понеделник, 1 март 2010

Руни ќе игра со Египет откако имаше стравувања за повреда:

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни се надева дека ќе биде во оптимална форма за контролката на Англија против Египет во среда.

Денеска откако беа направени задолжителните лекарски прегледи повредата на на коленото заработена на вчерашниот натпревар против Астон Вила се покажала како несериозна.

Како што е познато, 24-годишниот напаѓач беше удрен во коленото за време на вчерашниот финален натпревар во Карлинг Купот кој што црвените ѓаволи го добија со 2-1.

Таа повреда која до изутринава не се знаеше од каква природа е го доведе во опасност учеството на најдобриот стрелец на Јунајтед за време на контролниот натпревар со Египет.

„Се чувствувам многу добро, скенерот не покажа ништо загрижувачко“, прокоментира англискиот репрезентативец на денешната пресконференција.

„Има само мало набивање на коленото, ќе одмарам денеска а од утре ќе тренирам нормално. При ваквата разврска нема причина да не сум спремен за натпреварот со Египет“, дополни Руни.

0 коментари: