петок, 8 јануари 2010

Видиќ го пропушта Бирмингем но дефанзивата на Јунајтед изгледа поздрава:


Српскиот интернационалец се повреди на загревањето во пресрет на дуелот со Лидс, повреда за која Фергусон не можеше да даде објаснување и која допринесе да се појават голем број на шпекулации за иднината на Видиќ.

Во средата дефанзивецот заминал на специјалист за да се утврди точната дијагноза со проблемот на нервот на десната страна од ногата на Видиќ и тој ќе мора да паузира околу десет дена.

Тоа значи дека е можно Видиќ да биде подготвен за приот дуел од полу-финалето во Карлинг Купот и гостувањето на Истлендс на 19ти јануари.

“За врема на загревањето на дуелот со Лидс, тој почувствува проблем во нервот од страната на десната нога.” – објасни Фергусон.

“Тоа е нешто што го мачеше и претходно и тој не се чувствуваше доволно самоуверено за да настапи.”

“Го разбирам бидејќи знам дека е доста болно. Во средата го пративме на специјалист за да се воспостави дијагноза и знаеме кој се потребните вежби за него.”

“Не е долгорочен проблем и мислиме дека можеме да го контролираме.”

Јунајтед исто така сеуште се и без првотимците Рио Фердинанд и Едвин ван дер Сар (голманот сеуште е во Холандија).

Но Џони Еванс и Вес Браун се целосно фит и подготвени да ги окупираат централните позиции во одбраната на Јунајтад за дуелот со Бирмингем.

Според официјалната веб страна на Јунајтед здравствената ситуација на дефанзивата изгледа многу поздрава во однос на претходните неколку недели и се очекува за две недели во првиот тим да се вратат и Немања Видиќ и Рио Фердинанд.

0 коментари: