сабота, 29 мај 2010

Глејзер: Манчестер Јунајтед не е на продажба:

http://www.prideofmanchester.com/restaurants/photos/oldtrafford-300.jpg
Семејството Глејзер испрати соопштение во кое се вели дека тие немаат намера да го продадат Манчестер Јунајтед. Подолго време во медиумите кружат шпекулации дека по крајот на сезоната во Премиер Лигата групата ’Црвените Витези’ ќе достави понуда до семејството Глејзер за превземање на Манчестер ЈУнајтед.

Сопствениците на Манчестер Јунајтед не говореа премногу за намерата на ’Црвените Витези’ но луѓе блиску до семејството Глејзер постојано негираа продажба на клубот.

Во последно време во Англија владееше чувство дека семејството Глејзер би можело ова лето да го продаде клубот доколку ’Црвените Витези’ доставаат соодветна понуда - која ќе треба да биде вредна над 1 милијарда фунти.

Но денеска, откако тие го соопштија резултатот од последниот квартал, семејството Глејзер негираше дека Манчестер Јунајтед ќе биде продаден.

Соопштението гласеше: “Бордот ги примети неодамнешните шпекулации околу можната понуда за превземање на Манчестер Јунајтед.“

“Сопствениците остануваат целосно посветени на нивната долгорочна сопственост на клубот.“

“Манчестер Јунајтед не е на продажба и сопствениците нема да разгледаат ниту една понуда.“



Прочитај повеќе...

Хавиер Хернандез го комплетираше трансферот во Јунајтед откако доби работна дозвола:

http://www.espn.co.uk/PICTURES/CMS/5300/5352.2.jpg
Манчестер Јунајтед потврди дека Хавиер Хернандез добил работна дозвола и ќе се пресели Олд Трафорд на 1 јули 2010 “Црвените Ѓаволи’ постигнаа договор за трансферот на младиот Мексиканец уште минатиот месец но преселбата на играчот на Олд Трафорд зависеше од обезбедувањето на задолжителната работна дозвола.

Се стравуваше дека 21 годишниот Хернандез ќе биде одбиен бидејќи не ги исполнува условите за добивање работна виза односно нема одиграно 75% од натпреварите на Мексико во последните две години.

Затоа Манчестер Јунајтед мораше да го претстави случајот како ’извонреден талент’ кој не може да се купи од Европската Унија за приближна сума по што на играчот му беше издадена работна дозвола.

“Манчестер Јунајтед е задоволен што може да соопшти дека Хавиер ’Чичарито’ Хернандез доби работна дозвола и ќе му се приклучи на клубот на 1 јули 2010.” – гласеше соопштението на Манчестер Јунајтед.

Чикарито, кој веќе ги помина лекарските прегледи и ги договори личните услови ќе му се приклучи на својот нов тим на турнејата во САД и Канада.

Неговото деби за ’Црвените Ѓаволи’ ќе зависи од настапот на Мексико на мондијалот во Јужна Африка.

Напаѓачот вчера настапи на пријателскиот натпревар помеѓу Холандија и Мексико и се запиша во листата на стрелците при поразот од 2-1 на неговата селекција.



Прочитај повеќе...

четврток, 20 мај 2010

Јунајтед по Ди Марија:

Младиот аргентински репрезентативец, Анхел Ди Марија очигледно дека ќе биде еден од најатрактивните фудбалери во летниот преоден рок.


По најавата дека во своите редови посакуваат да го видат Реал Мадрид и Барселона во трката за 22-годишниот фудбалер на Бенфика се вклучува и Манчестер Јунајтед.

Според некои медиуми во Англија за Ди Марија, менаџерот на Јунајтед, Алекс Фергусон е подготвен да плати 44 милиони евра.


Прочитај повеќе...

вторник, 11 мај 2010

Руни ја собра и наградата Барклис Фудбалер на Сезоната:

https://blogger.googleusercontent.com/img/b/R29vZ2xl/AVvXsEhNe7Pzl959kJ4v4mhaexkvKqy-2eVuBCkjQZUdu9wHLaUcZaUIqNb6v44rZagRGb636pDpDz_eBP0FZhNAGAECeCWMN2PQAI5187NHc1-8-VLbTcLBO-IP05bdjtPolNguKMxHo-9TdVT1/s320/_47750585_rooney.jpg

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед и Англија, Вејн Руни е именуван за Барклис Играч на Сезоната откако постигна 26 погодоци на 32 натпревари Оваа награда е додатно признание за извонредната сезона на 24 годишниот Руни, кој минатиот месец ја доби и нарадата за Најдобар Фудбалер во Годината во избор на Асоцијацијата на Професионални Фудбалери и Асоцијацијата на Фудбалските Новинари.

Вејн Руни постигна 26 погодоци на 32 натпревари во Барклис Премиер Лигата, лесно надминувајќи ја својот претходен најдобар успех од 16 погодоци, со кои му помогна на Манчестер Јунајдат да се бори за титулата до самиот крај на сезоната.

И покрај тоа што ја обнови повредата на препоните на последниот натпревар со Стоук во неделата, се очекува Руни да биде фит за Светското Првенство.

Селекторот на Англија, Фабио Капело утре ќе го објави провизорниот список од 30 фудбалери.

“Нема големи проблеми за Руни.” – рече Капело за Sky Spors News.

“Тој ќе биде фит за две ендели и ќе тренира во Австралија.”

Наградата за Руни за Барклис Фудбалер на Сезоната доаѓа само неколку дена по објаувањето дека Хари Реднап е избран за Барклис Менаџер на Сезоната.

Ваквите одлуки ги носи Панелот за Награди на Барклис, кој е составен од претставници на фудбалските институции, медиумтие и фановите.



Прочитај повеќе...

понеделник, 10 мај 2010

Манчестер Јунајтед 4 - 0 Стоук:

http://www.footballfancast.com/wp-content/uploads/2009/11/Man-Utd-Darren-Fletcher-231x300.jpg

Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд играше со Стоук и чекаше кикс на Челзи против Виган, но тоа не се случи.

Пирова беше победата на Црвените Ѓаволи над Стоук од 4-0.

Флечер, Гигс, Парк и автогол на Хигнботм беа стрелците за победата, Јунајтед го освои второто место.




Прочитај повеќе...

среда, 5 мај 2010

Фановите на Јунајтед го избраа Вејн Руни за Фудбалер на Годината:

http://www.zeenews.com/Img/2010/4/4/WayneRooney295.jpg

Вејн Руни е именуван за Сер Мет Базби Играч на Годината во 2010 по фантастичната сезона во дресот на Манчестер Јунајтед Ова е втор пат како Вејн Руни ја добива оваа награда, за која гласаат фановите на Манчестер Јунајтед ширум светото, откако стигна до овој трофеј и во 2006.

Официјалната веб страна на Манчестер Јунајтед соопшти дека англискиот интернационалец имал убедлива предност во однос на останатите конкуренти откако собрал 83% од гласвоите.

Патрис Евра и Антонио Валенсија завршија на второто односно третото место.

Руни е првиот англичанец по Теди Шерингам во 2001 да биде именувам за Фудбалер на Годината на Манчестер Јунајтед.

Доколку во 2011 тој ја одбрани оваа награда ќе го изедначи рекордот на Кристијано Роналдо кој три пати стигнуваше до признанието од фановите (2004, 2007 и 2008).

Англискиот интернационалец претходно беше прогласен и за Фудбалер на Годината во изборот на Асоцијацијата на Професионални Фудбалери а истото признани го доби и во гласањето на новинарите што го спроведе Асоцијацијата на Фудбалски Новинари.

Руни исто така на клубско ниво беше прогласен за Фудбале на Годинава во гласање на играчите на Јунајтед а го доби и признанието за Гол на Сезоната за неговиот погодок при контра-нападот на Јунајтед на дуелот со Арсенал одигран на 31 јануари.


Прочитај повеќе...

Еванс се договорил за продолжување на договорот со Јунајтед:

http://www.blogunited.co.uk/images/players/jonny-evans/profilemain.gif
Сер Алекс Фергусон информира дека Џони Еванс ја продолжува верноста со Манчестер Јунајтед. Во последните две сезони Еванс се почесто е во првиот тим на Манчестер Јунајтед.

Можеби тоа најмногу се должи на повредите на Рио Фердинанд и Немања Видиќ, но Еванс ја искористи својата шанса.

Иако сеуште нема официјално соопштение од клубот, Фергусон информира дека Еванс се сложил на нов договор кој наскоро треба да биде и обелоденет.

"Џони се докажа себе си" - изјави Сер Алекс Фергусон.

"Тој потпиша нов договор и треба да претставува добра основа за клубот за долг период".



Прочитај повеќе...

Давид Силва: Не би можел да го одбијам Манчестер Јунајтед:

http://soccernet-att.espn.go.com/design05/soccernet_es/silvamoro.jpg
Давид Силва вели дека би било тешко да одбие понуда од клуб како што е Манчестер Јунајтед. Шпанскиот фудбалер долго време се поврзува со трансфер на Олд Трафорд.

Силва вели дека му е чест што го поврзуваат со таков голем клуб, и не би можел да го одбие Јунајтед доколку пристигне понуда за него.

"Чест е кога ќе слушнете дека клуб како Манчестер Јунајтед се интересира за вас" - вели Давид Силва.

"Имам голема почит кон Премиер лигата, и во изминатите години таа стана најдобра лига во светот".

"Доколку добијам повик, особено од клуб како Манчестер Јунајтед, би било многу тешко да ја одбијам".

"Среќен сум во Валенсија, но секој фудбалер има своја цена и доколку тие добијат прифатлива понуда за клубот, се е можно" - заврши Силва.



Прочитај повеќе...

вторник, 4 мај 2010

Сандерленд 0 - 1 Манчестер Јунајтед:

http://andrearjun.files.wordpress.com/2010/02/nani.jpg

Манчестер Јунајтед славеше на гостувањето кај Сандерленд, титулата ќе се решава во последното коло. Манчестер Јунајтед ја оправда улогата на фаворит, Црвените Ѓаволи го победија Сандерленд со 1-0 и ги продолжија надежите за титулата во Премиер лигата.

Тимот на Сер Алекс Фергусон ќе се надева на кикс на Челзи во последното коло за со победа да дојде до одбрана на титулата.

Нани во 28та минута од натпреварот му ја донесе победата на Манчестер Јунајтед.

Црвените Ѓаволи имаа уште неколку супер можности, но не успеаа да реализираат, најсериозните ги имаше Бербатов кој успеа од еден метар да го префрли празниот гол на Гордон.


Прочитај повеќе...