петок, 16 јули 2010

Фергусон има доверба во младите фудбалери:

http://blackchristiannews.com/news/alex_ferguson.gif
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон вели дека планира да им понуди шанса на своите млади фудбалери да го покажат нивниот потенцијал во новата сезона.


Тимот од Олд Трафорд посакува да ја врати титулата во Премиер лигата која минатата сезона ја освои Челзи, но Манчестер Јунајтед исто така размислува и долгорочно.

Во 1995/96 Фергусон ги промовираше Дејвид Бекам, Пол Сколс, Ники Бат и браќата Невил, и ја освои Премиер лигата.

Сега Шкотот повторно сака да внесе свежи сили во тимот, Дени Велбек, Џони Еванс, Дарон Гибсон и Фредерико Македа можеби ќе бидат идните ѕвезди на Манчестер Јунајтед.

"Историјата на Манчестер Јунајтед е иста. Секогаш се базира на млади луѓе и на тоа поле сме покомфорни. Мислам дека нашите фанови исто така се комфорни поради тоа" - изјави Ферги за Daily Mirror.

"Продуцирање на фудбалери е нешто големо за нас. Знаеме дека реакцијата на фановите е позитивна кога фудбалер излегува од нашата школа преку нашиот систем. Тоа е големо задоволство".

"Во моментов имаме повеќе млади фудбалери кои во последните години полека се развираат како што се Дани Велбек, Џони Еванс, Дарон Гибсон и Фредерико Македа".

"Некои млади фудбалери доаѓаат како Оливер Гил и Кори Еванс, братот на Џони Еванс. Па имаме голема колекција на млади фудбалери на кои ако не им дадеме шанса ќе заминат во други клубови кои ќе имаат бенефит од нашата работа".

"Имаме искуство од минатото, па ќе направиме се што можеме за да ја осигураме иднината на овие фудбалери во Јунајтед, бидејќи повеќето од нив се многу добри и талентирани" - заврши Ферги.




0 коментари: