петок, 1 октомври 2010

Преглед: Сандерленд - Манчестер Јунајтед:

http://cdn.bleacherreport.net/images_root/slides/photos/000/341/446/103290515_display_image.jpg?1281662592
2 - Октомври, 2010 - 16.00 h
Стадион на светлината, Сандерленд


Манчестер Јунајтед гостува на стадионот на Сандерленд во исклучително важен натпревар за Црвените Ѓаволи. Минатата недела Јунајтед не успеа да му се доближи на Челзи и изигра само нерешено со Болтон и оваа недела е под притисок поради натпреварот Челзи - Арсенал.

Сандерленд досега оваа сезона е непоразен на нивниот стадион, но Јунајтед има победено во последните четири гостувања кај Сандерленд. Менаџерот на Сандерленд нема издвојувано победа над Фергусон како тренер во последните 15 меча.

Сандерленд е охрабрен поради лошите резулатати сезонава над нив од големите екипи. Не изгубија во натпреварите со Сити, Арсенал и Ливерпул.

Тимски новости:
Сандерленд:
Се очекува Бент заедно со новото засилување Гиан да го предводат нападот на Сандерленд.

Сандерленд се соочува со проблеми во одбраната и Џон Менза и Ричардсон нема да настапат поради повреди но се очекува Антон Фердинанд да се врати во срцето на одбраната.

Дени Велбек исто така нема да игра против својот матичен клуб.

Можен состав: Минолет, Тарнер, Брамбл, Бредсли, Ел Мухамади, Хендерсон, Катермол, Малбранк, Гиан и Бент.

Манчестер Јунајтед:
Се соочуваме со проблеми околу средниот ред каде што нема да настапат Гигс, Сколс поради повреди. Руни исто така нема да игра не мечот поради повреда.

Се очекува Керик да игра во првиот тим покрај Дарен Флечер.

Чичарито кој го постигна победничкиот гол против Валенсија најверојатно повторно ќе биде на клупата но Овен би требало да биде на теренот покрај Бербатов.

Можен состав: ВДС, Рафаел, Фердинанд, Видиќ, Евра, Нани, Флечер, Керик, Парк, Овен и Бербатов.

Моја прогноза:
Очекувам победа да издвојуваме и да се префрли притисокот на Челзи во мечот со Арсенал. После победата над Валенсија очекувам добра и самоуверена игра. Доколку настапиме во одбраната како погоре што е пишано не би требало да примиме ниту еден гол.

Конечен резултат: Сандерленд 0 - 2 Манчестер Јунајтед




0 коментари: