вторник, 21 септември 2010

Преглед: Сканторп - Манчестер Јунајтед:

http://www.football-league.co.uk/javaImages/f2/fd/0,,10794~3735026,00.gif
22 Септември, - 2010, 20:45
Гленфорд Парк, Сканторп



Сканторп го пречекува Манчестер Јунајтед бранителот на трофејот во Карлинг Куп во последните две години. Тимот на Сканторп кој е моментално без менаџер се наоѓа на 15-то место во Чемпионшип дивизијата. Фудбалерите на Сканторп се надеваат на шанса поради можеби малдиот и неискусен состав на Јунајтед но забораваат дека Манчестер Јунајтед и со млад состав е Манчестер Јунајтед.

Манчестер Јунајтед во последниот натпревар издвојуваше голема победа против Ливерпул на Олд Трафорд со 3 - 2. Јунак на овој меч беше Бербатов кој постигна хет - трик за Манчестер.

Сканторп се наоѓа во лоша форма и без менаџер.

Сканторп:

Крилото Гери Томсон не е во можност да настапи поради повреда и ќе отсуствува два месеца. Роб Џонс најверојатно ќе настапи по прв пат после враќањето од повредата додека исто така не е исугрен настапот на Џим Мекналти.

Можен состав: марфи, Бирни, Мирфин, Нолан, Канаван, Тогвел, О' Конор, Рајт, Колинс, Дагнел и Форте.

Манчестер Јунајтед:

Се очекува Фергусон да ги одмори своите првотимци но и покрај тоа нема да остави се на младите.

На местото на Ван дер Сар најверојатно ќе се најде Кушчак, додека исто се очекува да настапат браќата Да Силва, Гибсон и новото засилување Бебе да го има своето деби. Веќе е потврдено дека Овен ќе се најде во првиот тим.

Можен состав: Кушчак, Рафаел, Браун, Смолинг, Фабио, Бебе, Гибсон, Андерсон, Обертан, Чичарито и Овен.

Моја прогноза:
Очекувам добар натпревар и едвај чекам да ги видам Да Силва, Бебе, Андо и Обертан. Конечен резултат според мене Сканторп 0 - 3 Јунајтед. Стрелци: Овен, Гибсон и Македа.


0 коментари: