
Манчестер Јунајтед не успеа да слави на гостувањето кај Болтон, натпреварот на Рибок стадионот заврши без победник, 2-2...
Во овој натпревар домаќините на два пати водеа, Јунајтед го израмнуваше резултатот.
Болтон го отвори натпреварот по само шест минути игра кога Зет Најт реализираше за водство од 1-0.
Во 23та минута, Нани тргна од својата половина и во одлична соло акција успеа да израмни на 1-1.
Мартин Петров во 67та минута го враќа водството на Болтон, топката го закачи Флечер и заврши во мрежата на Ван дер Сар.
Само три минути откако влезе во игра, Мајкл Овен во 74та минута постигнува гол со глава за израмнување на резултатот на 2-2.
Интересно коло во Премиер лигата во кое покрај Манчестер Јунајтед не успеаа да победат ниту Челзи, Арсенал и Ливерпул.
Прочитај повеќе...






