понеделник, 22 март 2010

Манчестер Јунајтед 2 - 1 Ливерпул:


Манчестер Јунајтед со пресврт славеше победа од 2-1 на Олд Трафорд против Ливерпул.

Пораз за гостите од Енфилд со кој уште повеќе им се отежнува борбата за четвртата позиција на табелата.

Натпреварот одлично започна за Ливерпул, по само пет минути игра Торес постигнува убав гол со глава за водство на гостите од 1-0.

Но не траеше долго радоста на Ливерпул, во 12та минута дискутабилна ситуација, судијата покажа пенал откако Маскерано го фаулираше Валенсија, фаулот најверојатно беше направен надвор од шеснаесетникот.

Вејн Руни го изведе пеналот, Пепе Реина најпрво одбрани, но одбиената топка дојде повторно до напаѓачот на Јунајтед кој не погреши по втор пат, резултатот беше израмнет на 1-1.

Пресвртот се случи во 60та минута кога по центаршут на Флечер, Парк со глава реализираше за водство на Манчестер Јунајтед од 2-1.

Во продолжението Ливерпул јалово се обидуваше да се врати, најсерозната шанса ја имаше Торес пред крајот на натпреварот, но не ја зафати најдобро топката.

На крајот Манчестер Јунајтед се радуваше на исклучително важната победа во борбата за шампионската титула.

0 коментари: