четврток, 11 март 2010

Овен Харгривс нема да настапи за резервите на Јунајтед:


Сер Алекс Фрегусон минатиот викенд потврди дека Овен Харгривс ќе настапи на денешниот натпревар помеѓу резервните тимови на Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.

Но Црвените Ѓаволи сега потврдија дека враќањето на терените на Харгривс повторно се одложува.

Поради хронична повреда на коленото, Овен е надвор од терените скоро 19 месеци.

Последниот настап на Харгривс беше во септември 2008 а подоцна играчот од средниот ред замина за Америка каде што беше опериран од познатиот специјалист Ричард Стедман.

Портпаролот на Јунајтед се обиде да ги осигура фановите дека повлекувањето од настапот за резервниот тим не е поради нова повреда на Харгривс.

“Ова дефинитивно не е поради нова повреда. Едноставно натпреварот не се вклопува со распоредот на Овен за тренинзи.” – рече портпаролот за ManUtd.com.

Харгривс се пресели на Олд Трафорд во 2007 а за неговите услуги Јунајтед на Баерн Минхен му плати 18 милиони фунти.


0 коментари: