вторник, 3 август 2010

Андерсон: Имав среќа:


Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Андерсон кој синоќа направи сообрќајка, вели дека имал многу среќа.


22-годишниот фудбалер синоќа со своето Ауди Р8 загуби контрола и удри во ѕид на автопат во Брага.

Сообраќајката била сериозна, но Андерсон бил извлечен без посериозни повреди.

"Имав многу среќа, бидејќи сообраќајката беше сериозна" - изјави Андерсон за Daily Mail.

"Го познавам добро патот, но колата изгуби контрола и се удрив во ѕидот. Паметам дојдоа луѓе и ни помогнаа, многу сум им благодарен".

"Сакам само да им кажам на фановите на Јунајтед дека сум добро и ќе продолжам со мојата рехабилитација, па ќе можам да му помогнам на тимот".

"Имав многу повици и им кажав на пријателите да не се грижат, но ова беше застрашувачко за мене" - заврши Андерсон.




0 коментари: