среда, 20 јануари 2010

Манчестер Сити 2 - 1 Манчестер Јунајтед:



Во исклучително борбен натпревар Манчестер Сити го победи Јунајтед со 2-1 во првото полуфинале од Карлинг Купот.

Сити и Јунајтед одиграа израмнето градско дерби кое се одликуваше со многу жар, емоции и борбеност.

Карлос Тевез беше во центарот на вниманието успевајќи со два гола да му донесе победа на својот тим и уште еднаш да му докаже на Фергусон дека згреши што не го задржа на Олд Трафорд.

Црвените Ѓаволи поведоа но на крајот разочарани го напуштија Градскиот стадион во Манчестер.

Резултатот беше отворен по 17 минути игра кога Рајан Гигс постигна гол за водство на Јунајтед од 1-0.

Во 42та минута пенал за Сити, Рафаел го фаулираше Белами, судијата покажа на белата точка.

Сигурен реализатор на најстрогата казна беше Карлос Тевез за израмнување на резултатот на 1-1.

По 20 минути игра во второро полувреме нов погодок за Карлос Тевез, овој пат со глава, комплетен пресврт и водство на Сити од 2-1.

До крајот на натпреварот Манчестер Јунајтед со сите сили нападна кон голот на Шеј Гивен, но тој и неговите соиграчи не дозволија да се тресе домашната мрежа.

Сити се радуваше на победата, Јунајтед се надева дека во реванш натпреварот ќе ја анулира предноста на градскиот ривал и ќе обезбеди место во финалето на Вембли.

0 коментари: