Манчестер Јунајтед славеше на гостувањето кај Сандерленд, титулата ќе се решава во последното коло. Манчестер Јунајтед ја оправда улогата на фаворит, Црвените Ѓаволи го победија Сандерленд со 1-0 и ги продолжија надежите за титулата во Премиер лигата.
Тимот на Сер Алекс Фергусон ќе се надева на кикс на Челзи во последното коло за со победа да дојде до одбрана на титулата.
Нани во 28та минута од натпреварот му ја донесе победата на Манчестер Јунајтед.
Црвените Ѓаволи имаа уште неколку супер можности, но не успеаа да реализираат, најсериозните ги имаше Бербатов кој успеа од еден метар да го префрли празниот гол на Гордон.
0 коментари:
Објави коментар