сабота, 28 август 2010

Премиер Лига: Манчестер Јунајтед 3 - 0 Вест Хем:


Манчестер Јунајтед издвојуваше заслужена победа на Вест Хем


Црвените Ѓаволи дојдоа до сигурна победа на Олд Трафорд против Вест Хем победувајќи со убедливи 3-0.

Отпорот на Вест Хем беше скршен во 33та минута кога Вејн Руни погоди од пенал.

Рајан Гигс беше соборен во шеснаесетникот на Вест Хем, па судијата покажа на белата точка, Руни не погреши за водство на Јунајтед.

По пет минути игра во второто полувреме, асистенција од Руни до Нани кој постигнува одличен гол за водство од 2-0.

Нани во 69та минута асистира до Бербатов кој со прекрасен волеј ја смести топката во мрежата на Вест Хем за конечни 3-0.





0 коментари: