петок, 30 април 2010

Едногодишен договор за Невил:

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон се уште има доверба во своите најискусни играчи па по Рајан Гигс и Пол Сколс го продолжи договорот за уште една година со 35-годишниот Гери Невил.

"Невил заслужи нов договор. Неговиот придонес оваа сезона е фантастичен. Она што Гери го направи по едногодишна пауза едноставно е неверојатно", изјави Фергусон при потпишување на договорот со Невил.

Искусниот дефанзивец веќе 18 години игра за "црвените ѓаволи" за кои оваа сезона веќе одигра 27 натпревари, а му недостасуваат уште три меча за да стигне до бројката од 600 натпревари во дресот на Манчестер Јунајтед.

0 коментари: