недела, 28 февруари 2010

Астон Вила 1 - 2 Манчестер Јунајтед.


Манчестер Јунајтед го освои Карлинг Купот, откако во финалниот натпревар на Вембли ја победи екипата на Астон Вила со 2-1.

Резултатот беше отворен по само пет минути игра кога Милнер од пенал реализираше за водство на Астон Вила од 1-0.

Радоста на Вила траеше само осум минути кога Мајкл Овен реализираше за израмнување на 1-1.

На 15 минути до крајот Вејн Руни по едно одлично нафрлување на Валенсија, погодува со глава за победа на Манчестер Јунајтед од 2-1.

Покрај погодоците и двете екипи имаа свои одлични шанси, но конструкцијата од голот беше сојузник на Фридел и Кушчак.

На крајот Манчестер Јунајтед беше тимот кој се радуваше на титулата во Карлинг Купот, Астон Вила пропушти шанса да дојде до трофеј.



Прочитај повеќе...

сабота, 27 февруари 2010

Преглед: Астон Вила - Манчестер Јунајтед:

Недела, 28 февруари, 16:00 Вембли, Лондон


Астон вила веќе 14 години чека на трофеј и нивната шанса ќе ја бараат против бранителот на трофејот Манчестер Јунајтед во финалето од Карлинг Купот.

Ако Астон Вила сака да го победи Манчестер Јунајтед и да го прекине постот од 14 години без титула поточно од 1996 год. ќе треба да го победи фантастичниот Вејн РУни кој се наоѓа во извонредна форма.

Мартион Онил ќе се надева на победа само поради триумфот на Олд Трафорд и нерешениот резултат на Вила парк.

Минатата година Фергусон го изостави Руни во финалето минатата година против Тотенхем но најверојатно оваа година Руни ќе игра и покрај изјвата во која Ферги вели дека има уште доста натпревари до крај и дека мора да се сочува Руни.

Тимот на јунајтед во полуфиналето против Манчестер Сити беше полн со малди играчи па изгледа дека Ферги повторно ќе им даде шанса на некои млади играчи.

Фергусон го претрпе деветиот пораз оваа сезона во сите натпреварувања против Евертон на гостински терен и Астон Вила се надева дека нема да го прекине рекордот во кој нема изгубено веќе од декември.


Астон Вила досега го има само еднаш освоено овој трофел во 1961 год. додека Јунајтед се надева на освојување на овој трофеј по четврти пат во нивната клупска историја.

Тимски новости:
Астон Вила:
играчот од средниот ред на Астон Вила Стилијан Петров е фит но Мартин Онил ќе треба да донесе тешка одлука околу голманската позиција.

Вториот голман на Вила Гузан досега настапи на сите натпревари од Карлинг Купот но можеби Онил ќе го употреби искусниот Фридел на Вембли.

Хески и Колинс најверојатно ќе бидат во стартната постава по изоставањето од мечот со Кристал Палас.

Можен состав: Фридел, Ворнок, Дан, колинс, Куељар, Јанг, Петров, Милнер, Даунинг, Агбонлахор и Хески.

Манчестер Јунајтед:
Рио Фердинанд дефинитивно нема да настапи порад и повреда здобиена на тренинг.

Клубот исто така потврди дека Андерсон ги скинал лигаментите на коленото и нема да може да игра 6 месеци додека Гигс сеуште е неподготвен за натпревар.

Нани е супсендиран и нема да може да настапи.

Можен состав: Фостер, Евра, Видиќ, Еванс, Рафаел, Парк, Керик, Флечер, Валенсија, Руни и Бербатов.

Мотивирани играчи:
Астон Вила - Ешли Јанг:
Се очкува Рафаел да биде стартер за Манчестер Јунајтед за прв пат во една финале и се очекува тој да има проблеми со расположениот Ешли Јанг.

Јанг е во одлична форма и секогаш игра мотивирано против Јунајтед.

Манчестер Јунајтед - Луис Антонио Валенсија:
Поранешниот играч на Виган валенсија одлично се снајде во Манчестер Јунајте ди игра се подобро и подобро.

Еквадорецот имаше одлична партија против Милан, Евертон и Вест Хем одлично комбинира со Вејн Руни и Димитар Бербатов.

Моја прогноза:
Нема лесно даго освоиме овон трофеј Астон Вила има одличен тим и ќе се борат до самиот крај. Агбонлахор, Јанг и Милнер се одличен тандем и многу проблеми ќе им создаваат на Видиќ и Рафаел. Очекувам Бербатов да биде стартер и да постигне гол и се разбира да го освоиме овој трофеј. Glory, glory Man United!:)


Прочитај повеќе...

петок, 26 февруари 2010

Ван дер Сар потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед:


Холандскиот ветеран, Ван дер Сар се одлучи да ја продолжи верноста со Манчестер Јунајтед.

Голманот кој веќе има 39 години, по долго размислување реши да ја одложи пензијата и уште една година да стои меѓу стативите на англискиот шампион.

"Сеуште се чуствувам добро и уживам играјќи фудбал" - вели Ван дер Сар.

Иднината на Ван дер Сар не беше јасна откако пред Божиќ неговата сопруга доби мозочен удар, но таа сега е подобро и голманот одлучи да продолжи со кариерата.

"Ова е голем клуб кој ми даде голема поддршка во декември и јануари кога поминував низ тежок период, и поради тоа сум им екстремно благодарен".

"Гледам напред кон освојување на уште трофеи со овој одличен тим".

И менаџерот на Црвените Ѓаволи, Сер Алекс Фергусон е задоволен што Ван дер Сар останува.

"Професионализмот и посветеноста со која ја извршува неговата работа, му овозможува тоа да го прави долго".

"Тој има големо искуство, не само во Јунајтед, туку и во Јувентус, Ајакс и во репрезентацијата на Холандија".

"Ние сме апсолутно среќни што тој ќе биде со нас уште една година" - изјави Сер Алекс Фергусон.



Прочитај повеќе...

четврток, 25 февруари 2010

Заврши сезоната за играчот на Јунајтед, Андерсон:



Бразилецот во вторникот за прв пат беше стартер во тимот на Сер Алекс Фергусон по пауза од еден месец.

Сепак Андерсон беше заменет со Парк Џи Сунг по само 20 минути игра откако го повреди коленото.

Играчот од средниот ред вчера замина на неколку тестови и Јунајтед потвди дека фудаблер ги оштетил лигаментите на коленото и за него сезоната е завршена.

“Играчот од средниот ред на Јунајтед, Андерсон ќе паузира шест месеци поради повреда на лигаментите на коленото.“ - гласеше соопштението на Јунајтед.

Повредата на Андерсон ќе предизвика нова серија шпекулации околу тоа дали Бразилецот веќе го одигра последниот натпревар за Црвените Ѓаволи.

Тој никогаш не ги исполни очекувањата откако во 2007 го напушти Порто и се пресели на Олд Трафорд

Шпекулациите на медиумите го поврзуваа со преселба во Лион во јануарскиот трансфер период и неодамна самиот играч призна дека ќе размисли за својата иднина во шампионот на Англија доколку не добива поголема минутажа.

Андерсон стравуваше дека недостатокот на стартови за Јунајтед ќе му ги намали шансите за настап во составот на Бразил на Светското Првенство, но сега се чини дека повредата ќе го оневозмжи играчот да патува за Јужна Африка.


Прочитај повеќе...

среда, 24 февруари 2010

Повредениот Рио Фердинанд го пропушта Карлинг Куп финалето:


По вчерашната победа од 3-0 на Вест Хем, Сер Алекс Фергусон потврди дека Рио Фердинанд не можеше да се врати на теренот по истекот на суспензијата поради повреда на грбот.

Се чини дека повредата ќе го спречи Фердинанд да биде капитен на Англија следната недела кога на Вембли се игра дуелот со Египет.

“Тој заработи повреда на грбот на тренингот и нема да биде подготвен за дуелот во недела.” – рече Фергусон.

“Ова навистина е несреќен период за него и тој ќе пропушти уште неколку натпревари.”

Фердинанд можеше да настапи на вчерашниот дуел со Вест Хем откако ја одлежа суспензијата од четири натпревари.

Поранешниот дефанзивец ја заработи казната откако на дуелот со Хал Сити на 23 јануари удри противнички фудбалер.

Тој дуел беше прв за Фердинанд по три месеци пауза поради повреда.



Прочитај повеќе...

Манчестер Јунајтед 3 - 0 Вест Хем:


Манчестер Јунајтед успеа да ја залечи раната која ја здоби во дуелот со Евертон, каде „црвените ѓавол“ беа поразени со 3:1.

Ферги излезе со нешто комбниран со состав за денешниот дуел заразлика од изминатите натпревари. Уште од самиот почеток, избраниците на Сер Алекс Фергусон успеаа да ја наметнат доминацијата на тернеот, но сепак „црвените ѓаволи“ не успеаа да ја погодат крајната цела. Сепак, Руни успеа да погоди пред финишот на првиот дел, по одличната асистенција на Валенсија. Со тој резултат се замина на одморот.

Во вториот дел продолжи доминацијата на Манчестер Јунајтед, па голманот Бен Фостер и немаше некоја посебна работа на својата мрежа. Во 55-тата минута, уште една брилијантна асистенција на Валенсија успеа Руни да ја круниса во погодок и за сигурно водство на тимот на Сер Алекс Фергусон.

До крајот на мечот Ферги успеа да ги одмори Руни и Бербатов во нападот, а во нивно место да влезат Овен и Диуф. И истата замена веднаш донесе плод. По одлична акција, Сколс асистираше за Овен, а искусниот голгетер не промашува во казнениот простор за да стави точка на мечот од 3:0.

Со оваа победа Јунајтед со натпревар повеќе се доближи на 1 поен зад Челзи, додека Вест Хем сеуште се наоѓа на долниот дел од табелата.


Прочитај повеќе...

вторник, 23 февруари 2010

Андерсон: Имам неколку понуди но мојата иднина е во Јунајтед:


Долгорочната иднина на Андерсон во Јунајтед беше тема на шпекулации во последниот месец откако играчот имаше недоразбирања со Сер Алекс Фергусон.

21 годишниот Бразилец нема настап во првиот тим по поразот во Карлинг Куп дуелот со Манчестер Сити на 19ти јануари и се верува дека тој го налутил Фергусон откако си заминал во родниот Бразил без дозвла.

Андерсон признава дека бил во Бразил со цел да размисли за својата иднина бидејќи недостатокот на минутажа во дресот на Јунајтед ќе му ги загрози шансите да настапи на Светското Првенство.

“Разговорот со Фергусон е приватен но јас му ја објаснив мојата ситуација.” – рече Андерсон.

“Заминав за Бразил со цел да размислам за мојата иднина а не да преговарам со други клубови.”

“Еден од моите сонови за оваа сезона е да настапам со Бразил на Светското Првенство и поради тоа што не играм за Јунајтед, Дунга воопшто нема да биде заинтересиран за мене.”

“Тоа е многу тешка ситуација за мене и потребни ми се минути на теренот во следните натпревари.”

“Секогаш сум имал добар однос со Фергусон. Тој побара да работам понапорно и јас го прифатив тоа, но потребни ми се повеќе шанси за настап во првиот тим.”

Поранешниот играч на Порто исто така чувствува дека тој во дресот на Јунајтед сеуште го нема покажано најдоброто од себе.

“Имам освоено титули со Манчестер Јунајтед но луѓето сеуште не ги виделе најдобрите перформанси од мене.”

“Јас не сум машина. Невозможно е да функционирате 100% на секој натпревар и признавам дека на некои натпревари не одигра како што треба, но тие натпревари не се доволна причина за јас да не играм толку долг период.”

Андерсон не патуваше со тимот на Манчестер Јунајтед за Милано и првиот дуел со Милан од 1/8 - финалето во Лигата на Шампионите.

“Одлуката за јас да не патувам ја донесе тренерот. Јас само се надевам дека ќе добијам шанса на вториот натпревар.”

“Јас сум професионалец и моите одговорности се кон Јунајтед. Дали сум среќен? Јас би кажал оптимист. Доколку играм на повеќе натпревари ќе бидам среќен. Но тоа е нормално.”

“Некои клубови од Европа се распрашуваа за мене, но според мене, мојата иднина лежи во Јунајтед.”

“Мојата приказна тука не е завршена и јас сум убеден дека можам да му понудам уште многу на тимот во одлучувачките моменти од сезоната.”


Прочитај повеќе...

понеделник, 22 февруари 2010

Преглед: Манчестер Јунајтед - Вест Хем:


Вторник, 23 февруари - 2010 - 21:00
Олд Трафорд, Манчестер

Челзи ја зголеми разликата на четири бода минатото коло и на Манчестер му треба брза рехабилитација со победа.

Црвените Ѓаволи ја остварија деветата последователна победа против Милан во лигата на шампионите но тимот на Сер Алекс Фергусон изгледаше очајно на мечот на Гудисон Парк и ќе мора Јунајтед брзо да закрепне пред мечот со Астон Вила во финалето од Карлинг Купот.

После одличниот старт после превземањето на клубот од страна на Дејвид Голд и Дејвид Суливан Вест Хем игра фантастично.

Со победите над Хал и Бирмингам тренерот на Вест Хем Џанфранко Зола го изнесе тимот од зоната за испаѓање.

Поминаа повеќе од две години кога последен пат Манчестер Јунајтед не победи на три меча по ред а исто така и Вест хем нема веќе гостински натпревари победа па Фергусон се надева на позитивен резултат.

Тимски новости:
Манчестер Јунајтед:
Сер Алекс Фергусон ќе може да смета на Фердинанд кој беше казнет од ФА со 4 меча неиграње.

Немања Видиќ е исто така на располагање откако се опорави од повредата додека Нани сеуште се наоѓа под суспензија.

Рајан Гигс сеуште се наоѓа надвор од терените додека исто така нема да настапат и Џон Ошеи и Овен Харгривс.

Можен состав: Ван дер Сар, Евра, Видиќ, Фердинанд, Рафаел, Парк, Керик, Флечер, Валенсија, Руни и Бербатов.

Вест Хем:
Јужноафриканскиот репрезентативец Бени Мекарти најверојатно нема да настапи бидејќи се повреди на мечот со Барнли при поразот од 2-1.

Габидон и Дајер се исто така надвор од конкуренција додека ќе бидат придружувани од повредениот Илунга.

Можен состав: Грин, Спектор, Апсон, Томкинс, Фоберт, Диаманти, Колисон, Паркер, Ноубл, Бехрами и Кол.

Мотивирани играчи:
Манчестер Јунајтед - Димитар Бербатов:
Бербатов сезонава се наоѓа во сенка на Руни кој игра фантастично но бугаринот изигра одлично на дуелот со Евертон и постигна гол кој му дава плус поени кај Фергусон.

Вест Хем - Роберт Грин:
Слабата форма на Вест Хем дефинитивно и му го разниша местото на Грин во англиската репрезентација и тој ќе има мотив плус за докажување на мечот со Јунајтед.


Прочитај повеќе...

сабота, 20 февруари 2010

Евертон 3 - 1 Манчестер Јунајтед:


Евертон го совлада и Манчестер Јунајтед, фудбалерите на Дејвид Мојс продолжуваат со одличните игри.

Црвените Ѓаволи на Сер Алекс Фергусон загубија три значајни бода во борбата за титулата во Премиер лигата.

Натпреварот започна одлично за Манчестер Јунајтед, веќе во 16та минута Бербатов се најде во добра шанса, ја искористи за водство на гостите од 1-0.

Но радоста траеше само три минути, Билалединов со одличен удар од далечина израмнува на 1-1, прва радост на Гудисон Парк.

Евертон играше крајно мотивирано, го имаше поседот на топката, но и Јунајтед имаше свои шанси.

Во 76та минута Гослинг постигнува гол за пресврт и водство на Евертон од 2-1.

Пред самиот финиш и трет гол за Евертон, Родвел постигнува погодок и ја запечатува судбината на Јунајтед, конечни 3-1.



Прочитај повеќе...

четврток, 18 февруари 2010

Барселона заинтересирана за Ошеи:


Играчот на Манчестер Јунајтед Џон Ошеи се наоѓа на листата потенцијални залувања за следната сезона.

Се верува дека Барселона бара замена за бразилецот Дани Алвеш и прв на листата е Ошеи.

Најверојатно Барселона го гледа како замена Ошеи поради искуствто кое го поседува стекнато во дресот на Црвените Ѓаволи.

Но Џон Ошеи сеуште се наоѓа надвор од терените поради проблемите со лигаментите и најверојатно тој нема да настапи сезонава за Манчестер Јунајтед.


Прочитај повеќе...

Јунајтед подготвен да го ангажира слободниот агент Џо Кол:


Англискиот интернационалец е под договор со екипата на Челзи до крајот на сезоната.

Двете страни подолго време се во преговори за продолжување на верноста но во моментов нема никаков напредок бидејќи двете страни имаат разлики околу финансискиот дел.

Се шпекулира дека Џо Кол посакува неделна плата од околу 120 000 фунти, но Сините не се подготвени да одвојат толкава сума.

Медиумите од Англија утрово шпекулирата дека застојот во преговорите сака да го искористи Сер Алекс Фергусон, кој е фан на играта на креативниот играч од средниот ред.

The Daily Express вели дека Шкотот е подготвен да му понуди пред-договор на Џо Кол за играчот да се пресели на Олд Трафорд по крајот на сезоната.

Извештаите на весниците говорат дека 28 годишниот Кол би требало да биде добра замена за ветеранот Рајан Гигс и наследник на Велшанецот во дресот на Јунајтед.

Но доколку Џо Кол реши да замине од Стемфорд Бриџ како слободен агент, Црвените Ѓаволи нема да бидат единствени кои ќе се обидат да го ангажираат Англичанецот бидејќи ситуацијата на играчот од поодамна ја надгледуваат Манчестер Сити, Тотенхем и Милан.


Прочитај повеќе...

Видиќ: Сакам да останам во Манчестер Јунајтед:


Немања Видиќ инсистира дека тој ќе го одслужи својот договор во Манчестер Јунајтед до 2012 година.

Српскиот интернационалец кој постана ѕвезда во тимот на Сер Алекс Фергусон последните сезони игра фантастично но шпекулациите околу негов транфер се се поголеми.

Тој беше поврзуван со заминување поради наводната караница со Сер Алекс Фергусон кој ја имал во Јануари.

Агентот на Видиќ рпед неколку дена изјави дека Немања е среќен во Јунајтед и тој нема да си замине.

"Ќе повторам 100 пати ако треба: Мојот договор е до летото 2012 година и сакам да останам до последниот ден." - изјави Видиќ за српските весници

"Ова е вистината се друго се само безвредни шпекулации."

Видиќ знае дека е под лупата на многу европски клубови како Реал Мадрид, Барселона и Милан но тој вели дека немало никаков контакт со нив.

"Не, не , не јас ја стекнав мојата најдобра форма тука и имам голем респект кон клубот."

"Никој ме нема контактирано и со никого не сум контактирал."

Видиќ пропушти голем број на натпревари поради повреди и сега сака што побрзо да се врати на теренот.

"Прво имав повреда на задната ложа а потоа почнав да тренирам но болката се поврати."

"Јас сум подготвен сега и се надевам дека ќе се вратам што побрзо на теренот."


Прочитај повеќе...

среда, 17 февруари 2010

Милан 2 - 3 Манчестер Јунајтед:



Манчестер Јунајтед конечно се радуваше на Сан Сиро, во интересен натпревар со дури пет гола Црвените Ѓаволи го победија Милан со 3-2.

Росоњерите одлично го започнаа натпреварот, но одиграа во исто темпо и разочарани го напуштија својот стадион.

Милан тргна офанзивно, по само три минути игра голема радост за домаќините, Роналдињо шутира топката го смени правецот удирајќи го Карик и заврши зад грбот на Ван дер Сар.

Во продолжението Милан имаше уште неколку шанси за зголемување на водството, но не успеаа да реализираат.

Казната стигна во 36та минута, неверојатно среќен гол на Пол Сколс, ја промаши топката со десната нога со која сакаше да шутне, таа го удри во левата нога и се дотркала во голот на Милан, израмнување на 1-1.

Од тој момент работите се променија, Манчестер Јунајтед тргна многу поагилно, Милан падна во играта.

Во 66та минута комплетен пресврт Вејн Руни со глава реализира за водство на Манчестер Јунајтед од 2-1.

Само осум минути подоцна нов шок на Сан Сиро, прекрасно нафрлување од Карл Флечер, Вејн Руни уште еднаш забива со глава за водство на гостите од 3-1.

На пет минути пред крајот Кларенс Сидорф постигнува фантастичен погодок со пета, намалува на 3-2 за возбудлив финиш.

Веќе во следната минута Инзаги пропушти голема шанса да му донесе израмнување на Милан.

Пред самиот крај на натпреварот Карик поради втор жолт картон беше исклучен, Фергусон нема да може да смета на него за реванш натпреварот.

Голема предност за Манчестер Јунајтед пред реваншот на Олд Трафорд, сепак Милан е гигант кој во никој случај не смее да се отпише.



Прочитај повеќе...

понеделник, 15 февруари 2010

Преглед: Милан - Манчестер Јунајтед:


Вторник, 16 Февруари, 2010 - 20:45
Сан Сиро, Милано

Лига на Шампиони - Спасот на Милан:

Пред средбата со Удинезе во петокот, Милан немаше победено на натпревар од големото дерби кога загуби со 2 - 0 од лутиот ривал Интер, но победата над Удинезе ги врати на старите патеки со победата од 3 - 2.

Милан се наоѓа на третата позиција на табелата во Серија А и засега можат само да бидат втори бидејќи Интер има голема предност. Тимот на Леонардо е надвор од Копа Италија и нивниот единствен спас е Лигата на Шампионите.

Гостувањето на Манчестер Јунајтед на Сан Сиро во овој момент ќе биде тешка задача за Милан. За Леонардо подобро ќе беше првиот меч да се игра на Олд Трафорд. Последен пат кога се сретнаа овие два големи европски ривала беше во сезоната 2006/2007 кога Милан победи со вкупна гол разлика од 5-3.

Милан исто така го победи сезонава Реал Мадрид на Сантијаго Бернабе 3 - 2 и одигра нерешено 1 - 1 на Сан Сиро па исто така ни Црвените Ѓаволи нема да поминат лесно.




Загубена ѕвездата но борбениот дух сеуште присутен:


Откако Манчестер Јунајтед го загуби Кристијано Роналдо летото многумина помислија дека Англискиот Шампион ќе се загуби но тие се наоѓаат на второт место во Премиер Лигата со само 1 заостанат бод во однос на првопласираниот Челзи. Тие исто така многу лесно поминаа во групната фаза.

Сепак Манчестер Јунајтед треба допрва да игра со големите европски клубови оваа сезона во лигата на шампионите и Милан е најтешкиот тест досега за нив. Добро е за Црвените Ѓаволи што првиот меч се игра на гости.

Ќе биде интересно да се види како ќе реагираат фановите на Јунајтед кога ќе го видат Бекам во дресот на Милан кој го напушти Јунајтед во 2003. Бекам вети дека ако постигне погодок на Олд Трафорд нема да слави но не го рече тоа ако и за Сан Сиро.

Интересен е фактот дека Росоњерите никогаш немаат загубено во двоен меч кога се сретнувале со Англиските тимови.



Последни пет натпревари:
Милан:

25 јануари - Интер 2 - 0 Милан (Серија А)
27 јануари - Милан 0 - 1 Удинезе (Куп на Италија)
31 јануари - Милан 1 - 1 Ливорно (Серија А)
7 февруари - Болоња 0 - 0 Милан (Серија А)
12 февруари - Милан 3 - 2 Удинезе (Серија А)
Манчестер Јунајтед:
23 јануари - Манчестер Јунајтед 4 - 0 Хал (Премиер Лига)
27 јануари - Манчестер Јунајтед 3 - 1 Манчестер Сити (Карлинг Куп)
31 јануари - Арсенал 1 - 3 Манчестер Јунајтед (Премиер Лига)
6 февруари - Манчестер Јунајтед 5 - 0 Портсмут (Премиер Лига)
10 февруари - Астон Вила 1 - 1 Манчестер Јунајтед (Премиер Лига)

Тимски новости:
Милан:
Марко Бориело е во трка со времето за мечот со Јунајтед но се врати Александре Пато. Можеби Леонардо ќе му даде шанса на Бекам во средината но не се отфрла ни можноста Џенаро Гатузо да застане во средината бидејќи Јунајтед е тим со прејак среден ред.

Можен состав: (4-3-3) - Дида, Абате, Неста, Тиаго Силва, Фавали, Гатузо, Амброзини, Пирло, Пато, Хунтелар и Роналдињо.

Манчестер Јунајтед:
Немања Видиќ, Андерсон и Рајан Гигс се изоставени од тимот поради повреди. Рио Фердинад и Нани се на располагање бидејќи нивните казни важат само Премиер Лигата и англиските купови.

Можен состав: (4-5-1) - Ван дер Сар, Рафаел, Браун, Фердинанд, Евра, Нани, Флечер, Сколс, Керик, Парк и Руни.

Мотивирани поединци:
Милан - Роналдињо:

Роналдињо игра во полна пареа оваа сезона и се наоѓа во солидна форма. Тој има девет гола и девет асистенции во 22 меча во Серија А. Бразилецот исто така беше одличен и во петокот кога Милан го победи Удинезе со 3 - 2. Роналдињо ќе главниот лик во италијанскиот тим.

Манчестер Јунајтед - Дарен Флечер:
Критичарите велеа дека Флечер нема квалитет да игра за Јунајте но тој го потврди спортивното изминатите две сезони. Тој ја започна одлична сезоната и продолжува да игра во одлична форма. Тој има постигнато три гола и има асистирано три пати во Премиер лигата оваа сезона и главниот играч од средниот ред на Јунајтед.

Моја прогноза:
Милан се врати по лошите натпревари со победа од 3-2 над Удинезе. Побеа која им несе голема самодоверба и моќ со враќањетона Пато. Нема да бидат лесен противник и плус играме на нивен стадион. Оечкувам одлична игра од нашите играчи како во последните натпревари и без црвени картони. Очекувам добар резултат и среќно враќање на олд Трафорд. Поздрав!:)


Прочитај повеќе...

Видиќ и Андерсон го пропуштаат дуелот со Милан:


Утрово избраниците на Сер Алекс Фергусон отпатуваат за Милано каде утре ќе се сретнат со Милан во првиот натпревар од четврт-финалето во Лигата на Шампионите.

За ова гостување стратегот на Јунајтед нема да може да смета на Немања Видиќ, кој сеуште се мачи со повреда.

Српскиот интернационалец нема настапено во 2010 поради проблеми со нервот во неговата нога.

Па сега Фергусон ќе треба да одлучи кој од Џони Еванс и Вес Браун ќе му биде партнер во централниот дел на одбраната на новиот капитен на Англија, Рио Фердинанд.

Рајан Гигс исто така го пропушта дуелот со Милан откако заработи фрактура на раката на натпреварот со Астон Вила, минатата недела.

Во составот на Јунајтед недостасува и Андерсон за кого се верува дека не е во добар однос со Фергусон и затоа Бразилецот не е дел од плановите на стратегот.


Прочитај повеќе...

недела, 14 февруари 2010

Евертон бара 30 милиони фунти за целта на Јунајтед, Џек Родвел:


18 годишниот Родвел важи за еден од поголемите таленти на Англискиот фудбал и веќе го привлече вниманието на многу гиганти.

Се верува дека Сер Алекс Фергусон од поодамна е голем фан на играта на сестраниот Родвел и стратегот го гледа играчот како дел од иднината на Манчестер Јунајтед.

Медиумите шпекулираат дека Ферги сака, сегашната ѕвезда на Евертон, за неколку години да биде срцето на одбраната на Манчестер Јунајтед заедно со Крис Смајлинг, чиј трансфер Црвените Ѓаволи веќе го договорија.

Sunday Mirror и Sunday Express велат дека Евертон не размислува за продажба на својот голем талент но доколку Јунајтед достави понуда што не може да се одбие, Родвел сигурно ќе се пресели на Олд Трафорд.

Ист беше и случајот на Вејн Руни, кој во 2004 го напушти Евертон за да се пресели во Манчестер Јунајтед.

Весниците цитираат инсајдер од Гудисон Парк како вели: “Џек е еден од најголемите таленти тука и без разлика што ние сакаме да го задржиме, се има своја цена.”

Извештаите на весниците говорат дека ’Карамелите’ се подготвени за дил само доколу некој понуди 30 милиони фунти (околу 35 милиони евра).


Прочитај повеќе...

Роналдо: Ми недостига Јунајтед...Само господ знае дали ќе се вратам:


25 годишниот Роналдо замина за Реал Мадрид во светски рекорден трансфер вреден 80 милиони фунти минатото лето откако помина шест сезони во Манчестер Јунајтед.

Тој на Олд Трафорд освои три титули во Премиер Лигата, една титула во Лигата на Шампионите и многу други тимски и персонални награди.

За преселбата на Роналдо во Мадрид се говореше цела година откако самиот играч јавно изјави дека сонува да го носи дресот на Кралскиот Клуб.

Португалскот интернационалец има одличен старт на кариерата во Реал и постигна 11 погодоци на 13 натпревари во Примера Дивизион и шест погодоци на четири натпревари во Лигата на Шампионите.

Но во интервју за News of The Wolrd тој призна дека му недостасува Манчестер Јунајтед и додава дека еден ден можно е да се врати на Олд Трафорд.

“Секако дека ми недостасува играњето за Манчестер Јунајтед.” – рече Роналдо. “Играв таму шест години и тоа е долгп период.”

“Сеуште сакам да ги гледам натпреварите на Манчестер Јунајтед и во иднина би можел да се вратам таму. Тоа секогаш е можност.”

Роналдо потоа додаде: “Јас сеуште разговарам со Вејн. Кога имам можност разговрам со него, со Фердинанд, со Видиќ, со Евра. Зборуваме за фудбал и се останато.”

“Не можам да кажам дека не сум среќен во Реал Мадрид.”

“Јас навистина сум многу среќен и сите знаат дека ова е мојот клуб, но секако, ми недостасува Манчестер Јунајтед, тренерот, играчите, бидејќи оставив семејство таму.”

“Сакам да го исполнам договорот тука, но во иднина, само Господ знае.”


Прочитај повеќе...

четврток, 11 февруари 2010

Астон Вила 1 - 1 Манчестер Јунајтед:



Манчестер Јунајтед успеа да освои бод на гостувањето кај Астон Вила и одиграа 1-1 и покрај тоа што избраниците на Сер Алекс Фергусон околу еден час беа со играч помалку откако во 29та минута Нани заработи црвен картон.

Претходно во 19та минута домакините дојдоа во водство преку Карлос Куељар а во 23та минуте резултатот беше изедначен по автоголот на Џејмс Колинс.


Прочитај повеќе...

среда, 10 февруари 2010

Јунајтед ги следи младинците на Рома, Валерио Вере и Фипипо Киприани:


Како што пишува Daily Mail скаутот на Јунајтед задолжен за Италија, Дејвид Вилијамс подолго време следи млади играчи на Рома.

Се работи за играчот од срендиот ред Валерио Вере и дефанзивецот Филипо Киприани, кои потекнуваат од младинската школа на ’Волчицата’.

Рома не сака да остане без овие големи надежи и веќе подготвува професионални договори за двајцата играчи кога тие ќе наполнат 16 подоцна во текот на оваа година.

Се верува дека тие двајцата младинци на Рома особено го привлекле вниманието на Црвените Ѓаволи за време на ’Манчестер Јунајтед Премиер Купот’.


Прочитај повеќе...

вторник, 9 февруари 2010

Преглед: Астон Вила - Манчестер Јунајтед:


Среда, 10 Февруари, 2010 - 20:45
Вила Парк, Бирмингам



Секоја година е се поголема драмата на овие натпревари. Манчестер Јунајтед и гостува на Астон Вила при што со победа и кикс на Челзи може да се искачи на врвот на Премиер Лигата.

Челзи патува на Гудисон парк во меч против Евертон додека Црвените Ѓаволи играат на теренот на Вила кој се покажува среќен за нив во минатото.

Сер Алекс Фергусон има добиено девет од последните тринаесет меча на Вила Парк но Астон Вила е се појак тим од сезона во сезона.

Откако Астон Вила го победи шампионот во Декември тие загубија само два натпревара во сите конкуренции и моментално се наоѓаат во серија во која се без пораз осум натпревари.

Јунајтед последен пат загуби од Фулам во средината на Декември и од тогаш формата на Руни е во нагорна линија.

Астон Вила има реални шанси оваа сезона да обезбеди место во Лигата на Шампионите и со победа над Јунајтед ќе се искачи на високото четврто место.

Последни пет натпревари:
Астон Вила:
6 февруари: Тотенхем 0-0 Астон Вила (Премиер Лига)
30 јануари: Фулам 0-2 Астон Вила (Премиер Лига)
27 јануари: Арсенал 0-0 Астон Вила (Премиер Лига)
23 јануари: Астон Вила 3-2 Бритон (ФА Куп)
20 јануари: Астон Вила 6-4 Блекбурн (Карлинг Куп)

Манчестер Јунајтед:
6 февруари: Манчестер Јунајтед 5-0 Портсмут (Премиер Лига)
31 јануари: Арсенал 1-3 Манчестер Јунајтед (Премиер Лига)
27 јануари: Манчестер Јунајтед 3-1 Манчестер Сити (Карлинг Куп)
23 јануари: Манчестер Јунајтед 4-0 Хал (Премиер Лига)
19 јануари: Манчестер Сити 2-1 Манчестер Јунајтед (Карлинг Куп)

Тимски новости:
Астон Вила:
Англискиот репрезентативец Емил хески се повреди на дуелот со Тотенхем и ќе го пропушти мечот.

Џон Карју ќе го замени Хески додека Ворнок сеуште не е подготвен за враќање на терените.

Можен состав: Фридел, Л. Јанг, Колинс, Дан, Куелар, Даунинг, Петров, Милнер, Е. Јанг, Агбонлахор и Карју.

Манчестер Јунајтед:
Јунајтед сеуште има проблеми во дефанзивата и најверојатно вес Браун и Џони Еванс повторно ќе бидат првиот избор поради суспендираниот Фердинанд и повреднеиот Видиќ.

Фергусон можеби ќе го повика ветеранското дуо Сколс и Гигс после неодиграниот ме при демолирањето на Портсмут од 5-0.

Можен состав: Ван дер Сар, Евра, Браун, Еванс, Рафаел, Гигс, Сколс, Флечер, Керик, Валенсија и Руни.

Мотивирани играчи:
Астон Вила - Габриел Агбонлахор:
Агбонлахор ужива додека игра против Манчестер Јунајтед и постојано ја тресе нивната мрежа па најверојатно тој ќе биде главниот играч во нападот на Вила.

23 годишниот напаѓач копнее за место во тимот кој ќе патува на Светското Првенстово па за такво нешто е потребен гол против шампионот.

Манчестер Јунајтед - Вејн Руни:
Руни уште еднаш потврди дека се наоѓа во животна форма со постигнување на седум голови во последните 4 меча.

Моја прогноза:
Ќе биде исклучително тежок натпревар но се надевам дека ќе го добиеме и ќе се искачиме на врвот на табелата со кикс на Челзи против Евртон. Нека продолжи Руни да дава голови и се ќе биде супер. Ферги треба да ги искомбинира Нани и Валнесија заедно во тимот. Поздрав!:)


Прочитај повеќе...

понеделник, 8 февруари 2010

Руни: Ова е мојот најдобар фудбал во досегашниот дел од кариерата:


Руни игра фантастично за Манчестер Јунајтед оваа сезона, напаѓачот на Црвените Ѓаволи е вистинска опасност за противниците.

Пофалбите стигнуваат од сите страни а и тој самиот знае дека ова е најдобриот период од неговата кариера.

"Веројатно во моментов го играм најдобриот фудбал во мојата кариера" - изјави Вејн Руни за Sun.

"И навистина уживам во тоа, бидејќи работите се одвиваат одлично за мене и за тимот".

"Се надевам дека вака ќе продолжам до крајот од сезоната. Навистина не сум си поставил некои цели, едноставно се обидувам да постигнувам голови кога играм".

"Но се надевам дека и кога нема да играм добро, тимот ќе победува" - заврши Руни.


Прочитај повеќе...

Метју Џејмс на позајмица во Престон:


Младиот играч на Манчестер Јунајтед Метју Џејмс ќе се приклучи на тимот на Престон на позајмица до крајот на сезоната.

Репрезентативецот на Англија до 21 година ќе му се приклучи на Дени Велбек во Престон.

Резервниот играч на Јунајтед кој има 18 години се најде на клупата за резерви на мечот со Волфзбург во Лигата на Шампионите во декември.

Дарен Фергусон е презадоволен од овој трансфер : "Тој е одличен играч преполн со енергија тој ќе пристигне утре и би требало да ја помине процедурата.Пресреќен сум што ќе го имам на располагање."

И братот на Метју се наоќа во тимот на Престон но тој игра за тимот до 16 години.

Извор!


Прочитај повеќе...

Андерсон: Среќен сум и ќе останам да се борам за моето место:

Андерсон инсиситра дека е среќен да остане и да се бори за место во Манчестер Јунајтед.

http://www.bbc.co.uk/manchester/content/images/2007/08/09/anderson_close_400_400x300.jpg
Бразилецот беше во и надвор од тимот на Манчестер Јунајтед во изминатиот месец. Во последно време се шпекулираше дека тој е во лоши односи со тренерот Сер Алекс Фергусон и дека неговите денови на „Олд Трафорд“ се веќе избројани.

„Ниеден фудбалер не е среќен кога е надвор од тимот. Доколку сте надвор од тимот или сте на клупата никогаш нема да забележите личен успех, посебно во тим како Манчестер Јунајтед. Ќе бидете несреќен ако не сте во тимот. Но и кога јас не сум во тимот секогаш ги подржавам моите соиграчи. Посакувам да стартувам на секој напревар, но кога тоа не се случува им давам подршка на моите соиграчи затоа што ние сме тим и работиме заедно.“ - вели Андерсон.

„Го глеам тоа како голем предизвик. Добро е кога имате конкуренција околу вас затоа што тоа е начинот да го покажете најдоброто. Доколку секој се натпреварува за сопственото место, секогаш перформансите ќе ни бидат на највисоко ниво.“ - заврши Андерсон.


Прочитај повеќе...

Невил и Евра имаат само пофалби за Нани:


По разочарувачките настапи и честите фрустрации кои ги имаше, Нани конечно блеска во дресот на Манчестер Јунајтед.

Португалскиот фудбалер одигра четири натпревари во серија и на сите нив се истакна со одлични перформанси.

"Нани ги извршува вистинските работи и донесува вистински одлуки" - вели Невил.

"Тешко е да се чува бидејќи тој е брз и може да тргне и на двете страни. Во последните неколку натпревари игра навистина добро, силен е и има голема самодоверба".

"Тоа се случува во вистински момент за нас".

Пофалби за Нани стигнаа и од Патрис Евра.

"Нани е истиот. Сите го знаат неговиот талент, па понекогаш фановите беа фрустрирани бидејќи знаат што може тој да направи" - вели Евра.

"На Нани единствено му беше потребно време, тој е силен и брз".

"Одигра четири натпревари во серија но јас не сум изненаден бидејќи знам за квалитетот кој го поседува тој".

"Не му кажувам после секој натпревар дека одиграл добро, само му велам дека тоа е нормално и треба да продолжи така".

"Многу сум среќен за него" - заврши Патрис Евра.


Прочитај повеќе...

Керик: Рио ќе биде одличен капитен на Англија:



Фердинанд е новиот капитен на ’Трите Лава’ откако во петокот Капело реши да му ја одзеде капитенската лента на Џон Тери.

Капитенот на Манчестер Јунајтед беше заменик-капитен на Тери, и Капело реши да прави промени и да му ја додели довербата на Рио на само четири месеци пред почетокот на Светското Првенство.

Соиграчот на Фердинанд од Јунајтед и репрезентацијата, Мајкл Керик верува дека Рио ќе има голем успех како капитен на Англија.

“Рио е одличен лидер и одличен капитен. Тој е играч од светска класа.” – рече Керик за The Sun.

“Тој беше капитен во финале од Лигата на Шампионите и победи, па нема да има никакви проблеми од тој аспект.”

“Рио ужива почит кај соиграчите и тоа е важно нешто па сигурен сум дека тој ќе биде успешен.”

“Кога сте на теренот потребно е сите да бидат лидери на одреден начин па мислам дека ваквата одлука нема да влијае на работите премногу.”


Прочитај повеќе...

сабота, 6 февруари 2010

Манчестер Јунајтед 5 - 0 Портсмут:



унајтед лесно со 5-0 го победи тимот на Портсмут и најмалку до утре ќе биде на чело на табелата во Премиер лигата.

Интересно за овој натпревар беше тоа што гостите си постигнаа дури три автогола.

Натпреварот го отвори Вејн Руни во 40та минута, Боре пет минути подоцна си постигна автогол за водство на Јунајтед од 2-0.

Хјуз во 59та минута ја тресе сопствената мрежа за 3-0, Бербатов три минути подоцна зголемува и на 4-0, а Вилсон со прекрасен автогол го постави конечниот резултат од 5-0.



Прочитај повеќе...

петок, 5 февруари 2010

Преглед: Манчестер Јунајтед - Портсмут:


6 Февруари, 2010 - 16:00
Олд Трафорд, Мaнчестер


Манчестер Јунајтед и Портсмут ќе се борат за бодови како да е крајот на Премиер Лигата.

За шампионот Јунајтед победа значи прво место во Премиер Лигата пред Челзи кој ќе има натпревар помалку додека Портсмут го делат само шест бода од сигурната зона.

Јунајтед доминираше на теренот на Портсмут и издвојуваше голема победа додека Портсмут има само 4 победи сезонава.

Сер Алекс Фергусон ќе гледа да ја продолжи одличната серија од победите над Манчестер Сити и Арсенал додека Портсмут ќе гледа да избегне трет последователен пораз после поразите од Фулам и Манчестер Сити.

Портсмут нема лигашка победа на Олд Трафорд од 1957 година.

Тимски новости:
Манчестер Јунајтед:
Немања Видич најверојатно ќе се врати од повредата на овој натпревар и ќе ја засили одбраната на Јунајтед.

Видич нема настапено за Јунајтед од мечот со Виган во декември откако се повреди на загревањето за натпреварот со Лидс Јунајтед. Најверојатно ќе биде подготвен но доколку не настапи на овој меч следниот меч против Астон Вила нема да го пропушти.ѓ

Рио Фердинанд нема да настапи поради забраната од ФА.

Можен состав: Ван Дер Сар, Евра, Еванс, Браун, Рафаел, Гигс, Сколс, Керик, Нани, Руни и Бербатов.

Портсмут:
Новите засилувања на Портсмут Рикардо Роча и Квинси - Обиси Абидије се надеваат за прв пат да настапат сезонава.

Диоп и Мајкл Браун нема да настапат додека се очекува во тимот да се врати Кану од националниот состав на Нигерија.

Напаѓачот Аруна Диндан ќе игра најверојатно како осамен напаѓач.

Можен состав: Џејмс, Вилсон, Белхаџ, Бен Хаим, Охара, Финан, Мокоена, Јебда, Басинас, Боатенг и Диндан.

Извор!


Прочитај повеќе...

четврток, 4 февруари 2010

Фергусон го исфрли Харгривс од списокот за Лигата на Шампионите:


Фергусон го стави Харгривс на списокот на фудбалери на Манчестер Јунајтед за групната фаза од Лигата на Шампионите.

Менаџерот на Јунајтед претходно најави дека би сакал Харгривс да биде дел од составот и за елиминационата фаза од натпреварувањето.

Но, фудбалерот кој мака мачи со повредите, е отпишан од списокот, на негово место е поставен неискусниот белгиски дефанзивец Ричи Да Лает.

Тоа е уште еден удар врз Харгривс кој по се изгледа ги губи сите шанси за место во репрезентацијата на Англија која ќе патува на Светското првенство.

Фабио Капело беше подготвен да му даде шанса на Харгривс да се врати во форма и да конкурира за селекцијата, но поранешниот фудбалер на Баерн Минхен ја губи поддршката од Фергусон, тоа може да биде клучно за неговото неодење во Јужна Африка.


Прочитај повеќе...

понеделник, 1 февруари 2010

100 милиони за засилувања:

Извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Дејвид Гил изјави дека клубот располага со 100 милиони фунти за купување на нови играчи и нема никакви проблеми со долговите. Иако неодамнешните бројки покажаа дека откако семејството Глејзер го презеде клубот, тој има долг од 716 милиони фунти, Гил вели дека вистинската цифра е половина од таа.

Запрашан дали Манчестер Јунајтед се уште има пари од трансферот вреден 80 милиони фунти на Кристијано Роналдо во Реал Мадрид, Гил одговори:

"Секако дека имаме средства. Искористивме само 15 милиони фунти да го купиме Антонио Валенсија, но имаме преку 100 милиони фунти во клупската каса".


Прочитај повеќе...