вторник, 9 март 2010

Руни се врати на тренинзите во пресрет на дуелот со Милан:


Руни, кој постигна два погодоци за тимот на Сер Алекс Фергусон во победата од 3-2 на првиот натпревар во Италија, го пропушти саботното гостувањето на Јунајтед кај Вулверхемптон.

Напаѓачот се пожали на повреда откако во рок од четири дена одигра два натпревари на лошиот терен на Вембли, најпрво со Јунајтед во Карлинг Куп финалето а потоа и со Англија на пријателскиот натпревар со Египет.

Фергусон беше бесен што Руни одигра скоро цел натпревар за репрезентацијата и по натпреварот со Волвси рече дека напаѓачот ’е под голем знак прашалник’ за дуелот со Милан.

Но англискиот репрезентативец утрово се појави во тренинг центарот на Јунајтед во Керингтон и најдобриот стрелец на Јунајтед ќе може да им помогне на своите соиграчи на реванш дуелот со Росоњерите.

Утрово Рајан Гигс исто така тренираше, откако му беше извадена лонгетата од раката што ја скрши на дуелот со Астон Вила пред еден месец.

Но Велшанецот беше лимитиран само на соло сесија и Фергусон веќе соопшти дека крилото нема да биде во конкуренција за дуелот со Милан.


0 коментари: