недела, 8 август 2010

Комјунити Шилд: Челзи 1 - 3 Манчестер Јунатед:

- 0
Манчестер Јунајтед го победи Челзи со 3-1 и го освои Комјунити Шилд трофејот, Хавиер Ернандез дебитираше со погодок



Челзи и Манчестер Јунајтед одиграа интересен натпревар на Вембли кој го добија Црвените Ѓаволи со 3-1 и го освоија Комјунити Шилд трофејот.

Офанзивна игра и од двете страни која допринесе за повеќе шанси пред головите на Хиларио и Ван дер Сар.

Првата голема шанса на натпреварот ја имаше Сколс, доби добра топка од Валенсија, биеше со волеј но над голот на Челзи.

Калу од лево излезе сам, пред него празен гол, но наместо да се обиде да ја смести топката во мрежата, се реши да проигра, и шансата пропадна.

Во 17та минута Челзи се закани преку Малуда, Ван дер Сар спречи радост за Сините.

Две минути подоцна нова сериозна шанса за Јунајтед, одлична асистенција од Сколс до Руни кој од десно влезе во шеснаесетникот, ја упати топката кон голот, Овен не стигна, таа заврши во гол аут.

На четири минути до крајот на полувремето Манчестер Јунајтед поведува со 1-0, нов пас на Сколс до Руни кој го проигра Валенсија овој ја затресе мрежата на Хернандез.

Челзи тргна поофанзивно, во 52та минута Малуда имаше шанса, биеше непрецизно.

Во 67та минута Калу се најде во одлична шанса Ван дер Сар брани, потоа следуваа обиди на Есиен, па на Ешли Кол но мрежата на Јунајтед мируваше.

Но не и на Челзи, во 76та минута Ернандез постигнува гол интересен гол, по асистенција од Валенсија, мексиканскиот фудбалер си ја шутна топката во глава, таа влезе во мрежата на Сините за водство од 2-0.

Пет минути подоцна Калу постигнува гол за Челзи и ја враќа неизвесноста на натпреварот, 2-1.

Сините притиснаа, но во 90та минута Бербатов со одличен лоб удар ги реши сите дилеми и го постави конечниот резултат од 3-1.

Заслужена победа на Манчестер Јунајтед во дуелот со Челзи.








0 коментари: