недела, 24 јануари 2010

Јунајтед ќе го направи Руни најплатен фудбалер на Олд Трафорд:


Се шпекулира дека англискиот интернационалец е мета на двата гиганта од Шпанија, кои се подготвени да потрошат големо богатство за ангажман на Вејн Руни.

Вчера во медиумите од Англија се појавија шпекулации кои велеа дека Кралевите веќе го ангажирале супер-агентот Пини Захави и креирале трансфер пакет вреден 100 милиони фунти за ангажман на Руни.

Јунајтед и Руни се во преговори за продолжување на договорот на напаѓачто но се верува дека поради финансиските проблеми на тимот од Олд Трафорд, Црвените Ѓаволи не се во можност да му излезат во пресрет на барањата на Руни.

Но според Sunday Express сопствениците на Јунајтед сепак ќе го одврзат кесето и ќе му ја покачат неделната плата на Руни од сегашните 100 000 фунти на 140 000 фунти.

Со тоа поранешниот играч на Евертон ќе добие покачување на платата од 2 милиони фунти на годишно ниво и во иднина ќе заработува околу 7,3 милиони.

Сер Алекс Фергусон и управата на клубот се свесни дека мораат да го направат Руни најплатен фудбалер со цел да одтргнат интересот на Реал Мадрид и Барселона и да го задржат напаѓачот на Олд Трафорд.

0 коментари: