среда, 5 мај 2010

Давид Силва: Не би можел да го одбијам Манчестер Јунајтед:

http://soccernet-att.espn.go.com/design05/soccernet_es/silvamoro.jpg
Давид Силва вели дека би било тешко да одбие понуда од клуб како што е Манчестер Јунајтед. Шпанскиот фудбалер долго време се поврзува со трансфер на Олд Трафорд.

Силва вели дека му е чест што го поврзуваат со таков голем клуб, и не би можел да го одбие Јунајтед доколку пристигне понуда за него.

"Чест е кога ќе слушнете дека клуб како Манчестер Јунајтед се интересира за вас" - вели Давид Силва.

"Имам голема почит кон Премиер лигата, и во изминатите години таа стана најдобра лига во светот".

"Доколку добијам повик, особено од клуб како Манчестер Јунајтед, би било многу тешко да ја одбијам".

"Среќен сум во Валенсија, но секој фудбалер има своја цена и доколку тие добијат прифатлива понуда за клубот, се е можно" - заврши Силва.


0 коментари: