четврток, 22 јули 2010

Фергусон признава дека иднината на Видиќ во Јунајтед е неизвесна:

http://i.dailymail.co.uk/i/pix/2010/03/29/article-1262086-07C1A8D7000005DC-884_233x355.jpg
Сер Алекс Фергусон вели дека тој не може да ја рачисти иднината на српскиот интернационалец Немања Видиќ


Поранешниот дефазивец на Спартак Москва и ова лето повторно се поврзува со заминување од Олд Трафорд.

Шпекулациите говорат дека српскиот интернационалец е дел од желбите на Жозе Мурињо за засилување на централната позиција во дефанзивата.

Немања Видиќ во моментов е на одмор по настапот на Светското Првенство и подоцна ќе му се приклучи на тимот на Манчестер Јунајтед, кој во моментов е на турнеја во Северна Америка.

Црвените Ѓаволи вчера го совладаа тимот на Филадејфија Јунион со 1-0 и по натпреварот медиумите го запрашаа Ферги за шпекулациите околу иднината на Видиќ по што Шкотот одговори: “Јас воопшто не можам да ги расчистам шпекулациите.”

На прашањето дали српскиот интернационалец ќе игра во дресот на Манчестер Јунајтед и во новата сезона, Сер Алекс додаде: “Верувам дека ќе биде така.”

Медиумите од Англија минатата сезона го поврзуваа Видиќ со заминување од Манчестер бидејќи неговата сопруга не е задоволна од животот на Островото и честите врнежи на дожд.

Но дефанзивецот секогаш велеше дека планира во целост да го испочитува договорот со Јунајтед, кој е во трајност до 2012.




0 коментари: