понеделник, 30 август 2010

Манчестер Јунајтед заинтересиран за Родвел:

http://www.uefa.com/imgml/TP/players/14/2010/324x324/1906163.jpg
Манчестер Јунајтед се интересира за тинејџерот на Евертон, Џек Родвел...



Според Sun, Сер Алекс Фергусон е подготвен да понуди 10 милиони фунти плус Михаел Карик за ангажман на Џер Родвел пред истекот на преодниот рок.

Евертон силно посакува да го задржи талентираниот Родвел во тимот, но весникот вели дека е можен договор во последен момент.

19-годишниот Родвел е фудбалер кој игра во средината на теренот, но може да игра и како централен дефанзивец, па беше нарекуван и како малиот Рио Фердинанд.

Џек Родвел во Евертон е од седум годишна возраст, тој стана најмладиот фудбалер на клубот во европските натпреварувања, настапи на 16 години.

Родвел дебитираше во Премиер лигата во март 2008 година, минатата сезона постигна гол против Јунајтед во победата од 3-1.



0 коментари: