вторник, 27 јули 2010

Фергусон задоволен што Ернандез беше ангажиран пред СП:

http://blog.indomanutd.org/wp-content/uploads/2010/04/Javier-Hernandez.jpg
Сер Алекс Фергусон има пофалби за скаутите на Манчестер Јунајтед кои го открија Ернандез пред Светското првенство.


Манчестер Јунајтед направи одлична зделка ангажирајќи го мексиканскиот талент Хавиер Ернандез пред почетокот на Светското првенство.

Ернандез одлично се покажа на мундијалот и неговата цела по настапот во Јужна Африка сигурно ќе беше многу многу повисока.

Фергусон е среќен што договорот бил комплетиран пред почетокот на првенството бидејќи тоа им заштедило многу пари.

"Мислам дека нашите скаути заслужуваат чиста десетка бидејќи го открија Ернандез пред почетокот на Светското првенство, мислам дека доколку почневме преговори по завршувањето на мундијалот, работата ќе беше многу потешка" - вели Фергусон.

"Сметам дека во тој случај многу клубови ќе го посакуваа па тој ќе не чинеше два или три пати повеќе".

Манчестер Јунајтед не ја објави сумата која ќе му ја плати на Чивас за овој фудбалер, но медиумите известуваа дека оштетата која треба да ја плати англискиот гигант изнесува 7 милиони фунти, плус гостување во Мексико на пријателски натпревар.

"Нашиот однос со Чивас е одличен, тие максимално професионално се придржуваа кон договорот и не дозволија работите да се дознаат во јавноста".

Јунајтед со петок го игра пријателскиот натпревар против Чивас, Ернандез едно полувреме ќе одигра за неговиот стар клуб, второто полувреме ќе го одигра за Јунајтед.




0 коментари: