петок, 5 март 2010

Харгривс подготвен за враќање на терените:


Англискиот интеранационалец е надвор од стројот од септември 2008 откако се соочи со чести повреди на колената.

Харгривс мораше да ги оперира двете колена кај познатиот доктор Ричард Стедман во САД и паузираше околу 18 месеци.

Во септември минатата година тој се врати во Јунајтед и се најавуваше дека за неколку месеци ќе биде во полн фитнес.

Но неговото враќање на терените беше одложувано во неколку наврати за конечно тој следниот четврток да настапи за резервите на Јунајтед во дуелот со Манчестер Сити.

“Овен Харгривс за прв пат покажа дека е скоро подготвен за настап.” – рече Фергусон.

“Тој тренираше со првиот тим и ќе настапи за резервите следниот четврток.”

Фергусон исто така откри дека Вејн Руни е под знак прашалник за дуелот со Вулверхемтон откако напаѓачот одигра 90 минути за Англија, но Рио Фердинанд се враќа во составот.

“Потребно е да извршиме тестови врз Вејн бидејќи тој одигра 90 минути за Англија, нешто поради кое сум разочаран.”

“Тој претходно одигра еден час на теренот на Вембли во неделата а потоа и целиот натпревар во средата. Тоа е премногу. Тој сега е неизвесен.”

“Но Рио е повторно во тимот, што се добри вести за нас. Тој се враќа во добро време со оглед на дуелот со Милан следната среда.”

Ферги потврди и дека младиот Федерико Македа од следната недела ќе започне да тренери со првиот тим.

0 коментари: