вторник, 11 мај 2010

Руни ја собра и наградата Барклис Фудбалер на Сезоната:

https://blogger.googleusercontent.com/img/b/R29vZ2xl/AVvXsEhNe7Pzl959kJ4v4mhaexkvKqy-2eVuBCkjQZUdu9wHLaUcZaUIqNb6v44rZagRGb636pDpDz_eBP0FZhNAGAECeCWMN2PQAI5187NHc1-8-VLbTcLBO-IP05bdjtPolNguKMxHo-9TdVT1/s320/_47750585_rooney.jpg

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед и Англија, Вејн Руни е именуван за Барклис Играч на Сезоната откако постигна 26 погодоци на 32 натпревари Оваа награда е додатно признание за извонредната сезона на 24 годишниот Руни, кој минатиот месец ја доби и нарадата за Најдобар Фудбалер во Годината во избор на Асоцијацијата на Професионални Фудбалери и Асоцијацијата на Фудбалските Новинари.

Вејн Руни постигна 26 погодоци на 32 натпревари во Барклис Премиер Лигата, лесно надминувајќи ја својот претходен најдобар успех од 16 погодоци, со кои му помогна на Манчестер Јунајдат да се бори за титулата до самиот крај на сезоната.

И покрај тоа што ја обнови повредата на препоните на последниот натпревар со Стоук во неделата, се очекува Руни да биде фит за Светското Првенство.

Селекторот на Англија, Фабио Капело утре ќе го објави провизорниот список од 30 фудбалери.

“Нема големи проблеми за Руни.” – рече Капело за Sky Spors News.

“Тој ќе биде фит за две ендели и ќе тренира во Австралија.”

Наградата за Руни за Барклис Фудбалер на Сезоната доаѓа само неколку дена по објаувањето дека Хари Реднап е избран за Барклис Менаџер на Сезоната.

Ваквите одлуки ги носи Панелот за Награди на Барклис, кој е составен од претставници на фудбалските институции, медиумтие и фановите.


0 коментари: