сабота, 25 септември 2010

Преглед: Болтон - Манчестер Јунајтед:


26 Септември, 2010 - 13.00 h
Рибок Стадион, Болтон



Манчестер Јунајтед е непоразен оваа сезона во Премиер Лига . Во минатото коло Црвените ѓаволи го победија Ливерпул со трите гола на Бербатов за потоа да го победат и Сканторп во Карлинг Куп.

Сите страни ќе бидат насочени кон Димитар Бербатов и се надеваме дека ќе продолжи со извонредната форма. Во нападот би требало да биде придружуван од Вејн Руни.

Тимот на Болтон оваа година има само еден пораз но има само и една победа.

Историјата е на страна на Јуанјтед кој во последните два меча на Рибок стадионот победи два пати.

Тимски новости:
Болтон:

Анди и Џои О'Брајан нема да бидат во можност да настапат поради повреди исто како и Дејвис.

Гери Кејхил ја отслужува казната од 3 натпревари неиграње и нема да биде во можност да настапи.

Можен состав: Јаскелаинен, Стеинсон, Најт, Рикетс, Робинсон, Ли, Муамба, Холден, Петров, Елмандер и Дејвис.

Манчестер Јунајтед:
Сер Алекс Фергусон најверојатно ќе настапи со истиот тим од мечот со Ливерпул но ќе има само една замена. Фердинанд на местото на Еванс. Фердинанд одигра 90 минути против Сканторп и би требало да го заземе местото на Еванс во одбраната.

Можен состав: ВДС, Оши, Фердинанд, Видиќ, Евра, Нани, Флечер, Сколс, Гигс, Руни и Бербатов.

Моја прогоноза:
Очекувам победа на Јунајтед со која би можеле да му се приближиме на Челзи со можен кикс на тешкото гостување кај Сити.

Конечен резултат: Болтон 0 - 2 Манчестер Јунајтед



0 коментари: