петок, 23 јули 2010

Дејвид Гил планира средба со Руни за продолжување на договорот:

http://d.yimg.com/i//ng/sp/eurosport/20090813/25/00e8b2c53b0a350fd1285364121d750b.jpg
Извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Дејвид Гил вели дека тој наскоро ќе одржи преговори со Вејн Руни за продолжување на договорот на напаѓачот


Дејвид Гил веќе соопшти дека е постигната согласност со Немања Видиќ за ’нов долгорочен договор’ и сега на радарот на извршниот директор е Вејн Руни.

Руни – исто како и Видиќ – има уште две годони од постоечкиот договор но управата на Црвените Ѓаволи сака што поскоро да ја обнови верноста на напаѓачот.

Англискиот интернационалец е на одмор по настапот со Англија на мундијалот во Јужна Африка и Гил вели дека преговорите со Руни ќе започнат кога тој ќе се врати од одмор.

Тимот на Сер Алекс Фергусон во овој момент е на турнеја во Северна Америка поради што преговорите сега се на стенд-бај но Гил вели дека 24 годишниот напаѓач сака да продолжи под водството на Ферги.

Гил рече: “Нашата намера е да се сретнеме со Вејн и неговиот советник кога ќе се вратиме од турнејата и кога тој ќе се врати од одморот со цел да постигнеме согласност за нов договор.”

“Многу е јасно од она што тој го вели и она што клубот го вели дека двете страни се желни да ја продолжат соработката и Руни да добие долгорочен договор.”

“Со оглед на неговата желба и она што тој значи за овој клуб, убедени сме дека ќе постигнеме согласност за нов договор.”




0 коментари: