понеделник, 30 ноември 2009

Сер Алекс Фергусон: Нани нема да замине од Олд Трафорд:

Менацерот на Манчестер Јунајтед инсистира дека не постои никаква шанса Нани да си замине од Олд Трафорд.
http://d.yimg.com/i/ng/sp/empics/20090406/12/4190537640-soccer-barclays-premier-league-manchester-united-v-aston-villa-old.jpg

23 годишниот крилен играч на Манчестер Јунајтед не успеа да се проби во првиот тим на Фергусон и беше изоставен од големите натпревари на Јунајтед против Манчестер Сити, Тотенхем и Ливерпул.

Се шират шпекулации дека Нани е незадоволен и дека посакува да го напушти Олд Трафорд но Фергусон инсистира дека Нани нема да замине од клубот.

"Неколку големи клубо покажаа интерес за Нани како Милан и Бенфика но нема контакт со нас и не сакаме да го продадеме " - изјави Ферги за the Sunday Mirror

"Тој има само 23 години. Ако некој испрати понуда за Нани во јануари ние ќе ја одбиеме и ќе одговориме дека Нани останува на Олд Трафорд. Тој не си заминува."

Шкотланѓанецот исто така изјави дека Нани е во комбинација за дуелот со Тотенхем кој се игра во рамките од Карлинг Купот.

"Тој е младо момче и сака да игра и можеби ќе добие шанса во вторник."

"Тој не игра поради тоа што Валенсија игра во одлична форма и Обертан се покажа како интересно крило."

Менаџерот на Црвените Ѓаволи исто така нагласи дека Нани ќе ја има својата шанса и се надева дека ќе ја искористи.

Тој додаде: "Нани не е во криза но едноставно минатите недели неа беа добри за него."

"Јас зборував со него и му кажав дека клубот нема да го продаде."

Извор!


Прочитај повеќе...

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го ангажира Мика Ричардс?

The image “https://blogger.googleusercontent.com/img/b/R29vZ2xl/AVvXsEihMCYwG0PctL3lCU2wRRmHxpgDO1Rs30ep03g7yiYOno8AiFehGJQ_uEQDbQg7z5yZRQ6ZAUUX7g1_56sh8UydpI8pRPlK7IyTRx_9s40obdlLFTFqHmqW_Ie8o5y9665idmWfMYPfw9g/s400/micah_richards.jpg” cannot be displayed, because it contains errors.

The Mirror изјавува дека Манчестер Јунајтед се спремни да испратат понуда до индиспораниот бек на Манчестер Сити Мика Ричардс.

Англискиот репрезентативец не е прв избор во тимот на Сити оваа сезона. Тој има голема конкуренција од летините засилувања Коло Туре и Џолеон Лескот и секако Пабло Забалето кој игра во одлична форма оваа сезона.

Исто така има шпекулации дека за него се заинтересирани и Астон Вила, Тотенхем и би можел да биде интересен за Челзи.

Марк Хјуз и покрај тоа што изајви дека Ричардс е наменет за долгорочен план сега во игра е и преселба на Олд Трафорд.

Гери Невил се наоѓа пред пензионирање, Вес Браун е неконстантен поради повред и Рафел кој сеуште е неискусен Ферги гледа во Ричардс одлично засилување.

Ричардс има 107 настапи во Премиер Лигата и има договор со манчестер Сити до 2013.

Извор!


Прочитај повеќе...

Сер Алекс Фергусон: Фердинанд ќе биде надвор до Божиќ:

http://img.thesun.co.uk/multimedia/archive/00530/rio_ferdinand_280x3_530265a.jpg

Сер Алекс Фергусон менаџерот на Црвените Ѓаволи очекува дефанзивецот Рио Фердинанд да се врати пред божиќните празнци.

Фердинанд има повреда на грбот која го мачеше и прошлата сезона и мора да паузира подолго време за да целосно подготвен.

Ферги вели дека нема да брза со враќањето на Фердинанд.

"Рио не е далеку од враќање на терените " - изјави за Sky Sports

"Тој напредува и тој е на нивото од последниот натпревар и треба да се справиме со тоа добро."

"Тој работи со медицинскиот тим и очекувам да биде спремен пред Божиќ."

"Не верувам дека ќе замине на операција бидејќи не е толку сериозна повредата."

Извор!


Прочитај повеќе...

недела, 29 ноември 2009

Ферги: Гигс има уште 2 добри години за играње:

http://www.blogunited.co.uk/images/articles/giggs_contract.jpg
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон го пофали својот играч Рајан Гигс.

Популарниот Ферги изјави дека Рајан Гигс може да игра уште две години на најголемо ниво и со врвна борба на фудбалските терени иако има 36 години.

Гигс го постигна 100-от погодок во Премиерлигата во поедата од 4:1 на Фратон Парк, кога Вејн Руни постигна хет-трик.

Гигс денес полни 36 години, а Фергусон вели:

„Тој е исклучителен играч. Феноменален е. Може да игра уште две години на највисоко ниво.“

„Среќен Роденден. Тој тоа што го направил за 36 години во неговиот живот, некој не може тоа да го направи ниту за 66. Ништо не може да го сопре.“
- заврши Фергусон.


Прочитај повеќе...

Портсмут 1 - 4 Манчестер Јунајтед:

Промената на кормилото не ги тргна од летаргијата фудбалерите на Портсмут, кој на својот „Фратон Парк“ беа поразени од Манчестер Јунајтед (4:1) и останаа заковани на дното од табелата на Премиер Лигата.
The image “http://www.pic.mk/images/rooneycalm.jpg” cannot be displayed, because it contains errors.

Дебито на новиот менаџер на Портсмут, Аврам Грант во денешниот дбовој од 14. коло на Премиер лигата го расипа Вејн Руни, кој со хет-трик ги растажи „Морнарите“, иако домашните во поголемиот дел од натпреварот во најмала рака беа рамноправен противник.

Најнајпред мрежата се затресе во 24. минута кога погоди од белата точка, а потоа на стартот од второто полувреме одлично ја реализираше акцијата на Антонио Валенсија и Рајан Гигс, за потоа повторно од пенал да ја осигура новата победа на „Бебињата“, чив менаџер, Алекс Фергусон, мораше поради казна натпреварот да го проследе од трибините.

Арбитарот Мајк Дин досуди уште еден пенал, и тоа за Портсмут, кој на прв поглед беше спорен, но на сигнализација на помошникот беше утврдено дека Немања Видиќ во шеснаесетникот за дрес го влечел Фредерик Пикиони. Од белата точка погоди Џорџ Боатенг.

Во самиот финиш Гигс од слободен удар со неговиот 100-ти гол ја завери победата на Манчестер, кој ја смали бодовната разлика од лидерот Челзи на само два бода во пресрет на Лондонското дерби на Емирати.

Моја анализа:
Супер изигравме на цел натпревар супер се покажа Кушчак на голот се одбрани исто така Валенсија беше насекаде на теренот и треба само вака да продолжиме. Сега е разликата само два бода се надевам дека така ќе остане и по денешниот ден.Поздрав!










Прочитај повеќе...

сабота, 28 ноември 2009

Преглед: Портсмут - Манчестер Јунајтед:


Сабота, Ноември 28, 2009 - 16:00
Фратон Парк, Портсмут

Портсмут се надева дека назначувањето на Аврам Грант за менаџер на клубот ќе го извлече од зоната за испаѓање.

Манчестер Јунајтед после поразот од Бешикташ на Олд Трафорд сака да се врати на победнички патеки и да му се доближи на Челзи.

После отказот на Пол Харт се надеваат дека назначувањето на човекот кој го донесе Челзи до финалето во ЛШ во 2008 ќе му помогне да искочи од зоната за испаѓање.

Со гостувањето на Челзи на Емирати во недела, менаџерот на Црвените Ѓаволи, Сер Алекс Фергусон се надева на победа и доближување само на два бода до Челзи пред дербито на колото.

Последни пет натпревари:

Портсмут:
22 ноември: Стоук Сити 1-0 Портсмут (Премиер Лига)
7 ноември: Блекбурн 3-2 Портсмут (Премиер Лига)
31 октомври: Портсмут 4-0 Виган (Премиер Лига)
27 октомври: Портсмут 4-0 Стоук Сити (Карлинг Куп)
24 октомври: Хал 0-0 Портсмут (Премиер Лига)

Манчестер Јунајтед:
25 ноември: Манчестер Јунајтед 0-1 Бешикташ (Лига на Шампиони)
21 ноември: Манчестер Јунајтед 3-0 Евертон (Премиер Лига)
8 ноември: Челзи 1-0 Манчестер Јунајтед (Премиер Лига)
3 Ноември: Манчестер Јунајтед 3-3 ЦСКА Москва (Лига на Шампиони)
31 октомври: Манчестер Јунајтед 2-0 Блекбурн (Премиер Лига)


Тимски новости:

Портсмут:
Повредата сеуште го мачи Дејвид Џејмс и се очекува Ешдаун да застане на голот.

Буба Диоп и Утака може да се најдат на клупата за резерви после рехабилитацијата од повредите.

Можен состав: Ешдаун, Бен Хаим, Кабул, Хреидарсон, Вилсон, Браун, Боатенг, Охара, Мулинс, Кану и Диндан.


Манчестер Јунајтед:
Победа над Евертон од 3-0 а потоа пораз од Бешикташ. Победата над Евевртон ја донесе средниот ред па Ферги се надева дека повторно ќе се активира Руни.

Јунајтед има проблеми со повредени играчи Рио Фердинанд, Цони Еванс, Џон Ошеа што значи дека Вес Браун и Немања Видич ќе бидат во првиот тим.

Гери Невил и Рафаел ќе се борат за место на бековската позиција додека конечно Димитар бербатов треба да се врати во тимот.

Можен состав: Ван дер Сар, Браун, Видич, Невил, Гигс, Керик, Флечер, Валенсија, Руни и Бербатов.


Поважни играчи:

Портсмут - Џејми Охара:
Откако се приклучи на тимот на Портсмут како позајмица од Тотенхем летово донесе цврстина во средниот ред. 23 годишниот играч на Портсмут ќе му создава доста проблеми на Ван дер Сар.

Манчестер Јунајтед - Димитар Бербатов:
Бербатов не учествуваше на три натпревари за Јунајтед и се наоѓа во одлична форма. Постигнува голови и за Јунајтед и за Бугарија стана најдобар стрелец на сите времиња.


Моја прогноза:
Нема да биде така лесно да се победи како што се очекува сепак ова е прв натпревар за Грант на клупата на Портсмут и ќе сака да го добие. Но верувам дека добро ќе изиграме и ќе победиме се разбира. Добро е Бербатов што се враќа и е во супер форма само така нека продолжи.Поздрав!


Извор 1!

Извор 2!


Прочитај повеќе...

петок, 27 ноември 2009

Хамшик на мета на Јунајтед:

Репрезентативецот на Словачка и играч од среден ред на Наполи, Марек Хамшик е прва цел во наредното лето на менаџерот на Манчестер Јунајтед, сер Алекс Фергусон.

Фергусон сака да го подмлади средниот ред на "црвените ѓаволи" со Хамшик, бидејќи при крај се кариерите на Пол Сколс и Рајан Гигс.

Хамшик е "срцето" на Наполи по доаѓањето во клубот од Бреша во 2007 година. Минатата сезона беше најдобар стрелец на Наполи со девет гола во 34 одиграни меча во сите натпреварувања. Оваа сезона има постигнато седум гола во Серија А.

Јувентус и Интер исто така се заинтересирани за купување на Хамшик.


Прочитај повеќе...

Фергусон: Има напредок кај Рио Фердинанд:


Рио се мачи со повреда на грбот, која ја имаше и во минатата сезона, Фергусон се надева дека тој наскоро ќе се врати на теренот и ќе биде на располагање за божиќните натпревари.

"Има напредок кај Рио, но секогаш е тешко со повредите на грбот" - вели Ферги.

"Природата по некогаш ви помога, но ние сме оптимисти околу неговото враќање".

"Нашата загриженост е за О'Шеј и Џони Еванс. И двајцата се неизвесни за натпреварот во сабота".

"Па треба да излеземе со дефанзивците кои ги имаме во моментов. Гери Невил е фит, се враќаат и Рафаел и Патрис Евра".

"Но јас сум навистина задоволен со формата на Вес Браун и Немања Видиќ. Тие играат фантастично во последните натпревари" - заврши Фергусон.


Прочитај повеќе...

Видиќ: Немам намера да го напуштам Манчестер Јунајтед:


Последните шпекулации велеа дека сопругата на Видиќ, Ана не е среќна во Англија и сака да се преселат во друга земја.

Барселона и Милан се поврзуваа со името на Немања Видиќ, но тој вели дека нема намера да го напушти Олд Трафорд.

"Чест ми е што сум дел од овој клуб толку многу години и доколку би можел да бидам еден од столбовите на кои ќе се гради новиот тим, ќе бидам многу среќен" - изјави Видиќ.

"Никогаш не сум рекол дека сакам да си заминам и да играм во друга земја".

"Други луѓе зборуваат или пишуваат за тоа и јас не сум среќен со тоа".

"Не сакам повеќе да зборувам за тоа, бидејќи не можам да ги запрам луѓето да шпекулираат".

"Фактот е дека сум тука" - заврши Видиќ.


Прочитај повеќе...

четврток, 26 ноември 2009

Сер Алекс Фергусон: Пресреќен сум од формата на Бербатов:

http://i.dailymail.co.uk/i/pix/2008/11/03/article-1082752-0232C372000005DC-170_306x407.jpg

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон вели дека Бербатов игра во топ форма оваа сезона и пресреќен е поради тоа.

Бербатов најверојатно ќе биде во првиот тим против Портсмут во саботниот дуел после едно месечна пауза поради повреда на коленото.

28 годишниот играч пропушти три натпревара за Јунајтед но беше избран за играч на месецот за Октомври од фановите.

Фергусон е среќен поради тоа што бугаринот е подготвен за целосен натпревар.

"Немам никакви забелешки. Димитар Бербатов игра одлично за нас. Неговиот рекорд за Бугарија донесе повеќе самодоверба и постигнува исто така важни голови и за нас."

"Не се грижам за негоовата форма тој игра одлично и сум среќен што се наоѓа во нашиот тим."

"Не можам да бидам посреќен со него."

Бербатов постигна четири гола за Јунајтед оваа сезона од кои два беа со волеј удари.

Извор!


Прочитај повеќе...

Манчестер Јунајтед 0 - 1 Бешикташ:

http://files.stv.tv/img/articles/139716-champions-league-man-utd-v-besiktas-live-online-on-stvtv-410x230.jpg

Турскиот Бешикташ постигна историска победа со 1-0 на гостувањето кај Манчестер Јунајтед.

Тимот на Мустафа Денизли имаше среќа што шампионот на Англија од поодмна си го обезбеди пласманот во следната фаза па играше претежно со младите таленти.

Црвените ѓаволи допуштија за прв пат да бидат поразени на домашен терен во Лигата на Шампионите после серија од 23 последователни натпревари без пораз.

Единствениот погодок на средбата го постигна Родриго Тело во 20. минута, со шут од далечина при што не му даде шанса на Бен Фостер да интервенира. После овој успех Бешикташ има вкупно 4 поени и заостанува 3 зад Волфсбург и ЦСКА, додека Јунајтед е прв со 10 освоени поени.

Јунајтед го започна доста активно овој натпревар и доминираше во текот на првото полувреме при што создаде и доста голем број на шанси но немаше кој да ги искористи истите. Ударите на Парк и Гипсон не завршија во мрежата, додека гостите од Турција организираа брзи контранапади, кој што во повеќето случаи резултираа со шутеви од далечина. Имено при слична ситуација во 20. минута Тело го постигна погодокот. После постигнатиот погодок гостите воглавно се бранеа а ѓаволите го стегаа обрачот пред Рушту. Македа и Оберан исто така имаа фантастични прилики за гол но славниот турски голман секогаш беше на вистинското место.

После паузата помеѓу двете полувремиња притисокот на домаќините не беше толку серизен а како истекуваа минутите така играта стануваше се побавна и побавна. Во второто полувреме најзрелата шанса за погодок ја имаше Обертан. Фергусон се обиде да интервенира па во игра ги пушти Овен, Евра и Карик но сепак ниту тие не можеа да го совладаат денеска расположениот Рушту.


Прочитај повеќе...

вторник, 24 ноември 2009

Бербатов сеуште неизвесен за настап:

The image “http://www.independent.co.uk/multimedia/archive/00198/berbatov8_198488t.jpg” cannot be displayed, because it contains errors.

Рекордното засилување Димитар Бербатов можно е да настапи на дуелот од Лигата на Шампионите со Бешикташ.

Бугарскиот интернационалец пропушти неколку дуели за Јунајтед и за репрезентацијата поради повреда на коленото. Бербатов можеби ќе се врати на дуелот со Бешикташ на кој победа за Манчестер би значело скоро сигурно прво место во групата Б.

Бербатов одработи целосен тренинг и можеби Сер Алекс Фергусон ќе се одлучи за поранешниот играч на Тотенхем да игра на Олд Трафорд против Бешикташ кој нема ниедна победа засега во рамките од Лигата на Шампионите.

Фергусон има проблеми со уште неколку повредени играчи. Рио Фердинанд дефинитивно нема да настапи поради повредата на грбот додека Џони Еванс нема да настапи поради повреда на мускул.Исто така и Ошеа Невил не тренираа со тимот.

Ова значи дека Сер Алекс Фергусон ќе игра со Дарон Гибсон и Габриел Обертан. Ќе проба да воведе свежина во тимот.

Не се очекува да настапи Ван дер Сар затоа што го пропушти тренингот и Фергусон ќе одбира помеѓу Бен Фостер и Томаш Кушчак.

Извор!


Прочитај повеќе...

недела, 22 ноември 2009

Руни станува најплатениот играч во Премиер лигата:

Доколку информациите на „News of the World“ се покажат точни и ако Вејн Руни ја прифати понудата на Манчестер Јунајтед за продолжување на соработката ќе стане најдобро платениот фудбалер во англиската Премиер лига на сите времиња.
http://blog.taragana.com/sports/wp-content/uploads/2009/08/wayne-rooney.jpg
Челништвото на актуелните англиски шампиони и нивниот репрезентативен напаѓач во февруари би требало да седнат на иста маса и да ги започнат преговорите за новиот договор со подобри услови.

Актуелниот договор 24-годишниот играч на Јунајтед го врзува до јуни 2012-та година, а спред новиот премиерлигашот сака дополнително да го заштити од заминување од Олд Трафорд.

„NOTW“ пишува дека „црвените ѓаволи“ се подгтовени на Руни да му понудат 170.000 неделно, а според договорот 45.000 фунти неделно би добивал и од продажбата на своето име во маркетингшки цели.


Прочитај повеќе...

Манчестер Јунајтед 3 - 0 Евертон:

Актуелниот англиски шампион Манчестер Јунајтед го совлада Евертон со високи 3:0 на домашен терен и сега се наоѓа на пет поени разлика зад водечкиот Челзи.
терен и сега се наоѓа на пет поени разлика зад водечкиот Челзи.

Image

Избраниците на Алекс Фергусон одиграа рутиниран натпревар и без посебни потешкотии ги совладаа „карамелите“, па лесно ги обезбедија трите года.

Дарен Флечер го отвори резултатот за водство на шампионот во 35-та минута. По одморот гостите покажаа заби, но не успеаја да профитираат од нешто послабата игра на Јунајтед во тој период. Фелаини постигна погодок, но поради офсајд стапицата во која се најде истиот не беше признат од страна на судиите.

Мајкл Карик го зголеми водството на 2:0, кој со силен удар го матира Тим Хауард, додека крајните 3:0 ги постави Антонио Валенсија. Тој беше еден од најактивните играчи во текот на дуелот, за во 76-та да го постигне последниот гол на натпреварот, откако Пол Сколс продре низ центарот на одбраната на гостите, успеа да го пронајде него, за Антонио со дијагонален удар да го совлада Хауард.








Прочитај повеќе...

петок, 20 ноември 2009

Преглед: Манчестер Јунајтед - Евертон:



Сабота, ноември 21 - 2009, 18:30
Олд Трафорд, Манчестер

Борба помеѓу старите ривали после поразот од Челзи во рамките од премиер Лигата минатото коло.На Стемфорд Бриџ, Црвените Ѓаволи загубија и сега Челзи има предност од 5 бода пред Шампионот.

Тимот на Дејвид Мојс гостува на Олд Трафорд во сабота кога за Манчестер Јунајтед само 3 бода би значеле успех.Се друго би било неуспех.

Додека противникот мора да победи Евертон се надева на враќање на фомата од минатата сезона.

Поебдата над Вест Хем на Аптон парк беше многу важна за Евертон после слабиот старт на сезоната.

Последни пет натпревари:

Манчестер Јунајтед:
8 ноември: Челзи 1-0 Манчестер Јунајтед (Премиер Лига)
03 ноември: Манчестер Јунајтед 3-3 ЦСКА Москва (Лига на Шампиони)
31 октомври: Манчестер Јунајтед 2-0 Блекбурн (Премиер Лига)
27 октомври: Барнсли 0-2 Манчестер Јунајтед (Карлинг Куп)
25 октомври: Ливерпул 2-0 Манчестер Јунајтед (Премиер Лига)


Евертон:
8 ноември: Вест Хем 1-2 Евертон (Премиер Лига)
5 ноември: Евертон 0-2 Бенфика (Европа Лига)
31 октомври: Евертон 1-1 Астон Вила (Премиер Лига)
27 октомври: Тотенхем 2-0 Евертон (Карлинг Куп)
25 октомври: Болтон 3-2 Евертон (Премиер Лига)


Тимски новости:

Манчестер Јунајтед:
Манчестер нема да може да смета на Рио Фердинанд кој нема да настапи до нова година па најверојатно ќе биде заменет од Џони Еванс кој, заедно со Немања Видич ќе бидат столбови на одбраната на Јунајтед.

Џон Ошеа ќе биде спремен за натпревар после загубениот меч од Франција со "божјата рака" на Анри.

Овен Харгривс се опорави од повредата и можно е да се најде на клупата за резерви на мечот.

Можен состав: Ван дер Сар, Евра, Еванс, Видич, Ошеа, Нани, Керик, Андерсон, Валенсија, Руни и Бербатов.

Евертон:
Евертон нема да може да смета на Билјалетдинов кој има казна од три натпревара.

Најверојатно нема да настапат и Фил Невил , Пиенар и Осман.

Можен состав: Хауард, Беинс, Јобо, Дистин, Нил, Кејхил, Фелаини, Родвел, Хеитинга, Гослинг и Саха.


Важни играчи:

Манчестер Јунајтед - Вејн Руни:
Сите знаеме што може да се очекува од Вејн Руни и тој може да направи експлозија оваа година во Премиер Лигата.Со заминувањето на Кристијано Роналдо се очеекуваат многу голови од Вејн Руни.


Евертон - Тим Хауард:
Хауард е поранешен играч на Јунајтед кој не успеа да се пробие и да биде во првиот тим. Со конкуренција од Ван дер Сар и Томаш Кушчак.28 - годишниот чувар на мрежата на Евертон ќе има тешка работа во Сабота.


Моја прогноза:
Нема да биде лесно да се победи но се надевам дека Јунајтед ќе се радува на крај. Тие имаат доста повредени играчи исто како и нас.Ние нема да можеме да сметаме на Фердинанд до Нова Година. Но добрата вест е дека Видич и Парк се спремни за натпревар и дека Харгривс можеби ќе се најде на клупата за резерви.Поздрав!

Извор 1!

Извор 2!


Прочитај повеќе...

Венгер и Фергусон повикаа за вклучување технологија во фудбалот:


Добро е познат ставот на УЕФА и ФИФА околу примена на видео технологија во фудбалот, и двете куќи на фудбалот остро се противат на тоа.

Но по последниот инцидент на дуелот помеѓу Франција и Република Ирска и играњето на Теиери Анри со рака, кое ги чинеше Ирците елиминација во бараж дуелот за пласман на СП 2010, дебатата за вклучување на видео технологија во фудбалот повторно заживува.

Откако најпрво Арсен Венгер јавно побара повторно да се разгледаат опциите за примена на технологија во фудбалот, денеска тоа го направи и неговиот колега од Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон.

“Дебатата никогаш нема да прекне се додека луѓето кои ја водат играта не ги променат мислењата.” – рече Фергусон.

“Не треба за ова да се прашува секој играч и тренер во светот бидејќи тие веројатно ќе го дадат истиот одговор.”

“Сите ние мислиме, како и јас самиот, дека технологијата може да одигра клучен дел. Може да им помогне на судиите.”

Арсен Венгер има ист став како Сер Алекс и за ТВ каналот на Арсенал рече: “Фудбалот прифаќа една милијарда луѓе да го видат тоа, и само едно лице да не го види настанот и тој е оној кој носи одлука и господари.”

“Не можеме да прифатиме дека очигледна одлука е погрешна само поради тоа што не сакаме на располагање да ја ставиме сета можна помош во модерниот фудбал.”

“Бев на натпреварот, и видов судија како признава погодок иако знаеше дека нешто не е во ред.”

“Тој не го виде настанот, можам да го разберам, помошникот не го виде, но не можеа ниту да добијат помош.”

“На крајот тој го призна погодокот, знаејќи дека не е погодок. Не можеме да го прифатиме тоа во нашиот спорт и потребно е да сториме нешто околу тоа.”



Прочитај повеќе...

четврток, 19 ноември 2009

Немања Видич подготвен за враќање на терените:

http://img.thesun.co.uk/multimedia/archive/00391/Nemanja_Vidic_391887a.jpg

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед Немања Видич е подготвен за натпреварот со Евертон кој ќе се одигра во Сабота.

Српскиот интернационалец беше надвор од терените 3 недели поради повреда на грбот.

Сер Алекс Фергусон доби потврда од тренерот на српската репрезентација дека Видич е подготвен за целосен натпревар.

Видич одигра 70 минути за Србија во средата на пријателскиот натпревар против Кореа на Кревен Котиџ.

Тој е спремен за натпреварот против Евертон.

Извор!


Прочитај повеќе...

Рио Фердинанд во аут до нова година:

https://blogger.googleusercontent.com/img/b/R29vZ2xl/AVvXsEixpnixd7na0ki5b9-JOifosBi14P671IfCfmEyaoGpxqwZI_gJ_4RgrGYdcQ3-EtJU5Av6pmroXs3-_MkPBUhhEAsjzv_I2Vv3tRJbY0spszgl88RwpmgKlyZqj9j9q8xX0OelptelK5s_/s400/Rio_Ferdinand_469821a.jpg
Манчестер Јунајтед нема да може да смета на Рио Фердинанд до Нова Година.

Англискиот дефанзивец се надеваше дека ќе се врати на терените на почетокот од декември но лекарите му посочиле дека има потреба од подолга пауза за потполно заздравување. Така во следните шест месеци Рио ќе биде подложен на специјална рехабилитациона програма.

Рио Фердинанд е во аут од 25. Октомври, кога шампионите паднаа со 2-0 од вечниот ривал Ливерпул. Потоа се дозна дека 31-годишниот фудбалер имал остри болки во грбот уште од минатата сезона. Кон тој проблем се придодаде и новата повреда која уште повеќе се одрази врз формата на Рио. Така после неколку исклучително слаби натпревари за црвените ѓаволи и за националниот тим на Англија тој накрај реши да си обрне внимание на здравјето и да ги соблече копачките на извесен временски период. Се очекува Фердинанд да се врати во игра во текот на Јануари при што ќе пропуште околу 15 натпревари на Јунајтед.

За менаџерот на Манчестер сер Алекс Фергусон има и една добра вест. Партнерот на Фердинанд во одбраната Видиќ е готов да започне против Евертон во сабота откако го одигра вчерашниот натпревар на Србија против Јужна Кореа. Видиќ го пропушти поразот на ѓаволите со 0-1 во дербито против Челзи пред 11 дена поради повреда.


Прочитај повеќе...

вторник, 17 ноември 2009

Ди Мариа сонува за Јунајтед:

http://www.soccerpie.com/wp-content/uploads/di-maria.jpg
Ангел ди Мариа е очаен по преселба во Манчестер, но не во клубот кој се заинтересира туку во овој црвен дел од градот.

30милиони проценетиот фудбалер, кој е трансфер цел на градскиот ривал Сити, изјави дека повеќе би сакал да игра за тимот на Алекс Фергусон.

Крилниот офанзивен играч на Бенфика Ди Мариа е еден од фудбалерите на кого му се предвидува блескава кариера, а исто така е баран и од Челзи.

Kако и да е, Ди Мариа се декларира како навивач на Јунајтед, и неговиот сон е некогаш да игра за својот омилен клуб од Олд Трафорд.

21-годишниот Ди Мариа вели: „Мојот сон е некој ден да играм за Манчестер Јунајтед, и нема да бидам задоволен додека не го исполнам тоа.

Кога го гледам Вејн Руни и сите нив на телевизија, неможам да чекам еден ден да играм за нив. Кога бев малечок исто ги гледав игрите на Арсенал, но Манчестер Јунајтед одсекогаш ме ипресионирал.

Шефот на стручниот штаб „Топџиите“ Арсен Венгер исто така проба да го ангажира Ди Мариа пред неговиот трансфер во Бенгика но трансферот пропадна во последен момент.

Аргентинецот додаде: „Бев возбуден од интересот на Венгер, и тогаш решив да го облечам дресот на Арсенал, но тоа никогаш не се случи“
Од она што ми го кажаа и го знам, парите за трансферот што биле ветени за мое ангажирање никогаш не се појавиле.


Прочитај повеќе...

Јунајтед подготвува нов договор за Сколс:


Сколс синоќа наполни 35 години, Сер Алекс Фергусон сака да го награди искусниот фудбалер со нов 12 месечен договор.

Сегашниот договор на Сколс истекува на крајот од следното лето, Фергусон чуствува дека фудбалерот заслужува да добие нов.

И покрај години, Сколс игра во добра форма во дресот на Јунајтед и оваа сезона.

Фергусон ќе направи се што е во негова можност да го продолжи договорот на Сколс, бидејќи искусниот фудбалер има и големо позитивно влијание во соблекувалната.


Прочитај повеќе...

недела, 15 ноември 2009

Зоран Тошич: Ќе се борам за своето место во Јунајтед:

http://m.gmgrd.co.uk/res/1.$plit/C_71_article_1122296_image_list_image_list_item_0_image.jpg

Зоран Тошич вели дека ќе се бори за своето место во тимот на Јунајтед но вели дека е загрижен за своето место во репрезентацијата на Србија.

Крилото на Јунајтед кое беше купено за време на зимскиот транфер период од Белградски Партизан нема забележано ни еден настап досега нов новата сезона.

Тој нема настапи во Премиер Лигата но редовно настапуца за резервите на Манчестер Јунајтед во Купот. Се наоѓа во сенка на летните засилувања т.е. Габриел Обертан и Антонио Валенсија.

"Се трудам да бидам најдобар и да се пробијам во Јунајтед но има голема конкуренција за мо јата позиција во тимот и се разбира мојата шанса ќе пристигне" - изјави Тошич

"Не ни помислувам за заминување од Јунајтед затоа што сум трпелив за мојата шанса и знам дека таа ќе пристигне и ќе имам можност да се докажам и да се пробијам во првиот тим."

"Лесно може да ја изгубиш вербата и да бидеш исфрустиран и одма да си заминеш од клубот, но јас сум во еден од трите најголеми клуба во светот и не сакам да си заминам и ќе ја чекам мојата прилика. "

"Од другата страна морам да мислам и на моето место за Светското Првенство во Јужна Африка следната година во Српскиот Национален тим."

"Времето ќе си покаже но сигурно ќе останам во Јунајтед."

Извор!


Прочитај повеќе...

Јунајтед подготвува понуда од 15 милиони фунти за Филип Лам:


Сер Алекс Фергусон се мачи со пополнувањето на десната бековска позиција, откако ветеранот Гери Невил поради повреди пропушти голем број на натпревари, па стратегот беше приморан да ротира неколку играчи на таа позиција помеѓу кои Рафаел, Џон О’Шеј и Вес Браун.

Рафаел се гледа како евентуален наследник на Невил, но според Mirror Фергусон посакува да го ангажира 25 годишниот Филип Лам кој би требало да биде ментор на младиот Бразилец.

Се шпекулира дека Лам сериозно размислува за својата иднина во Баерн откако беше казнет поради тоа што јавно под знак прашалник ги стави методите на Луис ван Гал.

Десниот бек на Баерн ја критикуваше трансфер политиката на стратегот и ротацијата на играчите, па со самото тоа ја стави својата иднина во Баерн во неизвеснот.

Баерн се наоѓа пред елиминација во Лигата ан Шампионите и доколку гигантот од Германија го заврши настапот во најелитното Европско натпреварување уште во фазата по групи, Ферги ќе се обиде да стигне до услугите на Германскиот интернационалец.

Mirror вели дека понудата на Манчестер Јунајтед би се движела во границата до 15 милиони фунти, и стратегот на Црвените Ѓаволи сака да го комплетира трансферот пред Светското Првенство со цел да обегне зголемување на цената на играчот како и конкуренцијата со другите заинтересирани екипи.


Прочитај повеќе...

сабота, 14 ноември 2009

Видиќ е среќен во Јунајтед, не планира да замине од Олд Трафорд:


Долгорочната иднина на Видиќ беше тема на шпекулации во последните неколку месеци, со екипи од калибарот на Барселона, Реал Мадрид и Милан заинтересирани за неговите услуги.

Сепак, Видиќ инсистира дека е среќен на Олд Трафорд и е фокусиран на освојување нови трофеи со Јунајтед.

“Јас сум среќен во Манчестер Јунајтед и целам кон освојување на уште многу трофеи и не размислувам за заминување од клубот.” – рече Видиќ за Sky Sports News.

Дефанзивецот останува убеден дека Јунајтед може да има успешна сезона и покрај тоа што тие заостануваат пет бода зад лидерот Челзи, по минатонеделниот пораз на Стемфорд Бриџ.

“Нашиот менталитет не се менува по неколку натпревари, знаеме што е потребно да направиме оваа година.”

“Дефинитивно ќе биде тешко, но мислам дека имаме добар состав, голем состав за да имаме одлична сезона.”


Прочитај повеќе...

петок, 13 ноември 2009

Вејн Руни: Не планирам да го напуштам Манчестер Јунајтед:


Медиумите шпекулираа дека актуелниот Европски шампион ќе се обиде да го ангажира Вејн Руни во рекорден светски трансфер вреден 85 милиони фунти.

Исто така и неговиот поранешен соиграч Кристијано Роналдо го повика напаѓачот да му се придружи во Реал Мадрид, но Руни вели дека за него перфектен дом е Олд Трафорд.

“Убаво е тоа што клубовите ме приметуваат но јас кажав и претходно, јас сум навистина среќен во Јунајтед.” – рече Руни од Доха каде селекцијата на Англија се подготвува за пријателскиот натпревар со Бразил.

“Се додека клубот не ми го каже спротивното, не можам да се видам себеси како заминувам.”

“Имам уште две години од договорот по истекот на оваа и сум сигурен дека ќе постигнеме согласност за нов договор во следните неколку месеци.”

“Ми се допаѓа Олд Трафорд. Тоа е на само 30 минути од мојот дом и целата моја фамилија и јас имаме голема шанса за освојување на трофеи.”


Прочитај повеќе...

четврток, 12 ноември 2009

Јунајтед го следи Шамак:

Челниците на Манчестер Јунајтед се заинтересирани за напаѓачот на Бордо, Маруан Шамак. Голгетерот од Мароко во летниот преоден рок требаше да се пресели во Премиерлигата, но пропадна можноста да се пресели во Арсенал, Сандерленд и Вест Хем, клубови кои сакаа да го доведат во своите редови.

Претставници на "црвените ѓаволи" ја следеле играта на Шамак на неделниот меч на Бордо против Лил и иако "жирондинците" загубија со 2:0, Мароканецот се покажал во светло издание.

За Шамак кому наредното лето му истекува договорот во игра се и екипите на Челзи и Евертон.


Прочитај повеќе...

Ферги доби парична казна и суспензија од ФА поради критикувањето на судијата Вајли:


Фергусон го прифати обвинението за недолично однесување откако го критикуваше судијата Ален Вајли по натпреварот на Манчестер Јунајтед против Сандерленд на Олд Трафорд.

На сослушувањето на Регулаторната Комисија денеска, Фергусон ја доби својата казна - стратегот ќе мора да плати 20 000 фунти и да помине два натпревари на трибините, плус два условно.

“Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон е казнет со 20 000 фунти и доби суспензија од четири натпревари од кои два натпревари се условни и ќе важат до крајот на сезоната 2010/2011. ” гласеше соопштението на ФА.

Претседателот на Регулаторната Комисија, Питер Грифинс за официјалната веб страна на ФА рече: “Секој член на Комисијата го препознава успехот и остварувањата на Сер Алекс Фергусон и неговиот статус во фудбалот.”

“Со самото тоа што го реков, на Алекс Фергусон му беше ставено јасно до знаење дека со таков статус доаѓа и зголемена одговорност.”

“Комисијата ги разгледа изјавите, во контекстот во кои беа упатени, и тие не само што беа недолични туку беа крајно недолични и целосно несоодветни.”

“Тој никогаш не требаше да каже нешто такво.”

Двата натпревари за кои Ферги е условно осуден автоматски ќе се активираат доколку Фергусон е обвинет уште еднаш за слично прекршување на правилата до крајот на сезоната 2010/2011.


Прочитај повеќе...

Манчестер Јунајтед и Арсенал во битка за услугите на Јаја Туре:


Туре изминатово лето стави потпис на нов договор со Барса, откако мислеше дека е дел од долгорочните планови на Пеп Гвардиола но во новата сезона добива многу мала минутажа.

Вчера, агентот на Туре потврди дека неговиот клиент ќе почне да размислува за заминување од Барса доколку неговиот клиент и понатаму останува на клупата за резерви но ги негираше шпекулациите кои го поврзуваа Јаја со преселба во Манчестер Сити.

Сепак Дмитри Селук потврди дека голем број на гиганти од Европа се интересираат за услугите на Јаја Туре.

“Доколку тој замине од Барса, нема да се пресели во Манчестер Сити бидејќи ќе потпише за поголем клуб.” – рече вчера Селук.

Според Daily Mail Манчестер Јунајтед, Арсенал како и екипата на Интер го замолиле Селук постојано да ги информира за состојбата на Јаја и дали има нов развој околу евентуалното заминување од Камп Ноу.

Весникот вели дека Сер Алекс Фергусон е голем фан на играта на 26 годишниот дефанзивец од средниот ред, и најпрво ќе му даде шанса на Овен Харгривс да покаже дали може да игра повторно топ фудбал, пред да се реши за ангажман на интернационалецот од БСК.

Арсен Венгер исто така подолго време го следи Јаја Туре и во изминативе години често беше поврзуан со ангажман на играчот на Барса.


Прочитај повеќе...

среда, 11 ноември 2009

Харгривс возбуден од враќањето на терените:


Играчот од средниот ред е надвор од стројот околу 14 месеци откако замина на операција на двете колена со цел да ги отстрани проблемите со тетивите кои го мачеа подолго време.

Специјалистот за операции на колена, Др. Ричард Стидман го оперираше Англискиот интернационалец во Америка и ја опиша состојбата на Харгривс како ’најлошите колена што некогаш сум ги видел’.

28 годишниот Овен минатиот месец се врати на терените но минатата недела заработи ситна повреда на листот на ногата.

Сепак поранешниот играч на Баерн Минхем е блиску до враќање во првиот тим и можно е да настапи за Јунајтед кон крајот на овој месец.

“Ќе биде извонредно чуство повторно да истрчам на Олд Трафорд. Ќе бидам толку возбуден поради што веројатно ќе се онесвестам.” – рече Харгривс.

“Сакам само повторно да бидам дел од тоа, да бидам на располагање и да бидам здрав. Со нетрпение чекам повторно да бидам инволвиран.”

“Сакам да бидам способен да го облечам дресо и да имам ефект врз натпреварот. Сакам само да се натпреварувам на натпреварите, да работам со тренерот за да ја подобрам мојата игра и да станам подобар играч.”

“Сакам да имам добра сезона за да ја возвратам вербата што ја имаа фановите на Јунајтед во мене.”


Прочитај повеќе...

понеделник, 9 ноември 2009

Фергусон се интересира за Симон Кјаер:


Манчестер Јунајтед оваа сезона има проблеми со дефанзивната линија, Рио Ферндинанд не е во најдобра форма, и често прави грешки.

И Немања Видиќ не е константен, додека на Џони Еванс му недостасува искуство.

TuttoMercatoWeb пренесува дека Фергусон планира да се сретне со претседателот на Палермо, Маурицио Зампарини и да му предложи цена од 12 милиони фунти.

Фергусон го продаде Кристијано Роналдо, но не потроши голем дел од парите кои ги доби за Португалецот.

Кјаер претходно изјави дека би сакал да настапи во Премиер лигата, без разлика дали тоа ќе биде за Ливерпул или Манчестер Јунајтед.


Прочитај повеќе...

Фергусон: Погодокот на Тери е нерегуларен:

http://blog.taragana.com/sports/wp-content/uploads/2009/07/alex-fergusson.jpg
Менаџерот на Манчестер Јунатјед, Сер Алекс Фергусон воопшто не беше среќен на начинот на кој неговиот тим беше поразен од Челзи.

Шкотланѓанецот се нафрли кон судијата Мартин Аткинсон како за фаулот што му го досуди на Дарен Флечер за дуелот со Ешли Кол така и за недосудениот прекршок на Дидие Дрогба во казнетиот простор при постигнувањето на погодокот на Џон Тери.

„Очигледно беше дека Флечер сосема регуларно му ја одзеде топката на Ешли Кол кој воопшто не беше фаулиран туку едноставно подскокна и се струполи на земјата. После тоа Дрогба го фаулираше Весли Браун а судијата не досуди фаул по што Тери постигна погодок“.

„Судијата беше во исклучително затворена ситуација од каде што не можеше да виде ништо. Играчот на Челзи стоеше точно пред него но тој воопшто не се помести. Одлуката му беше грешна но веќе ништо не може да се направи. Во таквите ситуации играчите ја губат довербата во судиите а тоа јасно го искажаа во соблекувалната после натпреварот“
, изјави Фергусон.


Прочитај повеќе...

Челзи 1 - 0 Манчестер Јунајтед


Челзи го победи Манчестер Јунајтед минимално со 1-0 и ја зголеми предноста пред шампионот на пет бода.

Како што и се очекуваше, Челзи и Јунајтед одиграа тврд наптревар без речизи ниту една 100% шанса за гол.

Манчестер Јунајтед имаше игра, одлично му се спротиставуваше на Челзи, но разликата беше во голот на Џон Тери.

Тимот на Ферги не успеа да ги искористи своите добри периоди и на крајот со наведнати глави го напуштија Стемфорд Бриџ.

Клучниот момент на натпреварот се случи во 76та минута кога Џон Тери со глава ја затресе мрежата на Ван дер Сар за огромна радост на домашните фанови.

Со оваа победа Челзи ја зголеми предноста над Манчестер Јунајтед на 5 бода, Црвените Ѓаволи по ова коло паднаа на третата позиција, пред нив е Арсенал со ист број на бодови но подобра гол разлика и натпревар помалку.

Дербито беше централен настан денеска во Премиер лигата, во сенка се одиграа уште три натпревари.

Моја анализа:

Незаслужено изгубивме цело време ние го контролиравме натпреварот Челзи беше послабиот ние бевме подобриот противник.При голот Дрогба го фаулираше Браун и имаше фаул кој судијата не го досуди.Криво ми е зашто изгубивме зашто игравме подобро.Лампард цела утакмица го немаше на теренот.Цредниот ред беше перфектен.Само штета што секогаш кога играме со тим од големата четврока имаме повредени играчи како на пример сега Фердинанд, Бербатов и Видич.Се надевам дека за овие две недели Ферги ќе ги консолидира редовите и ќе се вратиме на победнички патеки.Поздрав!


Прочитај повеќе...

недела, 8 ноември 2009

Барселона и Реал Мадрид го посакуваат Руни во своите редови:

wayne rooney manchester united - 0

Кристијано Роналдо го напушти Олд Трафорд и премина во Реал Мадрид за сума од 80 милиони фунти.

Шпанскиот и Европскиот шампион Барселона го гледаат Руни како ѕвезда број еден на идното Светско Првенство во Јужна Африка следната година и сакаат после Светското Првенство да го доведат во своите редови според News of the Wolrd.

Тие се подготвени да понудат неверојатни 85 милиони фунти за ѕвездата на Манчестер Јунајтед.Но исто така се очекува голема конкуренција и од Реал Мадрид.

Манчестер Јунајтед има проблеми со Рио Фердинанд кој е повреден и најверојатно мета број еден на Јунајтед за зимскиот транфер период ќе биде дефанзивецот на Палермо, Симон Кјаер.Но се очекува конкуренција од Челзи и од Милан.

Исто така Јунајтед се загреани за францускиот голман во редовите на Лион односно Манданда и голманот на ЦСКА Москва, Акинфеев.

Извор!


Прочитај повеќе...

сабота, 7 ноември 2009

Преглед: Челзи - Манчестер Јунајтед:

На 08.11.2009 со почеток во 17:00 се игра големото дерби на Премиер Лигата помеѓу Челзи и Манчестер Јунајтед.Првопласираниот Челзи и второпласираниот Манчестер ќе го одиграат натпреварот на стадионот на сините т.е. Стемфорд Бриџ.

http://batchoy.net/wp-content/uploads/2008/09/watch-chelsea-vs-manchester-united-live-online-stream-highlights-and-results.gif

Во војната на екипите помеѓу Сер Алекс Фергусон и неговиот Манчестер Јунајтед и Арсен Венгер со неговиот Арсенал во последните пет години се приклучи и Челзи.


Од 2004 кога Арсенал ја освои последната титула неговото место го превземе Челзи.

Челзи се една од најјаките и најопасните екипи во Англија односно Европа, додека Јунајтед изигра нерешен натпревар со ЦСКА Москва на домашен терен и пред две кола загуби од Ливерпул со 2-0 додека во второто коло на почетокот на сезоната изгуби на гостувањето кај Барнли.

Челзи се непобедени на домашен терен и топката од својата мрежа ја извадиле само еднаш и тоа при гол примен од свој играч.

Сер Алекс Фергусон и Карло Анчелоти го гледаат овој натпревар како еден од двата најважни за решавање на титулата во оваа сезона и ќе влезат во натпреварот многу претпазливо затоа што можеби пораз би значел загуба на титулата.

Шкотланѓанецот по изгубениот меч од Челзи во Комјунити Шилд ќе се обиде да го победи Анчелоти и неговиот Челзи.

Многу работи се сменија од 9 Август но Карло Анчелоти сеуште на негува својата позната дијамант формација.

"Тој го смени Челзи и сега тие играат многу поразлично од минатите сезони." - изјави Фергусон

"Тие имаат доста искусни фудбалери кои брзо се навикнаа на неговата формација."

"Тоа е бонус за нив е одлично играат."


Челзи нема изгубено од Јунајтед на домажен терен од 2002 но исто така и Јунајтед има само еднаш изгубено во последните 10 меча на Стемфрод Бриџ.

Стопиран е случајот во кој беа вметнати Сините со кој немаа право на потпис со нов играч до 2011.ФИФА моментално го стопираше случајот наречен "Гаел Калкута."

"Ние мораме да се фокусираме за дуелот во недела и ние ќе можеме да купуваме нови играчи во Јануари, носе е најбитен мечот со Јунајтед." - изјави Карло Анчелоти.

"Добро е за нас што токму сега се игра мечот кога сме во одлична позиција и форма.Знаеме дека ќе биде тежок меч."

Последни пет натпревари:


Челзи:
Атлетико Мадрид 2-2 Челзи (Лига на Шампиони)
Челзи 0-4 Болтон (Премиер Лига)
Челзи 4-0 Болтон (Карлинг Куп)
Челзи 5-0 Блекбурн (Премиер Лига)
Челзи 4-0 Атлетико Мадрид (Лига на Шампиони)


Манчестер Јунајтед:

Манчестер Јунајтед 3-3 ЦСКА Москва (Лига на Шампиони)
Манчестер Јунајтед 2-0 Блекбурн (Премиер Лига)
Барнсли 0-2 Манчестер Јунајтед (Карлинг Куп)
Ливерпул 2-0 Манчестер Јунајтед (Премиер Лига)
ЦСКА Москва 0-1 Манчестер Јунајтед (Лига на Шампиони)


Тимски новости:

Челзи:
Јури Жирков и Џон Оби Микел се враќаат после повредите и можно е да бидат во првите 11 на натпреварот со Јунајтед, додека Босингва нема да настапи поради повреда на коленото.

Можен состав: Чех, Ешли Кол, Карваљо, Тери, Белети, Есиен, Балак, Лампард, Џо Кол, Анелка и Дрогба.


Манчестер Јунајтед:
За Манчестер Јунајтед најваеројатно ќе се вратат Димитар Бербатов, Рајан Гигс и Немања Видич кои имаа проблеми со повреди.

Овен Харгривс се поблиску е до враќање во првиот тим.

Дани Велбек е повреден додека Рио Фердинанд со сигурнсот нема да настапи.

Можен состав: Ван дер Сар, Евра, Видич, Еванс, Браун, Гигс, Карик, Флечер, Валенсија, Руни и Бербатов.

Важни играчи:

Челзи - Дидиер Дрогба:
Тешко е да се одбеген фактот дека напаѓачот на Челзи, Дидиер Дрогба е во форма и е еден од најдобрите напаѓачи во светот.Тој освен што постигнува голови и асистира се повеќе на своите играчи.

Манчестер Јунајтед - Валенсија:
Со повредата која ја има Босингва заменет ќе биде од Белети па најверојатно во центарот на вниманието ќе биде Валенсија кој ќе му создава проблеми на Белети во одбраната.

Моја прогноза:
Многу важен и тежок натпревар за нас во кој мораме да победиме и дасе вратиме на врвот на табелата.Иако имаме доста повредени играчи се надевам дека ќе освоиме три бода и ќе биде среќата на наша страна.Мислам дека клучен играч за овој натпревар во нашиот тим ќе биде Вејн Руни.Незнам зашто но имам некое претчувство да се надеваме дека ќе се оствари и ќе победиме.Glory,glory Man United!


Извор 1!

Извор 2!


Прочитај повеќе...

Сер Алекс Фергусон: Харгривс се враќа за 10 дена:


http://www.newsoftheworld.co.uk/multimedia/archive/00032/harg_280x413_32753a.jpg

Рехабилитацијата на Овен Харгривс трае многу долго .Тој имаше операции на двете колена и неговата кариера беше во прашање.После двете извршени операции Харгривс е се поблиску до враќање на теренот.

"Тој напредува супер и физички и психички изгледа супер.Во следните 10 дена отј ќе почне да тренира нормално како сите други играчи т.е. со првиот тим."

"Ние нема да брзаме со неговото враќање и нема да го форсираме тој е среќен со својот напредок." - изјави Сер Алекс Фергусон.

Враќањето на Харгивс на теренот се очекува за натпреварот против Волфзбург од Лигата на Шампионите.

Извор!


Прочитај повеќе...

петок, 6 ноември 2009

Фергусон негира кавга помеѓу Кушчак и Ван дер Сар:


Медиумите пишуваа дека двајцата голмани не сакаат да се погледнат во очи, откако Кушчак изјави дека не добивал никаква помош ниту совети од Ван дер Сар.

Кушчак коментарите ги даде за телевизијата на Манчестер Јунајтед, но Фергусон вели дека помладиот голман само се шегувал.

"Тоа не е вистина" - изјави Фергусон за наводната караница помеѓу голманите.

"Томас едноставно се шегуваше. Тој се смееше кога го кажа тоа".

"Нема никакви проблеми помеѓу него и Едвин, можеби едноставно полскиот хумор не е сличен на британскиот хумор" - заврши Ферги.


Прочитај повеќе...

Фергусон е подготвен за дуелот со Челзи:


Јунајтед загуби со 2-0 на гостувањето на Енфилд минатиот месец и сега на актуелниот шампион му претстои гостувањето кај лидерот Челзи.

Фергусон инсистира дека неговите играчи ќе бидат подготвени за натпреварот на Стемфорд Бриџ и чувствува дека тимот ќе покаже многу подобро издание на овој дерби дуел.

“Секогаш е тешко против Челзи, но ќе се справиме со овој натпревар подобро отколку на дуелот на Енфилд.” – рече Фергусон.

“Имавме тежок натпревар на Енфилд. Потребно е да имате победнички менталитет и тоа ни недостасуваше против Ливерпул.”

“Играчите се само луѓе и може тоа да ни се случи.”

Ферги исто така признава дека честите менувања на одбрамбените играчи поради повредите, е голем проблем оваа сезона.

“Ние ги менуваме одбрамбените играчи премногу често поради повредите и тоа ни предизвикува проблеми.”

“Беше потребно да го промениме голманот во првите два месеци од сезоната, потоа Рио Фердинанд и Немања Видиќ беа повредени. Претходно беше Вес Браун.”

“Тоа значи многу повеќе промени отколку што би сакал било кој менаџер.”

“Секој сака константна последна четворка, нешто што го имавме две или три сезони.”

“Дефинитивно сакаме да се подобриме во дефанзивата и сигурен сум дека ќе го подигнеме нивото на игра кога ќе го сториме тоа.”


Прочитај повеќе...

Кушчак фрустриран со Ван дер Сар:


27 годишниот Кушчак веќе четврта сезона е на Олд Трафорд и сеуште ’има големи’ амбиции и покрја тоа што не е во можност да обезбеди регуларно место во тимот на Сер Алекс Фергусон.

Тој побарал од Ван дер Сар помош за подобрување на квалитетите и верува дека советите на 39 годишниот Холанѓанец можат да го подигнат неговото ниво на игра.

Но полскиот интернационалец вели дека често не добивал одговори од Ван дер Сар.

Според The Times Кушчак за ТВ каналот на Јунајтед рекол: “Да бидам искрен, морам да го кажам ова и на Едвин сигурно нема да му се допадне многу, но тој не ми помага премногу.”

“Веќе неколку пати го имам запрашано да ми дадае некои совети бидејќи има многу поголемо искуство и има многу повеќе настапи.”

“Му велам,’Потребно е да ми дадеш повеќе совети бидејќи сакам да знам каде грешам и сакам да ги гледам другите луѓе. Правејќи го тоа можам да влезам во добра форма од советите кои ги добивам’.”

“Но не знам, можеби Едвин не ме сака. Потребно е да го прашате него.”

Се очекува Ван дер Сар да се пензионира по крајот на сезоната и Ферги вели дека Бен Фостер и Кушчак имаа шанси да го наследат ветеранот, но се почести се шпекулациите кои го поврзуваат Јунајтед со голман од светска класа.

Кушчак додаде: “Јас веќе чекав триипол години. Ќе чекам и подолго но мојата амбиција е многу голема и сакам да имам убаво чувство по натпреварите, да бидам уморен и да заминам дома мислејќи ’Ох, денеска заврши одлична работа’.”


Прочитај повеќе...

четврток, 5 ноември 2009

Руни: Гигс е совршен пример:

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед Вејн Руни испрати комплименти кон својот велшки соиграч Рајан Гигс, кој на 29-ти ноември ќе наполни 36 години.

Image

Руни во понеделникот стана татко. Неговата сопруга Колин на свет донесе син, кој го доби името Кај Вејн. Славниот 24-годишен фудбалер и англиски репрезентативец, кој е член на Манчестер Јунајтед од 2004-та година, во разговор за клупската телеивизија МУТВ призна дека инспирацијата ја црпи од кариерата на Рајан Гигс, кој целата своја кариера ја има поминато во клубот од Олд Трафорд.

Отсекогаш истакнував дека кариерата би сакал да ја завршам во Манчестер Јунајтед. Доколку еден ден би се приближил до постигнувањата на Гигс, би бил презадоволен, бидејќи тој за мене представува совршен пример за фудбалер.“

Кога ќе го анализирате неговиот животен и фудбалски пат и начинот на кој се справува со разните ситуации, мора да го почитувате. Доколку успеам да се приближам до бројот на натпревари кои тој ги одиграл во кариерата, ќе бидам навистина многу среќен.“ - вели Руни.


Прочитај повеќе...

Триото се враќа на Стемфорд Бриџ:

http://i.dailymail.co.uk/i/pix/2007/11_04/Vidic2611PA_228x247.jpg
Сер Алекс Фергусон се надева дека триото составено од Немања Видич, Рајан Гигс и Димитар Бербатов ќе биде спремно за дуелот со Челзи.

Видич имаше повреда на задната ложа додека Бербатов и Гигс имаа проблеми со колената.

Натпреварот од Лигата на Шампионите кој заврши 3-3 против ЦСКА Москва се одигра без овие тројца играчи.

Фергусон нема да може да рачуна на суспендираниот Невил додека Фердинанд е повреден.

"Се надевам дека Видич, Гигс и Бербатов ќе бидат подготвени за во недела." - изјави Сер Алекс Фергусон за MUTV

"Гери Невил е суспедниран а Џон Ошеи ќе го замени додека Рио нема да настапи."

Извор!


Прочитај повеќе...

Рио шест недели во аут:

Одбранбениот фудбалер на Манчестер Јунајтед и на англиската репрезентација, Рио Фердинанд ќе биде надвор од теренот во наредните шест недели, објави британски Сан.

Фердинанд кој во последно време е многу критикуван заради својата игра, настапувал и покрај тоа што неговата повреда на грбот не била целосно залечена, па сега ќе му биде потребен подолг временски период за целосно да закрепне.

"Рио во последно време се справуваше со голема болка, а сега дојде момент конечно да ги разреши проблемите. Кога ќе се врати на теренот, тој ќе биде уште посилен. Многу тешко е кога не си целосно фит, а сакаш да играш", изјави неговиот соиграч, Вес Браун.


Прочитај повеќе...

Манчестер Јунајтед има најмногу фанови на трибините:


Со просечна исполнетост од 75 304 илјади фанови во текот на минатата сезона, Црвените Ѓаволи го превзедоа првото место од Мадрид кој сега се наоѓа дури на четвртот место на листата.

И покрај тоа што светската економска криза владееше минатата година посетеноста на стадионите во однос на сезоната 2007/2008 е поголема.

Futebol Finance објави листа од 50 клубови со најголема просечна посетеност и на неа има 13 клубови од Англија, исто толку од Германија, 6 од Шпанија и Италија, 4 од Франција и по неколку од помалите шампионати во Европа.

Покрај Јунајтед, на листата високо котира и Борусија Дортмунд со просечна посетеност од 74 748 илјади фанови, Барса е на третот место со 71 045 илјади фанови, Реал Мадрид е четврти со 70 816 фанови а топ пет го заокружува Баерн Минхен со 69 000 илјади фанови.

Милан ги предводи клубовите од Италија со просечна посетеност од 59 757 фанови додека пак Марсеј е најпосетуван клуб во Франција со 52 162 илјади фанови.

07-08



Просечна посетеност

1

2

Manchester United

England

xxx75,304xxx

2

3

Borussia Dortmund

xxxGermanyxxx

74,748

3

5

Barcelona

Spain

71,045

4

1

Real Madrid

Spain

70,816

5

4

Bayern Munich

Germany

69,000

6

6

Schalke

Germany

61,442

7

7

Arsenal

England

60,040

8

9

AC Milan

Italy

59,757

9

8

Celtic

Scotland

57,366

10

10

Hamburg

Germany

54,811

11

18

Hertha Berlin

Germany

52,165

12

11

Marseille

France

52,162

13

13

Inter Milan

Italy

55,520

14

14

Stuttgart

Germany

51,700

15

21

Cologne

Germany

50,222

16

15

Rangers

Scotland

49,534

17

16

Ajax

Holland

49,014

18

12

Newcastle United

England

48,750

19

29

BorussialMoenchengladbachmxxxxx

Germany

47,240

20

17

Eintracht Franckfurt

Germany

47,000

21

19

Atletico Madrid

Spain

44,082

22

20

Feyenoord

Holland

43,956

23

22

Liverpool

England

43,611

24

25

Manchester City

England

42,903

25

30

Hannover

Germany

41,919

26

33

Sevilla

Spain

41,910

27

26

Chelsea

England

41,588

28

40

Paris Saint-Germain

France

40,902

29

31

Werder Bremen

Germany

40,375

30

27

Napoli

Italy

40,303

31

24

Sunderland

England

40,168

32

32

Aston Villa

England

39,812

33

37

Roma

Italy

39,492

34

35

FC Porto

Portugal

38,762

35

36

Real Betis

Spain

37,553

36

37

Lyon

France

37,397

37

42

Tottenham Hotspur

England

35,929

38

41

Athletic Bilbao

Spain

35,737

39

34

Benfica

Portugal

35,698

40

-

Lazio

Italy

35,401

41

28

Valencia

Spain

34,789

42

39

Everton

England

34,021

43

45

West Ham United

England

33,700

44

46

PSV Eindhoven

Holland

33,371

45

-

Bayer Leverkusen

Germany

33,079

46

-

Fenerbahce

Turkey

33,030

47

47

Fiorentina

Italy

31,509

48

-

Hoffenheim

Germany

30,152

49

-

Middlesbrough

England

28,429

50

-

Saint-Etienne

France

28,168


Прочитај повеќе...