недела, 26 септември 2010

Премиер Лига: Болтон 2 - 2 Манчестер Јунајтед:

- 0
Манчестер Јунајтед не успеа да слави на гостувањето кај Болтон, натпреварот на Рибок стадионот заврши без победник, 2-2...


Уште едно реми за Манчестер Јунајтед, Црвените Ѓаволи одиграа нерешено на гостувањето кај Болтон.

Во овој натпревар домаќините на два пати водеа, Јунајтед го израмнуваше резултатот.

Болтон го отвори натпреварот по само шест минути игра кога Зет Најт реализираше за водство од 1-0.

Во 23та минута, Нани тргна од својата половина и во одлична соло акција успеа да израмни на 1-1.

Мартин Петров во 67та минута го враќа водството на Болтон, топката го закачи Флечер и заврши во мрежата на Ван дер Сар.

Само три минути откако влезе во игра, Мајкл Овен во 74та минута постигнува гол со глава за израмнување на резултатот на 2-2.

Интересно коло во Премиер лигата во кое покрај Манчестер Јунајтед не успеаа да победат ниту Челзи, Арсенал и Ливерпул.




0 коментари: