сабота, 29 мај 2010

Глејзер: Манчестер Јунајтед не е на продажба:

http://www.prideofmanchester.com/restaurants/photos/oldtrafford-300.jpg
Семејството Глејзер испрати соопштение во кое се вели дека тие немаат намера да го продадат Манчестер Јунајтед. Подолго време во медиумите кружат шпекулации дека по крајот на сезоната во Премиер Лигата групата ’Црвените Витези’ ќе достави понуда до семејството Глејзер за превземање на Манчестер ЈУнајтед.

Сопствениците на Манчестер Јунајтед не говореа премногу за намерата на ’Црвените Витези’ но луѓе блиску до семејството Глејзер постојано негираа продажба на клубот.

Во последно време во Англија владееше чувство дека семејството Глејзер би можело ова лето да го продаде клубот доколку ’Црвените Витези’ доставаат соодветна понуда - која ќе треба да биде вредна над 1 милијарда фунти.

Но денеска, откако тие го соопштија резултатот од последниот квартал, семејството Глејзер негираше дека Манчестер Јунајтед ќе биде продаден.

Соопштението гласеше: “Бордот ги примети неодамнешните шпекулации околу можната понуда за превземање на Манчестер Јунајтед.“

“Сопствениците остануваат целосно посветени на нивната долгорочна сопственост на клубот.“

“Манчестер Јунајтед не е на продажба и сопствениците нема да разгледаат ниту една понуда.“


0 коментари: