среда, 5 мај 2010

Фановите на Јунајтед го избраа Вејн Руни за Фудбалер на Годината:

http://www.zeenews.com/Img/2010/4/4/WayneRooney295.jpg

Вејн Руни е именуван за Сер Мет Базби Играч на Годината во 2010 по фантастичната сезона во дресот на Манчестер Јунајтед Ова е втор пат како Вејн Руни ја добива оваа награда, за која гласаат фановите на Манчестер Јунајтед ширум светото, откако стигна до овој трофеј и во 2006.

Официјалната веб страна на Манчестер Јунајтед соопшти дека англискиот интернационалец имал убедлива предност во однос на останатите конкуренти откако собрал 83% од гласвоите.

Патрис Евра и Антонио Валенсија завршија на второто односно третото место.

Руни е првиот англичанец по Теди Шерингам во 2001 да биде именувам за Фудбалер на Годината на Манчестер Јунајтед.

Доколку во 2011 тој ја одбрани оваа награда ќе го изедначи рекордот на Кристијано Роналдо кој три пати стигнуваше до признанието од фановите (2004, 2007 и 2008).

Англискиот интернационалец претходно беше прогласен и за Фудбалер на Годината во изборот на Асоцијацијата на Професионални Фудбалери а истото признани го доби и во гласањето на новинарите што го спроведе Асоцијацијата на Фудбалски Новинари.

Руни исто така на клубско ниво беше прогласен за Фудбале на Годинава во гласање на играчите на Јунајтед а го доби и признанието за Гол на Сезоната за неговиот погодок при контра-нападот на Јунајтед на дуелот со Арсенал одигран на 31 јануари.

0 коментари: