четврток, 12 август 2010

Официјално: Манчестер Јунајтед постигна согласност за трансферот на ’Бебе’:

http://www.guimaraesdigital.com/fotos_pequenas/0_DESPORTO_Vitoria_10-11_jogadores_caras_bebe_grande_detalhe.jpg
Манчестер Јунајтед потврди дека постигнале согласност за ангажман на напаѓач на Виториа де Гимараес, Тиаго Мануел Диас Кореиа (попознат како ’Бебе’)



За комплетирање на зделката преостанува само играчот подоцна во теков на неделава да ги помине лекарските прегледи.

’Црвените Ѓаволи’ постигнаа договор со Виториа Гимараес за висината на личните услови како и личните услови на 20 годишниот напаѓач.

Манчестер Јунајтед не ја соопшти сумата на трансферот а медиумите од Англија говорат дека тимот на Сер Алекс Фергусон ќе одвои околу 7,4 милиони фунти за ангажманот на ’Бебе’.

’Бебе’ е препорачан на Манчестер Јунајтед од поранешниот помошник-тренер во клубот и сегашен селектор на Портогалија, Карлос Квеироз.

Сер Алекс Фергусон реши да го ангажира ’Бебе’ само пет недели по пристигнувањето на напаѓачот во Виториа Гимараес, откако Манчестер Јунајтед се сложи да ја плати откупната клаузуа во неговиот договор.

“Манчестер Јунајтед е задоволен што може да соопшти дека е постигнат договор со клубот од Португалија, Виториа де Гимараес за ангажман на 20 годишниот напаѓач Тиаго Мануел Диас Кореира (попознат како ’Бебе’).” – гласеше соопштението на официјалната веб страна на Јунајтед.

“За комплелетирање на зделката недостасува само уште играчот подоцна во неделава да ги помине лекарските прегледи.”

“Личните услови на напаѓачот веќе се договорени.”





0 коментари: