќе му беше понуден нов договор.

Иако Манчестер не го потврди интересот за Муслера, нема да биде чудно доколку тимот од Олд Трафорд да се одлучи за купување на овој млад уругвајски голман.


Прочитај повеќе...

понеделник, 14 септември 2009

Парк Џи Сунг доби нов договор од Манчестер Јунајтед:


“Парк и Манчестер Јунајтед постигнаат согласност за нов тригодишен договор. Договорот ќе истече на 30 јуни 2012. Но не можеме да ја соопштиме неговата нова плата.” – соопшти агенцијата која го застапува Парк, ЈС Лимитед на пресконференција.

Некои извештаи на медиумите говорат дека 28 годишниот крилен фудбалер ќе заработува околу 3,6 милиони фунти годишно.

Парк, кој се пресели на Олд Трафорд во 2005 од редовите на ПСВ Ајнхофенд за 4 милиони фунти, стана првиот играч од Азија што учествувал во финале од Лигата на Шампионите.

Играчот исто така беше од голема важност за креирањето на огромна армија фанови на Јунајтед во Јужна Кореа и Азија.

Во дресот на Црвените Ѓаволи до сега Парк Џи Сунг има 126 настапи и 12 постигнати погодоци.


Прочитај повеќе...

Фергусон: Сакам повторно да играм против Барселона во финале:


Фергусон знае каде погрешил неговиот тим во минатото финале од Лигата на Шампионите кога Јунајтед загуби од Барса.

Менаџерот на Црвените Ѓаволи посакува повторно да се сретне со Барселона во надеж дека овој пат исходот ќе биде поинаков.

"Би сакал да добиеме шанса да ја повториме ситуацијата со Барса. Апсолутно. Би сакал уште едно финале со нив" - изјави Фергусон за Daily Star.

"Го гледате поразот и гледате на причините и оправдувањата. Но секогаш е подобро да се гледа на причините".

"Сега ни е јасно каде сме погрешиле и тоа секогаш помага. Имаше причини за поразот кои можеме да ги поправиме".

"Не би навлегувал во причините за поразот, но земав DVD со мене на одмор и го гледав натпреварот уште еднаш".

"Разгледавме се детално со мојот стручен штаб. Буквално се. Дали хотелот во кој бевме сместени бил вистинскиот, дали тренингот бил добар? Значи сега ни е сосема јасно каде сме погрешиле".

"Сакам да ги разгледувам ваквите натпревари, тоа не ми е проблем. Можеме да го поправиме тоа што сме го погрешиле против Барса".

"Доволно долго сум во фудбалот и знам дека не можеме да ги победиме сите натпревари".

"Понекогаш едноставно треба да прифатите дека има лоши денови. Разочарувачки е кога се губи. Не сакате да губите во еворпските финалиња, ова ми е прво кое сум го загубил, и е навистина разочарувачки за секој".

Утре Манчестер Јунајтед ја започнува новата сезона од Лигата на Шампионите, Црвените Ѓаволи му гостуваат на Бешикташ.

"Има многу восхит таму, многу фанатизам. Го очекуваме тоа. Стадионот таму се полни во 12 часот попладне. Неверојатна е вревата која ја прават, но едноставно мораме да се справиме со тоа".

"Лигата на Шампионите е приоритет. Тоа е голем турнир со најдобрите играчи и клубови. Затоа секогаш имаме два предизвици, Премиер лигата и Лигата на Шампионите" - заврши Фергусон.


Прочитај повеќе...

Феноменален рекорд за Рајан Гигс:

Капитенот на Манчестер Јунајтед во вчерашниот натпревар за црвените ѓаволи против Тотенхем, Рајан Гикс продолжи со феноменалниот рекорд на постигнување на погодоци во голот на Карло Кудичини во 25. минута од натпреварот.

Image

Велскиот ветеран погоди од слободен удар за 1-1 во многу важната победа на ѓаволите од 3-1 во Северен Лондон. Тој негов гол означува дека 35 годишниот играч за врска на Манчестер е единствениот играч во историјата на Премиер Лигата кој постигнал барем по еден гол во секоја сезона, откако поранешната Прва дивизија на Англија се трансформираше во Премиер Лига на 20 Февруари 1992 година.

„Навистина сум горд на тоа што сум постигнувал погодоци во секоја сезона од почетокот на Премиер Лигата, се надевам дека тоа не се. Сега не постигнувам толку многу погодоци но се трудам сите погодоци да се важни. Овој против Тотенхем беше токму таков“
, изјави Гигс за своето постигнување.


Прочитај повеќе...

недела, 13 септември 2009

Ферги се спрема за јануарскиот преоден рок:

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон се подготвува за сериозен удар во зимскиот трансфер период, Шкотланѓанецот има намера да ги привлече двајцата најактуелни фудбалери, бразилскиот напаѓач на Севиља, Луис Фабиано и халфот на Валенсија, Давид Силва.

Image

Манчестер Јунајтед веќе се обиде да го донеси Давид Силва минатото лето но од Валенсија го одбија трансферот со образложение дека ѕвездата не е на продажба. Според „Вести од светот“ доколку трансферот се оствари во текот на зимата кога ѓаволите ќе предложат 25 милиони фунти за играчот со сигурност шпанскиот репрезентативец ќе премине на Олд Трафорд.

Според „The People“ Луис Фабиано ќе стане играч на Манчестер за сума од 20 милиони фунти. Како што е познато, бразилскиот репрезентативец беше близу до трансфер во Милан во текот на ова лето но зделката не се реализира а според италијанските медии и Јувентус исто така имал апетити кон голгетерот.


Прочитај повеќе...

сабота, 12 септември 2009

Бербатов: Одлично ми беше во Тотенхем, но не можев да го одбијам Јунајтед:


Бербатов денеска се враќа на Вајт Харт Лејн каде што Манчестер Јунајтед ќе му гостува на Тотенхем.

Бугарскиот интернационалец вели дека бил среќен во Лондон, но не можел да одбие понуда од Јунајтед.

"Уживав во моето време поминато во Тотенхем, и навивачите беа многу добри кон мене" - вели Бербатов.

"Но, кога ќе слушнете дека клуб како Манчестер Јунајтед се интересира за вас и имате шанса да играте во Лигата на Шампионите, невозможно е да кажете не".

"Имам амбиции и на моја возраст е вистинско време да пробам да ги постигнам тие",

Чичкото на Бербатов е свештеник кој се занимава со изгонување на духови, тој не бил многу задоволен што неговиот внук се преселил во Црвените Ѓаволи.

"Тој е свештеник и изгонувач дома во Бугарија, тој е моќен човек кој истерува демони и духови".

"Кога се преселив во Јунајтед, тој имаше проблеми со нивниот прехар. Како побожен човек, нему му пречеше името Црвени Ѓаволи".

"Тој ми рече дека неговата црква станува се поголема, се полни со се повеќе луѓе. Луѓето во Бугарија се луди по фудбал".

"И доколку тоа што јас играм во Манчестер Јунајтед ќе ги натера луѓето повеќе да одат во неговата црква тоа би било одлично. Не е важно како доаѓаат, туку важно е дека тие ќе учат од него" - заврши Бербатов.


Прочитај повеќе...

Сер Алекс ја отфрла можноста Руни да биде капитен на Јунајтед:


Ферги верува дека е многу тешко напаѓач да биде капитен на тимот иако претходно капитенската лента ја носеше Ерик Кантона.

Шкотот вели дека тогаш се решил на еден таков чекор поради големото влијание на Кантона врз младите фудбалери и индицира дека во иднина капитен ќе биде играч од средниот ред или дефанзивец.

“Многу е тешко за еден напаѓач да биде капитен.” – The Sun го цитира Фергусон.

“Ерик Кантона беше капитен бидејќи имаше големо влијание врз младите фудбалери, тој беше идол за нив.”

“Нормално за капитенската лента треба да побарате играч од средниот ред или пак дефанзивата.”

“Вејн секогаш ќе превземе одговорност, тој има природна желба за тоа и секогаш ќе дава 100% за тимот.”

“Играчите кога ќе стигнат во својата 25 година играат со авторитет и во нивната игра има голема смиреност.”



Прочитај повеќе...

Ле Авр останува на ставот дека Јунајтед нелегално го ангажирал Погба:


Клубот од Франција го обвини Јунајтед за нелегален ангажман на неговиот голем тален, Пол Погба и најавија жалба до ФИФА.

Официјални лица на Ле Авр изјавија дека Црвените Ѓаволи за да го убедат Погба да го напушти својот матичен клуб на родителите на играчот им дале по 100 000 евра и им купиле куќа.

Јунајтед го негираше сето тоа и најави дека ќе го тужат Ле Авр доколку клубот продолжи со лажните обвинениа.

Сепак претседателот Жан Пиер Лувал воопшто не е исплашен од шампионот на Англија и продолжува да ја бара правдата.

“Ова е ’киднапирање“ на млад играч.” – рече Лувал за L’Equipe. “Играчот беше под договор со нас и имаше ставено потпис на ‘acord de non-sollicition’ (договор според кој се сложува дека во иднина ќе стави потпис на професионален договор).”

“Нашите адвокати ќе го достават случајот до ФИФА, ако е потребно ќе одиме и пред Судот за Спортска Арбитража.”

“Погба требаше да потпише договор со нас но тоа не се случи бидејќи неговите родители не го посакуваа тоа.”

“Денеска тој не е лиценциран како играч на Манчестер бидејќи ФФФ ги нема испратено сертификатите.”

“Големите клубови не можат да се однесуваат така. Играчот е загубен но очекуваме казната да не заштити во иднина.”


Прочитај повеќе...

петок, 11 септември 2009

Харгривс се враќа во ноември:


Се очекува набрзо Харгривс да се врати на терените по проблемите со колената на кои мораше да прави операција.

Тој е дел од составот на Јунајтед за Лигата на Шампионите и предвидувањата се дека Харгривс би можел да настапи на последните три натпревари, против ЦСКА на Олд Трафорд на 3ти ноембри, со Бешикташ на 25ти, и со Волзбург на 8ми декември.

"Имавме потешкотии што да правиме со Харгривс дали да го ставиме во 25те" - изјави Сер Алекс Фергусон.

"Требаше да одбереме помеѓу Харгривс, Зоран Тошиќ и Ричи де Лает. Тоа беше дилемата".

"Но се одлучивме за Харгривс откако од медицинскиот тим ни рекоа дека тој би можел да игра на последните три натпревари од Лигата на Шампионите".

"Тој е фудбалер кој може да игра на повеќе позиции на теренот".

"Тој може да биде многу значаен фудбалер за нас во тој период од сезоната".

"Разочарување е ова за Зоран но не можеме ништо да направиме околу тоа. Има и други кои се изоставени" - заврши Ферги.


Прочитај повеќе...

Акинфеев желен за преселба во Јунајтед:


Младиот интернационалец на Русија го привлече вниманието на многу клубови ширум Европа по имресивните настапи за својот клуб и репрезентацијата.

Акинфеев исто така се поврзува со преселба во Баерн Минхен и Арсенал, а и Сер Алекс Фергусон добро внимава на голманот.

Со холандскиот интернационалец Едвин ван дер Сар пред крајот на својата кариера, можно е Фергусон да биде привлечен од идеата да донесе додатна конкуренција за Бен Фостер.

23 годишниот Акинфеев признава дека ќе биде тешко да се игнорира можноста да се пресели во редовите на шампионот од Премиер Лигата.

The Sun го цитира Акинфеев како вели: “ЦСКА е голем клуб но секој играч сака да ги покаже своите квалитети во Јунајтед.”


Прочитај повеќе...

четврток, 10 септември 2009

Сер Алекс Фергусон ги отфрла обвинувањата во врска со трансферот на Пол Погба:



Фергусон нагласи дека Јунајтед не платиле на родителите на Погба за да тој направи трансфер на Олд Трафорд и додаде дека би било лудо да се направи тоа.

Менаџерот на Црвените Ѓаволи говореше само неколку дена по обвинувањата за случајот на францускиот тинејџер Пол Погба.

"Имаше многу дезинформации и шпекулации но јас можам да потврдам дека Манчестер Јунајтед нема исплатено парични средства на родителите и се е според правилата на ФИФА. " - изјави Ферги

Челзи заработи забрана за потпипување договори со нови играчи за два транфер периода после истрагата и поднесената жалба од страна на фудбалскиот клуб Ленс поради нелегалниот транфер на Гаел Калкута.Сега за слична работа беше обвинуван и Манчестер Јунајтед од Ле Авр но Ферги го негираше и изјави дека тие никогаш не направиле нелегален трансфер.

"Никогаш не сме учествувале во таква ситуација, и не плаќаме на родители.Тоа би било лудо дури и да се помисли и изгледа чудно и нелегално да се плаќа на родителот на играчот."

"Обвинувањата беа од францускиот претседател на Ле Авр и сега ќе мора да ги повлече таквите обвинувања против нас."

"Секогаш ќе се наоѓаме во вакви ситуации затоа што сме најпопуларниот и најголемиот клуб но тоа ќе се прави без наше знаење од медиумите."

"Можеби други клубови се вмешани во вакви непријатни ситуации но ние не сме меќу нив."

Извор!


Прочитај повеќе...