четврток, 12 август 2010

Флечер: Останувам во Јунајтед до крајот на животот:

http://img.skysports.com/10/05/218x298/Darren-Fletcher-Manchester-United-Premier-Lea_2451502.jpg
Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Дарен Флечер вели дека сака да остане во клубот до крајот на неговата кариера


26 годишниот шкотски интернационалец, кој потекнува од младинските школи на Манчестер Јунајтед, во минатото се мачеше со обезбедувањето место во првиот тим и често се поврзуваше со заминување во потрага по првотимски статус но Флечер сега е естабилиран како важен дел од плановите на Сер Алекс Фергусон.

Зад своето име Дарен Флечер има повеќе од 250 настапи за тимот од Олд Трафорд и играчот од средниот ред се надева дека ќе може да ги следи легендите на клуботГери Невил, Рајан Гигс и Пол Сколс, кои сеуште играат на топ ниво иако се во залезот на кариерата.

“Не можам да замислам дека ќе бидам во дргу клуб.” – Флечер рече за официјаната веб страна на Јунајтед.

“Нема место што е подобро од Манчестер Јунајтед и доколку можам целата моја кариера да ја одиграм тука, ќе бидам многу среќен човек.”

“Се околу овој клуб – фановите, објектите, структурата – е фантастично и не би сакал да сум на друго место.”

“Има нешто навистина посебно во тоа својата кариера да ја поминете во еден клуб - оние како Гери, Рајан и Пол се легенди на Манчестер Јунајтед и да имате приближен успех како нив тоа ќе биде огромно остварување.”

Сегашниот договор на Флечер со ’Црвените Ѓаволи’ е во трајност до 2012.



0 коментари: