недела, 26 септември 2010 г.

Премиер Лига: Болтон 2 - 2 Манчестер Јунајтед:

- 0
Манчестер Јунајтед не успеа да слави на гостувањето кај Болтон, натпреварот на Рибок стадионот заврши без победник, 2-2...


Уште едно реми за Манчестер Јунајтед, Црвените Ѓаволи одиграа нерешено на гостувањето кај Болтон.

Во овој натпревар домаќините на два пати водеа, Јунајтед го израмнуваше резултатот.

Болтон го отвори натпреварот по само шест минути игра кога Зет Најт реализираше за водство од 1-0.

Во 23та минута, Нани тргна од својата половина и во одлична соло акција успеа да израмни на 1-1.

Мартин Петров во 67та минута го враќа водството на Болтон, топката го закачи Флечер и заврши во мрежата на Ван дер Сар.

Само три минути откако влезе во игра, Мајкл Овен во 74та минута постигнува гол со глава за израмнување на резултатот на 2-2.

Интересно коло во Премиер лигата во кое покрај Манчестер Јунајтед не успеаа да победат ниту Челзи, Арсенал и Ливерпул.





Прочитај повеќе...

сабота, 25 септември 2010 г.

Вулверхемптон на Олд Трафорд:

http://im.rediff.com/sports/2009/sep/24manutd.jpg
Тимот на Вулверхемптон ќе гостува на Олд Трафорд во рамките на 4-то коло од Карлинг Куп...


Историјата се повторува. Вулвс повторно на Олд Трафорд. Ждрепката сакаше повторно да се сретнат овие два тима.

Датумот на одигрување на натпреварот сеуште не е одреден.

Овој натпревар можеме да го добиеме со истиот тим од мечот со Сканторп ова ќе биде мислам лесна задача за нашите младинци.

Newcastle v Arsenal
Birmingham v Brentford
Wigan v Swansea
Aston Villa v Burnley
Leicester v West Brom
United v Wolves
West Ham v Stoke City
Ipswich v Northampton



Прочитај повеќе...

Преглед: Болтон - Манчестер Јунајтед:


26 Септември, 2010 - 13.00 h
Рибок Стадион, Болтон



Манчестер Јунајтед е непоразен оваа сезона во Премиер Лига . Во минатото коло Црвените ѓаволи го победија Ливерпул со трите гола на Бербатов за потоа да го победат и Сканторп во Карлинг Куп.

Сите страни ќе бидат насочени кон Димитар Бербатов и се надеваме дека ќе продолжи со извонредната форма. Во нападот би требало да биде придружуван од Вејн Руни.

Тимот на Болтон оваа година има само еден пораз но има само и една победа.

Историјата е на страна на Јуанјтед кој во последните два меча на Рибок стадионот победи два пати.

Тимски новости:
Болтон:

Анди и Џои О'Брајан нема да бидат во можност да настапат поради повреди исто како и Дејвис.

Гери Кејхил ја отслужува казната од 3 натпревари неиграње и нема да биде во можност да настапи.

Можен состав: Јаскелаинен, Стеинсон, Најт, Рикетс, Робинсон, Ли, Муамба, Холден, Петров, Елмандер и Дејвис.

Манчестер Јунајтед:
Сер Алекс Фергусон најверојатно ќе настапи со истиот тим од мечот со Ливерпул но ќе има само една замена. Фердинанд на местото на Еванс. Фердинанд одигра 90 минути против Сканторп и би требало да го заземе местото на Еванс во одбраната.

Можен состав: ВДС, Оши, Фердинанд, Видиќ, Евра, Нани, Флечер, Сколс, Гигс, Руни и Бербатов.

Моја прогоноза:
Очекувам победа на Јунајтед со која би можеле да му се приближиме на Челзи со можен кикс на тешкото гостување кај Сити.

Конечен резултат: Болтон 0 - 2 Манчестер Јунајтед




Прочитај повеќе...

петок, 24 септември 2010 г.

Фергусон изненаден од Харгривс:

http://totalfootballmadness.com/wp-content/uploads/2010/08/Owen-Hargreaves.jpg
Овен се врати на тренинг и тоа му донесува слатки главоболки на Сер Алекс...




Фергусон изјави за MUTV ексклузивно ова утро :"Овен Харгривс се врати на тренинг, тој вчера тренираше со првиот тим. Изгледаше многу добро. Јас бев изненаден од начинот на кој изгледаше."

"Ова е бонус за нас. Се врати на време после долго отсуство и ќе треба да го пратиме во следните неколку недели. Но добро е што се врати."

"Поради тоа што беше толку долго во аут ќе мораме да видиме во каква состојба е. Тоа е првото нешто што ми паѓа на памет. После вчерашниот тренинг и виденото од Харгривс сигурен сум дека доколку продолжи вака ќе ми создава главоболки во врска со тимот."

Мајкл Керик исто така се вратил на тренинг после повредата што ја имаше.



Прочитај повеќе...

четврток, 23 септември 2010 г.

Ферги: Дуелите со Челзи од големо значење:

http://speciallysports.com/wp-content/uploads/alex-ferguson2.jpg
Сер Алекс Фергусон верува дека дуелите на Манчестер Јунајтед со Челзи ќе бидат одлучувачки во трката за титулата од Премиер Лигата...


Црвените Ѓаволи минатата сезона завршија на второто место со само еден бод заостанување откако загубија во два наврати од избраниците на Карло Анчелоти.

И покрај тоа што Арсенал секоја сезона започнува со шампионски планови а оваа сезона и Манчестер Сити има големи амбиции, Фергусон вели дека Челзи е нивниот главен ривал.

“Премиер Лигата е многу тешко првенство.” – рече Фергусон за CNN International. “Јас секогаш гледам кон тимот кој бил шампион минатата сезона, потребно е да имате цел на која ќе работите.”

“Работа на останатите, вклучувајќи не и нас, е да го соборат Челзи од тронот. Тие имаа добар старт на сезоната и верувам дека тие ќе бидат главната опасност за нас.”

“Натпреварите кои ќе бидат клучни најверојатно ќе бидат меѓусебните дуели. Минатата сезона ги загубивме двата натпревари и токму тоа одлучи за шампионскиот трофеј.”

Ферги, кој вчера беше во Шпанија за да го следи следниот противник на Манчестер Јунајтед во Лигата на Шампионите – Валенсија – го посочи Реал Мадрид како голема закана за сите клубови во најелитното Европско натпреварување.

Тој додаде: “За очекување е да видиме големо подобрување од Реал Мадрид под водство на Жозе Мурињо.”

“Барселона сеуште е најатрактивниот тим и тие ќе бидат главната опасност со Интер тимот кој ќе биде најтежок за победување.”

“Сите овие тимови имаат различни квалитети. Лигата на Шампионите во моментов е најфантастичното натпреварување.”




Прочитај повеќе...

Карлинг Куп: Сканторп 2 - 5 Манчестер Јунајтед:

- 0
Манчестер Јунајтед издвојуваше победа во Карлинг Куп од 2 - 5 над тимот на Сканторп ...




Манчестер Јунајтед славеше убедлива победа на гостувањето кај Скантроп со 5-2.

Домаќините поведоа со голот на Рајт, но потоа на сцена стапи Јунајтед, Гибсон, Смајлинг, Парк и двапати Овен реализираа за петарда во мрежата на Скантроп, почесниот гол за послабиот тим го постигна Вулфорд.

Одлична игра прикажана од цел тим. Смолинг добро изигра и покажува дека ќе биде од големо значење за нашиот тим исто и Андо кој изигра фантастичен меч.

Головите од натпреварот тука.




Прочитај повеќе...

вторник, 21 септември 2010 г.

Јунајтед заинтересиран за "вондеркидот" Андриго:

http://www.internacional.com.br/imagens/noticias/andrigo030510.jpg
Според пишувањата на Daily Mirror Сер Алекс Фергусон му понудил проба на Олд Трафорд на 15 годишниот талент на Интернационал, Андриго...


Се шпекулира дека големиот талент од Бразил го привлекол вниманието на ’Црвените Ѓаволи’ за време на еден турнир на млади фудбалери во Манчестер.

Покрај Манчестер Јунајтед и скаути на Барселона ги следеле игрите на 15 годишниот Андриго, кој успеал да ги импресионира и Каталонците.

Daily Mirror објави дека актуелниот шампион на Шпанија веќе го поканил младиот напаѓач на проба на Камп Ноу а истото го сториле и Манчестер Јунајтед кој му понудиле престој на Андриго на Олд Трафорд.

Сер Алекс Фергусон се надева дека примерот од браќата Да Силва ќе му помогнат во обидите да го убеди напаѓачот да ја одбере понудата од Манчестер Јунајтед.

За вундеркидот на Интернационал се говори дека е одличен финишер и фудбалер кој добри ги користи двете нозе.



Прочитај повеќе...

Преглед: Сканторп - Манчестер Јунајтед:

http://www.football-league.co.uk/javaImages/f2/fd/0,,10794~3735026,00.gif
22 Септември, - 2010, 20:45
Гленфорд Парк, Сканторп



Сканторп го пречекува Манчестер Јунајтед бранителот на трофејот во Карлинг Куп во последните две години. Тимот на Сканторп кој е моментално без менаџер се наоѓа на 15-то место во Чемпионшип дивизијата. Фудбалерите на Сканторп се надеваат на шанса поради можеби малдиот и неискусен состав на Јунајтед но забораваат дека Манчестер Јунајтед и со млад состав е Манчестер Јунајтед.

Манчестер Јунајтед во последниот натпревар издвојуваше голема победа против Ливерпул на Олд Трафорд со 3 - 2. Јунак на овој меч беше Бербатов кој постигна хет - трик за Манчестер.

Сканторп се наоѓа во лоша форма и без менаџер.

Сканторп:

Крилото Гери Томсон не е во можност да настапи поради повреда и ќе отсуствува два месеца. Роб Џонс најверојатно ќе настапи по прв пат после враќањето од повредата додека исто така не е исугрен настапот на Џим Мекналти.

Можен состав: марфи, Бирни, Мирфин, Нолан, Канаван, Тогвел, О' Конор, Рајт, Колинс, Дагнел и Форте.

Манчестер Јунајтед:

Се очекува Фергусон да ги одмори своите првотимци но и покрај тоа нема да остави се на младите.

На местото на Ван дер Сар најверојатно ќе се најде Кушчак, додека исто се очекува да настапат браќата Да Силва, Гибсон и новото засилување Бебе да го има своето деби. Веќе е потврдено дека Овен ќе се најде во првиот тим.

Можен состав: Кушчак, Рафаел, Браун, Смолинг, Фабио, Бебе, Гибсон, Андерсон, Обертан, Чичарито и Овен.

Моја прогноза:
Очекувам добар натпревар и едвај чекам да ги видам Да Силва, Бебе, Андо и Обертан. Конечен резултат според мене Сканторп 0 - 3 Јунајтед. Стрелци: Овен, Гибсон и Македа.



Прочитај повеќе...