четврток, 23 септември 2010

Ферги: Дуелите со Челзи од големо значење:

http://speciallysports.com/wp-content/uploads/alex-ferguson2.jpg
Сер Алекс Фергусон верува дека дуелите на Манчестер Јунајтед со Челзи ќе бидат одлучувачки во трката за титулата од Премиер Лигата...


Црвените Ѓаволи минатата сезона завршија на второто место со само еден бод заостанување откако загубија во два наврати од избраниците на Карло Анчелоти.

И покрај тоа што Арсенал секоја сезона започнува со шампионски планови а оваа сезона и Манчестер Сити има големи амбиции, Фергусон вели дека Челзи е нивниот главен ривал.

“Премиер Лигата е многу тешко првенство.” – рече Фергусон за CNN International. “Јас секогаш гледам кон тимот кој бил шампион минатата сезона, потребно е да имате цел на која ќе работите.”

“Работа на останатите, вклучувајќи не и нас, е да го соборат Челзи од тронот. Тие имаа добар старт на сезоната и верувам дека тие ќе бидат главната опасност за нас.”

“Натпреварите кои ќе бидат клучни најверојатно ќе бидат меѓусебните дуели. Минатата сезона ги загубивме двата натпревари и токму тоа одлучи за шампионскиот трофеј.”

Ферги, кој вчера беше во Шпанија за да го следи следниот противник на Манчестер Јунајтед во Лигата на Шампионите – Валенсија – го посочи Реал Мадрид како голема закана за сите клубови во најелитното Европско натпреварување.

Тој додаде: “За очекување е да видиме големо подобрување од Реал Мадрид под водство на Жозе Мурињо.”

“Барселона сеуште е најатрактивниот тим и тие ќе бидат главната опасност со Интер тимот кој ќе биде најтежок за победување.”

“Сите овие тимови имаат различни квалитети. Лигата на Шампионите во моментов е најфантастичното натпреварување.”



0 коментари: