вторник, 21 септември 2010

Јунајтед заинтересиран за "вондеркидот" Андриго:

http://www.internacional.com.br/imagens/noticias/andrigo030510.jpg
Според пишувањата на Daily Mirror Сер Алекс Фергусон му понудил проба на Олд Трафорд на 15 годишниот талент на Интернационал, Андриго...


Се шпекулира дека големиот талент од Бразил го привлекол вниманието на ’Црвените Ѓаволи’ за време на еден турнир на млади фудбалери во Манчестер.

Покрај Манчестер Јунајтед и скаути на Барселона ги следеле игрите на 15 годишниот Андриго, кој успеал да ги импресионира и Каталонците.

Daily Mirror објави дека актуелниот шампион на Шпанија веќе го поканил младиот напаѓач на проба на Камп Ноу а истото го сториле и Манчестер Јунајтед кој му понудиле престој на Андриго на Олд Трафорд.

Сер Алекс Фергусон се надева дека примерот од браќата Да Силва ќе му помогнат во обидите да го убеди напаѓачот да ја одбере понудата од Манчестер Јунајтед.

За вундеркидот на Интернационал се говори дека е одличен финишер и фудбалер кој добри ги користи двете нозе.


0 коментари: