четврток, 30 септември 2010

Флечер: Ернандез е фантастичен играч:

http://d.yimg.com/i//ng/sp/eurosport/20100811/25/7a1e237b8819e319390b4f5cb2f64f7d.jpg
Дарен Флечер упати само пофалби за Чичарито...


Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Дарен Флечер има само пофалби за Хавиер Ернандез.

Новото засилување на Манчестер Јунајтед, Мексиканецот Хавиер Ернандез го постигна единствениот гол на Местаља кој значеше победа над Валенсија.

По одличните перформанси на синоќешниот дуел против Валенсија од сите страни стигнуваат пофалби за Ернандез, еден од импресионираните е и Дарен Флечер.

"Хавиер постигна фантастичен погодок" - вели Дарен Флечер.

"Тој покажа дека ќе биде одличен фудбалер за Манчестер Јунајтед".

"Тој е млад и сеуште го учи нашиот начин на игра, но Ернандез е вистински талент".

Синоќешната победа на Манчестер Јунајтед беше особено важна по ремито против Ренџерс во првото коло.

"Се враќаме на добра позиција. Бевме разочарани по ремито дома со Ренџерс и знаевме дека ќе биде тешко против Валенсија".

"Но дојдовме до три бода и сега сме на врвот во групата".

"Целта секогаш е десет бода од групната фаза" - заврши Флечер.




0 коментари: