сабота, 29 мај 2010

Хавиер Хернандез го комплетираше трансферот во Јунајтед откако доби работна дозвола:

http://www.espn.co.uk/PICTURES/CMS/5300/5352.2.jpg
Манчестер Јунајтед потврди дека Хавиер Хернандез добил работна дозвола и ќе се пресели Олд Трафорд на 1 јули 2010 “Црвените Ѓаволи’ постигнаа договор за трансферот на младиот Мексиканец уште минатиот месец но преселбата на играчот на Олд Трафорд зависеше од обезбедувањето на задолжителната работна дозвола.

Се стравуваше дека 21 годишниот Хернандез ќе биде одбиен бидејќи не ги исполнува условите за добивање работна виза односно нема одиграно 75% од натпреварите на Мексико во последните две години.

Затоа Манчестер Јунајтед мораше да го претстави случајот како ’извонреден талент’ кој не може да се купи од Европската Унија за приближна сума по што на играчот му беше издадена работна дозвола.

“Манчестер Јунајтед е задоволен што може да соопшти дека Хавиер ’Чичарито’ Хернандез доби работна дозвола и ќе му се приклучи на клубот на 1 јули 2010.” – гласеше соопштението на Манчестер Јунајтед.

Чикарито, кој веќе ги помина лекарските прегледи и ги договори личните услови ќе му се приклучи на својот нов тим на турнејата во САД и Канада.

Неговото деби за ’Црвените Ѓаволи’ ќе зависи од настапот на Мексико на мондијалот во Јужна Африка.

Напаѓачот вчера настапи на пријателскиот натпревар помеѓу Холандија и Мексико и се запиша во листата на стрелците при поразот од 2-1 на неговата селекција.


0 коментари: