четврток, 28 јануари 2010

Манчестер Јунајтед 3 - 1 Манчестер Сити:


Манчестер Јунајтед е вториот финалист во Карлинг Купот откако вечерва го победи градскиот ривал Сити со 3-1 и со вкупни 4-3 оди на Вембли.

Манчестер Сити нема среќа против градскиот ривал оваа сезона, Ѓраѓаните и овој пат во последната минута ја почуствуваа горчината на поразот.

Првото полувреме заврши без голови, сите значајни моменти се случија во вториот дел од натпреварот.

Во 52та минута Пол Сколс постигнува гол за водство на Манчестер Јунајтед од 1-0.

Двесетина минути подоцна Карик постигнува гол за голема радост на Олд Трафорд и водство на домаќините од 2-0.

Во 76та минута Тевез со прекрасен погодок го враќа Сити, намалува на 2-1 и го израмнува вкупниот резултат.

Изминаа регуларните 90 минути се очекуваше дека ќе се играат и продолженија.

Но во 92та минута Вејн Руни со глава постигнува гол за победа на Јунајтед од 3-1 и пласман во финалето на Карлинг Купот.

Манчестер Сити не успеа да се пласира во посакуваното финале, Тевез не успеа комплетно да му се одмазди на својот поранешен клуб.

Манчестер Јунајтед против Астон Вила ќе игра во финалето од Карлинг Купот.


0 коментари: