петок, 23 јули 2010

Јунајтед постигна согласност со Видиќ за нов договор:

http://images.sportinglife.com/10/04/330/Nemanja-Vidic-Manchester-United_2438172.jpg
Дејвид Гил потврди дека Манчестер Јунајтед уште пред неколку недели постигнал согласност за продолжување на верноста на дефанзивецот Немања Видиќ


28 годишниот Немања Видиќ, кој се пресели на Олд Трафорд во 2006 за 7 милиони фунти од Спартак Москва, подолго време се поврзуваше со заминување од Јунајтед.

Ова лето се шпекулираше дека тој е мета на Реал Мадрид и скоро сите медиуми од Англија утрово објавија дека Манчестер Јунајтед ќе му понуди нов побогат договор на Немања Видиќ во обид да го отргне интересот на Кралскиот кулб.

Сега во интервју за ТВ каналот на Јунајтед извршниот директор Дејвид Гил откри дека тие веќе имаат постигнато согласност со централниот дефанзивец за продолжување на договорот.

Гил за MUTV рече: “Имаше многу шпекулации за иднината на Немања Видиќ, но според мене медиумите вадеа некои стари приказни бидејќи тие сигурно не потекнуваа од кампот на Манчестер Јунајтед и убеден сум дека не доаѓаа од страна на Немања Видиќ.”

“Седнавме со Немања и неговиот советник на крајот од минатата сезона и започнавме преговори.”

“Тие прекинаа кога Немања замина на Светското Првенство, но продолжија кога Сербија го заврши настапот и јас сум многу задоволен што можам да потврдам дека постигнавме согласност за Немања три или четири недели претходно за нов долгорочен договор.”

“Тој сеуште треба да стави потпис – документацијата сега се средува од нашите адвокати и се проверува од советниците на Немаања.”

“Тој сеуште е на одмор но планот е кога ќе се врати тука да стави потпис на документите.”

“Се ракувавме и убедени сме дека тој ќе го потпише новиот договор на почетокот од Август.”

“Ова се одлични вести за Манчестер Јунајтед и одлични вести за Немања и фановите.”





0 коментари: