петок, 30 јули 2010

Фергусон: Хавиер Ернандез нема да биде позајмен:

http://u.goal.com/101400/101428_hp.jpg
Сер Алекс Фергусон инсистира дека нема да го испрати Хавиер Ернандез на позајмица во неговата дебитантска сезона во Манчестер Јунајтед


Менаџерот на ’Црвените Ѓаволи’ верува дека 22 годишниот Ернандез и младиот Федерико Макера ќе бидат играчите што ќе им прават конкуренција на ѕвездите, Вејн Руни, Димитар Бербатов и Мајкл Овен.

Ернандез, кој ова лето стана нов фудбалер на Манчестер Јунајтед имаше деби од соништата постигнувајќи го петтиот погодок во победата од 5-2 против Ол-Стар тимот на МЛС.

Македа, кој е четири години помлад од својот соиграч, постигна два погодоци, од кои првиот по само 24 секунди.

Фергусон е желен да го задржи дуото оваа сезона во Јунајтед и предвидува блескава иднина за двајцата фудбалери.

“Потребно е да ги задржам Македа и Ернандез.” – рече Фергусон. “Имаше многу одлучност во начинот на кои тие го играат својот фудбал.”

“Да се игра за клуб како Јунајтед не се работи само за талентот. Потребно ви е нешто друго и тие го имаат тоа. Јас сум задоволен поради тоа.”

Фергусон верува дека Ернандез, кој постигна два погодоци за Мексико на Светското Првенство ова лето, има слични квалитети со Вејн Руни.

“Доколку размислуваме за комбинација со Вејн, мислам дека ќе ни треба мало прилагодување. Тие се сличен тип на фудбалери.”

“Ќе го проучиме Ернандез многу добро за да се осигураме дека можеме од него да извлечеме константна форма.”

“Сеуште има некои рабои кои треба да се направат но тоа не е ништо страшно. Штом тој се навикне на нашиот тренинг мислам дека се ќе биде ОК.”




0 коментари: